Зошто некој би велел дека си со него заради пари иако те сака ? Добро, не во лице да ми каже ама се осеќа дека е некако емотивно на дистанца(инаку секогаш е тука за мене ...). Прво си мислев дека е затоа што мн девојки го бркаат па да направам и јас се за да го освојам ама испадна дека тој е богаташ и ми стана јасно - да му докажам дека не сум зарад пари со него. Ајде не ми смета, ама приметив дека со др девојки(оние шо го свиѓаат) како да не треба да му докажуват иако не ги сака(кога не би бил со мене тоа). Ова ме прави да се осеќам како да ме нашол на улица А кога и да примети дека се оддалечувам од него наоѓа нов начин да ме задржи ..и пак од почеток - индиректно ми става до знаење дека јас сум со него зарад пари; односно не ми верува или пак вака ме тестира нешто ? Како да му кажам дека го сакам кога ми прави вака ... И каде води води сето ова?? Во ќорсокак. Не можам да сфатам што сака од мене ? Не сум му дала причина да нема доверба во мене, имам и јас пари ако е за тоа... нешто читав ком на фб као од толку мн баш па него ќе сум го сакала е волку несигурен да биде па неверувам Да ставам крај или само за недоразбирање се работи ? Можеби тој чека и јас да му кажам тесакам ама..неможам (читај погоре зошто) леле 100 прашалници имам во глава ANYONE?
Јас би го откачила...на што личи тој муабет дека си ти со него за пари?! Ако он така мисли, тогаш воопшто не ти верува и подобро бегај од таква врска. Ајде сега нон стоп ќе му докажуваш на принцот дека го сакаш...на што личи тоа?! Ако е он сигурен дека си со него за пари тогаш што бара со тебе, нека стави крај на врската и чао, ама изгледа научен е да ја купува љубовта па си тера.
Значи немаше таков муабет, едноставно знам дека е така. А и да му спомнам такво нешто знам дека ќе заобиколува и ништо конкретно нема да добијам за одговор. И јас би го откачила да ми речеше такво нешто.
Можеби е малце несигурен, па сака ти да докажуваш дека го сакаш вистински, дека сакаш да бидеш со него од љубов. Не може секој од одма да се отвори и да покаже љубов додека не се осигура. Може вистина имал такви бивши, па сега мисли дека и со тебе е таков случајот. А можно е и да има чувства за тебе, па не сака да се зезне. Другите што не ги третирал така може му се за забава и полесно е човек да се опушти кога нема што да изгуби (нема чувства). Во секој случај ти знаеш најубаво како е и што е, па најубаво е некогаш и да го прашаш дали тој мисли дека си со него за парите директно.
Дали машките само еднашка се нудат, дури и ако стварно биле заинтересирани за одредена девојка? Си го респектираат своето его на прво место, така, без разлика на привлечност, поврзување? Имам впечаток дека дечко ако сака, тогаш сака одма и сега и не оставаат простор за сакам-некам, кога е во прашање за врска па и за било што друго...само за врска треба време и желба нели? Не е работава упознај се и иди...значи ако девојката се подразмисли, машкиве веќе си толкуваат дека таа неќе и после ништо не вреди понатаму? Пр. и да сака да го ре-заинтересира, тој ќе ја игра неа?
Ова е тема на која е многу тешко да се дадат апсолутни одговори, пред се бидејќи има карактери колку што има луѓе. Ако некој ти се "понуди", ти не му одговориш веднаш и тој ти се напне и постави во стил или сакаш или нејќеш, само сака да те легне или има страв од одбивање па не сака да остане во нејзина близина од страв да не прими едно конечно НЕ. Се сака да биде набрзина, или-или бидејќи си бегам јас знаеш... Дечко што нема нерви и трпение да "поработи" на девојка, да ја шармира, омекне и освои или сака само секс или е еден од оние што носат психички товар, и каде и да одат не забораваат да спомнат нели како биле повредени во минатото и се разочарани од женскиот род... Не ти треба ни едниот ни другиот тип на машко, верувај. Како само тие да биле повредувани, знаеш ние останатите не знаеме што е тоа. Бетер се од жени, без навреда. И не го сваќам тоа запознавање па започнување врска, така на убави очи. И после како луѓето нема да имаат цели гробишта од пропаднати врски, кога критериум да се пушти некој во својот живот е само размена на имиња. Ама тие се луѓето денес, премногу работи се третирани како тоалет хартија, се е disposable. Употреби, доживеј па фрли. Здраво, јас сум ЕлеМентал, ќе има нешто меѓу нас или да пријдам на следната? Тоа е тоа. Забегав со постот? Who cares...
Ја тупам темава ама морам да пишам што ми стори денес. Вчера целиот ладен ми вика одлучив да си одам во друга држава, ќе работам (истата работа што ја работи и овде). Јас му викам што ти е, ако е за тоа истите пари ги земаш и овде. Ми вика, да, ама јас не сум за во овој систем, јас порано работев таму, видов што е живот, имав шанса да се оженам за Русинка, сега ќе живеев во Москва, а не овде. Пред се мене животот ми е најважен, ќе гледам да си го средам, можам да земам богата жена и да живеам Америка или било каде, само не овде. На тоа јас му викам, значи не ти значам јас, јас заминав на студии во друг град, ама останав на тебе, не заминав со помисла да фатам богат маж (а имам услови за тоа). Јас верував во љубов иако дома ме убедуваа во спротивното, ќе се борев за нас, ама ти си бил материјалист.... Инаку имаше испиено некои апчиња за смирување, беше многу успорен, ама свесен што зборува. Денеска го прашувам, значи дефинитивно ке си одиш? Ми вика, најверојатно да. Нозете ми се поткинаа, целата во очај по некое време му пишувам порака денеска дефинитнивно ќе ти кажам дали ќе продолжиме или не, многу пати ја спасував врскава, многу пати попуштав, но после она вчера скршена сум. На тоа ми вика-ок, размисли, како сакаш. После некое време ми текна дека вчера му ветив да му дадам пари денеска да излезе со другарите. Му се јавувам два пати не ми крена. Третиот пат ми се јави (веќе бил отиден таму) и колку што го држо глас ми се развика- АЛО, АЛО АЛО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Јас му викам зошто ми викаш, сакав само пари да ти дадам, да излезеш. Ми вика- КАКВИ ПАРИ БРЕ!!! ОД ЕДНА СТРАНА МИ РАСКУНУВАШ, ОД ДРУГА ПАРИ МИ СПОМНУВАШ. ГОНИ СЕ У ПМ!!!!!!!!!!!!!!!!!! Што да правам?
Јас не сум многу комплициран и захтеван тип, но искрено, некоја Adidas колекција како подарок едноставно ми вели еве ти, не сакав да се потрудам со нешто по оригинално и креативно, колку да помине денот.... Јас би бил супер хепи ако љубената ме изненади со една голема тава спанаќ со ориз (никогаш да не ја потцените романтиката во спанаќот ), и јас купам 300 грама Милка од јагода или со лешници и поминеме неколку часа во кревет галејќи се, смеејќи се гушнати и измачкани со чоколада. Поминати ми се тие фази со срциња и мечиња и кога ќе се присетам на тој период само си мислам dude, seriously? Не мора да биде големо, но нека биде од тебе, нека биде оригинално и покажи дека ти си го осмислила, не copy paste филм со играчка Mаде ин Чајна. @ Setu Ако сеуште не знаеш што да правиш, убиј се.
незнам дали ова е трагично или комично .да сум на твое место,би го треснала таков шамар па звездите шо ке ги изброи да му се сторат пари девојко,сфати типот освен што е негативен себичен не те сака-отворено без трошка срам те гледа во очи и ти кажува за неговите планови за американски руски богати жени .и после тоа ти дури му се јавуваш пари да му дадеш да излезе со другари . земи најди си посериозен тип а не како овој идиот кој те гази како сака.и единствено што му признавам е што не ги зел парите откако си му раскинала сега треба да го преболиш и заборавиш!
Setu што да правиш? Дај му ги сите пари што ги имаш, моли го, јавувај му се нон-стоп, не дозволувај да те остави. Каде ти е самопочитта? Каде ја остави? Да одиш и да си ја земеш под итно! Те третира ко граѓанин од Ш класа, а што е пострашно ти го дозволуваш тоа. Уште си му се јавувала пари да му дадеш да излезе со другарите?! Дечково не заслужува ни мрсул да фрлиш на него, очигледно не те сака, дури и слеп ќе го види тоа. Остави го, не му се јавувај повеќе, не знам како можеш да сакаш човек кој ти прави вакви работи и очигледно не му е гајле за тебе.
Setu после ова што го кажа уште бараш совет? Мислам дека тој е и повеќе од очигледен и нема потреба повеќе самата да се измачуваш и лигавиш за ваков тип. Искрено, самите негови постапки покажуваат дека тој воопшто под бр 1. - (жалам што ќе те разочарам ако ова досега не си го сфатила) не те сака, под бр 2. - воопшто не те почитува, под бр3. - си игра како што сака со тебе, а ти пак му попушташ и се обидуваш да го задржиш. Човекот си игра со тебе, но изгледа дека од една страна заради некоја причина што ти самата ја знаеш сака да те задржи зошто сеуште има корист, а од друга страна не сака повеќе да биде со тебе и се однесува така за ти да му раскинеш, да не биде тој што ќе раскине. Не го познавам човекот за да знам каков карактер има, но според ова негово однесување има карактер рамен на нула и воопшто не знае што сака и без разлика колку години има се однесува како дете. А кога си во прашање ти, заклучувам дека слепо продолжуваш да бидеш со него и заради некоја причина не сакаш да му раскинеш иако изгледа ти се гади од него, ама не сакаш да признеш ни пред себе, ни пред него. Која е причината поради која си сеуште со него? Од што се плашиш или што мислиш дека ќе изгубиш? Не би да ти одговорам на прашњата, поубаво сама да си одговориш, но можеш многу да добиеш, а не да изгубиш. Не знам кои се твоите вистински чувства кон него, ама колку и да си го сакала или го сакаш(што би било чудно после неговото однесување, зошто секој колку и да бил заљубен не верувам дека би трпел вакво однесување) сепак не ставаш крај, размисли малку дали вреди да продолжиш со него или не. Толку од мене, а ти треба многу убаво да размислиш што ќе превземиш, а немој да се залажуваш дека ќе те бара кога ќе му раскинеш и ќе плаче по тебе - тоа еднаш го правел и си му се вратила, па пак ќе го прави тоа, ама не дека вистински го мисли тоа, туку ете пак поради некоја негова причина поради која не сака да ти раскине. Не е единствен на овој свет, ако ти е за утеха, и верувам дека заслужуваш подобар од него.
Здраво Со Mrs.Styels ни треба совет,по можност од машки. Јас ќе ви ја кажам мојата приказна,а таа нека ви ја раскаже нејзината. Епа вака..има едно момче,кое што сега многу го сакам.Пред 1 година тој мене ме бендисуваше,му велеше на другарките мои да ми велат за него.Но,јас сепак ништо не направив со него.Лани,зимата фатив дечко,прав идиот.Но,доцна сфатив за тоа. Кога и да го видам И.(така го викам) срцево ми трепери.Би сакала да имам нешто со него,ама незнам дали и тој ќе сака.Плус,женска има сега,не сакам да му се мешам.Но,она што го чувствувам е посилно од мене. Хелп !
Сега можеби немаш никакви шанси за него има девојка + кога тој те бендисувал и кога бил слободен ти си поиграла со него и си избрала идиот, е сега трпи ги последиците, тоа е кармата е кучка се ти се враќа во животот, совет преболи го и најди си друг и не му се мешај во врската ако им оди убаво.
Еве едно прашање и од мене. Пред два викенда во диско забележав еден дечко што без сомневање ми го привлече вниманието, флертот беше на место, разменувавме погледи и насмевки и тоа е се. Мислев дека не е од мојот град, зашто не сум го видела до сега, а ниту наредните два викенда. Се до вчера. На истото место го видов, ситуацијата беше иста, се беше океј само уште да се осмелеше да ми пријде. Неколку пати поминав покрај него надевајќи се дека барем два збора ќе размениме но ништо. Во ред ли ќе биде нареден пат (ако постои) јас да му пријдам? И како би го извела тоа? Премногу размислувам на оваа тема и едноставно повеќе немам ни идеи како би се запознала со него. Некој совет плус?
ми треба мислење од вас ИТНО нова сум! ве читам од поодамна и ве молам за совет живеамо со дечко ми и сме сексуално активни, но еве веке 2-3 дена немаме односи поради оние мои „денови“. вечета околу 3 часот кога си легнавме почнавме да се бакнуваме и на крај тој стана кажувајќи дека сум го напалила и дека морал да изгледа порнич и да се „олесни“. му предложив да му помогнам, демек да гледаме порнич заедно и бла бла, тој ми рече дека не сака туку дека сака малку слобода. му кажав ок и тој стана и седна пред компијутер, веднаш абележа дека го гледам и ме замоли да се свртам на другата страна му било глупаво ако сум го гледала, немал слобода и незнам уште што. тој ми објасни дека машките што се во долга врска (ние одиме 9 месеци) им треба слобода и нешто ново и некој дека тоа го прави на овај начин како што го направи тој, а некои флертуваат со други девојки... ми дојде многу незгодно, се почувствував ко кучка затоа што ми дојде како психички да ме изневери зад грб и од кога тој се „олесни“ и дојде да си легни до мене јас му се развикав и се скаравме и вечерта не спијавме заедно останав цела вечер на компијутер и кога тој стана јас си легнав.. уште не зборуваме, налутена му сум.. сакам да слушнам ваше мислење дали вистина е така како што тој кажува или јас погрешно го сватив ве молам пишете ми
Прво да си ја споделам првичната реакција: Јesus f-ing Christ!!! Прво и основно, вие сте можеле заеднички да го решите тој негов "голем" (ДА, во наводници) проблем со тоа што си можела да асистираш или целосно да ја завршиш работата. Детали се подразбираат. Е сега ако тој си ја одбил девојката, и одбрал порнич, тогаш барем мое мислење е дека типот си има зависност. Во блага или хардкор форма, но си има зависност од овие филмчиња. Друго, ако коњов бил напален и ако имал барем трошка осет ќе ти кажел дека ќе оди да мие запчиња во вц па да си го реши проблемот дискретно. Дури и да знаете двајцата што всушност ќе прави таму, сепак има некој начин да се искомуницира и да се реши таква ситуација. Разбирам парови заеднички да гледаат порничи како начин на експериментирање, да се проба неш ново, зачинување на сексуалните искуства, шо знам како иде тоа, ама ова апла да земе на 2 метра од тебе да го прави тоа гледајќи филмови? Ми се надигна киселина во грлото читајќи ти го постот. Типов гледал многу Californication, мисли дека е Хенк Муди и ова е светот каде што можеш да правиш се што ќе ти текне, таму каде што ќе ти текне и се ќе биде измаскирано како нормално. Епа не е ок. Ако тоа ти е беше прашањето, ова би била причина и за раскинување. Недостигот на осет е шокантен! Машки може да си гледаат порничи и кога се сингл, и кога се една недела во врска, и 10 години во брак, не е тоа поентата. И нема никаква врска муабетот шо ти го направил. Тој изгледа до тој степен се соживува во тие порничи што мисли дека е освежување од реалната врска која ја има. И повторно, да ја одбијам женска ми во кревет и после пред неа да го дркам на порнич? Како што кажав...Jesus f-ing Christ!!!
Здраво Веќе имам пишано за мојот т.н проблем,ама пак ќе пишам..сакам да слуснам мислење и од спротивниот пол Значи,се запознав со едно момче постаро од мене 7 год,,по негово инсистирање започнавме фб комуникација,па после 2 месеци почнавме да се гледаме скоро 4 месеци.Иако тој инсистираше за врска,ја не одговорив ништо на тоа,освен дека треба да не ги брзаме работите и да се запознаеме повеќе за да преминеме на следен чекор.. Пред 1 месец,се скаравме..ништо сериозно,јас бев виновна и нормално доблест е да се извиниш на некому..неговиот одговор беше дека сака да паузираме..му треба неограничено време да си ги среди мислите..човекот кој ми зборуваше дека ме сака..хмм..па се премисли,со зборовите 'заборави ме'..во ред му реков,ќе те заборавам.. И сеа дознавам дека драгиот ми,се смирил со претходната девојка со која беше во врска 2год..по нивното раскинување поминаа скоро 5 месеци.. Можеби грешката ми беше шо никогаш не го прашав дали сеуште ја сака..но зарем ако ја сакаше ке ми ги кажеше тие зборови,ќе плачеше на секоја наша караница?Беа потребни лицемерни солзи? Е сега,јас сум таа шо страда,шо е повредена..немаме никаква комуникација..кога е укл на фб,јас се ставам offline за да не паднам у искушение да му пишам или сл.. Сега се вратив од град..го видов..ахх каква тахикардија имав Сакам го знам..немам мн искуство со врски и заљубувања..ама овој пат..искрено сакам..
EleMental ќе ти се обратам тебе зошто никој друг не ми одговори на мислењето јас зборував со него и му ги кажав зборовите што ти ги пиша со мала измена нормално и тој почна да ми се извинува и да ми кажува дека сум била во право, но и дека него му треба слобода (веќе 3-4 месеци сме 24/7 заедно) си помислив дека ми зборува за пауза и го прашувам и ми вика не нема шанси да те оставам тебе,те сакам, демек со тебе имам се што можам да посакам!!! па од една страна мислам дека дека тука и е проблемот со нас што сме како маж и жена, а не сме маж и жена после кавгата тој цело време ми се извинува и ми кажува дека многу ме сака, дека не размислил како што треба, дека ни слично такво нешто нема повеќе да се случи... се смиривме му „простив“ ама имам преголема грутка сега моментално е маченце, мислам дека што и да му речам тоа ќе направи, пред ова да се случи сакав сериозно да се омажам со него.. го сакам многу, ама имам и многу сомнежи дали тој ме сака искрено, што мислите вие за ова ме сакам или?