Па реков дека имаме заеднички чувства, но не и дека еднакво ги искажуваме... Вас, цурички мои мили, што ве привлекува кај нас, момаците - покрај физичкиот поглед, блескавиот осмех и стомачните мускули де. xD Па се разбира, тоа што сме различни од вас... Дури и кога ќе речат дека некои партнери се демек исти, тоа само значи дека ги сакаат истите работи... Но како резултат на некоја бизарна хемија на природата, дечкото, односно девојката, секогаш бараат различен начин да дојдат до тие исти работи.
Јас конкретно одбегнувам да ги играм тие игрички на држење статистики кој прв пишал, но еве од машка гледна точка, ако си почнал муабет 7-8 пати, а таа и кога е онлајн никогаш не пишува прва, не можеш а да не го добиеш впечатокот дека можеби си пишувала со тебе чисто онака, од учтивост неколку збора, да тепа време, во моментот немало некои удварачи онлајн... Ги знаеме женските психички багови дека машкото треба прв буквално за се, но мене не ми се јасни жени кои се како отворен нерв чувствителни и на штрек кога им пишуваш, само еден збор да напишеш и мислиш едвај чекала, летаат реферати, насмевки а прва да почне, никогаш. Никогаш. Што мислите дека ќе постигнете со тоа? Си ја чувате честа? Гордоста? Демек не сте лесна женска? Каква лесна женска, ЧАТ Е! Стиснати, стегнати, искомплексирани, се бранат и од што постои и што не постои, полни со багови во главата. Мислиш ли дека после кога ќе се појави некоја типка која знае да пишува и прва и се зафркава, многу полесна на муабет, дека таквата нема да ни се чини по забавна и кул од некоја забутана во пештера што чека да и пише типот? Ќе пробаш неколку пати и ааајјтттт, таквите се најлесно заменливи. Полова еднаквост -> шолја -> пушташ вода. Ете тоа остана.
Јас малку офтопик... Читам и читам наназад и човеку, се се врти околу фејсбук. Зарем не е пофино и поинтимно да си го слушнете гласот, да си пишете некоја порака, да му се јавиш да се договорите за состанок? Фб вака, фб онака. Ќе седам онлајн, ќе го чекам, ќе се туфкам зошто не ми пишува. Ах...
И не ги сфаќам како не ги фаќа сафра со саати да куцкаат па чекаш да ти врати па пак куцкаш па пак чекаш, брада да ти порасне чекајќи . Се знае, краток муабет на чат а за се друго телефон и муабет во живо
Елементал,јас кога го поставив прашањето за тоа дали чекате да ви пише девојката прва,не мислев откако вие ќе и пишете 100 пати,па она прва да пише,туку еве на пример вие сте пишале еднаш,па сега нејзе и е „редот“ да пише...бидејќи сега,кога вашиот пристап е преку фејсбук 90%,мораме да ги разглабаме и тие ситуации,дали сега он чека ние следна да пишеме,или пак едноставно не е заинтересиран за нас ако не пишува...пошто ние често знаеме кога некое машко ни се допаѓа да ги оправдуваме неговите постапки,односно да си смислуваме изговори зошто не ни пишал/јавил,наместо да ги сфатиме јасно неговите сигнали дека не е заинтересиран за нас...и мене тоа ме заинетресира,дали кога не ми пишува машкото,иако еве на пример јас сум му пишала пред неколку дена,па тој ми пишал следен,дали сега он очекува дека мене ми е „редот“ да му пишам,или ете едноставно не сака тогаш да си допишува со мене,ме избегнува... А тинкербел што спомна дека многу се оптеретуваме со чат,фејсбук,ах,немаш појма колку често повторувам наместо да ми пишеше на чат да ми се јавеше,макар и еднаш во 2 дена да се слушнеме,попрво би го избрала тоа отколку да си пишуваме по 2-3 дневно...и сега пак ќе испадне дека ги напаѓам машките,ама па ако нив не им текне да се јават,ваљда нема ние да им ѕвониме да ги прашуваме кај се,како се...и не,не чекам јас се од машкото прв да направи,колку пати прва сум почнала да флертувам,да му речам здраво на некое машко што ми лајкнува,ама па за јавување на телефон,мислам дека тоа они треба први да го направат,ама они наместо кога ќе се видиме да речат ај ќе се слушнеме после,они викаат ај ќе си пишеме на фејсбук..такви времиња се сега,кога скоро се што прават машките прават на фејсбук,наместо да флертуваат во живо,они лајкнуваат,наместо да се јавуваат,пишуваат на чатот...така да мислам овој твој пост треба да се однесува на машките а не на девојките.
Па тоа не се мажи, момчиња ми е срам да се удварам па поке лике лике разбирам нова технологија нови времиња , но сепак фејсбук примарно е да се дојде до контакт , еве може да размениш телефонски број , да си разговарате чат пат , да се договориш за кафе доколку немаш телефонски број и слично . Јас кога се запознавав со дечко ми , фејсбук беше ептен во подем па на прсти можам да избројам кога сме комуницирале преку фејбук . А едно имам приметено кај другарки пријателки , девојките се многу силни и слободни на чат , едно чудо срамежлива девојка што може да каже на чат па така може е и некоја предност де
И јас викам дека фејсбукот е за тоа,а не за опсесивно лајкнување и пишување кога и да се уклучи другиот,подобро е кога е си го слушнете гласот по телефон,или пак порака на телефон,ама сега многу поретко е јавувањето на телефон,а се почесто е допишувањето на фејсбук...за жал.
Он топик... Реално, точен одговор за жал нема... но во принцип ако веќе сте се пишале два пати, еднаш ти, втор пат тој, веројатноста е дека сега те тестира колку си заинтересирана и чека да му пишеш прва... ако му пишеш ем ќе знае дека си заинтересирана навистина, ем нема да испадне не-фраер затоа што ти пишал он, и ем ќе ти го привлече вниманието повеќе како што веќе го направил тоа чим си прашала тука за ситуацијата... а тоа е и вистинската цел нели... она што е интригантно и потешко достапно е поинтересно и попривлечно... Е сега, ако ти не му пишеш, а тој не ти пишува неколку дена, тоа значи дека едноставно не е заинтресиран... А за тие играња игри, тоа е се вистина... исто како што девојките знаат да играат игри за да привлечат некого, има и машки кои знаат да ги играат истите игри... Впрочем, уште пред многу многу години, кога немаше интернет, мобилни т.е. кога имаше само фиксни телефони ја знаевме првата лекција: - Ако успееш да ти даде телефонски број, и ако и речеш дека ќе и се јавиш утре, ти јави се задутре... и работата е 50% завршена...
МАлку плитко и површно прашање (што мислев не заслужува посебна тема), знаеме, луѓето се плитки денес.Колку бојата на коса има влијание врз изборот на партнерка? Преференца кон блондинки исклучува бринети и обратно? Или пак некоја друга нијанса, небитно светли, темни, црнки, црвенокоси, природна, фарбана боја... Не е важно. Прашањето е дали е еден од поважните фактори или оди некаде на последно место? Бојата на коса на прва девојка или на најсаканата девојка, или некој сосема друг фактор, влијае врз создавање некаква склоност или одбивност која би била важен фактор за започнување на врска? Стереотипи некакви? Знам, колку луѓе толку чуда ама кога можам овде да прашам, зошто да не, па макар и површно да е. По можност сакам да слушнам повеќе одговори.
Ни тронка - е одговорот на прашањето колку бојата на коса им е битна на мажите за да бидат со некоја девојка, на една вечер или во врска. Важна е една работа. Цицки. Океј две, дури вторава е и побитна - шарм. Како што вие сакате убав дечко кој е заводлив, а не да стои како стап со сите тие исчупани веѓи и мускули, така и ние сакаме девојка која знае да кокетира, да шармира, да биде забавна, отворена, насмеана... Сега е во мода сите момци да викаат дека сакаат црна коса, зашто плавуши не се веќе „ИН“. Што нема врска, стереотипот од секогаш бил, дека плавушите се за авантури, црните девојки за сериозно, ама биди сигурна дека ако излезе со тебе два пати, бојата на коса комплетно ќе ја заборави, ако му се допаднеш како личност и секако, ако си згодна и убава. Така што, мој совет е каква и да ти е косата, гледај да ти се допаѓа тебе.
Баш добро би ми дошло да го знам оваа.... Дали машките и кога се во врска флертуваат со други девојки?
На фејсбук му реков дека ми се свиѓа ама бев толку глупа и паника ме фати што буквално му реков ,,тоа ништо не менува меѓу нас, ти терај си по твое јас по мое. ќе си останиме пријатели“. После ко се сетив... Се гледаме наредно после 21 јануари кога ќе заврши распустот. Како можам да му дадам сигнал дека го сакам без да морам в лице да му кажам оти немам храброст?
Eдноставно не требало да избрзаш,па биди по релаксирана и биди љубезна,можеш и да му се извиниш и да му речеш дека не си го мислела тоа што си му рекла на фејсбук.само како тој ќе го прифати тоа,незнам,но сега шансите кај него ти се помали.
Дечки, ако чекате некоја за врска, за која знаете дека порано или подоцна ќе биде, дали пред врската мрцкате малку наоколу без да дознае мувачицата, веќе потенцијалната девојка ?