Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Машки да ве прашам нешто вака од ваша гледна точка

    зошто еден дечко кога е тотално разочаран од љубовта, а и од животот прво нешто по што посегнува е алкохол-е добро сега не се сите такви има исклучоци ама 90 % да
    ако направиш будала од себе ке заборавиш дека ти е скршено срцето или што :^)
     
  2. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Фејсбукот како што сите знаат е социјална мрежа. И во право си. Некои луѓе мислат ако машко ти стави лајк на слика или на статус - ГОТОВО, ВЉУБЕН Е ВО ТЕБЕ ДО УШИ.
    Или пак ако ти прати на чат вакво чоече: :*, тогаш значи дека мора да те сака? Дека неможе да си го замисли животот без тебе заради едно чоече?
     

    Прикачени фајлови:

    • like.jpg
      like.jpg
      Големина на фајлот:
      23,5 KB
      Прегледи:
      419
    На anuvcheto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Ништо посебно, кажи му отворено што сакаш да си со него, и ако може и тој да го постигне тоа, арно, ако не... Подобро сега да прекинеш, додека е рано. А дечкото, има недостаток на самодоверба, веројатно некоја убаво го има изиграно порано, тоа ми е единствено oбјаснување за однесувањето... или е шапшал. :D

    Напротив, јас па би рекол дека, не 90%, ама 70% закрепнуваат некое време и потоа си продолжуваат со животот, Срцекршачка... Е, сега, за останатите 30%, па нормално е секогаш да има „будали“, во спротивно кафаните и биртиите од што би ги ваделе парите. :lol:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Jас да ти дадам еден добронамерен совет , овие дечкиве XMAN Eлементал и фениксот се искусни дечки и доста често знаат како размислуваат машките и така да наместо да им кажеш фала за тоа што се потрудиле да ти помогнат во одлуките за врските (јес да џабе што дават совети кога ретко кој ги слуша ... пак по свое ќе си тераат) и подобро барем во овој случај да те осудат и да те доведат на вистинскиот пат него да се лажеме сеа еј добро е , еј вака еј така , NE.

    и не ми е јасно кога некое девојче ќе пише проблем , под нејзе некогаш ќе испадне некое друго девојче и го цитира и ќе пише нешто , јас да сум машко би направила вака ..... NE , незнаеш како размислуваат машките и незнаеш што ќе изреагираат и незнам зашто воопшто даваш совет кога е бескорисен , самата страна вика совети од MAN страна ...

    Aј среќни празници и многу љубов и секс :D
     
    На Anthem, Miss.Ricci, DeepBlue и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.776
    Машки, што би помислиле за дечко кој постојано ја обрзува девојката да излегува на места каде што сака тој, да ја нуди да одат во елитни рестоарни, иако тој има пари, а таа можеби нема?Дечко што се раководи по агендата на другарите, каде тие ќе одат па да дојде и девојката?Што значи кога дечко сака да го одложи раскинувањето, се извинува по 100 пати, иако ништо не згрешил,туку едноставно не сме еден за друг. И има ли потреба да се праќаат еден куп пораки кога девојката ќе му каже дека дефинитивно е готово, дека е крај?Молењето е молење во тој случај или манипулација, или можеби шаблон кој дечкото си го има добро научено и така се однесува со сите.
     
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Тања, малку ти е збунувачки постот. Да напишам од тоа што те разбрав.

    Тип што те кани БИЛО КАДЕ треба да ја собере сметката, бидејќи ТОЈ поканил/предложил. Без разлика дали ќе се пие само кока кола, или ќе се јаде кавијар. Локацијата не е важна. :!: . Не можеш да ги навлекуваш луѓето на трошоци, на таков начин. Или можеби јас сум примитивец со ова мое размислување? Не знам, не ми е гајле.

    За ова второто мислиш тој да гледа каде одат другарите, па таму ќе ја носи и девојката? Ова има исклучоци, да одат некаде на страна, само тие двајца да си организираат вечер само за себе? Ако нема, ми се чини дека девојката тука има статус приверзок.

    Како може молењето да е некаква манипулација? Човекот е исфрлен надвор, вратата му е затворена и сака да се врати назад, дали зажалил за нешто, дали сватил дека има силни чувство, но предоцна... Милиони случаеви има вакви. Од другата страна зависи дали ќе пружи втора/трета/четврта шанса...

    И на Бадна вечер ЕлеМентал мисли на девојките 8) :muscle:
     
    На Tanjamm и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  7. KichBitch

    KichBitch Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    дали машките се заљубуваат воопшто ??

    дали машките се заљубуваат воопшто ??се осеќам ко идиот со ова прашање, сега не малку ке си помислат оваа нормална ли е што прашува, но за ова мн пати имам размилувано и дискутирано со другарки и стварно немам никаков став во врска со ова прашање и сум навистина збунета, затоа би ми значело да чујам мислење на некој од стана дури и што не го познавам ( по можност од некое машко уште поарно :D ) аа и уште нешто .. дали сексот може да направи машкото да се чувствува по приврзан со некоја девојка ( јас мислам дека да :P мада сум немала такво искуство ) што мислите вие ?? :$ :)
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Долго време ме мачи нешто, и се мислев дали да пишам. Во врска сум речиси три ипол години, врската ни е супер не можам да кажам совршена, ама сум со човек кој ме сака и ме почитува, нашата врска е пример за тоа дека не е секогаш точно тоа дека спротивностите се привлекуваат. Можам да кажам дека тотално сме исти, имаме исти размислувања и ставови што барем за мене е супер.

    Проблемот ми е друштвото негово. Не во смисла дека се покварени, му ја полнат главата и сл туку друштвото им е само машко, јас имам 20 години, дечко ми 22-23 тука се и другарите со годините, и никој од нив нема девојка. Со дечко ми караниците обично се вртат на оваа тема, проблем ми се излегувањата, кога и да излеземе единствено женско сум само јас, и единствени муабети кои што ги вртат се околу фудбал, спортска воглавно спорт.

    Другарите се такви какви што се, ке речат само едно здраво и толку, јас по природа сум срамежлива и тешко ми е да отпочнам разговор, ама не ми е проблем да сум во друштво со некој кој е позборлив и со кој можам да развртам муабет.
    Еве пример, брат му на дечко ми е супер во таа смисла, со детето можам да развртам муабет до сто и една и назад, ама брат му не е секогаш со нас излезен. Искрено се осекам глупаво кога сум излезена вака само со нив и дечко ми. Разговарав неколку пати со дечко ми за ова, и постојано вината е моја, јас никогаш не сум сакала да бидам со него за нг, први мај и слично, а другарите му биле такви срамежливи и не им било згодно да разврзуваат муабети со мене.

    Еве за први мај бев со него, иако единствено женско бев, ама па дечко ми греота мораше цел ден само до мене да седи да не се осекам како да сум сама, го викаат да играат фудбал он ги одби за да не ме остави мене, од една страна свакам дека сака да е со девојка му ете за вакви некои собирања ама па од друга страна јас се осекам како да не го оставам никаде да мрдне како да морам да му светам.

    Пробавме неколку пати да излагаме со моетео друштво ( моето друштво сме само женски) сега пак на дечко ми не му одговараше, пробавме и да си ги споиме друштвата, ама со оглед на тоа дека другарките ми се од 18, 19 20 години а овие се постари, многу пати ми имаат искоментирано дека не се осекаат опуштено кога сме сите така на куп, другарките имаат обичај чисто онака на зезање да трескаат бекои глупости, и оној што ги гледа од страна би си помислил ко кој знае колку да се растуени али нималку не се такви, самите викаат кога сме излезени сакаме да се опуштиме да се зезаме а не да се пазиме кој од тоа друштво што ке помисли за нас. Ги пробав сите варијанти и никако да си го решам ова што ме мачи.

    Имам и друг проблем моите дома, ама ајде за тоа друг пат да не оптеретувам многу.
     
  9. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    Мислам дека најдобро е кога излегува тој со своите другари ти да си излегуваш со своите другарки,немора секогаш да излегувате двајцата дајте си малку слобода,нека го тој нека си излезе со другарите нека си зборува за спорт,а ти со другарките ке си излезеш ке си поминеш убаво.Кога излегувате заедно излезете сами.Ке видиш дека ке се средат работите а за празници можете еднаш со неговото друштво еднаш со твоето некогаш можете и сами да одите за празници.Најважно е што постои помеѓу вас љубов.
     
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Кич Бич

    Да, машко може да се заљуби, што и да значи тоа во денешно време, и ние мислиме дека сеуште ти е рано со твоите 16 лета да си поставуваш такви прашања во врска со машки и сексот.
    чекај да си сркнам од конзервата, мх мх...

    Симончелишс

    Ти немаш проблем, туку мала непријатност. Ова повеќе беше колку да си олесниш на душичката што напиша.
    Нема некој совет што би помогнал како ти да си ја подобриш хемијата со неговите другари (што сеа, ќе се предлагаат теми за муабет?), а очигледно убавина на сила не бива ни со миксање на друштвата.
    Дечко ти ќе треба да ве дружи во посебни термини, или заедно но ќе мора да си ја истрпите НЕкомуникацијата.

    Не е крај на светот.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    vice27 За излегување, излегуваме секој посебно, имаме секој свој простор, јас си имам време само за мене он само за себе, не е тоа проблемот, туку ете такви собирања на кои сакаш да си со дечкото/девојката, први мај, нова година, некои празници за кои имаме обичај нели да се отиде навечер во манастир да се запали свеќа и слично.

    Елемнтал имаш до некаде право, ама па караниците ни се секогаш на оваа тема :|
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сте помислиле да најдете и некое заедничко друштво? Зашто мора твои или негови другари кога можете да најдете заеднички? Веројатно знаете уште некој пар со кој ви оди муабет и ете можност за заеднички излегувања :).

    Друго решение не гледам освен да трпиш и да се толерирате зашто караници на оваа тема се многу бесмислени, дечко ти нема да ги остави дргарите ради тебе ниту ти другарките ради него што значи компромисот е неминовен :).
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178

    нема недостиг на самодоверба, зборував со него, заклучив дека не ми верува. Ми праќа миксани сигнали, супер девојка си, такви муабети...И се сече нон стоп, мислам дека е до тоа шо не ми верува и плус дека сме колеги.... Само од машка страна би сакала да знам како да го уверам дека неам друг дечко такви ствари...Или да оставам спонтано сам да увиди дека треба да ми верува, нејќам како и да е се на тацна да му поставам ... |(
     
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ако сака некој да ми дефинира напорна девојка.

    :)
     
  15. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Шо сака да знае се за секојдневието на момакот, што се распрашува премногу, „буричка“ во неговото минато, покажува претерана љубопитност/љубомора (мада претерана е различно кај секој момак) и (ин)директно сака да влијае во одлуките и постапките на момакот. :)
     
    На crazylady, EleMental и mysterious им се допаѓа ова.
  16. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    @mysterious Напорна - (освен тоа што го кажа Phoenix) и кога се навраќаш на детали од минатото сакајќи да го натераш да ги признае грешките, да си го повторува кажаното пак и пак одново како расипана касета а ти пак не можеш да си го ставиш тоа во глава па уште и го провлекуваш тоа на секоја караница.. еве ти совет и од женска страна, па дури и директно инволвирана како сторител на горенаведената грешка. :$
     
    На EleMental и mysterious им се допаѓа ова.
  17. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.831
    Значи јас сум напорна девојка. :$
    Ужасно многу ме интересира минатото на дечко ми, а пак тој не сака да зборува за минатото под изговор дека сум се нервирала што не е вистина. |(
     
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Постојано да му бара и статистики од минатото. (Од сите со кои си бил, каде котирам јас, убаво ли ти беше? А колку убаво? Ова сакав да го правам и со (неговото име) но тој не ми дозволи). Овие коментари сум го добил 10 секунди после сексот. Ми се стемни.

    Сама да се споредува со бивши и да дозволува нејзини комплекси и неразрешени прашања во глава постојано да излегуваат на површина и да притискаат на врската. (Ти веројатно пред мене си имал некои плавуши со големи цицки, такви сакаш ти, големи цицки, ебате ист си како сите машки, што бараш со мене). Јас си седам, пијам сок и го посматрам овој целосно неиспровоциран напад на самосожалување и патетики. Внатрешните конфликти се страшна работа, но запомнете, не сака секој да му се помогне. Некои едноставни оставете ги, не им објаснувајте ништо.

    Да не можеш да и го свртиш грбот без да трча накај твојот телефон за да чита пораки и да прашува за броеви и контакти.

    Љубомора, префрлање на другари и другарки, постојана несопирлива тенденција да те смени тебе и целиот твој живот (Не ми е јасно зошто се дружиш со него/неа. Тие се толку прости, види ги, грди гробови.) <- за долгогодишно друштво со кое останав во добар контакт и после неа.

    Патолошки аналитичар, се што ќе мрдне мора да се објасни, секој кажан збор има некаква позадина, и тоа што било и од тоа што е во моментот. <- Еееј психо, има доволно луѓе наоколу за да не мора да се трпат вакви тортури што пијат од животната енергија на човек.


    Мистериозна, во комбинација со двата поста погоре, мислам дека доби еден комплетен одговор.
     
    На mysterious, Sexybaby86, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Дефиниција за непорен човек, дали е девојка или дечко, страшно несигурен/на, болно љумоборен/на, опсесвен/на, манипулативна особа.
    Нешто како што Елементал што опиша.
    Секој на почеток на врска е несигурен, па сака да ги има конците во рака,да не испадна будала на крајот, али да не се претера со опрезност и контрола зашто се наидува и стигнува до овој стадиум.
    Мeне тоа ми е малку болно, психички лабилно и нестабилно, посебно ако се работи 20+ години особа.
    Ако е тинејџер ќе си речеш ај, им врие крвта, младо е, лудо е избувливо, несозеарно, ама на 20 години и јаче посебено некој 30годишен дечко или девојка со вакво понашање, нешто нависитна не е во ред со нив.
    Подалеку од таквите.
    Луѓе сме, не сме предмети, не сме ствари во промет па да може некој да не поседува, или контролира 24/7.
    Секој има простор за приватност, работи кои ги задржува за себе и не ги кажува на партнерот.
    Разбририво е и секој треба да го прифати тоа како факт, и да не се обидува да го смени.
     
    На Sexybaby86, kravce, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ај и јас онака општо прашање...дали понекогаш вие чекате девојката да ви пише на фб,или не ги играте тие игри (како ние што правиме,чекаме да ни пише машкото,па вчера ми пиша,па денеска сакам да ми пише он прв бла бла)...дали седите на фб укл,и чекате да ви пише девојката прва,бидејќи вие неколку пати по ред сте и пишале први,па како демек сега нејзе и е редот?
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.