Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Машки член да ми прати ЛП имам едно проблемче. :) Не е за пред сите затоа... :)
     
  2. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Физичкиот тип на партнерот е битен во тинејџерските години... кога човек ќе созрее и ќе помине доволно во животот почнува да приметува и да му стануваат важни други работи кај партнерот... карактерот, размислувањата, почитта, подршката итн...

    Тоа што не си тип на девојка кој влегува во неговиот образец на девојки не значи ништо... Сега, можеби не си физички тип на девојка која тој ја смета за најсекси девојка, но тоа не значи дека воопшто физички не го привлекуваш... и тоа воопшто не е причина за загриженост... барем не би требало да биде... ако вашата врска е нешто повеќе од физичка интимност тогаш нема воопшто причина за загриженост...

    А тоа што го привлекло кај тебе од почетокот... може да биде многу работи... може бил погледот, насмевката, движењата, разговорите...

    Едноставно, не секогаш и кај сите физичкиот излгед е пресуден за првиот, вториот, третиот чекор...
     
  3. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    Кај мене во школо има како клупички по страните во ходниците, и можеш да си седиш. Секој ден во ходникот каде што ми е училницата седат незнам, неколку машки, и кога и да поминам има еден и цело време ме гледа, и тоа нападно гледање дури. Вчера одев со другарка до доле на одмор и намерно отидов до крај на ходник пред да се симнам по скалите и пошо приметив дека приметив дека ме гледаше истиот кога поминав, почекав да отидам ептен до крај се свртев и сите нормално си седеа пред нив си гледаа, овој истегнал врат и уште ме гледаше. Денес кога доаѓав исто. Прашањето ми беше, што значи кога долго те гледа машко? И тоа дури малце незнам, нападно можеби, и коа се качував по скали баш го приметив и во очи како да ме гледаше ама пробувам да не гледам натаму, незнам глупаво ми е.

    а искрено вака да ви кажам згоден е... :$
     
  4. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Потребен ми е совет. :(
    Со детето што веќе 1 месец комуницирам на фејсбук, а некогаш кога ќе се видиме во живо имаме само поздрав и толку. А на фејсбук ми кажува дека ме сака, дека јас не сум му верувала и блаблалаа..
    Што мислите вие зошто сеуште не ми вика да испаднеме? И зошто кога ќе се видиме така се понаша (само се поздравува и веднаш си оди.. ) :fubar:
    можеби ќе ми речете несака ништо со мене, но зошто тогаш веќе 1 месец си пишуваме нонстоп?
    Што да му речам? дали би било добро акому кажам дека на фб си комуницира нормално а во живо неубаво се понаша? Каков сериозен муабет да му направамм? стварно сакам да успеам со него.. :?:
     
  5. CurlyD

    CurlyD Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
     
  6. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Му се свиѓаш де, не е тоа нешто ново, ниту револуционерно.
    И место тоа да ти е непријатно, фактот што на машките си им привлечна треба да ти влијае позитивно на самодовербата. :)

    Веројатно дечкото спаѓа во една од двете категории:

    1. Срамежлив - Јасно е дека на Фејсбук, односно виртуелно, сите можеме да бидеме какви сакаме, кога сакаме, и што сакаме, и едноставно полесно е човек да се опушти. Но кога ќе дојде момент во живо, му се врзува јазикот и не може ништо да каже. Во тој случај, пробај де ти некогаш да почнеш неколку реда муабет, прашај го што прави, како е, или некоја тема што знаеш дека ја сака од зборувањето на ФБ спомни ја, не е ништо страшно.

    2. Виртуелен Казанова - За вакви само знам дека ги има повеќе и повеќе. Виртуелно флертува и се шмека со се живо и диво на чет, симнува ѕвезди, се прави оној кој е различен од сите други дечковци, а всушност така само си го билда егото и самодовербата. Верувај, ако е таков тип, тоа што ти го зборува тебе, го зборува и на уште ХХХ девојки, виртуелно, се разбира.

    Затоа, пак би се вратил на крајот од првата категорија. Пробај ти со разговор да почнеш поопуштено со него, да го задржиш на минута-две, и види како ќе се однесува во таков случај. Што е уште поважно, види како после тоа ќе продолжи виртуелно да комуницира со тебе. :)
     
  7. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Значи се знам со дечкото веќе 2 месеца , бевме заедно на одмор.....додека бевме на одмор мене воопшто не ми се свиѓаше иако он сакаше да има нешто со мене , но кога се вратимве се се промени...јас навистина се заљубив во него а он сега се однесува ладно и наводно сето тоа било само затоа што не сака да ме повреди затоа што знае дека не е за мене ... но тогаш зашто се уште се грижи за мене и е љубоморен на секое друго машко...
    навистина не зам што да правам бидејќи знам дека се уште му значам нешто и јас навистина не сакам да го изгубам...
    заборавив да кажам дека е постар неколку години од мене
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Oн те знаел од претходно, или од самото четување на фејсбук ти изјавил љубов?
    Aли како и да е, веројатно што и да направиш со него ќе ти биде пролазно. Aко стварно се залага за тебе, ќе премине сето тоа четување во реалност, а изгледа пополнува време, и користи плитки фрази.
    Tи сакаш да успееш, но би ти рекла да не се надеваш на нешто посериозно. Kолку и да е срамежлив типот, ако стварно му значиш ќе се обиде и во живо, а не да глуми господин со мумлање, а на фб симнува ѕвезди. Oткачи го, дур не си почнала повеќе да веруваш во тие фб муабети.
     
  9. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    веке го имам напишано овој пост и во љубовни проблеми и совети но си реков ајде и овде затоа што сум стварно збунета :worried:

    Би било навистина добро кога некој би ми помогнал во ова мое мало проблемче. Веке неколку месеци немам дечко а и последната врска не ми беше сериозна туку беше чисто онака. Во последно време се гледам со еден дечко.. го знам скоро 6-7 години но никогаш не сме биле блиски како сега. Добри пријатели сме но пред некое време ми кажа дека е заљубен во мене и дека секој ден мисли на мене. Искрено никогаш не сум му признала дека и јас имам некои чувства кон него, но секако не се како неговите само ми се допага и тоа многу. Кога ме праша да бидеме заедно го одбив бидејки не сакам повторно да брзам и да правам грешки како порано. ова е проблемот -Тој се откажа од факултетот,јас му кажувам дека да се заврши факултет не е грешка но него не му се учи а неговити фамилијарни финансии се многу мали. Тој иако нема факултет работи на едно место но ( до кога? )... поради тоа што јас навистина размислувам за следна сериозна врска (воедно би сакала и да е последна) не знам колку е паметно и дали би требало да бидам со него поради тоа? ДА, знам дека парите не се се во животот но се потребни. Не сакам “утре“ кога ке имам деца да не можам да им обезбедам се што им треба. Навистина ми е убаво додека сум со него но единствено тоа ме кочи, а тоа ми е важно за во иднина. Сепак не сум стара млада сум има усте време јас сум 19 тој е 20 но сепак треба да се размислува за тоа.... Дали мислите дека погрешно ги гледам работите малце сум збунета, тој ми бара причина зошто не сакам да сум со него а јас му казувам дека не сум спремна но тоа воопшто не е виситина. Како да му кажам за овој проблем и дали воопшто да зборувам за него? Многу сум збунета. ПОМОШ :/
     
  10. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Исто така многу е битно и каде ке живеете, направете муабет уште сега за тоа... :rofl:

    Не сваќам како може на 19 години со вакви работи да се замараш, why don't you just LIVE ?! :!:

    Што би рекле старите... На нероден Петко капа му кроиш. :lol:
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Фимејл премногу ги анализираш работите, опушти се и уживај. Штом ти се допаѓа дечково не гледам никаква причина да не бидеш со него. Каков план ти е тоа, да ти биде последен? И што ако после 5 месеци видиш дека нешто не ти одговара во врската? Ќе го игнорираш, као мора да биде последен? Мислам дека премногу се оптеретуваш себеси однапред планирајќи ја како сериозна врска. Млада си, нема каде да се брзаш, препушти се и замолчи си ги мислите :)
     
  12. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Дали е паметно да уплатиш спортска, „зихерашки“ .. пример 4 утакмици со многу предвидлив резултат, иако истите имаат мал коефициент, меѓутоа да имаш уплата од 40-50EUR?

    Исплатливо ли е? :)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ме интересираат машко женски мислења околу ситуацијава.Значи не го сметам ова како проблем ама би сакала да добијам совет.

    Значи едно не ми е јасно...Чувствувам многу несигурност кај него...Ем цело време се интересира за мене,значи во врска без обврска некаква сме ... Ме почитува,ми угодува и постојано ме бара кога сум отсутна заради обврските.Секогаш е покрај мене.
    Му реков на почеток дека не сакам да брзаме,зошто се уште морам да стекнам доверба во него зошто мал период се знаеме нели,не можам веднаш да му се препуштам.Од кај да знам каква личност се крие,се уште не го знам доволно добро.Не сакам да правам грешки.
    Е сега тоа ме буни.
    Тој пред да се запознаевме сакал некое девојче...ама еве околностите направиле да не се заедно.Но постојано чувствувам дека таа секогаш ке биде измегу нас...знам дека не може да ја заборави,ниту да ја откачи бидејки се од исто друштво...Знам дека не требаше да се впуштам во тоа но тогаш мислев дека е таа минато.Секогаш кога мислам дека ја преболил мора на некој начин тој да ме(се)потсетува на нејзе.

    Кога јас бев во депресија за бившиот тој тоа го знаеше но тогаш не бевме заедно се уште и секогаш ми збореше значи се уште го сакаш.Знам дека јас не можам да те направам срекна...
    Кога сега знае дека не го сакам бившиот тој продолжува со својата несигурност...Да ми дава надеж дека ке успееме но и дека таа се уште му значи...Тоа ми пречи...
    Успевам некако во последно време да не го прашувам за нејзе но ако го прашам секогаш започнува кавга и ме прашува зошто ме прашуваш за нејзе.
    Нормално дека кога сака да биде со мене морам да сум сигурна во сето тоа што вели дека го чувствува.Се покажувал и на дела дека му значам ама јас на секој начин гледам да ме сака како нејзе што ја сакал.
    Пробав и со дистанца од него но само штом се одалечам тој пага во депресија,значи буквално се губи...другарите негови ме молат да не го правам тоа...
    Чувствувам како да ја правам грешката од порано....Али детево стварно ми значи,навистина вреди за секој труд кој го вложувам околу него ама вака не знам додека ке одам.
     
  14. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Исплатливо да, но само за газдите на спортските кладилници. Нема никаков материјален ќар од коцкање, има само духовен-задоволството. Така да ако планираш да се богатиш, ќе треба малку да го тренираш паметот (заклучок врз основа на прашањето, ништо лично). :)
     
    На Mandarinna88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    ....Ама не се работи за менеееее.. :) Сепак тенк ју :) Не се разбирам во вакви спортови, чисто сакам да знам со што човек имам работа.
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Пеликуна, они постојано се во контакт или од време на време комуницираат, или само се во исто друштво?

    Ние не можеме да знаеме што е во неговата глава, јас пример би се дистанцирала од бившиот колку и да сме во исто друштво, не сакам да си ги доведувам емоциите во прашање кога веќе сум започнала нова врска. Гледам, викаш дека му значиш, дека се депримира кога не си му во близина, но мора отворено да се збори. Сите имаме бивши и историја со нув пред да влеземе во нова, но неправедно е према другиот ако не си целосно расчистен со чувствата. Плус, лошо реагира кога ќе му ја спомнеш. Веројатно и тоа нешто значи.
    И јас влегов во оваа врска депримирана и сеуште нераскрстена со претходната, но ако сакаш нешто ново, тотално ќе се дистанцираш и ќе градиш нешто ново, секако ако тоа го сакаш.

    Но, и плус спомна дека сте во некоја врска без обврска. Веројатно и самото тоа придонесува. :|
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Па во исто друштво се ама моментално таа не е во својата земја,и да контактира со нејзе ама не знам колку често...Тој не бил со нејзе ама затоа знам дека многу ја сакал.И од него знам дека таа го сака како пријател.
    Ми пречи навистина...Бевме зборувале за посериозна врска ама јас не сум спремна,и двајцата мисливме дека не треба да брзаме ама кога е веке заинтересиран ми пречи кога се потсетува на нејзе...
    Ке почекам да видам како ке бидат следните денови.Ако е исто ке морам да решам да се дистанцирам од него се додека не расчисти со чувствата.
     
  18. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70

    Или јас не разбрав добро, или ова не е врска без обврска... мислам, прво треба да си разграничиш самата со себе... ако имате врска без обврска, тогаш не треба да има чувства, грижи, љубомора, загриженост... ако веќе има чувства какви што опишуваш ти, тогаш тоа не е врска без обврска... тоа е врска само што несакате и двајцата да си признаете дека е...

    А ако си расчистила со себе си дека сакаш врска со него, тогаш прво нешто што треба да прекинеш е да отвараш теми за таа девојка... мислам, нормално дека ќе се случуваат кавги на таа тема... а кој би сакал такво нешто... и самата велиш дека тој порано го споменувал твојот бивши, додека не сте имале нешто... како би се чувствувала ти, тој сега, на секоја средба да ја отвара таа тема... впрочем, ниедна врска не се зацврснува и не се гради на муабетите за бившите и нивно констатно повторување...

    Што се однесува до несигурноста... не покажува тој несигурност... покажуваш ти... со сите тие муабети за нејзе... и можеби е во ред да се чувствуваш така, но спомнувањето на таа девојка нема да го разреши тоа...

    Ако сакаш сериозна врска со него, тогаш треба тоа отворено да му го ставиш на знаење... и да ја започнеш таа врска па тогаш да согледаш дали тој ќе се посвети екслузивно на тебе или не... вака, испаѓа дека ти сакаш да го имаш само за себе, а сепак да не бидете во врска со обврски... сега, најсигурно е за секој човек ако може да влезе во врска, каде што однапред знае дека партнерот е заљубен во него и дека е на сигурно, но од друга страна, тука ја нема ниту магијата на заведувањето, ниту желбата да се избори за љубовта на партнерот па дури и тоа значело постепено завземање на местото во срцето од некоја друга личност...

    И затоа мојот совет (бидејќи нели темава е совети) : Не го оставај сам со зборовите, ете ти време размисли и одбери... него размисли самата... дали доволно ти се допаѓа за да се избориш за него... ако да, тогаш предложи му вашата врска без обрврска да стана со обврска и сериозна... и потруди се да го освоиш на тој начин што во неговото срце повеќе нема да има место за други девојки, макар тие го завземале целото срце претходно... и да... немој да посакуваш да те сака како што ја сакал нејзе... посакувај да те сака како што не сакал ниедна друга пред тоа... не само посилно, затоа што не е се во јачината... туку во начинот...

    П.с. Ако се надеваш дека можеби еден ден ќе најдеш некој кој не сакал ниедна девојка во животот силно, тогаш лажно се надеваш... тој што ќе ти рече дека е таков, или ќе те излаже, или едноставно незнае да сака и нема да знае да те сака и тебе...
     
    На LyckliG, fallenangel и Pelikuna им се допаѓа ова.
  19. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Што значи кога на некој дечко некоја навистина многу му се допаѓа повеќе години, а она го откачувала, и по некое време решава да излезе со него, и типот кој преку моб зборел со саати со неа, одеднаш се однесува повлечено. Си гледа се негде замислен, премногу воздржан, на прашањето зашто е таков вика ништо дека не му е, најнормален, и кога девојката се повлекува, он ја прашува зашто се повлекува, дека сака да го има нејзиното внимание, убаво му е така. :?: И после откако е откачен без објаснувања, уште толку запнува и на моб е повторно тој што го знае, дури и си кажува колку има трема пред неа, а не е срамежлив тип. Ова е за еден што е сеуште во откачените кои се упорни, ама скоро слично ми се испонаша и еден друг. |(
    И се прашувам, зашто знам дека ги привлекувам, не ми е јасно зашто почнаа така да се замислени дечкиве во мое друштво, а на моб ми се поприсутни. Дали така глумите некои опасни мачо, или пак тоа однесување значи дека таа до вас сакате само да ја изе*ете, па затоа си гледате во некоја точка пред вас озбилни или пак сепак постојат некои такви чудни карактери. Дали е ова проблем, зашто сум навикната јас на мн внимание , и ова дури ме навредува, и ми иде да ги отерам у пм, а не ме оставаат сепак на мир.
    Што значи кога машките се однесуваат вака? |(
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Кратко и јасно, несигурност. Тоа значи.