немаат врска годините, се си зависи од самиот човек. Еве пример до пред година дена не можев да се замислам со некој постар повеќе од 2 години, а сеа пак се чудам како сум можела, сеа свиѓам дечко 5 години постар од мене
Мене ми е многу чудна ствар, како секоја наредна година се интересираат за мене све помлади девојки, дури ми е малце као втф? Како треба на ова да реагирам, девојчињава се ко сестра ми возраст, 18-19-20 годишни... а ко беља, ја па баш обратно, мене постари ми се свиѓаат све
епа тоа е, заеднички интереси...ај кажи ми како може девојка од 19 години да има заеднички интереси со некој што е 26? нејзиното време допрва доаѓа...излегувања, седења до сабајле со друштво, одење у кафана, учење по цела ноќ, и ред др ствари што не можат да ми текнат баш сега во моментов....е он го има поминато сето тоа, он сега сака работа, сака да се жени, сака деца... па ти сега одлучи
На девојчето на тие години и е фора да иде со постар. Поискусен е, повнимателен, не е некој недозреан(иако и такви ги има и на постари години). И јас на 18 идев со 26 годишен, па од искуство си кажувам. Ама се знае нели што ја зезна работата. Он си сакаше сериозна врска, а не зезање и нормално дека не успеа врската.
баш така....ама од кажување никој нема да ти верува....или ќе ти верува ама нема да го примени советот....затоа најдобро е човек сам да си ја направи грешката....а нормално има и вакви врски што успеале, далеку од тоа дека не.... мое лично мислење е дека тешко, али да бидам хипокрит, јас би идел со девојка постара од мене, но максимум до 3 години....повеќе не
Мене па све помали девојки ми се допаѓаат, на 24 год. одев кратко време со 16 годишна, и нормално дека не успеа врската, не се ни трудев да успее, знаев дека е мала и тоа и` се најубавите (и најбесните) години од нејзиниот живот, само сакав да си поминеме убаво одреден период заедно.
некако баш и неможам да идам со многу помала девојка...почнува да ме иритира со банални прашања, однесување детско.....ќе сакам јас да си напраам сериозен муабет, интелектуален муабет, а она ќе нема врска или нема да знае да влезе а ниту пак да се вклучи во муабетот со одредено мислење....затоа обично до 2 години помала.......а за постара си кажав....до 3 ... сепак секој си е посебен и има различни приоритети кои што му се важни кај партер/партнерка ....
За разговорот не е никаков проблем, затоа што сме правеле муабет за се и сешто, не ми е никаков проблем да правам муабет на секоја тема и да го разберам што зборува (сега да не бидам сфатена дека се фалам) и ми има кажано дека за мои години доста зрело размислувам ( е сеа тоа што сум уште невина е друго , не сум имала дечко за кој мислам дека бил баш вистинскиот со кого треба да се случи). И за ова имаме правено муабет и ми има кажано дека сум во право затоа што не е работата само да се случи туку е битно и со кого.
И самата велиш дека е премногу рано... можно е да не наидеш од негова страна на вообразеност, незаинтересираност, збунетост и тн. ако и тој не е доволно "затрескан" во тебе Дај си време пред се на себе а и на него да "проработи" неговата интирга и припадност спрема тебе. Дружете се, бидете заедно, бидете во контакт почесто Ако постои тој флуид на привлечност меѓу вас со тек на време сето тоа ќе прерасне во секојдневие и ќе биде премногу очигледно, така што нема да има "проблем" да му го признаеш тоа Само напред
добро зајко кај си ти , ми недостигаше мене ич ме немаш посоветувано како да го сменам сингл статусов со дечко за озбилно ,се неозбилни ми се погодуваат , има врска тоа дека само постарите се за посеризоно или погрешно сум сфатила ,,,,,pozz до тебе и почесто да не дружиш и да искоментираш на темата -можни причини поради кои сте без партнер , ако може , баш сакам да прочитам што мислиш
Немам што да прашам, се ми е јасно , сакам да кажам дека и мене ми беше чудно незамисливо да бидам со дечко постар од мене не 2 години туку 1 година, но ете излегов со еден дечко некаде 5 години постар и ми беше многу добро со него, но сега имам еден друг исто така 5 години постар и можам да кажам дека многу добро се сложуваме. Или како што велат некои дека машките се поназад во развојот 3 години па разликата е 2 За тоа што пишувате дека ако е е помал односно колку мене во мојот случај сме се сакале многу ама не одело така добро како со овој што е постар од мене 5 години, некако детски ми се однесуваше, сакаше да се пофали или пак тоа беше со возраста повразано не знам, според ова мислам дека најубаво е машкото да е постаро барем неколку години, но секако дека тоа не е закон, туку на кој како што му е убаво. Со постар со помалад само да е добро.
Еве ме sonuvacka , повторно на форумов ... Логички така е-постарите да бидат и да размислуваат позрело за разлика од останатите..... но секогаш постојат и исклучоци кои треба да се препознаат лично од тебе. Како за пресврт на целата ситуација обиди се да разговараш на посериозни теми со несериозните типови(пример што планира за во иднина, кои се неговите приоритети во моментов и сл. знаете вие девојките како да свртите на посериозно ) Обиди се да го најдеш СЕРИОЗНОТО во нив и дознај како размислуваат. Ако не иде на подобро... обиди се со некој друг така и ќе заклучиш до кај им иде паметот на несериозните типови и дали воопшто некогаш знаат да бидат сериозни. Поздрав и со среќа. И би те замолил да пуштиш линк тука од темата за која ме замоли да искоментирам(не за друго... за да не се изгубам во "преводот" на форумов)
зајко твоето ценето мислење singl/mozni-pricini-poradi-koi-ste-bez-partner-t4459/ баш да прочитам како размислуваш ? позз
Повќе лингурчиња отколку пудлици но нема врска , поентата ми беше дека девојка никогаш не би требала да бара совет од машко
а може да ми ја кажеш твојата гледна точка на тврдењево твое? ..... значи не би сакала гледна точна од машко во врска со некој проблем, иако он може да навлезе подлабоко од колку девојка???
Е навистина браво за темава , и беше потребна на форумов Епа вака Зајко, сакам да те прашам за твое мислење, зошто вие машките имате толкава гордост во вас и што ви е толку тешко да признаете на девојче дека ви се свиѓа или ја сакате? Океј, не викам дека сите машки се такви ама има многу... И уште нешто, тоа дека за вас е многу полесно да преболите девојка која сте ја сакале премногу, одколку што ни е нас, вистина е или само машките се предобри глумци и успеваат тоа да го сокријат многу пдообро од нас женските? Поздрав до тебе