Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. yokoono

    yokoono Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    18
    Јас имам мала недоумица :) бев излезена со еден пре пре преубав дечко на два состаноци од кои и двата поминаа одлично.Разговараме долго за разни теми се смеевме јас ете не сум ни срамежлива изгледам нормално .....но и покрај сите моменти ние уште сме го немале нашиот прв бакнеж!!!
    треба ли да се загрижам или...?
     
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Епа ако гледаш дека тој е пре пре пре преубав!!! и ако имате јака јака јака хемија!!!! БАКНИ ГО ПРВА!!!

    Што? Ти не го правиш тоа? Да потегнеш потег прва? Конзервативна си? Те ранеле со конзерви како мала?

    До ендорфин се стига со иницијатива :!:
     
    На anichka94, Ana.brojka, Name и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Decibel

    Decibel Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Машки
    Обично девојки што им се допаѓаат на мажите не ги „напаѓаат“ така брзо, од проста причина да не помисли девојката дека еве овој одма секс иницира. Можеби е клише но сите машки се пазат од тоа девојката да не го помисли муабетот со неизживеаност (а го помислуваат преку 90% денеска) Едноставно тој мисли дека сеуште не е време, а ти ако начекаш спонтан момент ете...бакни го.
     
  4. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    227
    Ми се допаѓа едно дете од друштво веќе подолго време..но никогаш не сме правеле муабет и сл. , само на здраво бевме, се до вчера. Вчера зборевме така повеќе, и ме покани да играме, и игравме целите онака гушнати образ до образ, мислев ќе следи бакнеж на крајот, али ништо.
    Проблемот е што негов најдобар другар, ме свиѓаше мене т.е. сакаше само да се смува, само за вечерта нели..али ја го одбив пошто едноставно не сакав. Но тој незнае дека јас знам дека за него се работи, така да и понатаму сме си ок, си правиме муабет, се зезаме, не е онака awkward после тоа. Овој што ја го свиѓам знае за тоа (дека другар му сакаше со мене..) и си мислам дека не би правел нешто со мене само заради другар му...а вака по погледот и се осеќам дека бар малце, ама ме свиѓа и он мене..
    Едно време сакав да го тргнам на страна (од другар му) и да го бацам едноставно, да го стаписам, па он да одлучи дали сака понатаму со мене или нејќе..али немав храброст..

    Како да постапам? Стварно мислам дека би имала шанса, ама незнам што да направам.
    Инаку следен пат ќе го видам дури следниот викенд, а нова година знам кај ќе слави.
    Па сакав едноставно да соберам ненормална храброст (не ме хранеле со конзерви :D , али кога станува збор за прв потег, ич немам храброст, иако доста голем потег е што ме покани да играме и што игравме така..блиску :) ) и некако да се сретнеме оваа година, значи дали денес, односно вечер, а појма немам како, или даму дојдам каде што ќе слави он нова..и некако нешто да направам, или едноставно без претходни подготовки,зборови, да го бацам..сакам едноставно да се деси нешто, па ако сака и корпа нека ми мавне..сакам да пробам...но незнам што да сторам..

    Ве молам за помош, ненормално ќе ви бидам благодарна ако успеам! :)
     
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Срце бе, види ја ти неа како си знае што сака и кова планови и стратегии да стигне до тоа.
    Не знам што совет ќе добиеш од еден форум кога ти имаш доволно иницијатива, само како што спомна треба да го најдеш кај, а знаеш кај ќе чека нова година.

    Сепак, сепак немој да го бркаш т.е. буквално да спринташ по него. Јас би ти препорачал да почекаш до другиот викенд кога ќе се видите. А ова за бакнежот ти е чиста 10-ка. Ако сака нешто после тоа, убаво, ако не тогаш ќе знаеш на што си.

    Во никој случај ништо не можеш да загубиш, ништо.

    Остај за догодина и да знаеш, супер си!
     
    На Ana.brojka и XMaN им се допаѓа ова.
  6. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    227
    Не ковам планови, туку едноставно ја објаснувам ситуацијата...работата е што мислам дека он има храброст да го направи тоа, ама не го прави или заради другар му, или мисли ќе го откачам и него, и се гледа по малце ко да мрда напред, ама не целосно, нешто го воздржува..сака нешто, пробува, ми се доближува...иска ми стиска работава и од кај мене и од кај него :D
    Муабетот ми е..што да направам, а да изгледа нормално, а не ко да трчам по него, а стварно не трчам. Го немам инаку на фб, една опција е да го аднам, и да почнам спонтано да правам муабет со него..така повеќе ќе сме во муабети, контакт, па по некое време муабети за кафе мафе...али незнам колку е паметно тоа.
    А ако му дојдам на нова..(иако јас си имам договорено со друштво, па прво би идела порано малце кај што е он, па кај моиве)..ќе биде чудно зошто сум дошла нели.. што барам јас таму..само за да го бацам, неможам да почекам? :D Па и некако неможам, оти сега ми е дојдено тоа храброто, за една недела може ќе го нема.. :D
    Можеби е најпаметно идниот викенд, таман нова г. причина плус за муабет.. вака можно е да испадне ко ептен се подадов ја..ме покани да играме, и ја одма ин лав..а пред тоа ништо немаше.. :)
    Инаку можам да изгубам.. Ќе биде непријатно после да сме во близина, а од исто друштво сме..
    Фала дека сум супер, иако незнам по шо виде :D
    ти чекам одговор :)
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Со самото тоа што размислуваш за опциите што ти стојат на располагање за тоа како да стигнеш до него и до тој бакнеж, ТИ ПЛАНИРАШ.
    Немаш што да изгубиш, бидејќи и моментално го немаш. Што ќе изгубиш, гордоста? Во друштво ќе се зборува дека ти мавнал контејнер, а не корпа? Срам ќе ти биде?

    За две недели си фатиш нов, тој ќе плука киселина од љубомора. Ти стварно немаш што да изгубиш, во најмала рака ќе го добиеш посакуваниот бакнеж, а поголемата победа ќе биде самодовербата и урнатата бариера, страв, психичка парализа, тремата кога ја имаат многумина при повлекување вакви потези.

    Не се подаде лесно со танцот, но барем немој веднаш директ ин лав. Уживај во неговото друштво, но секогаш со резерва.
    И пак би ти препорачал да си почекаш до другиот викенд, ова сега и самата си кажа може да изгледа чудно како се појавуваш кај што ќе слави тој па и оп бакнеж да си украдеш, многу ма ти :P
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ајде сега некој совет за мене.. ќе пробам да ја објаснам ситуацијата што пократко.
    Значи се запознав со едно дете,моја генерација пред два месеци и се задруживме ептен,и моите другарки со него и со другарите.Јас посебно се зближив со него и праевме ептен сериозни муабети за секаква тема.
    Една вечер се направивме камен и двајцата и се мувавме.
    ОД тогаш се гледаме секој ден.Е сеа,работата е што он ми рече дека не бара ништо сериозно и јас му реков исто.И така беше,но сега мислам дека се заљубувам во него и он со некои постапки ми покажува дека осеќа нешто,али во исто време ми нагласува дека не сме ништо сериозно.
    А детето бил многу заебан и затоа вели дека неможе да има емоции кон никого.
    Сеа,прашањето ми е дали да му признаам дека чувствувам нешто за него или пак да ќутам и да оставам како што е,а стварно не сакам да го изгубам,посебно како другар. Фала ви однапред :D :*
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Имам предлог за кафе од тип со кој се запознав преку форум, само што разменивме фб и одма на првиот разговор ми предложи кафе. Секако дека му го одложив со причина(затоа што одредено време нема да бидеме во ист град), ама поканата не е ни одбиена. Значи после некое време ако има уште интерес од негова страна, што да правам, да прифаќам? :?:
     
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Еј АЛОО на новогодишната вечер ЕлеМентал им помага на девојките 8) , а бе кој Дедо Мраз кои шеги...

    Во основа прашањето ти е малце чудно. Се запознав со тип, ме покани на кафе, дали да одам.

    Симпатичен ли е по твои мерила, има ли нешто меѓу ушите, ти делува ли нападно/очајно, а знаеш ли нешто за него ВООПШТО?

    Или на крај краева, не е понуда за брак, понуда за кафе е. Ако има љубопитност, прифати но денско време на место каде што има гужва без влегување во кола, колку и да е кратка релацијата.

    Гледаш јас како мислам на тебе, ам? :$
     
    На pamelche, CIA, Ph0enix и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Гледам, гледам :) фала за одговорот, па можда и не требаше да го поставам прашањево, ама бидна веќе.
    Инаку таман имам време пред да прифатам да го запознам типот преку нет или да дознаам нешто повеќе за него читајќи му ги мислењата.
    Секако ако прифатам тоа ќе биде денски и кај што има повеќе луѓе.
    :hai:
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  12. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    I need help 4 New Year.
    Znaci ima eden decko od generacija se nemame zapoznaeto samo ponekogas ni se imaat srekavano pogledite I koga imavme testovi SI kazuvame sto imalo I sl.a licno se nemame zapoznaeno. Jas go imam negoviot broj od fb I sega neznam dali da mu pratam SMS a I on nema Inace da znae od kae porakata.Znam mozebi mnogu I ne e nekoj problem ama :$ Sto da pravam da pratam SMS ili ne?
    Izvinete za latinicata od mob sum.
    Fala odnapred
     
  13. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    А зошто да не започнеш комуникација преку ФБ, нешто најопшто и рандом, и онака ФБ е претежно почетното „мерило“ денес...
    Ништо нема да изгубиш, за СМС има време. :)
     
    На PeaceLoveBasketball и I.love.your.lips им се допаѓа ова.
  14. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Како и да е,фала однапред.
    Не сме во врска веќе 5 месеци,иако јас него сеуште го сакам,а се забележува дека и тој мисли на мене,редовно ми пишува,еднаш пијан ми се јави преку телефон и ме бараше,ме молеше да се смириме.

    Прво,да ја кажам причината,зошто раскинавме.
    Заедно бевме во убава и хармонична врска која траеше дури три години. Малку пред да раскинеме имавме едномесечна,но длабока и неиздржлива криза,во која тој беше ладен со мене,велеше дека не ме сака како порано,а јас цело време бев покрај него,му бев рамо за плачење,само за да му ја подобрам состојбата,мислев дека му се случува нешто. А за тоа време,ни јас не бев во подобра состојба. Блиска личност почина и бев во најлошиот период од животот,тој очекуваше јас да бидам покрај него и викаше на мене,ме отфрлаше од себе...Но,јас останав силна.
    Кога тоа заврши,следеше период кога тој велеше дека не ме заслужува,дека не знае како да ми се заблагодари за се што сум направила за него,беше многу внимателен и тврдеше дека никогаш не сака да ме изгуби. Тогаш се чувствував убаво,но сепак ништо не беше како порано. И двајцата многу се сакавме,си верувавме...даваше се од себе да ме усреќи.
    Дојде ден,ме запроси. Тоа дефинитивно беше најромантичниот момент од мојот живот,прифатив. Од тогаш тој цело време ме избрзуваше со свадбата,со бракот,но бидејќи имам само 22 години,не се чувствував спремно,па му кажав да почекаме уште година. Тој разбра,но секој ден беше се потажен и повеќе се повлекуваше во себе. Тоа ми нанесе голема душевна болка,и бидејќи мислев дека не можам да го усреќам,раскинав велејќи дека тој така ќе биде посреќен и дека со друга ќе му биде поубаво. Од тогаш сме пријатели,и тоа добри.

    Вчера,случајно и двајцата се најдовме во исто кафуле за дочекот на новата година.
    Бев сосема трезна,но утрово се разбудив покрај него. Пред да заминам,му признав дека и јас го сакам,тој ми рече дека ќе размислел,но не кажа за што ќе размисли.

    Имам милион прашалници во главата,би ве замолила за помош,фала однапред.
     
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Од ова што го прочитав ми се чини дека тој си има некоја изразито себична страна, импулсивен е и за да си компензира за некои емотивни празнини , час те мрази а после те запросува па и те форсира за брак.
    Делува како да е тешко предвидлив.

    Си има тој некои неодговорени прашања во главата, а барем јас мислам дека 22 години е рано за брак, сеуште имате време, сеуште можете да уживате и без потпис и поп.
     
    На Trendafilka и Antigonna им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Antigonna, пост делува толку трезвено и реално. Знам дека секоја приказна има две страни, но од ова што го кажуваш и начинот на кој го објаснуваш ми делуваш на фина и приземјена девојка која сака само љубов (а кој не ја сака?).
    Еве веднаш ќе ти кажам - бившиот твој не ја сака.
    Ниту ја заслужува твојата љубов и твоето внимание.
    Во моментот кога ти рекол дека не те сака повеќе како порано, требало да му завртиш грб и да му кажеш збогум.
    Знам дека 3 години не се малку и не се фрлаат лесно во вода, ама кога некој ви кажува дека се оладил кон вас, зошто побогу - ЗОШТО срцето на човекот е скроено толку мазохистички - да бара уште повеќе болка да му се нанесе?
    Те сфаќам, јасно ми е (скоро) се` , убаво што сте се разделиле, и уште поубаво што си ја одбила неговата понуда за брак.
    Би те советувала да не му даваш веќе никакви шанси и да си продолжиш со животот напред, со горе крената глава.
    Зашто скршеното тешко се лепи, а и ако се залепи, пукнатините секогаш грдо ќе зјаат.

    Зборувам лично за себе, ама ако некој кој ми значи толку многу ми плесне во фаца - не те сакам повеќе како порано, не би имала сила да продолжам да го сакам и да сум покрај него.
    Напротив, му посакувам се` најлошо и - си заминувам.

    А типот прво треба сам да научи да се усреќува, а после и други, за да добие позитивен фидбек, т.е. љубов.
    Си има бајаги нерешени issues и те советувам да не бидеш жртва која ќе ги трпи неговите испади на топло-ладно.
    Си заслужуваш ти подобро, не он.
    Непрокопсан и неодлучен, себичен човек.
     
    На Antigonna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Бевме заедно две години, се каравме, се миревме нон-стоп. Мислам не бевме официјално толку, но цело време се слушавме, излегувавме, исто како во врска. Првиот пат јас му раскинав затоа што водевме еден прилично непријатен разговор кога тој ми кажуваше дека не ме заслужува, дека е многу лош човек и дека не е тој што мислам дека е. Исто така го викав, поточно го молев да излегуваме, но тој не сакаше поради наводно оправдани причини. И тогаш си помислив што барам со човек што не го познавам, што се крие под друга маска? А за излегувањето можеби не сака да ме покажува пред светот? Можеби има друга и се крие? Но и така е. Потоа ме гризеше совеста дека ја направив погрешната одлука и после низа од настани му се вратив. Додека тој за тоа време си бил со други, онака од занимација. :fubar: Па дури отпосле дознав за некои работи. Додека јас се мислев дали да се смириме или не, тој и подарувал подароци на Трајанка за Денот на вљубените. Браво за мене! Потоа вториот пат тој ми раскина, под некаков глупав изговор дека не му било убаво да ги остава другарите сами. И дека сум била многу разгалено девојче. Потоа пак тој си бркаше други, а јас западнав во некоја глупава депресија. Потоа го молев да ми се врати, но, не успеав и си фатив друг со цел да го направам љубоморен. Врската со другиот како што може да си претпоставите, не траеше подолго од две недели. Па, потоа тој си фати друга. Ја изневери со мене и со милиони други. А јас не ни знаев дека тој е во врска со неа. Немаше да го направам тоа ако знаев! Не го заслужува тоа, кутрата. Потоа пак мене ми се врати. Јас си најдов друг, па тој пак и се врати. И на крај таа го изневери со неговиот најдобар другар. Па тој пак ми се врати мене, а знам дека не требаше да го дозволам тоа. Но, додека ме "врткаше", дознав дека истото го правел со една моја другарка. Преминав и преку тоа, летото бевме неразделни, и за што ? На крајот на краиштата не ни ми го честита роденденот, и тоа како се нервирав. А пред порта за време на мојот роденден поминал со друга. И пак му простив. Пак после тоа бевме заедно, но знаев дека не е сериозен. Ми викаше дека не ме сакал како порано, дека ме гледал како другарка само.. Навистина ?! Ни на другари не им се прават такви работи, колку што знам јас. И повторно премианав преку тоа, пак и пак се лажев на истите трикови и приказни. Како тој немал никој во животот, многу му било тешко, сум му била потребна, мојата љубов, поддршката му била потребна. А што потоа? Исто така ми вети дека ќе ми се јави да ми ја честита Новата година, но од него ни трага ни глас. Вчера ми дојде со објаснување како мрежите биле зафатени и како навистина сакал да ме види, но, не можел. А како можел да оди да ја види другата бивша? Уфф.. како и да е, дури го пишував ова сфатив дека сум девојка која што воопшто не се почитува, а не дека претходно не знаев. Но толку бев заслепена, заљубена, опседната што не сфатив што се случува навистина околу мене. Не знам што треба сега да направам. :worried: Предлози ?
     
  18. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    Да го прочиташ ова што го напиша уште минимум еднаш мислам дека сама ќе знаеш што да направиш... мој совет : бегај подалеку од типов
     
    На glosipgirl и XMaN им се допаѓа ова.
  19. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Аман бре ова вашево на се ми оди освен на љубов :o ,во оваа приказна дефинитивно никој никого не сака :x
    Ти си била со него поради друг, тој бил со тебе поради бившата која најверојатно барем малку ја сакал штом и се враќа. :(
    Кога јас би била на твое место би излегла од тој круг(во типичните приказни е триаголник но овде има мноогу повеќе страни изгледа),така барем сама ќе бидеш среќна и нема непотребно да се повредуваш.Подобро побарај некој друг кој не е моментално скаран со девојка му ;) ,и кој навистина немал вакво минато(мислам да излегувал со повеќе девојки истовремено)
     
    На glosipgirl и XMaN им се допаѓа ова.
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    glosipgirl

    Има ли нешто што ти не можеш да простиш? Стварно така, дали постои граница, точка каде што ќе кажеш е ова ми е максимумот?

    Ме изневери, не ми посака среќен роденден, не се појави за нова година, ми кажа не ме сакал веќе, трча по бивши, купува подароци на други, отиде со другарка ми, преминав преку тоа преминав преку тоа....

    Епа и сега премини си преку тоа, ти само ваков заслужуваш изгледа. Ти да имаш дечко што те сака и цени изгледа само ќе се збуниш. Ова е твојот терен - шпански серии.

    Јес да си 17 години, ама ти не размислуваш човече.
     
    На Miss.Ricci, glosipgirl, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.