не прочитав се но разговорот што го прочитав ми беше доволен за да видам дека типот незнае што сака те нашол тебе помала па ке те врти како што сака-не се замарај воопшто со вакви не вреди
Епа биди храбра и речи му дека таков НЕ ти одговара. Кога веќе имаш доблест да слушаш такви тешки навреди на твоја сметка (без разлика дали се оправдани или не), имај доблест и да пресечеш и да му укажеш дека и тој по 6 месеци врска не е семоќен фактор во твојот живот! Каде бе јас вакви зборови ќе кажам на девојка, мислам што од почит кон неа, што од страв да не ме запали жив во сон.
Постои еден идот, дебил, со кој никогаш не би изегла,а веќе година дена ме моли да излеземе, прво му кажав дека ме интересира друг, потоа дека ТОЈ не ме интересира, а тој сеуште ми звони на тел. иако јас не му одговарам. Незнам како не му здосади на дечкото да ме моли, како не се откажа досега Но мене ми здосади баш денеска кога видов пропуштен повик од него ми пукна филмот што се вели.Незнам како да го откачам, остана уште директно да го извреѓам, но тоа не би го сторила. ПА МАШКИ (и женски кој ја знаете психологијата на машките) ПОМАГАЈТЕ КАКО БИ СЕ ВИЕ ОТКАЖАЛЕ КОГА БИ БИЛЕ НА НЕГОВО МЕСТО??
Ми се свиѓа еден тип веке некое време, а според неговите реакции мислам дека и тој мене ама не сум сигурна, ме буни... Студираме на ист факултет и почесто се срекаваме низ ходниците, а не се знаеме лично ниту пак си кажуваме здраво. Јас почнав прва да му давам некои знаци со тоа што секогаш кога ке го видам не го тргам погледот од него се додека не помине . И тој ми возврака на истиот начин, но никој ништо не презема... Се мислев јас да го направам првиот чекор но нешто ме закочи. Порано тој имаше девојка но сега кога мислев дека конечно е слободен( бидејки се немаше појавено со неа подолго време), вчера ги видов заедно во читална( а девојка му е на друг факултет) Ме бунат неговите рекации. Зошто и тој ми возврака со погледи, ме гледа, ме зјапа а ја носи девојка му на места кај што одам и јас??? Како вие би го протолкувале ова? Знам дека ке кажете не се мешај во врската кога има девојка, како би ми било мене така да ми нправат,... знам дека е глупаво, но мене тоа не ми е пречка , моите чуства спрема него се толку силни и спремна сум се да направам ако и тој осека нешто спрема мене. Но не ми е јасна таквата негова реакција. Што мислите вие за тоа ??
Му попуштам затоа што барам си барам изговори дека е нервозен поради тоа што неговите дома се во катастрофални односи, со години се караат, се разделуваат, татко му ја изневерува мајка му, па дечко ми многу пати се обидува да ги смири и сл. работи, но сепак јас не сум виновна за на мене да се истура. Потоа одма си ги сфаќа грешките, ми се извинува, ми кажува дека така само се истурал на мене од нервоза, а ме сакал премногу, неможел без мене..бла, бла.. И потоа истото. До кога ќе се вртиме во круг, а јас како најголема глупачка повторно премногу го сакам.
Хмм а да замолиш заеднички пријатели да го прашаат или пак да откриеш некако дали “девојка“ му ја шета само пред тебе или навистина е со неа, ако навистина е со неа ништо од бизнисот, но ако тоа го прави само за тебе ти завидувам
Грешка е што си рекла најпрвин друг дека те интересира - така понекој може да сфати демек не е проблемот дека ти не сакаш туку има друг „идиот„ што те собрал... . Си требала во старт културно ама директно да му кажеш дека навистина не си заинтересирана. А колку има години тој и од каде го знаеш? Во смисла дали би можеле твои другарки на пр. да му објаснат што е како е?
Па немаме многу заедники пријатели пошо тој е повозрасен од мене, имам една другарка која се знае со него само на едно здраво и и кажав да го праша но срам и било такво нешто да направи-ја свиѓаш ли оваа девојка , можела да му каже само дека го свиѓам . Инаку тоа што ја шета женска му пред мене јас го свакам како негативен знак, со тоа фактички ми кажува дека немам шанси кај него , глеаш дека имам женска и не ме чепкај. Ми ја скратува можноста јас да го преземам првиот чекор. Но од друга страна тие погледи, зјапања... Не знам стварно што да мислам и што да направам???
Ете, како што кажа и сама, свесна си дека тоа што го правиш не е во ред. Го сакаш да, ама ти имаш своја чест и гордост. Не смееш да дозвлиш да ти го прави тоа. Тој круг на карање и смирување ке продолжи да се врти уште многу ако ти го дозволиш тоа. Значи, од тебе зависи. Ништо не си згрешила, он тоа го сваќа и пак не ни пробува (или можеби пробал, незнам) да го смени и исконтролира малце односот кон тебе, кон неговата сакана. Збори отворено со него, кажи му како се чуствуваш кога те навредува, дека тоа не е во ред, дека неможеш повеќе да го трпиш тоа и дека сакаш тоа да биде сменето. Не е воопшто фер тој однос спрема тебе. Така ли он ти возвраќа за твојата добрина и голема љубов, која покрај се уште постои? Дефинитивно не знае да го цени тоа што го има покрај себе!
Крени му и, онака, кажи му директно. Биди студена и по малку дрска, но не го навредувај лично. Кажи му дека не постои сила што би те натерала да си со него, дека во ниеден свет и живот тоа не би се случило, дека шансите не само што се непостоечки, туку се и негативни... Со други зборови, кажи нешто максимално отсечно, нешто што би го погодило, но не и лична навреда на негова сметка. Ако и потоа продолжи да те бара, дечкото си има проблем са собом. Сите овие прашања и дилеми ќе си ги одговориш ако еднаш му пријдеш додека е во читална, седни до него, почни муабет, за материјалот, колоквиумите, испитите... и види дали он ќе го движи муабетот нанапред или едноставно кратко и отсечно ќе одговара. Најчесто кога машкото е заинтересирано за некоја девојка, и тоа како сака да се расприкаже со неа. Како и да е, ти си најмалку виновна (односно воопшто НЕ си виновна) за домашната ситуација, па нема зошто ти да трпиш последици поради неа... Напротив, ти него треба да му го разубавуваш денот како девојка, кога неговиот е лош, а не тој да го уништува у твојот.
Да би можеле да му објаснат но се плашев да не го навредат, сепак не сакам да биде навреден, но сепак дефинитивно вака ќе сторам па ќе ви пишам реакција
Ми раскина Кога го пишав претходниот пост заборавив да кажам дека пред некое време успеав да влезам во разговори на фб каде што пишувал со многу девојки, им кажувал дека му се свиѓаат, дека ги бара да излезат, дека се убави. Кога јас сето тоа го дознав почна да ми плаче и да ме моли да се смириме, дека јас сум му се во животот, дека без мене неможе да живее, буквално луѓе верувајте плачеше и молеше на колена како мало дете. Од тогаш супер се однесуваше некое време, се додека не почна да се оддалечува од мене. Признавам дека и јас го напнав со мн пораки преку ден (бидејќи неможев да го добијам на телефон, постојано беше зафатен за мене иако не беше на работа, вчера смената му заврши во 12, тој остана цела ноќ во кафичот и продолжи и прва смена). Денеска ми се јави и ладен ме прашува да не ја знаеш таа и таа твоја генерација, што девојче е, се дружи со брат ми од другар му, па испитуваме дали одат (што мн чудно ми падна бидејќи тој никогаш не се интересира за такви работи).. Кога му реков дека ми е сомнителен со муабетот, прво ми рече ах боже од тебе живот се нема, ми исклучи, потоа одма ми се јави, почна да ми вика да не го барам (а верувајте ако ми рече јави ми се за саат, ни минута не сум го побарала порано), дека неможел да виси со мене на телефон (иако не се гледаме по цела недела), и на крај ми рече промени статус на фб, повеќе не сме во врска или ако сакаш ќе бидеме во отворена врска и не ме барај до нова година преку глава си ми дојдена, јас и ти сме потполно различни. Јас на тоа му реков а јас како можев да ти ги опростам сите глупости, сега ваќа ми враќаш? И тој ми рече е сега се сврте ситуацијата, не ме замарај ќе спијам. Што да правам, ми иде да се убијам како ме искористи
Дечко ти е стварно голем кретен. Со вакво непочитување спрема тебе незнам ни до сега како си го трпела ама ај. Ќе си најдеш друг верувај, животот е пред тебе, ако можеби сега не ти изгледа така. Цени се себеси и оваа врска нека ти биде само лекција за во иднина каков дечко не треба да имаш!
Скала не вреди. Немој да се претргнуваш за него, факт е дека те манипулирал и не те почитувал. Во прашање е сигурно друга по неговото однесување. Ќе те боли, повредена си ама верувај со време ќе стегнеш заби и ќе продолжиш напред. Него остави го позади во минатото. Не заслужува никакво внимание, ни една солза. И не не те искористил, едноставно се покажал каков карактер е. Не вреди! Повторувај си во себе дека типот не вреди. А, и ова ... да знаеш како тркалото се врти, па ќе моли е тогаш искористи ги ти твоите 5 мин. и покажи му што значи не почитување.
Момакот ти направи услуга и те скрати од маката ти да си таа која ќе стави крај на заебана врска што тешко се движи напред... Напротив, биди среќна што сега си имаш време убаво и со бистра глава да размислиш што сакаш во животот, кои ти се приоритетите, но пред се, ШТО МИСЛИШ ЗА СЕБЕСИ! Знам дека на зборови е лесно да се каже, но на пракса е многу потешко, но верувај ми, малтретирањето со дечко ти психички сериозно може(ше) да те направи нестабилна... Вака, додека се уште е рано, ќе си одлучиш што и како сакаш.
Тешко ми е многу, навистина не знам како да преболам. Навистина ли толку погрешив што му пишував пораки? Толку згрешив за дури преку телефон да ми раскине?
Уште првиот пат кога пиша беше евидентно дека сака да ти раскине ама тебе сама да ти текне (ама тебе не ти текнало). Стилот е овој. Не сакаш да се замараш со муабет зашто и како раскинуваш, пошто така на теорија ти си крив што не си кажал на време туку почнуваш да се понашаш толку идиотски што и најзаљубена личност еден момент не може веќе да издржи психо тортура и ти раскинува тебе. Официјално не е до тебе (другиот раскинал) а неофицијално си го добил баш тоа што си сакал, слобода од врската. Не оправдувам воопшто многу неубав и нефер ми е тој стил ама многу го употребуваат. Ништо не си згрешила освен што не си раскинала ти па морал он, си се покажала ептен трпелива ама чим дојде до вреѓање и забрана за јавување јасно е дека раскинот е само прашање на време.
Најкукавички начин е ова не сакаш некој биди маж кажи а не некој да мачиш и со тактики за тортура да го чекаш да ти раскине Знам дека ти е тешко ама главата горе не те заслужува немој во никој случај да го бараш
треба да си свесна дека у првата прилика што ке ја има тој ке те извара и цело време така, верувам нема ниедна прилика да пропушти тоа што ти плачел ти се ова ти се она, го сместува во групата на оние машки што не бираат средства и начини (лигавење, папучарење) за да освојат/ задржат женско, е тоа кога ке се деси тогаш они се менуваат и стануват у тоа што е дечкоти ок екс момак веќе со тоа што ти рекол да не го бараш до н.година кажува дека несака скроз да те откачи него да те има на лагер, затоа ти послушај го и не до нова година него никад више немој да си го побарала
Проблемите со тинејџерите Во денешно време мног умалку се оние коите се без проблеми.Најчесто проблемите се јавуват кај тинјџери во нивната младост.Повеќето тинејџери бунтуват против нивните родители во времето на адолесенцијата .Најчесто проблемите кај тинејџерите се случуват кога родителите се караат го малтертират детето кога доаѓа до развод и така го испушќа своето дете . Од тие последици многумина од тинејџерите запаѓаат во депресија почнуваат да употребуват дрога алхохол и ја наоѓат утехата во нив без да размислат на последиците . Со тоа тие само си го уништуваат животот.Некои успеваат да испаднат од ова агонија но некој продолжуваат да живет со помислата дека со користење на тие средства болката ја намалуваат.Најголем процент од адолесцентите имаат пробано алкохол. Некои пробале во една прилика и веднаш се откажале, а други редовно си ја полнат чашата со алкохолен пијалак. Голем дел од тинејџерите не се доволно информирани за последиците од неконтролираното консумирање на алкохол. Тие само знаат дека пиењето е забавно и дека сите го прават и веруваат дека тоа ја зголемува нивната популарност.Консумацијата на алкохол може да има негативни последици кај кое било лице, независно од неговата возраст. Но, тинејџерите се поранливи од ефектите на алкохолот затоа што имаат послаба самоконтрола, сакаат да експериментираат и немаат доволно искуство за да ги познаваат своите граници. Па, поради тоа и почесто страдаат од своите непромислени постапки.