Многу сме офтопик си разговараме ххахах Ај колку да ти одговорам . Ретко кое машко кога ќе го изневерат ќе рече ај мојава арна е говедоно ја прелажало , а ние жените по природа сме такви а па крива ни е другата , многу ќе простат на дечкото а онаа кучката ќе ја мразат цел живот . А впрочем нели дечкото е оној кој треба да се грижи за нас ја заболело некоја си таму дали ти ќе бидеш повредена . Секако дека не треба поделба машко женско , секогаш е крив оној кој изневерува , но женската природа е многу чудна
Малку да олабавиш ти препорачувам,идам точка по точка за да укапираш и да не си правиш филмови од причина што гледам дека си школски пример за некој кој ги гледа површно нештата па и ги филува одозгора... 1.на оженет не сум се пуштала, ниту сум потегнала иницијатива јас во случајов,напротив. 2.Ниту барав сожалување ниту ми треба, зашто да ми треба сожалување??!!!Е да,женски форум, и сите кога ќе наидат на ваков случај гледаат од перцепцијата на нечија девојка, и се ставаат пре во таа кожа него другата, а не се псоочува со прст во дечкото, него секогаш е крива „грешницата„! 3.Незнам како си дозволуваш толку да навлагаш кога со детали не си запознаен ама баш воопшто, за да коментуираш треба да си запознаен, откаде тоа дека се надевам дека ќе раскине, многу реално гледам на сето тоа, сум била и од една и од друга страна.
Дали ти го сваќаш концептот дека јавни постови се подложни на јавни дискусии и критика? И дека кога си бараш совет, посебно кога твоево не е за аплауз, треба да очекуваш секакви мислења и секакви приоди? Јас тебе не те нареков со погрдни зборови директно, туку го осудив твоето однесување. Свесен сум дека нема правила, баш правила против спиење со зафатени луѓе, но за мене тоа е лешинарски и долно, посебно со толку сингл луѓе наоколу. Свесен сум дека секој се бори да стигне до тоа што сака, без разлика што треба да се направи, но мене сепак ми е грдо. Еј наречи ме идеалист, но тоа е. Не ми е гајле за дополнителни детали, не ми е гајле што не те познавам тебе како човек длабоко, онака суштински па да сватам дека со премалку информации те исплукав. Не ми е гајле дали си навредена и повредена со мојот пост кое не содржеше совет бидејќи тебе не ти треба совет, некој да ти каже еј види вака не чини, не е убаво (не си тинејџерка!) туку осуда, некој да ти каже what were you thinking?!?!. Точно, не е мое да те расветлувам и да ти кажувам како да го живееш животот, но ТИ се појави тука со твојата ситуација и налета на некој што нема да те мази бидејќи и ти тоа што се обиде да го направиш не беше за восхит. Јас не реков дека ти спиеш со оженети, но основната идеја е иста. Жени спијат со зафатени мажи. И дечкото е крив бе, што јас него ли го бранам? Сакал да си ги издише со нова типка, успеал и после сватил дека ова новава не вреди за да раскине врската. Грдо е знам. Ме догреба бидејќи не доби совет? Не дозволувај уште еднаш на ваков начин да чекаш љубов од некој.
Каква тема имало Мај, мај... Џуси, за некои работи машките и девојките не се многу различни. Ти, како повеќе сакаш, кога некој ќе ти се внесе во фаца и ќе ти рече сакам да те легнам или кога е all cool and shiny и изгледа недостапно? Второто нели? Особено мажите сакаат девојка која бега, бидејќи мажите се како кучиња, мрдаат со опафчето, ама не тргнуваат да те гризнат додека не почнеш да бегаш. Тоа не значи дека hard to get ќе ти ги донесе сите мажи на светот, oh no no no... ќе ти донесе многу игра, многу осамени мигови со мечтаење за некое момче и многу радост како да си фатила на спортска кога ќе фатиш некој дечко. Заглавена си со себе. Ако сакаш авантура, мој совет е да му пријдеш од позади, да го грабнеш силно за гс, да ти ги осети ноктите дури, да му шепнеш дека ќе го изедеш кога ќе го фатиш на само и во темница и да си отидеш без да погледнеш назад. Ако сакаш дечко, а он е женкар... онда ти советувам да го баталиш и да бркаш некој друг. Утеха нека ти биде, дека ќе заврши во животот со некоја дрољетина по која твоите другари трчаат, а ти не можеш да ја смислиш. Он ќе работи како таксист, а она како касиерка у кладионица. Ќе имаат две глупи деца.
Стварно е off topic, но сметам дека нема разлика меѓу машки и женски. Никој никого не прелажал ниту прелажува. Крив си е оној што изневерува и тоа е тоа. Mimiii целосно се сложувам со тебе.
Ви благодарам на сите за одговорите Но, мислам дека тоа што е женкар во овој случај не е најголемиот проблем. Проблемот е што пред некое време го одбив неговиот најдобар другар и секако после тоа он и да сака нема шанси да има нешто со мене, а не знам ни зошто упорно продолжувам да направам да биде нешто кога можеби и не зависи од мене
Toa e олеснителна околност, тоа што си го одбила, да си имала нешто со него, ќе беше полоша варијанта. Не е твоја работа ова, тој си знај дали ќе го испочитува другар му или не. Ма да јас мислам дека не би требало да има проблем, денес луѓето на нишо немаат обзир, така да... ако тој сака нешо со тебе ќе најде начин и време и место и све!
Definitivno faleshe edna vakva tema, inaku dobre dojde ajde sega pojasni ni go ova koga e sramezhiv a ti se smehka, se poglednuvate i pogledot vi trae nekolku sekundi, koa najverojatno se obiduva da me prai ljubomorna so drug i koa e ljubomoren koa zboram ili se gushka so nekoe mashko..SHTO ZNACHI?..dali mu se dopagjame ili..? Pomagaj TE MOLAM
... дефинитивно она - како да настапам пред дечкото кој ми се допаѓа, да му кажам јасно и гласно што и како или да си поиграм mind games со него, си зависи од човекот. Секој си е скроен различно, на вас/нас останува да се опипа пулсот и од прилика да се насети што сака дечкото. Некој си сака срамежливки момиња кои си седат во ќоше и се ѕверат и кикотат како недоквакани. Некој си сака отворени и самоуверени моми, кои знаат и покажуваат што сакаат. Мојот најдобар совет би бил да бидете она што сте, т.е. да не се преправате. Ако сте срамежливи, не глумете празна самоуверенст. Ако сте отворена и разговорлива личност, не си го врзувајте јазикот попусто. На тоа пусто преправање ќе му дојде крајот еден ден, ќе ви скурчи и вам и на дечкото кој сакате да го освоите и ќе заврши целата ситуација неславно. Од искуство ова. Плус, не знам како некој има волја и трпение да си игра топло-ладно до бесконечност. Или џа или бу. Мислам дека огромно влијание на тие fucked up mind games извршија плитките американски љубовни филмчиња и оние глупави самопомагачки книги - Како да го освоите мажот на вашите соништа, бла бла бла... како??? Баба ми многу знаела како да му даде ишарет на дедо... абе ајде.
Вака значи, пред една година се договорив со едно машко да излеземе на кафе, но кога појдов на местото 10-15 мин подоцна не ми текнува точно колку беа, него го немаше. После ми пиша на фб и ме праша дали сум отишла таму, и јас го излажав и му реков дека не. Бидејќи бев усрамена. Потоа тој ми рече дека заборавил и ми се извини. Можеби сети дека го лажев. Kако и да е, после тоа пак си пишувавме, тој сакаше да се муваме за мојот роденден, но јас не сакав. И така го одбивав неколку пати. Но, еве сега правевме муабет и тој ме праша дали сакам да се муваме, а потоа да бидеме во врска. И јас му реков дека е рано, да не избрзуваме. Пред некој ден ја прашав мојата другарка која подобро го познава од мене и ми рече да не правам ништо бидејќи бил женкар. И сега навистина не знам што да правам. Ако му беше само за мување ќе ме прашаше за врска? А од друга страна мајка ми ми вика да не излегувам со него бидејќи не се појави првиот пат кога се договоривме. И исто така е од село. Немам ништо против луѓето од село, имам најдобра другарка од село. Се дружам со луѓе од село. Но, страв ми е да не ме етикетираат ко таква. Демек, не можеше да си најди некој од град, па почна со овие од село да излегува. Потоа, требаше да се видиме за втората Новогодишна вечер, но јас пак му откажав, бидејќи е женкар, па мислев малку да го изладам. И сега тој ме праша пак дали сакам да излеземе? И дали сакам прво да се муваме, кога ќе излеземе, поточно да видиме како ќе биде пред да се фатиме. Јас му реков дека ќе биде премногу избрзано, дека сакам спонтано да се случи сето тоа. Тој немаше ништо против. Ама можеби тоа му е некоја тактика. И сега се мислам што да правам. Да излезам со типов? Да не излегувам воопшто? Предлози ? Edit: Заборавив да кажам дека тој ми рече дека ме сака, а не ме знае толку добро. Која е поентата? И одма почна на фб статуси да става нова љубов, па песни некој за љубов итн. Си поигрува само или е навистина незрел ?
Glospigirl, и да си поигрува и да е незрел, исто ти се фаќа, двете се негативни. Јас мислам да не го сфаќаш сериозно, затоа што за што и да осеќа, нека ти поаже на дело со тек на време, а не да ти кажува приказни, затоа што сите се јаки на збор и е многу лесно и на месечина да се оди на муабет. Тој кога веќе еднаш те изиграл и не дошол кога сте биле договорени да излезите, мислам дека не заслужува премногу твое внимание и не заслужува да одиш на наредна средба. Тоа што го направил укажува на незаинтересираност, и неоодговорност. Ако имаш толку кеф да излезиш со него, не ти е забрането, слободно излези, ама имај предвид дека човек што еднаш те зезнал, постои шанса да те зезни уште еднаш, но во ред, секогаш најмногу се дава до втора шанса. Ако одлучиш да излезиш, биди резервирана, и дозволи работите со тек на време и полека да се случуваат, не му верувај премногу и не му се посветувај премногу, се додека не те увери во она што го мисли и чуствува за тебе P.S покажи малце забчиња, нека не си дозволи уше еднаш така неодговорно да се однесува према тебе!
^Та што оти е од село де? Ако сакаш излези со него, не му ја мисли многу со тактики ова-она. Можеби првиот пат не било до него, можеби проблеми со превоз имал или нешто слично. Јас сум за да му дадеш шанса, па види како ќе се одвиваат работите понатаму. Немора директно да рипате во врска. Запознајте се поубаво, не се залетувај, па тогаш види си. Како бе тоа едвај те знае, а те сака и сака врска? Не ми е јасно
Добро Warrior, ти прочита ли дека човекот заборавил на договореното? @ glosipgirl - дали тој е незрел? А што од напишаново е зрело? Комплексите од село? Однапред договорените и диригирани средби и прашањата сакаш прво ова, па после она, или само тоа таму? Си имате мени, па комбинирате? Послушај ја ти мамичка, ова најозбилно ти го мислам. Човек што на цело те заборавил и те извисил не вреди веќе за твоето внимание. Дечко на кој му е гајле барем да се испонаша пристојно на дејт ќе биде барем 10 минути порано на договореното место, овој ни за толку не те есапи. И сега замисли тој демек женкар, па ти го искорпираш и го одбиваш и му покажеш дека ти не си цура што може некој да ја тегне за нос, а најмалку тој... Замисли го предизвикот за него, замисли какво маченце може да стане... Just saying...
Не! Мислам дека баш е во право Warrior, бидејќи ние бевме договорени кај 7 часот мислам, а ним последниот автобус им е во 8. Е, сега не знам дали беше навистина до превозот или пак заборавил. Или пак изигруваше џекче, кој сум, што сум.
Ај ај правдај го, се глеа дека газето ти сака да си имаш нешто со него .. Само не сфаќаш колку се понижуваш со тоа. И ако еднаш те извисил ке те извиси и по друг пат, дали сега дали покасно ке биде. Памти ми збор. Мое мислење дека детево не залужува шанса, па јбт не си Дедо Мраз па да испуњаваш жељи...
Не, не те сака ! Немој да му веруваш за тоа. Можеби му се свиѓаш, ама тоа „те сакам“ е само за да те освои, верувај.
денес ми го даде дечко ми пасвордот од фб.и што ке видам.....лајкови кај 10000000 жени....тотално сум разочарана....тој ми вели дека тие ништо не му значеле и дека онака им лајкувал...ама тоа баш и не ми држи вода...му реков дека повеќе не ме интересира фб негов и дека може што сака да прави...а тој на тоа ми рече дека не сака да одиме затоа што не му треба женска која не е заинтересирана за него...или пак дека јас ке сум му вратела за ова(во смисла флерт или ќр сум го изневерела со друг).И сега???нз кој крај да го фатам...и да не заборавам му реков дека е женкар,дека е лажго и дека воопшто не му верувам...(сме во врска од јули)
@m3a3c3a3 Абе деца, што си праите со тој фејсбук за срамота. Никогаш не сум ги сваќала паровите кои си ги знаеле пасвордите на фејс, или маил или скапј. Абре секој си има простор за мала приватност, не мора ни се да знаеш со кој другар за што праи муабет или па со другарка. Толку те навредија лајковите? А чекај ти немаш ставелно лајк на ниедно машко до сега? Ако и ставил лајк, мора ли по дифолт да ја свија, да ја посакува или нешто слично? Ти кога ставаш лајк значи го посакуваш дечкото? Мислам дека на лајкот премногу значење му се дава, општо на фејсбукот. Побитно нека ти биде да те почитува и да се однесува со тебе како што треба, тебе да ти дава комлименти во живо, а помалку лајкови на фејсбук. Ако ти во живо неможеш да го процениш каков е, од фејсбукот па ич нема да видиш каков навистна е. Што знам сметам дека не треба да е проблем што стаил лајк на особа која му е другарка,комшика, познаничка. Ако грешам исправете ме. Мене поише би ме изнервирало тоа што си се дрзнала да му бараш пас, него што си му прокоментирала за лајковите, ако и тоа ми е смешно. Значи немаш доверба во него, а зашто идеш ако немаш доверба во некого? Прво расчисти со себе, а после со него. И не го сваќајте фејсбук толку лично и толку трагично, ќе се смееш еден ден на муебетов дека си раскинала со некој заради лајкови на фејсбук, слушај ми го зборов, гарантирам. @Glospigirl Само првите реченици ми беа доволни да ти кажам, машко што заборава дека има дејт со девојче и ја остава да виси сама на закажаното место, не е вреден за чекање, размилслување и тумачење. Он неможел на еден дејт да дојде, а сега сака да ти биде дечко зашто? Ако навистина неможел да дојде ќе пишел макар пола саат пред идење. Јас имам мото бољи некогаш него никогаш, подобро да задоцнел него да не се појавел воопшто Не е вреден за дискусија, искрено. Мув он, има многу риби во морето.
Ви благодарам за искрените совети, ако не бевте вие и мајка ми (се разбира) ќе направев глупост. Ама се исконтролирав. Уште еднаш ви благодарам што одвоивте еден дел од вашето време за да ми помогнете.
се гледам со дечко што е мн мистериозен и пред некое време ми праеше муабет као абе лошо праиме, вака сакам се почесто да се друзиме (инаку сме колеги) и се глеаме околу месец дена...цело време мисли дека се заебавам со него и дека иам др а нема везе, него ми рече дека мисли на мене од време на време - ШТО БИ ТРЕБАЛО ДА ЗНАЧИ ОВА? Исто му се отворив малку и му правев личен муабет али цело време се стега од мене и секогаш кога ќе поминеме убаво ко да се плаши да има емоции за мене и ги потиснува уште пред да се родат...Сеа од кога му реков што како изгледа од моја страна, исчезна малце и се изолира..Што сега како реба да се понашам за се да остане океј и да се зблизиме некако ...