Мене ме интересира дали машките помислуваат на нивните бивши и до кој степен? Не мора да се работи за долга врска,може и за мување. Мислат ли воопшто или се е тоа заборавено...?
ДОколку со новата е супер не помислуваме ништо...доколку немаме а и таа што ја имаме не чини...секако дека помислуваме.
Па да, стварно не сфатив дека е сериозно...ок, ама истиот пристап важи, само со повеќе планирање и упорност.. 23 и 17 години а? Бре, бре ...таман за во пензија ...а бе не ви е срам на овие години тоа да го правите, што ќе речат вашите внуци/правници
Пааа исто така зависи во кој контекст ти е тоа „помислуваме“...ако е во некој „ај да се смирам со неа“ контекст Лука е во право, ама може да ти текне одвреме на време на неа и за некои анегдоти кои сте ги имале заедно....тоа не е страшно.
Може да е така, ама имајте и предвид дека многу машки се одлични по фб, знаат да пишуваат, имаат сила, ама за во живо не знаат да се покажат, се срамат, не можат да комуницираат и слично. Овој интернетов многу ги олесна, ама и отежна запознавањата. Имам другар, по фб е најпаметниот човек, ама во живо е тапа. Во очи ми падна оваа реченица. Ако му значиш нема да излегува со други !!!!!
Срамежлив тип што четири месеци нема храброст да ја покани, што срам ќе биде тоа, да не се онесвести кога ќе ја види ? Постои и таква можност ама е малку веројатна така да другите две се поверојатни, или си му резерва или нешто крие (или е како што рече ти тапа)
Здраво, ме интересира дали само мојот дечко т.е мојот бивши дечко (раскинавме вечерва) дали само тој не сака да зборува по телефон или сите машки се исти ..... што е тоа да не сакаа да разговара со неговата девојка по телефон ... а кога се јави нема што да кажее...не го сваќам !!! сите се такви или само тој ... когаа и да се јавам нема што да каже ... и одозгора на тоа ми кажува за колку време да му се јавам ако му се јавам порано од кажаното време не ми крева или се јави и каже дека не е поминало времето и ми склопи.... ве молам кажетее совет зошто би се така однесувал ...поздрав
^^ Дечко ми кога ке се видиме уста не затвара, а на телефон ко мутав ќути. Ако сте нонстоп заедно може нема што да ти каже на телефон. Ако работи или студира може нема време, па затоа ти кажува во колку да му се јавиш. А еднаш од другар добив одговор дека нејќат да зборат на телефон зошто без говорот на телото незнаат што соговорникот мисли, неможат да проценат колку е искрен муабетот.
студира , добро сваќам да биде на факс и да не може да збори ... а ние се не гледаме по 1-2 недели и неможам да го сватам зошто неможе и не сака да разговара со мене и тоа кога е во соба
Што е со мажот кој отворено ви кажува дека си ставил ѕид за откривање било какви емоции, но кој ѕидот го ставил од кога ви се отворил емоционално, а потоа се сетил на претходните лоши искуства и го ставил пак..? Од што е исплашен, дека нешто убаво може да се деси, дека ќе го заебам? Ми доаѓа како јас да сум таа која треба да плати за претходните лоши искуства во неговиот живот, како да морам да се борам за тој ѕидот, за да му станам приоритет, а тоа е нешто што јас никогаш не сум го правела, по дифолт сум била приоритетот.. Фала ви.
Да и да... ме чуди што воопшто ти се отворил, изгледа слаб му е ѕидот И јас не сакам да зборам на телефон, секој разговор ми е исклучиво по потреба и најкраток што може... има многу вакви машки.
Извинете што јас пак давам со мои глупости али неможам да го сватам типов. Значи го запознав пред 2 недели преку другарка бевме поканети на журка и тој беше таму. Не се знаеме мн добро али на почетокот не го рецкав зашто другарките почнаа да ме заебаваат дека ми се пушта и јас не ни му праев муабет. Минатиов викенд излегов и тој беше пак таму , најде начин да ми се доближи (демек да наздравиме ) и почна муабет. Е сеа проблемот е што тој нон стоп наоѓа начин да ме нервира, ме закача , ми се смее , ми ја чепка косата , (дури и ме молеше да идам и јас со нив после тоа у дискотека и коа прифатив ми ја баци раката). Ме викна неколку пати да се видиме на само демек само јас и он али чекам да ми каже на конечно. Ми побара бр и му кажав дека не си го знам да земе од другарка ми, и таа вечер ја отече другарка ми за мојот бр демек на заебанција" некој овде не си го знае бројот па ти да ми го дадеш". Е сеа не сваќам што сака од мене и зашто така се понаша како да ме исмејува пред другите ...
Дете е сеуште во умот, и незнае да ти пријде како маж, туку сеуште игра како да е 7мо одделение. Колку што знам јас во тие години така машките му се пуштаат на девојките. Барем ова е мое мислење, да чекаме да видиме момците што ќе кажат.
Можеби затоа што незнае да ги чита туѓите мисли па да знае што и` се допаѓа на девојката а што не. Шега на страна, но иако би било фино машките секогаш да бидат во старт способни да исчитаат од реакциите на девојката што е ок што не, сепак повеќето машки не се такви (барем додека не соберат доволно искуство - независно колку години имаат) и затоа треба љубезно но директно да му ставиш до знаење со зборови дека не сакаш да те закача, да ти ја чепка косата и сл. бидејќи не ти е убаво и не ти се допаѓа тоа. Ако тој и понатака продолжи по старо тогаш можеш да го игнорираш или одбегнуваш. Значи одбегнувајте во старт со игнорирање индиректно да ставате некому нешто на знаење, наместо тоа многу повеќе успех ќе има ако комуницирате т.е. искажувате јасно и директно што ви се допаѓа што не.
Сака да излезете и можеби сака да му станеш женска а што ти сакаш сама ќе си одлучиш (многу си конфузна во сигналите што му ги даваш, чудо што сеуште не дигнал раце од тебе). Следен потег би му бил да ти напише написмено дека сака да си му женска зашто се друго веќе (неуспешно) пробал Самоуверен и упорен дечко во секој случај
Сепак, мислам дека и ти не си сосема искрена...не кажуваш дали ти се допаѓа момчето или не, ама сепак доволно ти значи за да трошиш време за него на фемина Да не си по малку ?
zdravo ja imam eden problem i ako mozhe da mi pomognete se gledav so momche edno 3-4 nedeli i posle toa doznavam deka on ima zhenska i mu vikam nego i on mi vika ne meshaj drugi demek za tipkava shto odi i ja okej demek i povtorono me vika da idam da se vidime kazhte shto da pravam dali da idam....pozzz
Хехе па морам да признаам дека ептееееееен ми се допаѓа али не можам да го сватам со неговото понашање што сака да направи ... Сега кога ќе го видам сама ќе му дадам лично бр па благодарение на вашите совети може да биде нешто поголемо