Добро, уреду е и да е така, ја викнал да искочиле, типкава ако му дала потврден одговор, значи пак на него се чека ...
^ Не е „уреду“, ја копка, и сака да знае на што е. Незрело е да чека и да се нервира, а нема ништо страшно во тоа таа да е позагреана за него. Нека го праша ако треба и индиректно, на шала, но така и најубаво уште од самиот почеток ќе знае со какво машко си има работа. Ова што го пропагираш со чекањево и „препуштањето на сметка на машкото“ се минатовековни вредности и верувања, не важат веќе.
Чоек, ти ко машко, ако поканиш женска да излезете и ти даде потврден одговор, што ке направиш ??? Ке си ќутиш и чекаш таа да ти спомне, или ке си останеш на зборот за излегувањето ?? Значи ако типов остава и ништо не прави у врска со тоа, значи не го занима, едноставно само сакал да и направи филм некој.
Ај јас да си прашам нешто,одамна немам подосаѓано на темава... Еден типац,со кој си пишувавме минатата зима/пролет,испаднавме ама ништо не направивме и после тоа повеќе пати имавме шанса,ама се некако јас се извлекував,ми беше срам... е сега почна пак да ми пишува...и да ве питам вас мушкарце,мислите дека пак се заинтересирал за мене или онака сака малце да си го поладка со мене а? Спојлер гледам малце ладничко ми се понаша,се некои кратки одговори,ама додуша таков си е,секогаш одговара кратко,не го бива баш да започне муабет...или нејќе...
Момчиња ве молам за совет .. Свиѓам еден од втора година..привлечно момче ...сега за сега е сингл.. Меѓутоа момчето ми упатува само насмевка кон мене и знае да ги крене веѓите така да ме отпоздрави.. Понекогаш перемногу ме загледува а понекогаш и ич ... Меѓутоа кажал за мене дека сум била многу добро девојче и добра дугарка... Најголем проблем е тоа што е многу страмежлив.. На фб еднаш му пишав и ме ми врати.. Не сака да покаже дека ме свиѓа или пак ич ????????? Иако сум женско дали треба да направам прв чекор или не би требало ????? Однапред блаодарам ..премногу ми е битен вашиот совет :3
незнам како да објаснам убаво,ама на пример на работа ако ми зборува некое убаво момче јас дури се блокирам,незнам што да кажам,незнам да направам муабет,неможам во очи да ги гледам убавите момчиња,се срамам,ме мава комплекс на помала вредност си мислам нема шанси на таков да му се допаднам,незнам како да реагирам премногу сум срамежлива и со ниска самодоверба што не ми личи на годините,ужас сум
Момци, дали кога сте вистински вљубени во својата девојка, би ја лажеле и не би и ја кажале вистината за нешто кое таа ве прашува, бидејќи би ви било страв да не ја изгубите засекогаш? Всушност дали може да се очекува целосна искреност од вас, за било што? И како би сакале да реагираме во моментите кога приметуваме како некоја друга девојка ви е симпатична? Ете знам дека и мене ми се случува некој дечко да ми е симпатичен, ама знам дека јас знам да се контролирам и дека не би направила ништо додека имам партнер. А ние жените со нашата интуиција приметуваме кога на нашиот партнер некоја му е симпатична и како да се поставиме во тие ситуации? Да го прашуваме што мисли за девојката или да не спомнуваме ништо за тоа? Мене од секогаш ме интересирало каков секс имал со бившите, што му се свиѓало највеќе кај нив или што мисли за некоја девојка која мене ми е симпатична. И кога и да го прашувам за такви работи тој дава дипломатски одговори. А јас сакам врска каде може слободно да зборуваме и за тие работи.
Значи вака според мене...кога сум вљубен можам да бидам искрен со девојката доколку ја познавам доволно и ќе знам на кој начин да и ја пренесам информацијата при тоа таа да не се налути,доколку не ја доволно познавам нема ништо да и признавам, ради тоа да не се налути и да ја повредам,иако е банална некоја ситуација...за неа можеби нема да е.Според мене не треба да реагира женската доколку примети дека некоја ми е симпатична, треба само да посматра и доколку често се случува тоа е тогаш мора женската нешто да превземе Можете само да си ја влошите ситуацијата доколку го прашуваш за бившите,поради тоа што ќе го вратите во минатото и доколку има добри спомени од минатото ќе го растажите moжeте да зборувате слободно со партнерот после одреден период во врската бидејќи ретко на кој му се бистри политика во првиот месец од врската тоа е позз
Едно прашање... ние жени ко жени за се мислиме, за изгледот, за работи по дома, мислиме на партнерот што се вели нон-стоп... а вие машките еве да речам после неколкугодишна врска, за што размислувате во текот на целиот ден? Колку често мислите на партнерката? Сигурно не мислите што треба дома ручек да се прави и такви работи.
Хмм па и ние имаме што да мислиме која утакмица да уплатиме на пример мислам дека машките не се многу замараат посленеколкугодишна врска не дека не ја сакаат девојката туку поради фактот дека таа е сигурна нема кај да бега тоа прашање им е решено одаат понатаму,а доколку осетат дека не ги мари толку женската одма ќе се фрлаат во акција да ја натераат пак да ги мари и после па по старо
Ми треба еден совет ... Вака сеа со дечко ми идевме 1год али дознав дека на почетокот (2 недела) ме изварал и раскинавме ( тоа било еднаш и мн се каел за тоа а и ми докажа дека ме сака) не идевме 1 месец и пак ми се јави се смиривме али сеа некако ми е како оладен се понаша ко шо беше али јас мислам дека претерав со тоа што на секој начин му докажав дека мн ми фалел , коа искачаме целото мое внимание е посветено кон него , порано го правев љубоморен , зборев со машки , му давав до знаење дека има и други што се заинтересирани за мене а сега гледа дека само он ми е битен и нема за што да се секира... Што да праам? Да се сменам ли? Мислите дека има шанси да му се здосадам?
За машко не се менува и не треба да се менуваш, самата кажа дека 1 те изварал,тој може да ти докаже дека те сака и дека се кае, може да те гледа во очи и да те лаже, но тоа не е гаранција дека нема повторно да го стори тоа. Ти си му веќе еднаш здосадила кога те изварал... Не си требала да му дадеш втора шанса.
Незнам дали до карактеро на чоеко е, или има нешто слично кај цела машка популација.. значи, излегвавме, иако имаше женска, јасно ми беше дека не му е ништо озбилно, дури и индиректно имавме праено муабет, траеше некое време ова, поќе од месец сигурно, и еден ден исчезна. Престана и да ми пиши, и да ми звони. Се скара си женската..ни трага, ни глас, пред некое време го видов и само.. здраво. Многу лош филм ми напрај. Има некое објаснување или едноставно глупак без понашање!?
Ти прошол рокот, сите машки се такви. Имам јас еден познаник во овој случај. На некој начин си му била резерва за да си ги провери чувствата кон женската. Со еден збор дебил.
Ве молам за совет... Имавме договорено да се сретнеме со еден дечко.. (да не запознае другар ми) Дечкото е многу убав ,фин со карактер се ..спортист.. Кога бевме излезени вечерта се обиде неколку пати да ме бакне,меѓутоа јас цело време се вртев бидејќи се обидуваше да ме бакне пред сите во кафичот...ми беше малку непријатно иако никогаш се немам бакнувано..а имам 15 години. Ова со момчиња ми се има случувано 100 пати.. Сите ми велат : Што е толку тешко !? Не може веќе вака .. Едноставно како да се опуштам ?? Мислев дека можеа цел кафич да ме приметат дека не знам да се бакнувам а и тој ќе се засрамеше... Според ваше мислење на тие од машката страна дали мислите дека повторно ќе сака да се сретне со мене ?? или ја немам повеќе таа шанса !? Тој цело време ме прашуваше дали се срамам и дали треба да си оди бидејќи бил дојден за мене ...Премногу го свиѓам оддамна.. не знам што да правам .!!?? -.-' како повторно да постапам и ако се согласи да излеземе повторно ?? Што се треба да направам за да го освојам ???
Не се секирај се ќе си дојде на место - се во свое време Имаш само 15 и не е ништо страшно ...плус јас не знам зошто типот бил толку нападен - на прв состанок и одма бакнување..во мое време имаше правило No kissing on the first date, кое сега очигледно не важи. За гледање ќе се видите пак, но прашање е зошто тој бил толку нестрплив? И уште една работа - се гледа дека ептен ти се допаѓа, ама бидејќи тоа треба да ти е првиот бакнеж, биди сигурна дали сакаш или не да го бакнеш....првиот банеж се памти цел живот...јас после мојот прв бакнеж не можев да спијам цела вечер.
Со едно момче си зборуваме векје 3 години.... пред една година јас дознав дека има девојка и го избришав цела година немам зборувано со него потоа кога дознав дека раскина со неа јас бев таа што го направив чекорот па си почнавме повторно да зборуваме (знам грешка сум направила)... јас премногу го сакам и тој го знае тоаа но никако не ми кажува што точно сака од мене некако се чуствувам како да ме чува ко резерва а никако не ме пушта, имаме излегувано неколку пати но ништо се нема случено предолго сум чекала знам и преку глава ми е веќе, сакам само совет како да постапам или да ми кажеш мислење што му се врти во глава!.......