Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Неможам да се борам со љубопитноста и да не се запрашам дали мислат на нас а не покажуваат или едноставно не е во машки гени да седнат и да мислат што прави таа и дали таа го мисли и слични клишеа за кои е заслужно нели, заљубувањето.
     
    На prettyrockgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. yanartgoth

    yanartgoth Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Луѓеее ај еден совет :$ Пред некое време започнав на факултет 1 година и ептен се зближив со еден..
    Вака започна се-Бидејќи учам со помала група и живееме во студентски е невозможно да не се зближиме..Се здружив со една другарка па со друга и така..Имаше еден што уште од првиот ден многу ми се засвиѓа..Другарка ми дали примети или не, ама се враќавме од предавање во домот и ми рече овој со нас е така? И да да и викам да го запознаеме вика оди прашај го како се вика ова она..Се запознавме и бевме заедно накај дома, и уште истиот ден почнавме да си одиме по гости..Иначе типов е поим за срамежливост и повлеченост таков е..И почнавме да одиме заедно накај факултет, да седиме да јадеме се да правиме заедно..Мојата соба е карши неговата и цело време сме навака натака..Кога е со мене е многу опуштен и различен од кога е со другите..Пред некое време не беше дојден еден ден на факултет и тој ден бевме на кафе..И нешто збореа кај ти е XX ова она..Кога си одевме го прашав другар ми што е финтава и вика знаеш што е се сакате ова она..Бидејќи ми е близок другар му се доверив дека го свиѓам и кажа дека ќе збори и дека ќе биде и некако му се испушти дека и тој ме свиѓа и ми кажа многу добри работи за него бидејќи биле заедно во средното и се надевав дека ќе биде нешто.Прееска збориме со другарка ми на чат и нешто ми поткажа дека и кажал дека ме свиѓа и викам од кај си сигурна ова она и вика се гледа какви сте кога сте заедно..А и сум приметила како да има нешто..И таков е целиот кога ме гледа очите му светат, се закочува кога збори..Незнам што да правам, знам дека е многу значи толку е срамежлив незнам како кого..Како да му кажам? Знам дека нема девојка знам се за него ама незнам дали би ме сакал или ме сака..Како и кога да му кажам? Како да имаше некој моменти, бевме сами блиску ама не иде така..Како кога е најдобро? Знам дека ако чекам тешко да дочекам а фер е да знае..Ама пак некако ми е незгодно и ова додека го пишувам се кочам мислам како би реагирал... :$ Ај некој совет знам дека не е убаво девојче прво да кажува ама незнам како би било нешто..Инаку за викенд си оди дома така да тешко од викенд кафиња и тоа..А и не е по шетање и сл..Нема некоја таква можност :sweat: Како со овие типови? Како да му кажам? Неможам да го гледам така без да знае пак е глупаво..Ни ваму ни таму незнам како е најдобро :sweat: Ако може некој совет ќе ми значи..Да е само сигурен совет, пробан или добар за машко..Да не е кажи му одма или незнам...Незнам ни што да пишам се кочам..Ако има време некој нека пише, се извинувам за долгиот пост.. :$
     
  3. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Нормално дека мислат :)

    Ми текнува кога деновите ми почнуваа и завршуваа со мисла за неа... :$ :wasntme:

    ... Е ВЕЌЕ НЕ ! :rofl:
     
    На Vezilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Мислат, токму како што кажа Гослинг, кога се во екот на вљубеноста, со таа разлика што не опсесизираат како нас жените, не прибираат другари на кафе-гледање, и не проверуваат компатибилност на хороскопски знаци и други чукнати ем бизарни детали.
    :D
     
    На Libera, julie77, Vezilka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Не бе ние машките каде мислиме,ние сме бесчуствителни,абе богда чува што се нема да прочиташ.
     
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Имавме со другарките една дискусија во врска со приоѓање на машко . Ве здогледува некоја девојка и појма си нема како да ви пријде. Што би упалило кај машките? :)
     
    На babyblond и prettyrockgirl им се допаѓа ова.
  7. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Би ти се извинила ама не сакам. Што се навреди жити се, ја не посочив со прст и да ти речам еј оди кажи и на девојка ти колку ја сакаш оти у последно време си кретен со неа.
    Ме интересираше дали е така и фала на одговорите, вклучувајќи го и твојот.
     
  8. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Здраво како си, јас сум Душица :)

    (немораш да правиш салто и стој на раце) :wasntme:
     
    На martinuska и Dushica-sk им се допаѓа ова.
  9. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Дечки ако може да ми кажете што точно се прави на момачка вечер и зошто машките одат во друг град по тој повод?
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    За да лижат цицки на стриптизети и да имаат секс, кој во друг град е потешко да се открие.
     
    На martinuska, Somnitelno-Lice и Yipman2 им се допаѓа ова.
  11. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ТЕМА: Совети од МАШКА страна за сите девојки

    ... не слушајте совети од машка страна...
    ... поготово ако се бесплатни,..
    ... може скупо да ве кошта..!!
     
    На MarchelineAmaru, senza.parole, Optimistic и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Леле Марли што им направи,4 дена немаат поставено прашање :rofl:
     
    На martinuska, Marley, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Зошто секогаш сакате да ги легнете другарките ? И покрај тоа што се покажале како личности од доверба , не ве провоцираат и не ви се пуштаат , 1000 пати ви имаат кажувано секакви детаљи од животот , секогаш ви кажуваат колку многу ве ценат и како другар дури ве осеќаат како брат , какви све не ствари сте прошле заедно , за на крај сепак да кажете дека не би било лошо да се дружите и на поинаков начин ... зошто тоа "поинакво дружење " го гледате како премин на некое повисоко ниво , зар вреди тоа повеќе од пријателството и довербата ?:))))))
     
  14. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Затоа што пријателство меѓу машко и женско едноставно не постои :wasntme:
     
    На martinuska, Yipman2 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  15. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Пријателе, а кажи ми, спротивното важи според твоите убедувања? :?:

    Постои. :wasntme:


    Затоа што доколку имаме „другарка“ која свесно ни го кажала сево ова безброј пати, се работи за „другарка“ која не става во популарната friendzone, а тоа, драга моја форумџике, повеќе е другарство од кое ќарува само женскиот пол.
    Женската во машкото си има небаре геј-френд (кој ја слуша, советува, трпи, почитува, АМА КАО СИ ГИ ЗНАЕ ГРАНИЦИТЕ), а таа него веднаш би му направила сцена ако тој и каже макар и една најосновна работа, дека има чувства кон неа (од каде автоматски следи дека девојката НЕ го почитува дечкото).
    Патем, не знаев дека ако сакаме да ја продлабочиме врската со девојка, автоматски сакаме да ја легнеме.
    Видиш, интересна теза покрена овде... :wasntme:

    ПС. Какво жртвување на пријателство и доверба, што зборуваш? Па зарем во партнерот не гледаш пред се личност од доверба и пријател?
     
  16. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ако во дружењето се гледа да се има ќар од другарката, другарот, тогаш тоа пријателство не е вредно за спомнување, не е искрено, од душа и не може ни да се нарече така. :fubar:
     
  17. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Па ако девојката 1000 пати му потенцира дека го гледа како брат, му верува, знае се за нејзиниот живот, со тоа свесно исцртува граница до која дечкото може да оди и од која таа најмногу ќарува!
    Чувствата кои се раѓаат кај девојките, а верувале или не, и момчињата, не може да се контролираат - едноставно се појавуваат. Ако таа нема разбирање за нив, значи НЕ го почитува!
     
  18. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ако двајцата знаат дека се само другари, и ако им е убаво времето што го поминуваат заедно, зашто викаш дека е тоа ќар само за девојката. Секое позитивно друштво, со личности кои ни значат и ни го разубавуваат животот е ќар за секого, не само за едниот или другиот пол. Ако кај едниот се развиле чувства и мисли , кои кај другиот во тој момент непостојат, ( ја земавме девојката за пример), тоа не значи дека таа него не го почитува, туку дека не го доживува на тој начин, а сепак може и да го почитува и сака. Не влегуваме во врска од почит кон некого, туку хемијата е обично пресудна...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Но значи дека, конкретно во примеров, дечкото само ќе се измачува како што ќе поминува времето и ќе прикажува лажна насмевка и среќа пред неа... додека таа (најчесто, нормално дека ИМА и исклучоци) ќе реагира вака:

    Чувствата не се контролираат, и тоа е тоа. Баш доколку со некоја личност си волку близок, попрво кон неа со тек на време ќе ти се појават чувства, отколку кон некоја со која немаш ни половина од наведената блискост. :)
     
  20. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Во твојот пример за жал така е.
    Идеално би било кога и двајцата би имале исти желби, сеедно дали само за другaрство или и за нешто повеќе. Но, кога таа желба ќе се јави само кај едниот , тоа дружење понатаму е измачување и за двајцата, зашто и девојката ( во нашиот пример :lol: ) нема да ужива толку кога ќе биде свесна дека тој посакува нешто повеќе, и дека се надева, додека она мисли на други. Нема да може да му се доверува веќе толку, и да го прави тоа, нема да биде како пред тоа, едноставно се осеќаш ко да си го изгубила другарот, и знаеш дека веќе никогаш нема да биде исто, и обично ваквите другарства затоа и се прекинуваат.
     
    На Ph0enix му/ѝ се допаѓа ова.