Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    ^^^
    Што се нервираш толку, :D ај малце опуштено. :)
    Сигурно имал некоја работа па се исклучил така набрзина, а и ако мислел дека се сте си кажале за таа вечер, не ти пишал пак, ништо страшно. Биди порелаксирана, подобро ќе ти биде.
    Не ти избегал ако не пишал вечерта... ;)
     
  2. devojceubavo

    devojceubavo Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    А тука машки даваат совети???
     
  3. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Даваат, даваат... кажи си што ти треба :talk:
     
  4. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    ^^ А даваат по лп ? :P
     
    На TheGirlNextDoor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Тргнав да поставам прашање, ама штом Елементал и Јипмен ги нема за помош, ништо се предомислив :lol:
     
  6. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Ептен се нервирам....има еден тип со кого излеговме 1-2 пати на кафе, и сфатив дека не ми иде со него и му кажав фино лепо нема да ни оди - е сега што ми е маката....тој зборува дека јас и тој сме заедно...што е најстрашно јас овој муабет го дознавам од негова тетка...леле пукнав од срам пред мајка ми - како да им докажам во моментот дека типот измислува...

    што е најстрашно - тој си продолжува со филмот и во друга крајност...

    што да правам - дали да му се јавам да разговарам ..ама ке се изнервирам ке му се развикам...или да го оставам, а се нервирам...
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Нема што да се срамиш, секој може да измисли било што а ти немаш ни време ниту енергија сите такви лично да ги бараш и да ги разубедуваш.

    Чим ти смета јави му се и замоли го да престане да се фали ама и ако не сака не му обрнувај внимание, повремено ќе налетуваш и на некој таков :)
     
    На zoki-poki и jasmina00 им се допаѓа ова.
  8. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Се разбира :wasntme:
     
  9. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Претпоставувам дека кога зборуваш за „машките“ мислиш на момците што се на твоја возраст, плус минус некоја година. Машките не се срамежливи или резервирани (ок, можеби се малку ;) ) туку едноставно не знаат што да зборуваат со девојките... знам, звучи глупо, ама вистина е. На тие години немаат никаква претстава што вас девојките ве интересира и што ви се мота низ глава :P
    Ама не се секирај...им поминува :rofl: . Научуваат после некое време :lol:
    Поздрав!
     
  10. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Постави прашање и на ЛП, па ќе видиме дали може да помогнеме!
     
  11. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Ммммм плавата, прво, да ти го поддржам стилот на пишување :) Ми се допаѓа кога ќе видам некој друг дијалект освен скопскиот, поинтересен ми е за читање. Второ, не ти беше лош текстот, краток, поради тоа што знаеш дека ние машките имаме слаба концентрација. :!:
    Значи, ако треба да претпоставувам и шпекулирам, на момчето му се допаѓаш (или што би ти рекла „бендисваш“ :lol: ) . Е сега, колку е тоа длабоко не би можел да претпоставам, но она што би ти препорачал е уште на првиот состанок да расчистиш што е со другата (не/официјална) девојка. Верувај ми, е сакаш да си златна резерва и да пополнуваш време кога на него ќе му здосади првата. Ако не сака искрено да ти каже, стави го малку „под лед“.
    И не, не верувам дека односот му е „другарски“ ;) .
     
    На plavata212 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Ок, можеш да пробаш два пристапи:
    1. Директен - замуабети го на ФБ. Зошто на ФБ? Затоа што нема директна комуникација, не ти е во близина, па полесно ќе се опушти и осмели нешто да ти каже. После неколку ФБ муабети, би требало да се окуражи и да ти почне муабет лице в лице.
    2. Индиректен....ќе ти дадам пример за него. Мене ми се допаѓаше одамна (кога бев мал :lol: ) едно девојче. Е арно ама не знаев како да испитам ситуација и да создадам поволна атмосфера.Тоа девојче имаше другарка која беше девојка на мој другар. И јас одам и му викам на другаров:
    „Слушај брат, оваа дечко има? Симпатична ми е ептен“
    „Не знам, мислам дека не. Да прашам ли?“
    „Пааа распрашај се одокулу, ама дискретно, да не знае дека е за мене, и да не се осети. Да не си кажал на никој, ок?“
    „ОК бе, ОК“
    Е сега, јас го знаев другар ми дека тој си е малку ...алапача, и се си кажува на девојка му, ама и на тоа рачунав - знаев дека ќе ме издаде и така сакав да биде. И бидна што бидна, девојчево на следното заедничко излегување (заборавив да кажам - излегувавме во заедничко и многу големо друштво) се врткаше окулу мене за да може да и пријдам.
    Потоа одевме три и пол години :)

    Поздрав!
     
  13. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Да видиш да не веруваш а ? :lol: :lol: :rofl:
     
    На baby.Dex му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hristin4e

    hristin4e Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Значи одев со дечко ми скоро 5месеци се додека пред 1месец ми рече дека сакал да се жени.,од моја страна му реков дека јас не прифаќам во следните 3-4 год. По неколку дена ми кажа дека нашол женска и датум на веридба..од тогаш јас престанав да го барам... Ама тој продолжи и секој ден ама баш секој ми се јавува,а јас упорно му кажувам дека нејкам да имам неш со него повеке,а тој ми вика дека и да се жени цел живот со мене ке се гледа и слуша...
    Епа сеа кажете ми што да правам и зошто ми го кажува тоа ко веке има др. женска :/
     
  15. marissa12

    marissa12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    so bivsiot bevme vo vrska recisi 2 godini.Na pochetokot vrskata ne ni bese bas najdobra,no potoa mi dokaza deka mozam da mu veruvam i deka me saka.Otkako raskinavme dali e mozno vednas da mu stanalo seedno?? :?:
     
  16. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.290
    Се мувам со едно машко некаде 3месеци, ме има запознаено со сите другари, секогаш ме претставува пред сите и се гледаме во викенд бидејќи учи во друг град и некогаш кога ќе е дојден и во другите денови, но работата е во тоа што ништо ми нема спомнато за врска нешто, а веќе помина време, во почетокот сакав да прекинам оти ми беше досадно и не сакав да се обврзувам, ама сега не знам некако почна да ме привлекува и сакам да бидам со него, ама пак тој ништо не презема. Ме интересира ваше мислење дали стварно сака да биди со мене по ситуацијава ама пак време помина 3месеци, или пак така само се мавта со мене да речам искористува.
     
  17. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    it's me again :lol:
    да продолжам кај шо застанав.
    саботата не излеговме на кафе,но зато пак вечерта се сретнавме пред кафичот кај шо бев јас и тој рече дека ќе поминат со другар му.дојдоја за 15мин. зборавме зборавме ми кажа дека сабајлето не бил воопшто излезен имал нешто работа и испадна за вчера да се договориме,плус тогаш ме викна после кафичот да одиме во некој клуб ама не ојдов...на крајот од вечерта во моето чанте си заборај нешто,и од ко се разделивме ми пиша порака за то.после вечерта му пиша на другарка ми нешто поврзано со то,ајде нема врска да не замарам. :rofl: и сега иди недела вечерта гледам нема абер од него,зедов му се јавив и ми вика излезен сум со другарите го гледаме ракометот баш ќе ти ѕвонев ко ќе завршеше за да се договориме.и ај излегов јас со другарка ми,та се најде со дечкото јас се најдов со овај.ојдовме двата ние сами на кафе седнавме.шо да ви кажвам..ептен незгодно му беше хаха тој и онака си е срамежлив ама неможеше 5сек в очи да ме гледа и како шо седевме едно до едно само се подместуваше хаха се убо си изнамуабетивме и станавме си заминавме.ништо не се деси.сабајлето тој полагаше автошкола и си седам јас на час го гледам телефонот да видам сатот гледам пропуштен повик ко ќе отворам шо да видам тој ми имал ѕвонето.одма да ме нема низ врата му се јавив и ми вели ти се јавувам да те известам дека положив и си напрајвме тро муабет,тој заминваше за скопје и си рековме дека ќе се слушниме.
    се гледа дека веќе има нешто поќе...само незнам како да постапувам поќе оти ко ќе гледам дека тој не е опуштен и му е незгодно и јас неможам да се олабам и така седиме двата стегнати.совет? what's next? :^)
     
  18. LostInThe-World

    LostInThe-World Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    толку ли им е тешко на машките да разберат дека некој ги сака или ги свиѓа?
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Не е до тешкото, туку на кој како му одговара :D Тебе може ти ги дава некој дечко сите знаци дека му се сфиѓаш, ама ако тебе тој не ти се сфиѓа ќе ги игнорираш знаците и ќе си тераш по свое. Или па во одредени случаи си изиграваме жртви (и мажи и жени) за да ни дадат поголемо внимание, повеќе љубов, да трчка некој по нас расфрлајќи се со тоа колку сме ние најдобри и најсакани на свет :D
    Освен, во трет случај, не може да ти ги дешифрира знаците што му ги испраќаш :^) затоа јас од секогаш сум била за директната верзија :D
     
    На LostInThe-World и Moira им се допаѓа ова.
  20. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Абе може мисли дека нема потреба од официализирање или сл..Мислам дека најдобро ќе е да му свртиш муабет ко „што праиме“ ? :D А не сватив дали он те прашал или сакал да идете а ти си била за по опуштено или?...Ако е вака дефинитивно следна на ред си ти :)