Здраво , нова сум овде и се надевам дека ќе се снајдам.. Кога ја видов темава си реков да пишам , значи вака - Со детево одевме заедно на англиски и се си беше човекот нормален здраво , чао и се зближивме многу и сега во последно време многу се разлепша детето и стана многу дигнат , вообразен , се занесува многуи сакав да прашам Како можеше за толку кратко време толку да се смени детево не ми е јасно , многу е сменет . Ме интересираше поточно зошто кога сте така погрдички да не речам сите дружољубиви , добри сте ... и после ќе се разубавите и ОоооОопа веднаш вообразени , дигнати , заборавате на тие девојки со кои порано сте биле во контакти и трчате по некој таму пред тоа воопшто што не знаеле дека постоите ??? Тоа ме интересира .
Кога самиот стануваш свесен за тоа колку си променет и попривлечен за околината, егото и самодовербата се зголемуваат. Согледуваш дека на основа на тоа можеш некои работи многу полесно и подобро. Логично е, "акциите ти раснат" Тоа е суровата реалност... а го пишувам ова од лично искуство, затоа што и јас сум некој сличен пример како детево за кое прашуваш Добри сте? Како тоа добри? Добри како другари? Да баш така, затоа што во тие моменти вие сте тие што трчате по некои други, подобри. Епа девојче, топката се врти... А тоа со заборавањето на старите контакти е индивидуална работа, зависи од човекот. Конкретно јас сеуште не заборавив на девојките со кои контактирав порано, туку тие самите постепено се повлекоа... веројатно затоа што станаа свесни колку на некој начин ме потценија во минатото. Знам дека звучи глупаво и самобендисано ова што го напишав... ама само сакав да ја објаснам ситуацијата како од своја кожа, се надевам дека ме свати
Јас го имам тој проблем што денес е доста чест кај паровите.. и е фејсбук. Што кога на дечкото на ѕид му пишуваат од време на време (истите) другарки од типот, “да те потсетам дека те сакам“ или “те гушкам“? Мене лично ми смета. Ама уште кога се запознавме со дечко ми, он ми остави впечаток дека он, да речам, е посклон кон изразување на такви чувства кон другарки, само спрема неколку затоа што тие му биле драги. Решив да го прифатам таков каков што е. Он им возвраќа, ама така поладно.. Еднаш се уклучив на фејсбук кај него и видов дека и он им враќа исто така, ама на чет! И искрено прво што помислив е дека ме вара, ама правев муабет со другари и ми рекоа дека не мора да значи. И решив едноставно да верувам во тоа дека не ме вара, затоа што реално освен тоа не ми дал ниедна друга причина за сомневање. А знае дека ми смета, ама сепак не решава барем нешто малце да смени околу тоа. Јас не барам од него да престане да комуницира со нив. Што мислите вие? (п.с, знам дека тоа што му видов на фејсбук е многу лошо, никогаш не би го направила, освен во тој момент затоа што се осеќав дека прави будала од мене)
Дечки, еве ме мене со едно прилично смотанко прашање Има еден дечко на факс, тој прави мастер така да не знам ни како се вика ни од каде е, нити пак имаме некој заеднички пријател. Ме гледа, ово оно, пред 2 недели дојде во мензата, ми побара сол и ми упати 2-3 убиствени насмевки, со што си помислив дека је могуче да му се свиџам. Арно ама, пусти срам јас никако да му кажам нешто или да го поздравам. Не бев ваква до пред една година, многу сум сменета. Не знам ни што би му кажала... ај си мислам да го поздравам кога ќе го сретнам низ факсот, па ќе видам дали ќе врати или ќе каже уште нешто...? Пошто не е мало дете, сигурно има 24/25 години и затоа имам малку трема, да не испаднам смешна пред него. Совети за како да скршам лед?
Многу едноставно, следен пат кога ќе го видиш во мензата пријди му и прашај го да не му треба сол. И ќе знае на што се однесува шалата, и ќе скршиш мраз на сосема пријателски начин.
Хаха, не сум ни помислила на ова, ама дефинитивно е супер идеа! Сега сме на одмор пошто заврши семестарот, ама за нареден пат вреди да се проба. Фала ти
ваљда некој ќе ми ја разреши мистеријава значи вака детето ми беше симпатија до пред некое време ^^ пишевме на фб секој ден и по некое време се погодивме некако да одиме на кафе и супер си беше сето тоа али после кога и да му пишев враќаше 2-3 збора и толку и му пишав неколку пати видов исто враќа и го остаив и после подолго време ми пиша и сеа после 3-4 месеци одтогаш пишува често е сеа прашањето ми е зашо прекина да зборува од кога излеговме кога ништо лошо не се деси мислам најнормално излегување на кафе беше
Тогаш не сакал врска и му било страв да не побараш повторно кафе, глупо од него во секој случај. Може имал и женска па сакал да види и втора опција а сега раскинал па е послободен. Не очекувај премногу во секој случај не си му била прва опција така да внимателно со емоциите
ни јас неќев врска тогаш, а ни сега со него (нов симпарија си иам сеа ) али чисто ме интересираше машка перспектива на случката а женска немаше ни па сеа има фала
Добро вака ке замолам машките да ми одговорат искрено... јас тука не гледам никаква логика... или машката логика е толку заплеткана што ни Ајнштајн не би можел да ја отплетка.. Спојлер Значи вака... одев со детето, излегувавме често... се гледавме неделно два пати (- дали тоа значи дека имаше друга или едноставно немаше време??) последниот пат ме извиси... правевме планови да се видиме и на крај ми рече дека не може да стигни и да се видиме покасно.. јас тогаш се изнервирав и го отерав у п.м. (- потоа му се извинив ама тој сакаше да останеме другари) И сега почнува приказната... договорот падна да бидеме другари. Од тој ден.. тој секогаш прв ми пишеше на фб, кога ке ме сретнеше ме гушкаше ме бацваше како да му сум женска со години Одеше тоа така „другарски“ месец дена.. (значи не се гледавме, воопшто.. само онака кога ке се сретневме) После некое време ме побара пак да излезиме како демек да се смириме.. и добро излеговме, ми рече дека бил многу лут на тоа дека му бев се развикала по телефон и затоа сакал да останеме другари.. (-прашањето е, дали до толку го навредив... .. или нешто друго беше во прашање???) После тој ден.. мислев дека ке продолжиме нормално, го побарав и ми рече дека бил зафатен и немал време.. и дека ке сме излегвале само кога ке имал тој време.. после тоа јас му реков дека и јас ке излезам со него кога ке имам време, и од тогаш немавме никаков контакт... освен во живо кога ке се сретневме пак гушкање, умилкување... го среќавав по кафичи, секогаш беше сам или со дургари.. и нон стоп пратеше што правам... што мислам дека сепак му беше грижа за мене... И извесен период после тоа (сеуште) ми пиши.. бара повод да разговара со мене, објавува песни како му негостига старата љубов.. и такви работи... јас сум тотално confused.. ако толку сака да бидеме заедно зошто тогаш така ми прави??? машки совет (секако и женски) би ми бил добредојден..
Се надевам некој ќе ме просветли Вака, се знаеме со детето подолго време, но овај период некако се зближивме повеќе. Проблемот е што кога ќе ми пиши на фб прв и кога ќе вратам, исчезнува, а кога ќе му пишам прва враќа ладно, а го пушта брат му да ме вика да седам со него во кафич, и ја прашува другарками каде сум, каде ќе излегуваме за викенд, итн. Исто така, претходниот викенд и рече на другарками дека сакал да го залапам прва, и цело време работата е да речиме, преку стројници... Не го сфаќам што му е и зошто вака прави
ако е дете како што напиша ти тогаш има стравови да не го одбиеш,штом се распрашува преку твојата другарка му се допаѓаш,така да тргни во акција,нема разлика кој ке бакне прв важно е бакнежот да е добар.
Би сакала да побарам совет се гледам 2 ипол години со 1 дечко од различни градови сме врската нение сериозна ама јас сум превише заљубена во него он знае дека го сакам многу и знае дека сакам да имаме сериозна врска многу често сме разговарале на таа тема секогаш ми вели дека ке имаме сериозна врска ама неморало сите да знаат, затоа мене иако ми пречи неговата одлука околу тоа сепак се плашам дека кего загубам ако несе придржувам кон тоа. За нова година се договаравме да бидеме заедно во неговиот град со негов другар и моја другарка и јас бев пресрекна што ке бидам заедно со него, бидејки за овие 2ипол години ниеден празник несум чекала заедно со него, ама сега имам проблем што моите родители неми дозволуваат да одам со него бидејки мајка ми знае дека врската нение сериозна и ми даде услов дека кеме пушти со него под услов он да дојде кај мене и да каже дека сме заедно. Он на тоа збесна несе сложи дури се налути како сум можела се да и кажам а мајка ми за нас, и веке резервирал за нас во ресторан и сега неможе да откаже, а моите никако не дозволуваат се плашам дека кемисе скара ако не отидам а несака он да дојде кај мене хелп ве молам за помош и другарка ми се лути бидејки поради мене прифати да иде а сега јас ако и откажам кенема да ми прости. Моите нема шанси да прифатат се додека он не дојде кај мене дома а он вели дека може само на телефон да разговара а на мајка ми тоа нее доволен доказ зада ме пушти многу се нервирам веке
Возраст 24 , сигурно си многу помлада , ако чекаш нова година со дечко не значи дека сте направиле којзнае што веројатно на мајка ти е за муабетите демек со еден па со друг после , она старинското . Ако си мала како што претпоставувам не ми е јасно па како сака мајка ти уште сега да запознава дечко а и го разбирам дечко ти ако е тој мал да не сака уште сега да се запознава. Ќе дојде и другарка можеш да и кажеш на мајка ти дека се работи за дочек во друштво не само со дечко . Ако си полнолетна и сама треба да знаеш дека за дочек со дечко во ресторант со другарка плус не е потребно од вадење дозволи а и којзнае каква сериозна врска .
Ми изгледа како дечково да си шара настрана, но по периоди на подолга суша му прија да си се наврати кај тебе, на „сигурно“, као ти секогаш си тука за неговите дечко-девојка потреби. Тоа што сега пак бара поводи можеби е затоа што на другите фронтови извисил, па сега пак му остануваш ти... Нормално, сево ова може и да е само моја бујна фантазија. Но икрено, јас да бев на твое место, со ваков нестабилен карактер не би се плеткала. Срамежлив карактер + страв од одбивање + ниска самодоверба... светото тројство, нема што. Преземи нешто ти де, биди таа... Од кај знаеш, можеби на дечкото му е потребно првиот чекор да го почнеш ти, за потоа и тој многу повеќе да се опушти. Ако е сево ова вака како што го напиша, девојко, ти си презависна од твоите родители, особено ако се земе предвид возраста твоја. Пробај малку посамостојно да носиш одлуки од кои стриктно можеш да ќариш или изгубиш само ти, но во оваа ситуација, сепак би застанал на страната на твоите, не бива од повод за прослава да пукне голема кавга. Повтори му на дечко ти, а тој ако те гледа ептен за озбилно, после 2 и пол години нема да му е проблем да дојде кај тебе за да те „извлече“ од дома... Мислам, сепак, ти па ќе одиш во неговиот град за нова година, значи ти „жртвуваш“ на некој начин. А до девојките што се сомневаат во возраста на Феминкава, независно дали таа е вистинска или не, ќе ви кажам само дека не сте свесни какви се фамилијарни сценарија се присутни и во Скопје, а не па во помалите гратчиња (и села) низ Македонија...
Секако дека има различни фамилијарни сценарија , ама возраста е битна ,конкретно доколку е 15 тина години би и препорачала да седи дома и да ја слуша мајка и ( бидејки сега видов дека се работи за одење во друг град ) . Но доколку е повозрасна е тука веќе има многу моменти ...