Не би пишала да не бев во голема дилема.. како и да е, ми треба друго мислење зошто веќе премногу сум изгубена во моето. Имено, дечкото со кого поминав 3 месеци, што си отиде без да ми даде никакво образложение и ме повреди сега ме бара назад. Секогаш сум верувала во втори шанси и радо би му ја дала доколку тоа време без мене го пројдеше во средување на чувствата, да речеме... Сите овие теории паѓаат во вода со фактот што два дена после нашето прекинување најде друга, за после нецели две недели да почнат врска. Пројде еден месец од тогаш, го прифатив фактот дека е со друга и продолжив понатаму се додека не ми пиша завчера. И со тоа се вратија сите чувства што бев принудена да ги потиснувам, залажувајќи се дека сум го преболела. На другарка ми и кажал дека раскинал со неа, наводно доста му е од игри и сега ќе се труди да не биде како минатиот пат. Цело време си повторувам дека не можам да си дозволам да му се вратам после тоа, дека не можам тоа да и го направам на гордоста. Не сум на копче за туку така да му дозволам пак да е дел од мојот живот - секако дека ќе мора многу да се потруди, ја изгуби целосно довербата кај мене. А срцево што ми создава тахикардија кога ќе помислам на него друго вика.. Шифра: збунета.. би додала и очајна *коса црта* наивна *коса црта* си го бара пак!!
Овде не се работи за втора шанса, пријателке! Се работи за правење будала од себе, ако е се вака како што викаш. Ако еднаш си заминал кога му се смачило од тебе, нема да се двоуми да го направи тоа пак. Подалеку од таквите, како машко ти кажувам - му се вратиш ли, „како на копче“, и во моите очи ќе бидеш само една девојка за игра!
Девојко и мене ми се случи истово али јас му дадов втора шанса и се зезнав сеа пак од почеток го преболувам ... Мислам дека штом еднаш дошло до крај ќе дојде пак (има и исклучоци) не за џабе е речено " да се вратиш на старата љубов е исто ко да читаш книга на која и го знаеш крајот "
Ме интересира што мислите за ова: Се допишував со еден дечко и по некое време му дадов број.Ми се јави нормално мубает како за првпат,ама претходно се имаме видено не конкретно на состанок,онака.По неколку часа откако ми се јави(во тој момент беше на Таксират,можеби има некое влијание атмосферата ) ми пиши порака 'Да не си речиш те заборајв.Те сакам' .Па значи нема логика ни еднаш немаме излезено заедно едвај еднаш се слушнавме. Јас искрено не знам што да мислам . Вие што мислите?
Нема ништо чудно со оглед на тоа дека на денешната младина зборот те сакам им е како добро утро да кажале. Ништо чудно и да е и до алкохолот и до збрканите чуства, незнам, ама како и да е нема ништо за секирање според мене. Тоа те сакам не го сваќај во буквалната смисла, тоа они го кажуваат колку да ни дадат до знаење дека они саакт нешто со нас понатака. И како што сама кажа неможе да ти каже те сакам а вистински да го мисли тоа кога вие сте немале ни прв состанок. Нема зашто да не продолжиш со него, само внимавај си и гледај да го запознаеш подобро, да не е женкар или сл. (пошто најчесто женкарите на сите им каќуваат те сакам, секако има и исклучоци).
Ај ве молам за совет.. дечко ми не сака да бидеме заедно за нова година.. се замислив.. премногу многу ми е глупо пар да биди разделен за нова година.. него не му се одело никаде дома сакал да седи.. а и баш не ми се верува дека дома ќе седи.. пред да се фатиме, го познавав и до 12- 1 вечерта беше дома после излегуваше со другариму.. зошто да биди годинава различно? не сваќам зошто не сака да сме заедно? да се срами од мене- не, секаде одиме заедно ама сега стварно не можам ова да го сватам..
Можеби има некаков финансиски проблем па затоа сака новата година да ја дочека дома, не знам колку време одите и колку добро се познавате но предложи му да ја дочекате новата година заедно кај него дома ако не сака да оди некаде со големо друштво бидете само вие двајцата и една пријатна атмосвера за дочек на новата година од тоа подобро не знам дали има да ја дочекаш новата година во прегратките на саканата личност секој би го посакал тоа.
Ондак предложи му заедно да бидете, дома -дома А и на крај стварно не глеам нешо посебно у тоа баш таа вечер нз ти кај да се иде. Доволно е и дома ама со луѓе шо ни значат. Така да предложи му го тоа, и види. А тебе ако ти се излага негде посебно ондак излези си.
Eпа дечки и мене ми треба ваша помош. Откако се фатифме со дечкоми еве веќе година, дознав дека тој мн лаги сокрил од мене. Сите тие ми ги кажал додека немаше ништо меѓу нас, но тој и откако сме во врска продолжи исто да му кажува, уствари тој пола живот го измислил. Многу сум лута, а тој се правда дека тоа ми го кажал уше коа сме биле другари ( пошо ние на нет се запознавме) ии сега сакал да ми каже но се плашел да не се налутам па да ме изгуби. Е сега ваше мислење шо да правам да му дадам втора шанса? Пошо еднаш пола ми призна му простив ама му се заканив дека ако има уше неш толку ќе е, а тој ми се колнеше дека нема ниш, а ете имало уше нешо. Иии шо да правам ? Да поверувам во тоа дека ради страф да не ме загуби не ми кажал се шо ме излажал? или пак тој има навика да ме лаже? инаку тој е во ред за се друго фин, добар, ме почитува се грижи за мене се нај нај само ова со лагава .... ПОМОШ! Го сакам несакам да го загубам но оваа лажење ме убива ...
Само едно нешто ќе кажам ЦВРСТА ВРСКА СО ДЕВОЈКА/ДЕЧКО НЕ СЕ ГРАДИ СО ПОМОШ НА ЛАГИ без разлика колку и да бидат тешки последиците од тоа да си искрен/а ти кажа дека тој пола живот го измислил а ти сеуште си со него па што уште бараш со него по ѓаволите уште колку сакаш да те повредува уште колку ќе трпиш кажуваш дека е добар и фин и дека се грижи за тебе, човек кој својот живот го изградил со лаги не можи да биди добар и фин тој е манипулатор си поигрува со тебе си му дала една шанса тој ја прокоцкал па што уште фазла од тоа зар за секоја лага ќе му даваш нова шанса еднаш ја искористил таа нова шанса сега по втор пат не би те советувал да му простиш пошто ако му простиш тој ќе си продолжи со тоа што тој најдобро си го знае, но сепак на тоа е твоја врска ти си одлучуваш на крајот што и како ќе биде.
Со дечко ми сме во врска 6 месеци. На почетокот се беше во најдобар ред, што би се рекло цветаа рози, но после неколку месеци јас заминав на студирање во друг град. Од тогаш односите малку се заладија, но сепак се беше во ред. Но во последно време почна да се однесува премногу променливо. Час ме сака и е мед и млеко, час ме третира како најголемото ѓубре на светот. Јас секој викенд го користам да си отидам дома и се тоа поради него..за да го видам, за да искористам време да бидеме заедно. Додека сум во местото на студирање скоро и да не излегувам (навистина немам голем круг на пријатели, но и имам обвски), додека тој што би се рекло е 24/7 излезен (работи во кафиќ, но и вон работно време е постојано излезен). Знае често да избувне, да ме навреди (без причина), но потоа да сфати, да се извини и да ми каже дека како мене нема девојка, дека јас сум најпрекрасното нешто што му се случило во животот, дека на мене гледа како на жена, дека со мене ја планира цела иднина, додека јас сум предобра кон него, ни збор настрана не сум му кажала. Овој викенд сум дома и муабетот (всушност проблемот кој сакам да го споделам започна вака) : Јас: „ Во колку ќе излегуваме‘‘? Тој: Па крај 11? Јас: Неможеш ли порано? Тој (на цел глас): Што ти е тебе? Ќе научиш ли еднаш да не ми се мешаш во животот. Јас имам работа во кафичот да организирам маси и да помогнам таму за вечерашниот концерт што оди во мој прилог!! Ќе те земам кога ти кажав, ти не си никаков фактор да ми се мешаш во животот, јас што сакам ќе правам, не играш никаква улога, ти си само една обична девојка во животов. Мој проблем како ќе го трошам времето. Јас: Па ти не си на смена вечерва, немаш потреба да помагаш, ете јас сум дошла одвој повеќе време за мене. Тој: Абе ај прекини. Оди најди си другарки, со мене стоиш на маса како некој темур, не знаеш да се дружиш, не знаеш да комуницираш, немаш другарки, не знаеш како да се однесуваш со луѓе од што секогаш си била сама. Ако дојдат луѓе на маса попреку ги гледаш. И еве ти викам ако молчиш на маса вечерва, јас ќе си заминам на друга маса. И немаш потреба да идеш секој викенд дома, оди излегувај со другари со другарки.. Кога го прашав зошто така ме вреѓа- ми рече јас не те вреѓам, јас ти ја кажувам вистината, и јас сум таков ако ти одговарам. Луѓе навистина не знам како да се однесувам кон него. Никогаш ништо не сум му згрешила (тој е свесен за тоа), сите грешки му ги опростувам кога ќе сфати што сторил и пак не ме смета за човек. Еднаш ми вика те сакам, неможам без тебе, на тебе гледам идна жена и семејство, еднаш ти не си никаков фактор, само обична девојка. Има 25 год за да се однесува олку променливо
Овој е ептем безобразен. Сега не знам каков ви е односот, тука е само твојот аспект на работите, ама ова што ти го изназборел е лошо. Дај олабави го малку, тргни се на страна. Ќе видиш, ако не му е гајле, нека не ти ни тебе. Овој баш те навредува. Игнорирај го малку, да осети дека греши. А ако не се погрижи да ја исправи работава, искрено не ти треба ваков. Шест месеци заедно и вака се однесува, кој знае што следи во иднина со овој.
Мислам дека дечко ти има проблем со самоконтролата. Дури и да има некој проблем неможам да го оправдам тоа однесување. Така несмее да му се истура на никој а пак најмалку тебе а уште помалку да те навредува и сл. Ако имаш некои подлабоки чувства кон него дај му уште една шанса да се поправи со однесувањето ако не бегај побрзо иако повеќе сум за второво...
Skala имало кај менеслични ситуации ама многу поблаги. Ми кажува дека јас сум девојка која ја чекал со години, дека му се допаѓам и изглед и карактер, а штом ќе му сеспроивставам за ситница менува однесување. Не мора да ме навредува еден маубет со подбив, какобожем на шала, а мсили сериозно јас се осеќам како ѓубре. Кога ќе помислам колку девојки ги изневеруваат машките, ги искористуваат и апк се лзини - манзи и нив некој ги почитува, зошто јас да бидам понижувана. Не сакам нестабилни луѓе, бегам од такви и во иднина ќе бегам.