Реалноста ти е таа, воопшто не те прашува дали ќе ја прифатиш, во спротивно може само да те прегази. Само без паника, и уживај во тоа што веќе 2 години го имаш со дечко ти.
Епа тоа е тоа цурице помала. Знам дека можеби те нервира што он е толку воздржан и смирен, но и до карактер на човекот си е тоа. Размислувај позитивно, тоа може да значи сигурност дека те сака и дека и покрај се' он ќе биде со тебе. Мислам дека сега за сега немаш простор за паника, но повремено проверувај му го телефонот да видиш да не добил понуда од некоја секси колешка за кафе. Се шалам, треба да си имате доверба околу овие работи, но разговарајте отворено и се' ќе биде како што треба.
машки, едно прашање за вас што значи кога еден дечко/маж често менува коли? знам дека колата за еден маж преттставува гордост , ама ми треба малку помош околу ова благодарам однапред
Дека е дилерче. Или едноставно си има пари човекот си ги нашол некаде. Зависи какви коли менува, ако стално менува фиќо и застава, не е богат. Има пари девојко, marry him (ама немој после мене да ме кривиш).
да не е ова како ги менува колите, така ги менува и партнерките во неговиот живот во превод-фати-пушти
Ааа, ништо чудно, зашто види, уште од најстарите египетски папируси може да се прочита за некое длабоко и темелно филозофско проучување според кое шансата мажот да те изневери е правопропорционална со темпото со кое ги менува колите!
Не мора да значи, но солидна паралела. Ако добро му оди со девојката нема зашто да ја менува освен ако некој дел се расипе како кај колата па не му се поправа делот и веднаш си купува нова кола т.е. девојка. Размисли добро ако сакаш да се впуштиш во авантура со таков тип.
да не е ова како ги менува колите, така ги менува и партнерките во неговиот живот во превод-фати-пушти Немора тоа да значи дека ако ги менува колите дека и партнерките така ги менува,можеби човекот не ја нашол вистинската кола сто му лежи,и ако е будала теба да те замени за некоја друга,тогаш тој и воопшто не те ни заслужува.
Хаха, да прашам чисто онака : дечковците кога ти купават танга, елече, секси проѕирна пижама дали всушност сака да каже "Девојко сакам да те е*** веќе"? (инаку невина сум) MАЛКУ Е ГЛУПО ПРАШАЊЕТО ПРИЗНАВАМ.. НО МЕ ЗАНИМА БИДЕЈКИ ОДСЕКОГАШ Е БИЛ ТАКОВ ДА САКА ДА ПРОЧИТАМ МЕЃУ РЕДОВИ
Провери дали ги менува чорапите толку многу ,тоа е битен фактор за да знаеш дали и жените ги менува толку брзо.Бидејки јачи фраер е секој ден со нови чорапи
Машките сакаат провокативна (долна) облека, тоа е факт. Уште повеќе ако таа облека ја носат девојките во кои се заљубени. Толку можам да ти кажам, натаму собери си ти 2+2.
Ако ги скратиме зезанциите тоа значи дека станува збор за тип што најверојатно сака да привлекува внимание или евентуално ни самиот незнае што сака
Читано меѓу редови... си знаеш и ти самата. Сака да те збрца хахаха. Ти ги купува наведените работи за да те види облечена во нив и да го напалиш уште повеќе и сексот кој ќе уследи да ви биде незаборавен. Уживајте.
@sportistka1995 Во принцип,мажите купуваат пиџами за девојки со кои сакаат да спијат,затоа што пиџамите се... за спиење.Ова со проѕирниве пиџами,мислам дека е too much.Па не си дроља.Барај од него непроѕирни пиџами со цветни мотиви или Мики Маус,инаку ништо од спиењето .
МИ треба искрен одговор од машко. Дали машко кое те вика навечер после кафиќ да појдиш кај него дома како "ај да одиме кај мене. Ќе си лежиме " дали сака само секс со девојчето или ? Пред некое време се мувам со едно машко постаро е од мене 7години сме разлика и нз се е ок ама навечер така пред да си одиме од кафиќот ми има речено ај да одиме кај мене.......... а тоа мене страшно ме иритира и не знам на што конкретно мисли. т.е. јас нз што да мислам. Ве молам за одговор
Не сум машко ама ке се дрзнам да одговорам. Те вика дома за да се гледате у очи и да едете благи колачи ... За др незнам стварно зашто би ли те викал .. онака касно навечер хмм Ти шо мислиш ?