дечково или е глумец со тие мили работи и отворени муабети или пак е некој кој `демек` му значи статусот во друштвото на фраерче. НООО можно е и он да чуствува нешто према тебе, а срамежлив е да го признае тоа
Кутрите машки дечковци. Глумат прават све и тамо после 5 месеци врска таман да имаат секс и онда девојчето тука дојде и праша дали да се дадам. И сите почнат не мала си ,незнаеш ова она , и дечкото почне масовно убивање на членовите на форумот ...
ЕЕЕЕЕЕЕЕ што се нема претрпено дечково за да дојде до овој момент.....сега ќе чека уште 5-6 месеца.....хахахха.....шала настрана.....никој неможе да ти каже дали да имате односи или не !!!!!!
Eпа Мистери, ако машко навистина си ја сака девојката со која е , ке умее и да почека малку, оти на тој начин работите стануваат посериозни. (стави се во улога на женско па да видиш дали сум во право или не)
Во право си, не викам не....претходното мислење беше саркастично, незнам дали примети или не....туку неможеме ние да и кажеме дали она да отиде и да има секс или не.....се си зависи од неа !!! тоа ми беше поентата
Здраво на СИТЕ!! TheBunny is back! Гледам дека темава баш добро напреднала во последно време.. ме радува тоа што Ве има во се поголем број кои им помогнат на девојките со своите совети Во наредниов период ќе се обидам да бидам повеќе вклучен во темава со некои блиц совети. Поздрав до сите форумџии и форумџики
ех зајко зајко, сабајле ја исчитав цела тема, па викам и јас некое прашање да поставам значи не можев да чекам повеке, зш има кажано дека ме свиѓа, ама нишо не преземаше, па му пишав пораче у смисла као дека сум на игнор и така и му пишав извини на досада, поздрав а тој ми врати дека не сум му воопшто досадна, а за игнор сама си имам умислено(не било така), и како ако сме имале прилика ке сме се дружеле како да го сфатам ова?? да се надевам уште?
Ма дајте ве молам совети од машки за девојки Ова ми доага исто како Совет од страна на волците за сите јагниња
па се срами или сакал нешто со тебе ама сеа веке му поминало тоа пробај да се видите? искочите надвор , срамежливите машки чекаат женското да го направи вториот (бидејки он ти пишал дека те свига) сега искочите заедно и правите што ке правите ...
Знаете, ме интересира еве вака од машка страна гледано, какви се машките откако некое девојче ќе му ги признае чувствата премногу рано?! Знам дека сите не реагираат исто.. Ама еве некое машко нека ми каже од лично искуство.. А, и како би изреагирале вие, докулку ви се смее кога ќе му кажете дека го сакате
зависно од тоа колку ми се свиѓаш....ако сум затрескан во тебе уште како ќе летнам во облаци, ама ако не сум, само ќе си ѓи дигнам акциите и многу брзо ќе ми станеш досадна....така да пред да признаеш чувства, барем преиспитај колку е он затрескан у тебе
Тоа е работата, затоа и го подвлеков тоа ПРЕМНОГУ рано.. Избрзана работа е.. Знам.. Инаку, како го сфаќаш смеењето додека некоја ти искажува чувства?!
Уф....искрено не премногу добро....но да ти дадам надеж, зависи од карактерот на дечкото.....сега нешто што треба да направиш е да не му покажуваш чувства, барем додека не ѓи заслужи....инаку ти отиде бродот....не да го игнорираш, биди со него но пробај да бидеш индиферентна друго чаре незнам во моментов
Се запознав со едно момче пред 5-6 месеци и контактираме секој ден на телефон и на интернет. Го знаев онака на изглед бидејќи сме од ист град. Тој уште на почетокот ми даде до знаење дека му се свиѓам и дека сака да биде со мене, но јас се двоумев бидејќи е постар од мене 7 години (јас 19, тој 26), а досега сум немала такво искуство со некој толку постар од мене. И по толку двоумење решив да се видиме. Јас студирам во друг град и тој ми дојде на гости. Бевме сами во станот и ми беше страв да не се обиде нешто, но се беше како што треба.(инаку јас сум невина и тој го знае тоа). Сватив дека не дошол поради секс како што ги има многу машки туку дека навистина чувствува нешто за мене и ме почитува. Ми кажа дека сака да биде со мене, но ќе оди во странство и ке се врати за 5-6 месеци. Ми рече дека не сака да ме обврзува, па кога ке се врати ако сакам да бидам со него. Таа вечер ми беше навистина убаво со него. Имав некое посебно чувство како никогаш до сега. Од тогаш сме уште поблиски и тој се однесува исто како да одиме, ми се јавува, ми пишува пораки. Се навикнав на него и тешко ми е што ќе оди . Сакав да слушнам ваше мислење од машка страна дали мислите дека би можело да успее да не се видиме речиси пола година и да започнеме врска.
Јас сум малце и циник кога се работи за врски во кои што разликата во години е поголема од 4-5 максимум......ако го тргнеме тоа настрана, long distance relationship и те како може да успее !!!!!! единствено нешто е дека и двата партнера да знаат во што влегуваат и дека мора да има голема желба и воља и кај двајцата.....значи во твојов слуичај мене повеќе ме загрижува разликата во години од колку далечината....!!!!! ... "не сака да те обврзува" - на ова јас гледам вака .... може да одиш со други зашто и он додека е таму ќе иде со други...сепак 26 години е, ако кога ќе се врати ќе сака да сте заедно......сепак ти го повеќе знаеш на карактер од колку ние тука на форумов....ако прашањето ти беше во врска тоа дали ќе усшее зашто е врска на даличина - мојот одговор е да.....дали ќе успее заради разликата во години - како што кажав скептичен сум на оваа тема... wish u all the best !!!
e зошто? ако исто размислувате и имате слични желби и интереси што менува дали разликата е 5 или 10 години ? мене на пример најчесто ми се допаѓаат постари од едноставна причина што мислам само некој повозрасен може да има сериозни намери , не можам јас од некој врсник 24-25 да очекувам за година две да се жени ...или погрешно сум ги сфатила ??