Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    А како на неа и е лесно , ја обвинува за нешто што се случило пред да го запознае , како што гледам му покажува дека го сака само тоа треба да е важно .

    И ја ругал бившата пред неа тоа било доказ за него бе и она требало да го руга бившиот :D Ами ако зборува гнасоотии за некоја што бил 6 години со неа сам себе се брука . Прв пат слушам дека доказ за љубов е шлапање све и свашта за бившите :o Кога дечко пред мене би ја озборувал бившата ќе помислам дека уште ја сака или дека му го повредила егото ..
    А тоа што тој така реагира е за мене не доказ дека ја сака туку знак за голема несигурност во себе .
    Јас мислам дека тој тебе уште од старт те омаловажил што ти рекол дека за сериозна врска му требало невина девојка тогаш си требала одма да пресечеш ...
    А тоа он што си сака нека си сака и нека си бара , минатото не се менува чим му е ова толку битно мислам дека треба да го избишеш ...
     
  2. klinkata

    klinkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    88
    Јас сум прва година а он е седмо оделение.. детето и психички и физички не личи на седмо ... Двајцата се свиѓаме ама јас се двоумам дали да бидам со него затоа што другарките ми се смееат кога ќе слушнат колкав е,а камоли другите кога после ќе дознаат :/ Што мислите да бидам во врска со него затоа што годините не се важни или не затоа што ќе бидам исмејувана од луѓето околу мене?
     
  3. Devojkata2662

    Devojkata2662 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Поздрав до сите, прв пат пишувам на форумов, доколку има некаква грешка не замерувајте.
    Треба да излезам со еден дечко, имаме договор да оствариме 3 состаноци, во рок од 3 недели, ама тоа да не бидат обични состаноци. Да бидат на најневообичаени места. Ајде за првото се одлучивме да биде некаде под ѕвезди, само јас и он во природа. Иако и тоа незнам каде да биде во Скопјево. Меѓутоа немам некоја интересна идеја за другите места, каде да му речам да одиме. Било каква идеја ако имате, би ми помогнало многу. Фала ви однапред
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.073
    Пол:
    Женски
    мислам дека треба да одлучуваш сама за својот живот,а не другите.едноставно дај му шанса на момчето,а ако не функционира врската,може да си останете добри пријатели.
    годините не се важни во љубовта,се додека се согласувате вие двајца,ме сфаќаш?
    ако тој почне да се однесува детски ,и многу незрело,тогаш нема да си одговарате,со оглед на тоа дека ние девојките побрзо созреваме.мој совет ти е добро да размислиш :!:
     
    На klinkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    13
    Овој лудиов уште стои на тоа дека сум требала јас да го смирувам кога тој ќе се накурчи и ќе му падне тешко за моето минато. Јас му реков дека му нудам љубов, разбирање и дека сакам мира да си се посветиме еден на друг и да ни е ок, да не талкаме по минатото. Ама не се разбира и готово. А ваму ми плаче на телефон ме сакал. Се мрднав!!!
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.073
    Пол:
    Женски
    држи се настрана од него,тој има комплекси,па уште и ќе те вреднува со тоа што ја навредува бившата,и ќе ти префрла за невиност :^) .кажи му ако сакал невина,да си нашол таква ,да немал односи со тебе .и ајде да речеме ти да ја прифатиш таа болна љубомора негова,ќе се фрустрирате за бившите,тој ќе ти префрла пак за минатато,и многу ќе бидете среќни,што очекува тој ти да направиш сега?
    да бев на твое место,би му удрила таква корпа за женско да не му текне дури е жив,и еден силен шамар за сите навреди :punch:
    сеуште не сфаќам зошто продолжуваш да се замараш со него?????
     
  7. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    13
    Сите ми го велат тоа како можам да го трпам, и јас не сфаќам зошто..и факултетот си го запоставив заради него, ама го сакам тоа е посилно од мене затоа можда потајно се надевам дека има надеж..иако знам дека тежко нежто ќе се смени...тој мувачот му е колега на факс, ќе го сречава скоро секојдневно, знам дека ќе ми префрла и ќе се курчи заради тоа... вика демек не ме судел за ништо и не барал ништо посебно, само да го смирам кога ќе му е тешко за моето минато..Кое минато човече, имам 22 год и сум имала еден секс партнер и други небитни работи. Па што ако сум се смувала со некој, кога пред него 2 години немав дечко. Да ми се сони дека тој ќе се појави? Кога би можела само ладнокрвно да го отерам у курац...
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.073
    Пол:
    Женски
    е уште ова го немав слушнато,да го тешиш кога ќе му било тешко за твоето минато :x .
    и што ако го среќава твојот мувач,па побогу мувач бил и тоа оддамна бре.
    девојко,јака ти душа ,друго што и да речам нема да те разубедам да не го трпиш и нерви да кинеш со него.
    и мене пример би ме болело за некоја бивша,но само доколу партнерот ми даде повод да се сомневам во него,инаку нормално секој си имал живот и тоа е тоа.
    а што твојов не се чувал за тебе невин ,па бар да имал со што да ти контрира?
     
  9. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.831
    Кога удварач ке те праша дали си имала до сега односи, сака да дознае дали има шанси со тебе? т.е дали би имала секс со него или може да е и нешто друго во прашање?
    Мене искрејно одма тоа ми падна на памет. :$
     
  10. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    13
    Фала ти Ермоса, баш се потруди да ми помогнеш. Јас упорно барам помош од други ама морам решението да си го донесам сама и сакала или не да ја прифатам реалноста иако ме боли. Оваа врска за мене беше како од бајка, не сум била посреќна и истовремено не сум патела повеќе. Ние живеевме заедно 4 месеци и се разделувавме само за викенди. Ама тоа е, кај цела историја му ја имам дадено, до точка се го интересираше со кој сум се бацила макар само во уста без лапање, па сега и да го тешам поради тоа... Треба целиот живот нему да му го посветам и пак малку ќе му е :(
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.073
    Пол:
    Женски
    те разбирам пред се зашто го имам ова поминато,но толкав идиот богами не сум трпела.
    незнам зошто те тормози со тоа,па и со кој си се бацила самов уста,тоа е болна љубомора,тој е психички нестабилна личност.колку и да те боли да му раскинеш,треба повеќе да мислиш на себеси.
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.073
    Пол:
    Женски
    се разбира дека те прашува зошто тој сака со тебе,не е белки прашањето секојдневно божем да се загрижил за твоето здравје :fubar: .
    искрено,незнам ти што си му одговорила,но тоа ти е само удварач кој најверојатно сака само секс без обврски ,јас така го сватив :!:
     
  13. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Сакам да прашам нешто веќе подолго време.
    Прво да си кажам дека јас не ги сметам машките за најлошите суштества на планетава, секако дека сеуште постојат фини машки, јас не сум против нив, несакам некој погрешно да ме сфати, но сакам да прашам:
    Дали машките сакаат, дали можат да сакаат ? Би сакал да добијам одговор од машки од сите возрасти.
    Исто така сакам да прашам, дали некогаш навистина, искрено сте сакале, или макар и да не сте биле вљубени, дали мислите дека умеете да сакате? :) :P
     
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    1. Nightwalker, 25 години - можам да сакам, научно докажано. :lol:

    2. Да, некогаш навистина, искрено сум сакал, и знам дека умеам да сакам.

    ОК се одговорите? :)
     
  15. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Па подобро отколку што очекував :)
     
  16. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Мажи, ми треба ваше мислење! Колкаво е влијанието на убава жена врз една врска? Дали би ја оставиле вашата женска заради поубава жена? И, да речеме сте излезени и гледате група од неколку жени, сите се супер ама една особено е убава, (и да речеме дека имате у план да и се пуштите на некоја) ке и се пуштите на поубавата, или..? Ме интересираат вашите критериуми за ова:) Фала однапред за одговорите, се надевам ке ги добијам набрзо. :D
     
  17. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.831
    Нормално дека не му одговорив. Според мене прашањето не заслужуваше одговор. :)
     
    На hermosa и tinan им се допаѓа ова.
  18. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Да. Дефинитивно. И тоа мнооооогу.
    Знам, ама за жал погрешни.
     
  19. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Разликата во години е премногу голема, но еве ти мислење.

    Никогаш не би ја оставил таа поред мене за "поубава". Причините се секогаш други мада според статистички изстажувања повеќето мажи би ги напуштиле своите партнерки ако екстремно се здебелат и запуштат.
    Што се однесува до пуштање, немам проблеми со самодовербата па си се пуштам на таа што најповеќе ме привлекува. Може тоа да е најубавата, но што ќе ме привлече сигурно не зависи само од убавината.
     
  20. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    влијание на некоја убава девојка врз нашата врска е 0,ја ценам мојата девојка ги знам квалитетите на мојата девојка и мислам дека никогаш не би и направил такво нешто,мислам дека се зависи од машкото
    и зависи каква е врската,а за пуштањето на девојки ако е машкото поискусно ке се пушти прво на некоја од другарките на убавата девојка за да дојде до неа и да ја освои а ако е понеискусно ке се пушти на убавата девојка или воопшто нема да се пушти од страв.