Ништо страшно, на 20 и јас спаѓав во оваа група Имам преубава другарка што е сеуште невина и тоа на 26...
Па не бидете смешни бе момци и девојки! Секој човек си има свој карактер кој е различен од било кој друг. Не се сите машки исти,сите постапуваат различно во било која ситуација. Еден зајко може да ви даде одговор според него,друг различно би размислувал.
ОК, мое мислење...мислам дека на 20 не е ништо невообичаено.... е арно ама на 25 веќе е загрижувачки , на 28 се чудиш зошто сеуште е девица а на 30 бегаш подалеку Сум запознал девици од сите горенаведени возрасти и тоа биле моите реакции
Ми треба ваш совет.. секоја кавга со мојот дечко е раскинување... секоја ситница .. раскинување... го сакам и не сакам да го изгубам.. секој пар има мали проблеми но ние и најмалите тешко ги надминуваме шо да правам??
Ќе ја почитувам максимално и ќе ја ценам многу зашто не брзала да се „скине“ (ко сите „нормални“ другарки) на 15-16 години, но потајно и ќе се прашувам дали тоа значи дека немала, или не умее да биде во долга и/или стабилна врска со дечко. Ама па самата велиш дека со твојот дечко секоја кавга ти е раскинување... Значи се уште сте заедно, нели? Едноставно пресериозно ги сфаќате караниците, кои патем се нормален елемент во секоја врска. Што знам, едноставно кажи му баш тоа, дека треба малку поопуштени да сте, и нема некој совет за ова.
Договорете се при караница зборот „раскинување“ да не го спомнувате (или навестувате) и да не правите од глувче слон. Сугерирај си да не мислиш дека секоја караница ќе заврши во раскин, ова ти е добар мотив да поработиш и самата на сопствената психа и да го смениш начинот како реагираш на кавгите. Од кого?
Од кого? Од момците,незнам за тебе но јас немам некое почитување кон девојките што многу рано имаат секс,поконкретно пред 18год,тоа е мое мислењењ,можеби сум заостанат но така јас размислувам.
Зборот рано е многу релативен, рано за тебе е можеби касно за мене и обратно. Има девојки што на 20 се комплетно оформени и такви што се сеуште во психата тинејџерки, за едната нема да биде рано за другата ќе биде. Дали ќе имаш секс до некоја возраст (да земеме 20+ како пример) нема врска со ценењето (небаре си постигнал просветлување или си направил јуначко дело) туку исклучиво од сопствените желби (или нежелби), осудата од околината и неможноста да најдеш соодветен партнер со кој ќе бидеш интимен. Најголем дел од тие што ги цениш а надминале 20 година не нашле соодветен партнер што за нивниот карактер или моралност не кажува речиси ништо. Нормално не збориме за скокање од кревет во кревет тоа е веќе сосема друг муабет.
Зборам за пред 18годин,инаку да има оформени девојки тоа никој не го негира,според мене е рано за интимен однос,значи за пред 18год потоа е ок.
И јас мислам дека е најчесто тоа причината. A за машко на таа возраст што не легнал ништо, во секунда би помислила дека си има проблем со самодовербата, дека е премногу искрен, наивен, и не би препорачала некој дечко да се фали со тоа.
Лукс праша за 20 години, 18 никој не спомна а ти самиот рече повеќе ги ценат невините затоа и репликата до тебе. Вака излегува дека е сексот штетен па тие девојки што го одлагаат се поценети а и онака за машките и женските како што кажа Sweet25 важат сосема различни (општествени) критериуми. Во најголем дел е машкото его (да си и прв) во прашање и ништо повеќе. Инаку се разбравме.
неаме забелешки на твојот план само незнам зашо е ова тука пишано, дали ради претходно нешто што сте дискутирале или онака тука реши да се изјасниш?
како машкото преболува неверство и колку време му треба да се соземе од тоа дали потешко преболуваат од женските кога се изневерени и имам уште едно прашанје дали машко потешко преболува една врска од нас женските? и дали има такви машки што би оделе со некоја долго време не би ја барале и слично ја носат дома а да не осекаат несто посебно за неа? се надевам на повеке одговори
Што кога ќе каже дека не е време за врска по година помината заедно? Демек рано е, најубавите години не вреди на тоа да се трошат а ќе напомене дека се уште неизмерно те сака, како порано? Има ли некој начин пак да биде со мене?
Никогаш нема да сватам ЗОШТО кога двајца ќе се скараат за нешто полесно е да се води инает од колку да се седне и да се разговара за да се реши тој проблем ??? Значи стварно, конкретна ситуација - во подолга врска, се сакаат, поминале многу нешта заедно... На почетокот кога не се познавале добро имало глума, правење недостижна, глумење незаинтерсиран. Сега кога веќе добро се знаат, се опуштаат максимално и уживаат. АМА кога дечкото гледа дека девојката го сака и би направила се за него, станува таков... Поладен. А кога истата таа девојка ќе го промени своето однесување и на некој начин ќе почне по малку да го игнорира и да го скратува времето кое порано целосно му го посветувала, тој се менува за 360 степени и пак е оној стариот. -_- Момци, ќе ве молам - објаснување.
Не се работи овде за момци и објаснувања... Се работи за она доброто и прилично застапено правило, дека кога некого игнорираш или се држиш на дистанца од него, стануваш уште попривлечен. Тоа правило важи еднакво и кај женските, и кај машките. Искрено, доколку јас би кажал така на некоја девојка, тоа ќе е од причина што, иако ми значи и имам чувства кон неа, си ги оставам вратите отворени за во случај да се појави некоја „подобра“ во мојот живот. Јас во твој случај би му дала „ултиматум“ на момакот, или со тебе, или без тебе, а не ни ваму, ни таму. Дали потешко преболуваме врска? Зависи од многу фактори - колку дечкото ја сакал девојката, колку била сериозна врската, што се минал со таа девојка... А за неверство, најчесто машкото его не дозволува да се прости (секако, и овде има исклучоци). А за тие што носат девојки дома без чувства, нема некоја сложена логика... сакаат да си го истераат „меракот“ и физичките потреби со неа.