Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    би сакала да чујам мислење од припадник на машкиот пол. Го сретнав пред неколку месеци се роди симпатија и се осети некоја привлечност, [1.малку некаде при крајот на нашата прва средба ми кажа дека има девојка , сериозна врска долги години.Тука ме збуни и малку разочара но ми даде и 2. мотив и надеж дека ете можеби не му оди штом се плетка со друга.... се видовме неколку пати одтогаш, бевме и интимни, одговара на моите пораки(многу често со големо задоцнување)3. но забележувам дека го снемува на подолго откако ќе се видиме (мислам дека чувствува грижа ан совест). Ми станува јасно дека тој планира да си остане со девојката (4. макар што му е монотоно и немало страст како што вели тој). 5. Откако бевме интимни веќе не пишува долги смс во недолгед него е прецизен и концизен.... Оф леле дали звучи ова како клише?Ми се допаѓа...ама 6. неможам да бидам ниту втора виолина ниту да висам на закачалка за кога нему би му било најпогодно....Од машка перспектива би замолила за мислење?позз
     
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Друг пат не рипај во кревет со зафатени машки притоа надевајќи се откако ќе сврши, ќе раскине со некоја со која има милион спомени, и со тебе ќе одјава во зајдисонцето.

    Памет за друг пат.
     
    На Snowbell, Miss.Ricci и anichka94 им се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Приметувам не ти се јасни некои работи па одиме едно по едно :) .

    1. Фер од него што ти кажал, сакал да ти е јасно дека ќе бидеш втора (или трета, итн)..
    2. Грешка во мислење, за машко воопшто не мора да значи дека врската не му чини ако сака да проба и со втора или трета. Има такви што не одбиваат и пробуваат со секоја со која можат и им е привлечна без разлика дали се во врска.
    3. Го снемува зашто си втора и зашто е зафатен со првата или со други а и не сака премногу да се приврзеш па да си има проблеми (ништо од тоа нема врска со грижа на совеста)
    4. Може му е монотоно а може нема врска, не верувај се што ќе чуеш :D.
    5. Секако ќе биде прецизен исто како и вашиот однос, повремени интимни средби и ништо повеќе, зашто да троши време на романтика кога не мора ниту има мотивација?
    6. Од почеток си втора виолина.

    Тоа е тоа во суштина :)
     
    На Miss.Ricci, WomanInRed, Antigonna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Во ред е,благодарам на мислењето, сето ова го знам,(фала богу) можеби и свесно сакав да го прочитам/„чујам“ од некој друг за да се доосвестам....да, освен грижа на совест што нормално е да ја има, на тој начин и ме дистанцира во право си,...тоа е тоа..поздрав
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Најинтересно во ваквиве ситуации ми е што си мислите дека ве сака повеќе од својата девојка и дека имате се‘ што она нема,а тој всушност ве искористува.
    Не си дозволувај себеси да се мешаш во туѓите врски,туѓата љубов и туѓата среќа.
    Сепак,тој испаднал подобар од тебе,што ти кажал и не ти дал лажна надеж..а и ако раскине со девојката,што нема да се случи,и ако биде со тебе,не очекувај и тебе да ти биде верен.
     
    На Miss.Ricci и EleMental им се допаѓа ова.
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Тој ми прекина од причина што немал ниедна пред мене на која се отворил толку многу за толку кратко време, а која во исто време била толку тешка на карактер. Јас мислам дека тоа е сето изговор за една ситуација која ја имавме.

    Ние немавме секс бидејќи тој ми сврши пред тоа. И кога се деси тоа ми кажа дека знаел дека ќе се случи, дека тоа и било причината зошто не сме имале порано, дека одамна немал таков оргазам и дека не можел да ми одолее.

    Мене уопште ништо не ми значеше, не дека ми е нормално, но не е многу биг дил. Се случило, се случило. Помал е, јас сум две години постара од него, може го ударило тоа на психа, ма не знам ...
    После тоа, помина недела дена, ако не и помалку и почнаа караниците. Почна намерно да не сака да ме види, намерно да ме лажи, намерно да ме нервира...

    И ми прекина со изговорот што го напишав погоре.
    И мене случајно, после три недели од кога прекинавме ми текнува на ситуацијава и многу работи ми се разјаснија.


    Моето прашање е дали вие мислите дека тоа е скрос причината заради која ми прекинал? Од срам или што знам од што ... ? Јас знам дека има вистина во тоа дека сум тешка на карактер и тие работи, но .. Кога прашав други мажи во мојот живот, ми рекоа да одам да правам муабет со него,конкретно за ситуацијата, и јас се трудев стварно да го правам тоа, но тој ме оттрга од себеси, не ми дава никаква веќе шанса да допрам до него, како да ме мрази, дали затоа што може мисли дека се обрукал пред мене или што го знам ..

    Фала ви. :)
     
  7. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Девојче чим си дошла тука да побараш совет,не можеш да очекуваш дека сите ќе те тапшаат по рамо и ќе ти викаат дека си направила нешто паметно.Место да разглабаме тука кој како се понаша на форумов,подобро седни си и размисли си што ќе правиш понатака,зошто читајќи те заклучив дека ти си таа што ќе страда во ситуацијава.Никогаш немој да дозволиш да бидеш втора виолина,а туку кој и да ти кажал нешто сигурно не го кажал со навреда да те понижи или повреди.Поздрав :)

    Mysterious според мене дечково е прво сам контрадикторен на себе.Прво ти се отвара за значајни работи за толку кратко време,а после си имала тежок карактер.По некоја моја логика,да знам дека си тешка особа не би седнала со тебе да разглабам некои мои лични работи.Мене не ми делува ова како некоја јака причина за да се раскине,зошто он кога веќе се решил да биде со тебе одприлика знаел со кого си има работа. И сама кажуваш дека те мачи тоа па затоа седни и направи муабет со него,пред се за ти да си бидеш чиста пред себе.Судејќи по неговово понашање не верувам дека нешто ќе се смени,али ништо не губиш ако пробаш :)
     
    На Antigonna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    mysterious - јас не можам да го дешифрирам понашањето на дечково , причината сигурно не е таа , ти дал некој банален изговор да може да раскинете . Може има врска со незгодата што се случила и се осеќа посрамен но сметам дека машко ко машко ќе сака реванш :D и да се докаже . Може нешто сосем трето е , некој друга или што знам .
    Елементал оти го игнорираш девојчето . И батали ја ламата , хаус многу подобар аватар
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Без разлика што зафрчеа емоции и тешки зборови ќе кажам зашто ретко некого осудувам посебно во љубовните односи.

    Еднаш читав една статистика 1000 мажи и 1000 жени одговарале на просто прашање. Што сте спремни да направите за да бидете со личноста која ја сакате? Одговорот на добри 90% од двата пола беше: СЀ :D.

    Ама не ми треба статистика за да знам дека е тоа точно,не знам ниеден кој ми рекол оваа многу ми се свиѓа за озбилно, имам шанси кај неа ама ќе седам мирен да не и кварам врска, како да не :D. Истото важи и за женскиот пол :).

    Во љубов и војна е сѐ дозволено е можеби брутална реченица ама 100% вистинита и многу пати потврдена во пракса.
     
    На Name, WomanInRed и lylaby им се допаѓа ова.
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Така е XMaN, во љубовта се е дозволено, ама не значи дека е во ред. Да беше ВО РЕД, значи ок е утре - друг ден женски да се пуштаат на оженети и да растураат бракови и фамилии. Една од причините зошто оваа не доби сожалување од форумот е бидејќи ова е женски форум!
    И многумина тука имале искуство со растурачки.

    Од толку сингл типци, таа спие со зафатен и се надева на раскинување, а сега ЈАС ТРЕБА ДА ГИ ПРЕИСПИТАМ МОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ бидејќи не бев доволно нежен со неа ВО ПИШАНА ФОРМА.
    А тоа што прави таа наоколу е ок, да.

    Школски пример на човек што не превзема одговорност за своите постапки.
     
    На Miss.Ricci, Name, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Едно прашање до машките - дали повеќе сакате кога девојката ви признава отворено дека ве свиѓа, без игри, без тактики или пак кога се прави (со умерена доза :!: ) хард ту гет? Сега знам дека се е индивидуално и дека зависи од карактерот на машкото, ама заглавена сум во ситуација и не знам како да постапам, бидејќи се работи за женкар :?:
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Читајќи те ке ти речев од мое искуство дека не губиш ако признаеш, ама коа ја прочитав последнава реченица си викам залудно е да и кажам да го направи тоа зашто па у секој случај ке бидеш повредена.
    Да се рабоѕтеше за др тип на момче па и па, ама некако со женкари работа одбегнувај негување на чуства ...
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929

    Може мислење од женско? Не треба да очекуваш дека ќе ја остави девојката, фер испаднал дечкото, ти кажал дека има девојка, ти дал простор да одлучиш што сакаш ти. И не значи дека ако оди со други девојки дека планира да ја остави неговата. Можеби така само ја зачувува врската, на пример, наместо да се расправаат за некои работи - тој страстите си ги задоволува на страна. И не верувам дека од неова гледна точка ти си втора виолина, тој ти дал искрен предлог, ти ди го прифатила, тој не очекувал дека ќе се затрескаш во него или било што... Тоа е барем мое мислење...
     
  14. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Си имаше фина авантура oд која „ќаривте“ и двајцата, и нека остане на тоа.
    Поискрено мислење од ова, амин. :)

    Другите момаци ти дале сосема коректен совет, да зборуваш со него, но НЕ по секоја цена. Пробај 2-3-5 пати со сериозен пристап, едноставно кажи му дека сакаш да разговарате за ненадејното оладување на односите, и кажи му дека од твоја страна нема никаква причина за такво нешто.
    Но доколку и по тие пати тој упорно те одбива, нема веќе што да бараш кај него. :)

    Зошто инсистирал не би знаел да ти кажам... Но дека намерите му биле сериозни со тебе, тоа можам со 90% сигурност да ти го негирам. :)
    Втора новогодишна вечер заедно? Забава, чиста забава...

    Хард ту гет, особено кај женкарите, зашто се навикнати да ја добиваат секоја, и ова ќе му дојде нешто како предизвик, посебно ако разменуваш по некој скришен поглед и насмевка со него, онака да му свртиш внимание. Само, хеј, не се внесувај премногу во улогата! :D
     
    На Juicy03 и Antigonna им се допаѓа ова.
  15. slobodnacura

    slobodnacura Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Пиленце дефинитивно ладното понашање ти е клуч на успех..... Ако сакаш да направиш нешо со него, направи... но биди ладна и незаинтересирана, не му паѓај во несвест, не го барај, не се замарај... само биди природна, позитивна, насмеана, забавна... нека ужива во твое друштво, и нека му фали тоа шо " правиш исклучок" од другите девојчиња што трчаат по него..
     
    На Juicy03 и sajmoni им се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да не остане неодговорено иако се разбравме :).

    Не значи дека е во ред ама јас и ти не ги правиме правилата на игра а тие се немилосрдни, едно добри 90% прво ќе гледаат за себе а после за се друго, џабе да викаме не е во ред кога се случува по милионти пат некој некого да превари или еден тип да иде со неколку женски истовремено (има и обратно иако поретко).

    Да се сруши врска треба двајца и за мене е по крив тој што вара отколку третата личност што се убацува зашто ако не е личност А (удрила контра), ќе биде личност Б или Ц ако некој веќе решил да шетка на страна. Не ги разбирам тие што само третата личност ја осудуваат а својот партнер кој ги лаже и вара го амнестираат, не ми оди во глава зашто излегува не можам по коњот па ќе удрам по самарот.

    Многу женски почнуваат врска со зафатен паѓајки на приказните дека не е среќен, монотоно му е, утре ќе и раскинел на девојката (лажги со опашки) и новата се надева и чека а најчесто никогаш не дочекува туку е исто лажена колку да помине времето а дечкото си го тера ќеифот со двете.

    Да бидам јасен, реченицата во љубов и војна е се дозволено не е од мене ниту ја оправдувам туку ја цитирав како факт зашто според неа се раководат апсолутно мнозинство од луѓето.
     
    На lolyta777, lylaby, EleMental и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    А ти како да зборуваш вака и да ја охрабруваш за утре и ти ако си зафатен и настрана да си мамиш вака девојчиња. Чудни ми се твоите совети овде и не ми се допаѓаат. Последниот коментар не ти го прочитав цел а гледам нешто се правдаш за разлика од претходните. Се било дозволено. Утре ќе си фатиш девојка, да видиме дали ќе велиш дозволено е да ти ја чапне некој.
    се извинувам кон другите на директноста, ама морав да кажам.
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па според мене не е тоа поентата , девојката што не сака да биде " џапната " нема да биде ако сака и болен мајмун нека се прави некој , тој или таа што си го сака дечкото /девојката нема да го предаде . И да сум во ситуација да бидам изневерена нормално е дека нема да ја сакам другата девојка( може и ќе ја мразам :devil: ) но сепак предаството е од оној кој треба најмногу да ме почитува . И мене ми е чудно како секогаш е крива другата а не дечкото :x
     
    На lolyta777, EleMental, hrcace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тоа и сакав да го кажам, ако не сакаш колку и да ти се нуди некоја џабе ќе и биде, ќе и останеш верен на девојка ти. Ако веќе решил некој да шетка на страна ќе најде прилики (затоа што секогаш постојат посебно за тие што не пребираат премногу).

    Болдот е поентата, сосема се согласувам :).
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Мими никој не вели дека се женските секогаш криви, дали е женско или машко нема врска со ова што се зборува :)
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.