Форумџика на годината

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Мислиш во смисла, не се доволно сигурни во себе, или во тоа што сакаат со мене. Се прашувам зашто вториот баш си е премногу самоуверен инаку. :?:
    Си мислев дали така се обидуваат да држат некоја емотивна дистанца, или си мислат дека се попривлечни така што глумат ладни фраери. |(
    Или ако тоа значи дека ич не ги заболе за мене, да ги отерам у пм. :wasntme:
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Несигурни во себе, 99% се такви. Додатно е што се несигурни и во нас како ќе реагираме, што ќе покажеме, како ќе биде однесувањето итн. Во суштина се кукавици, имам кажано во темана СДК.
     
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    За првиот ми иде некако тоа објаснување, ама вториот :worried: не ми се верува дека е тоа.
    Најлоши мисли ми идат, а секогаш кога нешто такво ќе кажам вика колку погрешно сум мислела, секогаш лошо нешто си читам, од моето досегашно искуство со машки секој негов втор гест ми кажува дека треба да го избришам, секое негово најситно движење, му наоѓам скриено значење, се што прави и не прави, а тој ме убедува дека грешам и дека не сваќам .
    Можно ли е внатрешниот глас толку да ме лаже?
    Можно ли е некој да е навистина различен толку од сите што ги познавам, или кога имаат чувства сите се исти, се забележува на ист начин. Јас сум научена дури да треба да се бранам од нечии раце, од што биле досадни да ме гушкаат, а со него тоа толку малку го имам, и ме убедува дека тој е таков по карактер, што некако не ми е верно. А ја гледам другарка моја, исто се мува со еден, и иако тој дури и вика да си фати дечко , дека само се муваат они, таа постојано му се бутка, му се мести во скут, го гушка, бацува, јас гледам дека овој мн малку ме гали и не можам така ко неа, туку му вртам грб.
    Грешката е во мене, него, или двајцата заедно?
    Никогаш не сум осеќала потреба за тоа, а сега го споредувам со бившите, и се осеќам лошо покрај него...
     
  4. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Несигурни во себе, 99% се такви. Додатно е што се несигурни и во нас како ќе реагираме, што ќе покажеме, како ќе биде однесувањето итн. Во суштина се кукавици, имам кажано во темана СДК.
    Алал нека ти е Јуле77,и те како е вистина дека се кукавици и несигурни и не трпат кога не газат сигурно на земја.
     
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Исплатливо е и јас ќе ти кажам какви типови да играш. :D Кога сакаш да ризикуваш таква сума стреми се да најдеш што е можно помали коефициенти, а посигурни (наводно). Но како и да е играта што би ти ја препорачал е следнава: играј натпревари 2+ гола за цела утакмица т.е. да има 2 или повеќе гола на целиот натпревар (во 90те минути). Обично коефициентите за вакви типови се 1.20-1.25, но ајде ќе земам просек 1.25 во овој случај. Епа еве пресметај колку изнесува за 4 натпревари 1.25*1.25*1.25*1.25 = 2.44 вкупен коефициент. А за 5 натпревари вкупниот коефициент е некаде 3.05.

    Така што ставаш 50 евра и си кркаш 122 евра или 150 евра (ако играш 5 натпревари), значи 70 евра т.е. 100 евра чист ќар. Мерак, нели? :D Треба стварно да си малер да избереш утакмица која ќе заврши со 0:0 или 1:0 или 0:1 затоа што секој натпревар завршен со различен резултат од овие 3 резултати ќе го погодиш. ;) До сега имам пробано вакво нешто и стварно работи. Само проблемот е тоа што сум алчен и секогаш “гаѓам“ повисоки коефициенти. :D Можеби треба да се опаметам и да си играм на сигурна добивка. ;) Можеби добивките ќе се ситни, ама зрно по зрно т.е. € по € и ете ме со пирамида од €. :)
     
  6. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Не сум машко ама мислам дека е исплатливо само за газдите на кладилниците. Секогаш една ќе те зезне, а ако пак играш една и да фатиш два пати после ќе им ги вратиш парите. :|
    Поислатливо ти е да играш лото, таму ако фатиш фатено е. :)
     
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Да, баш е исплатливо лото, и кога ќе наполниш 70 год. тогаш ќе добиеш. :) Знам дека секогаш ќе се најде натпревар кој ќе те зезне ама зависи со каков тип ќе го играш. Јас предложив играње на голови и тоа 2+ значи да има само 2 гола најмалку на натпреварот (а ако сака и 5 гола нека има :) ). А слободно ќе кажам дека над 80% од натпреварите завршуваат со 2 или повеќе гола (море какви 80% може и 90% да кажам). :D Само резултатите 0:0, 1:0 т.е. 0:1 не вршат работа. Многу натпревари завршуваат 1:1, 2:0 или 2:1 што е идеално за играта 2+ гола. :)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    никој/ некоја слободен ЛП.. имам проблем и би ми значело вашето мислење.. не можам да го пишам јавно затоа ЛП. :)
     
  9. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    Еве вака де си прашам и ја .Беше јули месец и еден тип кој го свигав пред две години ми обрна внимани као ајде нели да се запознаеме преку другар му ( а тој дечко на мојтата пријателка) и јас океј уште симпатичен а тогаш не пробав ништо и потоа коа ајде муабет ова она кога испаднавме со нив и тој беше рекол кога дека ме свига и ја не бега напротив разговарав со него и се океј дозволив да ми се приближи.Потоа тој отиде на одмор и по одмор па на факс и така бидејки не можевме ни на фб некако се прекина комуникацијата.На роденденот на другр му кој беше на крајот на август (инаку заборавив да напоменам јас сум 16 а тој 21 сега ) и као здраво и ми понуди стол и не ми правеше муабет и јас као чекај нели одк улутра ке ти сврзам некоја реченица глупо е се имавме тој не ми рече ајде ке бидеме заедно и почна тој муабет да ми прави бла бла и као се навредил зашо коа цело време тој мене ме барал .Јас сум таква не се замарам со некој ја по него се али овојпат не беше така тук се случуваше да ми пиши а јас да не сум тамо на фб и подоцна да му врата а на пораки не сметам несто важно ајде ке ти пишам чисто онака.И потоа помина малку време (како малку беше првата недела од септември некаде 6-7) се видовме и дојде на маса муабет ова она и ми рече ако сакаш можеме да ре рашетаме ... и као дечко ако ја сакам ајде бе .. се напраив на три ипол ..и потоа следниот ден пак ми пишал на фб а јас не бев таму да му вратам и беше отишол поради една пичина пак надовор од земјата и пак не сме во контат .. гледано од машка страна тој ме свига или ради реда ме гледа као симпатично девојче..Не сметам дека е до годините бидејки се дружам се со погоелми и досега и помладите и постарите велат дека интелектуално сум на повисоко ниво од моите соученици и поинако гледам на работите :)
     
  10. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    sweet25 и јас имав работа со таков, исто така се однесуваше и јас реагирав како тебе, ми се чини цревата ми се превртуваа, си мислев да не правам нешто погрешно, на крајот ми дојде преку глава некој да молам и реков ќе го отерам у п.м. и на мое изненадување тој пак се враќа! Ова однесување ми изгледа на манипулација, само тој да зема, тебе ќе ти вели дека не го сфаќаш за да не му избегаш, а дали ќе добиеш внимание какво што ти сакаш е знак прашалник, односно - НЕ. иако не ги сфаќам мотивите за тоа. веројатно несигурност како што пишаа погоре.



    ПРАШАЊЕ ДО МАШКИТЕ/ЖЕНСКИТЕ: КАКО ДА ОТКАЧАМ ВАКОВ ТИП!?
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    M5:
    (го врти бројот на типот)
    -"Еј здраво , слушај ај на кафе тогаш и во тоа време на тоа место"
    (1 Hour later)
    М5:
    -"Слушај сакам да ти кажам нешто , Иако имавме убаво време заедно , нажалост веќе не го чуствувам тоа за тебе што го чуствував некогаш и знај не е до тебе туку е до мене , неможам вака повеќе се надевам дека ќе ме разбереш и немој да пробуваш да ме освоиш бидејќи ова е крајот , се надевам понесе пари оти јас заборавив да понесам дома па ти биди џентЛмен и плати го и моето кафе .... have a nice life byee"
     
    На Ph0enix и Dushica-sk им се допаѓа ова.
  12. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    Значи вака, пишав погоре дека еден од школо ме гледа како подвижен сладолед да сум, и нема врска, се навикнав веќе, АМА приметувам човеков збори со другари гледа накај мене, па и тие ќе се свртат, што значи за мене зборува, има и покажано со прст така свртена бев со грб одненадеж се свртев и што да видам. Како и да е, работата е тоа што детево ми го имаат покажувано од лани ова време, па ниту му знаев име, ништо, едноствано не е некој што ќе помине и ќе ти остане во очи, најнормален. После неколку дена ме аддна на фејсбук, па и лајкчиња си стави неколку, детето е океј. Во четвртокот седевме на едни клупи во школо другарка моја, јас, место за пола човек да седне, па незнам некои други девојчиња од прва. И овој си искача од училница се проврте лево десно и таман да седне (читај: фалеа 10цм да седне) доаѓа една од негов клас да идел да праша некој професор нешто, не е битно не седна. Битното да го напоменам јас повторно-за цело тоа време ептен ме гледа. И вчера го гледам детево, рецка не ми маваше, неколку пати во цел ден ме погледна и толку. Прашањето ми е, што да правам? И сака нешто овој или онака си разгледува, пошто не го сфаќам ама ич.
     
  13. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Едноставно - наредна прилика кога ќе е во твоја близина, сврзи 5-6 реда рандом муабет со него и види дали и како ќе се развива дискусијата.
    Верувај, така наголемо ќе си помогнеш да го сфатиш. :)
    Секако, ова е доколку не сакаш и натаму да си се врткате по клупички, ходничиња и слично.
    Дејствувајте бре луѓе, не дремете и чекајте другиот секогаш да биде поконкретен!
    |(
     
  14. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Еден дечко ми е симпатичен веќе подолго време, ама работата ненормално многу се развлекува.
    Мој другар му пушти нешто муабет за мене, меѓутоа не му кажа ништо од тоа дека ми се свиѓа, туку онака дека сум била многу фина и такви работи... И дечково се загреа, сакаше да проба со мене, му викаше на другаров дека сум билна многу убава и да мести работа.
    Ама овој другаров пошто е таков само за себе си гледа, не се замараше со ништо, као демек ќе средам ќе средам и на крај ништо.
    А со дечково си се меркаме цело време, се загледуваме, ама прв чекор никој да направи. Јас инат, тој инат и така... Е*ати машкото!
    Тој не сака да си ја погази гордоста, јас пак глумам ладнокрвност... детска работа! -.-
    И пошто ми здосади да чекам, почнав да не се интересирам, ама пак ме копка што и како би било, кога би било. Пред него не покажувам никакви емоции и сега паметниот примети, и пуштил муабет на некои девојки демек не сум му била убава бла бла, барем така ми пренесоа.
    А пак упорно си гледа и се врти кога поминувам. Ме фати инатот, сакам идам до крај, сум запнала тој па тој...
    Е сега ми треба совет што и како да направам, зошто не знам како да постапувам со него. Таков е кренат во облаци и преценет...
     
  15. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Некаде еден месец и пол се мувам со едно машко. Се гледаме, за викенд заедно излегуваме, на кафе одиме, и нон стоп ме запознава со некои луѓе кога сме заедно и сите другари ме знаат, но проблемот е што само на тоа останува работата, секогаш истото ајде ќе ти се јавам ќе се видиме ќе излезиме, ама ништо ми нема спомнао за посериозно работава да стани т.е. да пемини во врска. Скоро 2месеци ќе поминат и не сега што да мислам не знам дали да почекам уште неекое време да видам како ќе тера работава или пак да му речам да прекиниме да се гледаме, а машково почна да ми значи........... но почнав да се чуствувам како искористена, не знам :worried: ми се јавува, се гледаме, ама ништо не презема , а и време помина :(
     
  16. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Штом ти значи, разговарај со него и оди на се’ или ништо, односно или да премине во врска, или да прекинете.
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Eпа вака, имам дечко со кој сме заедно 2 години, се запишавме на различни факултети, различни луѓе, нова средина.. Веќе три недели од како сме на факултет, постојано сме раздвоени, тој повеќе е на кафиња, постојано е со колеги/колешки.. Има време за мене,за нас.. меѓутоа мене ме плаши таа нова средина тоа ново друштво, тие нови луѓе, како различни светови сме. Незнам како да постапам тука, несакам да му забранувам далеку од тоа, ама несакам ни да се оддалечиме, кога ќе почнам муабет на таа тема, секогаш одговорот е: "Нема зашто да се плашиш, се ќе биде како што било." Незнам што да правам :sweat: ?
     
  18. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    За жал нема што можеш да направиш многу освен да се навикнеш на новата ситуација. Факултетот отвара нова фаза во животот, така што и вашата врска ќе влезе во нова, досега можеби невидена фаза, но верувам ќе си ги поклопите коцките за да работите си бидат како порано и да имате време заедно. Се' си тоа зависи од факултетот на крајот на краиштата, но како и секој факултет, си бара учење и посветеност. Подготви се за помалку време заедно како порано, уште сега те предупредувам. :P Ако се сакате, љубовта ќе победи и сите препреки и бариери ќе ги надминете. Од една страна тој ќе оди на кафе со колеги/колешки додека е на факултет, од друга страна ти ќе одиш со колеги/колешки на кафе и така... најбитно е кој со кого се дружи и со кого е после завршувањето на наставата, не заборавај тоа. Сите сме колеги и другари додека сме на настава, но по завршувањето, се гледа кој со кого се дружи вистински. На крајот на краиштата што се секираш, он нека збори и нека флертува со колку сака девојки, на крајот ти ќе го имаш во твојот кревет. :lol:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Душо, одите две години, и мислам дека за две години доволно сте се зближиле за да знае и тој кои граници (не) смее да ги пречекори. Ситуацијата ви е сега ранлива и кревка, и што и да пробаш да му речеш или да направиш, можеш само да ја влошиш ситуацијата и да испаднеш крива дека не му веруваш, и оние стандардни бла-бла изговори...
    Едноставно бидете си како порано, велиш и дека имате време за вас, и остави баш на тоа време да покаже што и како треба да биде. :)
    И секако, без паника. :)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е да ја прифатам реалноста, не дека не му верувам, ама не сме навикнати така, за разлика од мене тој е далеку по воздржан и посмирен. Незнам навистина незнам..