Еве сум повторно јас, имав пишувано за дечкото што го сакам. Ама не ја напишав и другата страна од приказната, во која се гледа дека и јас не сум светица. Значи, по само 1 недела врска го откачив и на сите им раскажував дека е педер. Потоа се смиривме како другари, а тој буквално ме молеше да му бидам женска но јас бев ептен ладна кон него. Потоа ја проширив приказната за него, поточно кога ќе се опијанев кажував се и сешто. На неговиот роденден на кој бев поканета си заминав по само 10мин. за да не ги откачам другарките. Направив триста глупости. Но, потоа по низа од настани се вљубив како будала во него. И така нонстоп се гледавме па прекинувавме. Па јас му враќав, па тој мене. Знам дека ова не е многу зрело, што укажува и на нашите години. Ама тој ми беше и прв дечко, па немав некое многу големо искуство со машки. Но, тој толку ми се навлече под кожа, а гледам дека и јас него. Типот не е некој многу емотивен, така сака да кажува. Но, досега два пати се има расплакано пред мене и само заради тоа што не можеме да бидеме заедно, а двајцата сакаме. Имаме направено премногу глупости, и не можеме да преминеме преку се и пак да бидеме заедно. Тој имаше друга женска пред 1 год. но кога беше со неа, ја изневери со мене два пати, бидејќи јас не знаев дека се во врска. А тој беше во врска со неа, само за ми врати мене, бидејќи јас бев во врска со друг, за да му вратам него. И девојчево сега кажува дека тој цело време и зборувал дека очајно ме сака мене, дека не може да ме заборави, дека сум му се навлекла толку под кожа и дека се надева дека конечно ќе го добие тоа за кое што одамна сонувал. Се гледаме повремено и се муваме само, заради тоа што ако бидеме заедно ќе се искомплицира се. Но, еве гледам во последно време дека и јас сакам да бидеме пак заедно, но и тој сака. А не е тип што се приврзува и што сака да биде со девојката 24/7, тоа го гуши како и секое машко. И се плаши од сериозни врски. А јас се плашам од неприврзаност. Досега ниеднаш ми нема речено и присилено да ме фати за газ или било каде, а не па за секс. Бидејќи се плашел да не ме повреди, знаеше дека тој ми е прв дечко и колку долго се мислев за да го бакнам. И колку се тресев после првиот бакнеж со него. Па поради тоа во летото јас иницирав да ме фати за газ. Потоа допирите се зголемија со текот на времето. И јас прва му спомнав за секс, бидејќи ако ја изгубам невиноста сакам да ја изгубам од него и да бидам само негова. И не, не сум само напалена тинејџерка! Со него сум еве веќе трета година. И толку добро се познаваме, што тој го знае секој мој нареден чекор, а јас секој негов. Пробав и со други, за да го заборавам но едноставно не оди. Кога се бакнувам со друг, мислам само на него. И искрено мислам дека тоа не е фер. Можеби е вистина, можеби само него го заслужувам. Но што да правам кога го сакам баш таков каков што е? Со сите негови доблести и мани. Кога му ги сакам внатрешните особини, а и физичкиот изглед. Знам, дека ме сака, тоа можам да му го видам по сјајот во очите кога ќе ме здогледа. Кога ќе ме трпи и кога викам без причина. И кога поминува безбројни сати со мене само за работи што мене ме исполнуваат. Кога ме допира и кога ме бакнува. Бакнежот му е полн со емоции, иако тој тврди дека не е емотивен, јас мислам дека е толку мек одвнатре. Имаме толку многу сличности, и по некои разлики. Затоа мислам дека повеќе функционираме кога не сме во "типична" врска, повеќе како другари во некоја си романса. Но ете не можеме да бидеме одделени повеќе од 1-2 недели, затоа што накрај и двајцата полудуваме. И едниот мора да попушти. И да е со друга, постојано ми се навраќа мене. А исто и јас ако сум со друг, секогаш му се враќам него. Знам, дека го повредив и тој мене ме повреди. Најразумно можеби би било и двајцата да се откажеме и да одиме по различни патишта. Но кога некој сакаш зарем тргнуваш по разумниот пат?
Бараш совет , или пишуваш љубовна исповед Не кажуваш за што сакаш да те советуваат , последново го сваќам како реторичко прашање ... On and Off врските се типични за тинејџери . Не викам дека нема љубов (повеќе е романтична идеја во главата ) и приврзаност, ама тоа не е зрела љубов а ни па врска ... Со време поминува ,а по неколку години ќе се смееш ...(не ти зборам на празно ) А дека ова може да прерасне во сериозна врска тешко , ама ако па овој период е многу убав и тие маки се слатки (иако ти изгледаат страшни сега ) и терај лајт никако уозбилување и впуштање во односи
Глосип Коиии шеги!! Воочи ја следнава разлика Самото тоа што не сте си нашле други, подобри партнери до сега, не значи дека вие сте добри еден за друг. Тоа ако било некаква љубов немаше да раскинете мал милион пати и да трчате на сите страни. Ова е некоја опсесија која варира на интензитет. Ти си неверојатно променлива, а типот има сериозен недостаток на самодоверба (демек не може да си фати подобра?), штом ти коленичи и те моли да му бидеш ТИ БРЕ женска, некој што го одјебал за една недела го зборувал бил педер, бил ваков онаков... Ама како што напиша Мими над мене, тие ви се годините. Уште што значи нема да биде напикано под тој тепих...такви ви биле годините и се е ок. Сакаш односи? Фурај, што веќе не направивте, крунисајте ја.
Глосип honey, не сум маж ама ќе ти кажам,коа веќе ќе дојдеш до степен на форум да прашуваш/да расправаш за врската што не иде. Таа врска стварно не иде и никад нема да почне. Понекогаш некои луѓе стварно многу се сакаат ама едноставно не можат да бидат заедно so sorry baby
Сигурно си многу харизматична и привлекуваш внимание,не си арогантна штом им правиш на сите машки муабет без оглед на тоа дали ти се допаѓа или не.Генерално,после разговор со машко,тој ќе се обиде да направи нешто вечерта,скоро сите машки така размислуваат,еве и јас сум се обидувал,најважно од се е,ако некој ти се допаѓа и ви оди муабетот,ќе треба да го процениш каков е,и ако е сериозен и му се допаѓаш ќе те викне да излезете на кафе,па после тоа ќе видиш на што си.
Значи тој ме молеше да се смириме пред да ги направам тие глупости односно пред да зборувам секакви работи. И потоа тој за да ми врати ги направи останатите глупости за кои пишував претходно. Ние всушност претходно не се сакавме, така заклучив според постапките. Ете, можеби опсесија било, можеби страв,... Но, сега откако се зачовечивме на некој начин се заскавме, но е предоцна поради многубројните грешки кои ги направивме двајцата. Гордоста не ни дозволува да бидеме повторно заедно. И не знам, можеби не треба да бидеме заедно..
Одам со дечкото 6-7 месеци. Пред него сум имала само 1 секс.партнер-бившиот дечко. Сегашниов никако не можеше да се помири со тоа, тој си имал замисла дека треба да има сериозна врска само со невина девојка(иначе и двајцата имаме 20+години). Цело време ми спушташе муабети за тоа, па после дозна дека се имам мувано со некој негов познаник и за тоа паничеше, иако 2-3пати имам излезено со тој.. после тоа пак тој ме бараше, вели дека ме сака екстремно, ама тоа минато константно ни прави проблеми. Јас пукнав зашто не можам да ја трпам таа негова болна љубомора за нешто што поминало и не е важно, никаков контакт немам со бившите и му кажав да прекинеме такви муабети, да забораме на минатото и да бидеме среќни. Цело време вика дека и тој сака да е така, а пак го прави истото..де ќе го види бившиот, де ќе му текне нешто и се менува спрема мене сто посто. Дури кажува дека ме замислувал со бившиот во кревет. Јас пукнав и му реков да одлучи како сака, зашто вака не можам да издржам и не можам да сменам ништо што поминало. Типот воопшто не покажа разбирање и ладнокрвно ми рече- јас и ти раскинуваме, терај си работа. Просто не ми се верува што ми се случи. Живеевме заедно 7 месеци, се делевме буквално. Не знам како да ја сфатам неговата одлука, дали не ме сака доволно или пак сфатил дека не може да свари некои работи па најбезболно би било да се отераме у курац. Иако не ми е многу сфатливо, ако некој стварно сакаш како што тој вели дека мене ме сака, мислам дека не би му влијаеле толку некои работи што поминале. Сепак само еден постоел пред него. Мислење?
Одам со дечкото 6-7 месеци. Пред него сум имала само 1 секс.партнер-бившиот дечко. Сегашниов никако не можеше да се помири со тоа, тој си имал замисла дека треба да има сериозна врска само со невина девојка(иначе и двајцата имаме 20+години). Цело време ми спушташе муабети за тоа, па после дозна дека се имам мувано со некој негов познаник и за тоа паничеше, иако 2-3пати имам излезено со тој.. после тоа пак тој ме бараше, вели дека ме сака екстремно, ама тоа минато константно ни прави проблеми. Јас пукнав зашто не можам да ја трпам таа негова болна љубомора за нешто што поминало и не е важно, никаков контакт немам со бившите и му кажав да прекинеме такви муабети, да забораме на минатото и да бидеме среќни. Цело време вика дека и тој сака да е така, а пак го прави истото..де ќе го види бившиот, де ќе му текне нешто и се менува спрема мене сто посто. Дури кажува дека ме замислувал со бившиот во кревет. Јас пукнав и му реков да одлучи како сака, зашто вака не можам да издржам и не можам да сменам ништо што поминало. Типот воопшто не покажа разбирање и ладнокрвно ми рече- јас и ти раскинуваме, терај си работа. Просто не ми се верува што ми се случи. Живеевме заедно 7 месеци, се делевме буквално. Не знам како да ја сфатам неговата одлука, дали не ме сака доволно или пак сфатил дека не може да свари некои работи па најбезболно би било да се отераме у курац. Иако не ми е многу сфатливо, ако некој стварно сакаш како што тој вели дека мене ме сака, мислам дека не би му влијаеле толку некои работи што поминале. Сепак само еден постоел пред него. Мислење?
Мислење? Моето е дека не си требала да останеш уште кога почнал да те замара со тоа. Си го сакала - си била со бившиот, и сега што? Не кцај глава безпотребно, заради една капка крв не треба толку да му се тресеш, твое е телото. Си пробала да го разубедиш ете, и не успеало. Кое минато чоече? Минатото не ви го прави проблемот, тој самиот го прави. Значи дечкото си има поголем проблем штом за тоа се замара толку и возбудува. Верувам дека многу од машките би се разочарале кога девојката не им е невина ама ќе се помират со тоа и готово, ќе тераат дајле. А твојот и на глава да се побие пак таа му е. Ќе си најдеш некој што ќе те цени и почитува стопати повеќе од дечкото што си го имала, и таква банална работа нема да му биде важна. Поздравче, се најубаво
Госип се соживуваш со приказната на Чак Бас и Блер признај Филмови и реалност ,два различни поими . Ке го цитирам Елементал Се сложувам со неговиот пост , освен тоа да крунисаш со секс . Што ќе крунисуваш 3 годишно фати пушти ,да ти вратам да ми вратиш . Не е тоа љубов . И сама кажа дека сакаш да бидеш само негова и се плашиш од неприврзување , доколку е така не се впуштај во работи мислејки дека тука има некоја си љубов , на крај ќе бидеш разочарана и повредена . Сеа слушај роматични баладки ( поплачи не е на одмет ) опушти се и верувај ќе ти помине ....
Што кога се сомневаш дека дека дечко ти те вара?! некој совет или тактика како да видам дали е вистина или не?! не сум сигурна но ме копка нешто..
^ Прв чекор ти е шо и да праиш, обиди се да останеш кул и да не осети дека се сомневаш. Во спротивно може да стане попретпазлив од порано, во смисол на бришење на траги и сл. Купувај информации, не продавај. Кога најмалку очекуваш, таквите работи излегуваат на виделина. Доколку те вара, доволно е да му дадеш момент слобода (да мисли тој дека е слобода, а ти потајно да бидеш у тек со ситуацијата) за да го злоупотреби тоа.
Јас прво би го расчепкала телефонот,ФБ денес така е најмодерно. Ма да мојот мислам од грижа на совест би ми кажал
Каков фб или телефон , има милион изговори за тамо . Најлесно , замолиш некоја згодна другарка , кој он не ја знае , да му се пушти , ако прави нешто со нејзе има голема шанса да те изневерува и со друга и ете ти го одговорот. Ако неќеш него да му ја пратиш да го заведе , можеш мене , нема да се љутам Можеш со кола да го следиш , да најмиш детектив , све е дозволено
Јас имам разбирање за дечкото. Не може да се носи со твоето минато, му тежи, љубоморен е, ама тоа е знак дека те сака. Тебе ти е лесно, зошто не си на негово место. Мое мислење е да покажиш повеќе разбирање кон него и да се потрудиш да му помогниш да го прифати твоето минато. Дај му до знаење дека го сакаш само него и дека ти значи. Немој да му се лутиш одма и грубо да му одвраќаш. Биди повнимателна со него. И може ќе го надминете проблемот. Значи, те сака, затоа и му пречи. Има многу вакви случаеви, не сте први. И дај му до знаење дека сепак ти си имала само еден пред тебе, ама нека најди невина ако може (каква што сака), нека види дека нема да најди. (иако имате по 20 год.)
Јас константно му покажувам и докажувам дека ми е битен и дека само тој ми значи, ама огромен притисок чувствувам .. ете пред некој ден го сретнавме бившиот и изби кавга поради тоа. Се однесува кон мене како да сум му згрешила нешто. Кога му реков дека не е ок така дека не се чувствувам убаво кога ми префрла, ми призна дека многу повеќе се измачувал отколку што мислам..дури дека во кревет со бившиот ме замислувал и со тие што се имам смувано како се мувам. Многу ми е бедно тоа, не знам до кога треба да имам трпение и дали воопшто некогаш че го надмине тоа.. Немам ниту контакт со бившите, одамна е се завршено, секојдневно му покажувам љубов, а него бившите му се опсесија. Очајна сум веќе, не знам шо да правам
лејди,не ми се верува дека сеуште мислиш дека вината е во тебе и твоето минато,а зошто ти не се повреди од неговото сексуално минато,кое сигурно е каде каде побогато од твоето ,па нели ти го навистиnа го сакаш многу,фер е да ти пречи и на тебе,ете така
Вчера ми вели колку сакаш збори ми за бившата(иначе оделе 6 год и 100 пати ми има речено дека прв и бил нејзе), ќе ја вреѓам цело време да ти докажамм дека те сакам, и очекувал од мене јас малтене секојдневно него кога ќе му е мака да го смирувам и да му кажувам колку се гнасни бившите. Дури не покажа добра воља да рече ќе пробам да игнорирам да не ми смета толку, туку јас сум тој, ништо не менувам, не знам како ќе реагирам кога ќе го видам и бившиот и мувачот, може шамар ќе им залепам не знам... мене сето тоа ми е голем притисок што не знам дали би го издржала нема да се опуштам и да сум среќна. После тоа пак се отеравме у курац. Дури ми рече дека другите машки бетер биле и дека кога ќе му се правдам на некој 10 пати дневно ќе жалам што сум го изгубила него...
а зошто пак да трошите толку енергија на бившите,па уште и лошо да му зборуваш за нив ?ако и бил прв на бившата и ако толку си ја ценел,нека си оди кај неа,така му кажи!не дозволувај да те споредува со други,и никако не му верувај бидејќи во нормална врска тоа не би се случувало.зошто ти би трпела некој би ти префрлувал постојано за твојата невиност,не е точно дека некој друг би ти префрлувал толку,секако можеш да најдеш многу подобар од него,само биди храбра и остави го.