Не можеме ние да ти кажеме дали он те сака или не,посебно што ништо не знаеме сем наведениов проблем.Ти најдобро можеш да процениш какви се неговите чувства спрема тебе и повеќе обрни внимание на неговите дела,а не на неговите љубовни изјави.На сите може да ни тече мед и млеко од уста,а во практика тоа да се покажува на сосема поинаков начин.За проблемов нема да коментирам,Елементал убаво ти пишал,а јас како женско можам само да замислам колку бедно и понижено си се осеќала.Се надевам на крај се ќе биде во ред
Па многу јасно дека ќе си признае вина Види, фактот дека тој сепак го направил ова како да е нешто најнормално сеуште останува и треба да те загрижува. Нема брз одговор на твоето прашање, но од сега гледај го со резерва. Ти си го знаеш подобро од нас и со тек на време ќе видиш дали ќе остане маче или има друго лице под извинувањата. Деф не избрзувај да го правиш мажуле, да се гледате во брак и ако не сакате да прегорувате во врскава ќе треба да си дадете време и простор за себе. Тоа е критично за секоја врска. Оддалечете се малку, поминувајте време и самостојно, дозволете да ви се случуваат повеќе работи надвор од врската, ќе ви биде освежување верувај. Е сега ако сте од оние што немаат идентитет надвор од дечкоми/женсками (напишано хистерично споено) јака ви душа.
Ова од лично искуство тврдам дека нема врска. Доколку знаете тие 24 часа да ги искористите заедно на правилен начин и исто така и да се однесувате, не би требало да има чувство на притисок. А и да има, еден круг на велосипед или спортување со другарите и веднаш поопуштено ќе се чувствува. Така правевме јас и мм кога живеевме заедно а и двајцата бевме невработени. Тоа е ослободување од притисок, а не да бираш зрачење пред компјутер со порнич за да се олесниш при здрава права девојка на 5 чекори. Ако размислиш поубаво, нема оправдување и доколку сакаш реално решение на проблемов, почни оттука, oд самата себе: престани да го оправдуваш, не го идеализирај и забележувај му ги грешките. Да беше решение порничот, притисок во врска ќе беше мисловна именка. Болдираното барем шо се тиче мое искуство нема врска. Со мм живеевме заедно уште пред да знаеме дали и кога ќе се вериме. Меѓу овој заеднички живот во брак и заедничкиот живот во врска без веридба без ништо не можам да најдам никаква разлика. Затоа што јас не сакав бајки. Сакав да го запознаам со сите негови маани, да ја имам реалната слика за работите и кога сум најзаљубена да не ги затворам предолго очите затоа што колку и да го сакам МЕНЕ ми е даден животот и мојата среќа и комотност е на прво место...барем додека не станам мајка.
Што кога вашиот дечко нема да ви го честита роденденот како тоа го сфаќате и што мислите? Се слушате неколку пати во текот на денот но тој ниту збор за тоа не вели.
Маживе (повеќето) не се замараат со памтење датуми во врска. Точка. Не се замараат со тоа, а не треба ни вие тоа да го правите. Ако сакате да ви честита, потсетете го. Едноставно. Или пак ако ви е толку битно прв да се сети на роденденот, речете му го тоа. Ако му значите, ќе го запише во потсетник и крај на приказната. Мм ден денес годишнината од брак ја заборава, па тоа не значи дека не мисли на мене или не му значам.
Не мора да значи... Прво, помнењето датуми не за секого е товар... Еве, во мојот пример, јас со некакви математички асоцијации секогаш си ги меморирам датумите што ми се важни во животот, и воопшто не ми е тешко да ги помнам. Кога и да треба да се присетам на нив, си ги користам асоцијациите. Па така, секогаш сум знаел годишнини и родендени на партнерките без проблем. Но сепак, доколку дечкото заборави датум кој за вас е важен, не мора веднаш да асоцира на нешто „гнило“ во врската... Едноставно, меморијата сите си ја „програмираме“ според различни приоритети. Доколку за некого, вашите датуми не се приоритети, не му земајте за лошо, и укажете му најнормално и фино дека ете, би ви значело и би било плус доколку во иднина ја запомни бројката што за вас е и тоа како важна.
Јас со ова не се сложувам мажите такви биле и готово ... Ако дечкото не ти честита роденден тогаш кој ? Моите се во брак 30 години и татко ми никогаш и го нема заборавено роденденот на мајка ми ... Не знам , што е случајот овде ? Не знае дека ти е роденден ? Треба ли да му каже дека сака да и честита роденден Во секој случај многу невнимателен ... ај да не брзаме со заклучоци може и спремал изненадување
Еве вака ке раскажам подетално, а ке ви кажам и што се случи на крајот. Го славев роденденот два дена претходно, тој беше на роденденот му даде подарок, си поминавме прекрасно. На денот на роденденот на 04.02. тој после 12 часот ми звонеше ( јас се израдував прб ке ми честита) но тој ништо не спомна. Потоа во текот на денот се слушнавме неколку пати но пак ништо , а и разговорите ни беа кратки. Потоа околу 9ч. му се јавив јас и ми кажа дека седи со негова другарка и дека ке си оди дома за брзо, (а јас нема да бидам јас ако не избувнам и не изреагирам ) и му плеснав во лице дека не се сетил ни да ми честита роденден, а дека на друг и честитал роденден , тој рече дека барал нешто посебно да ми објави, тоа му беше изговорот , му префрлив што немал време за да се јави и да рече да се видиме барем на 15 минути, дека имал време да биде со другарите , со колегите од фах. да оди по гости, му кажав и дека гледам колку му значам бидејќи ако ме сакал ке го покажел тоа. а тој ми одговори: А што јас нели те сакам? епа драги не покажуваш дека ме сакаш. Без разлика овоа нема да му го заборавам, сега е мој ред да вратам на таквите однесувања
бар да ме цитираше де...Господе Боже, не реков дека нема исклучоци, пишав повеќето. Шо ми реплицираш одма, сеа си зборам за мојот случај. Не можам да очекувам од некого да му придаде значење на роденден кога нити го славам нити се замарам. Затоа и посочив, да не се разочара девојчето одма.
Прашањето не се однесуваше за тебе , туку за девојчето , таа се пожали не ти .... Не сакав да те цитирам ,нити да ти реплицирам Јас како што видов ти си даде став а јас сакав да искоментирам дека не се сложувам со општоприфатеното мислење дека мажите не се добри со датуми дека затоа не треба да им се замерува( ти го спомна тоа ама не значи дека за тоа треба да се препираме и цитираме ) . Ако на девојката и е важно, се работи за еден ден годишно за саканата личност ( не да памтат кога се сретнале бакнале итн ) .. Не сметам дека е некој тежок товар да се даде внимание ,и нема потреба од објаснување според мене дека сакаш да ти честита роденден .. Ете девојчето сакала да се види со него , што ќе му било ако и честитал и одвоел саат време да се видат Ти си кажуваш од твоја гледна точка не ти е битно тоа си е твое , различни луѓе има , чим прашува на форум многу веројатно е дека и е битно ... Ама овој веројатно ја познава својата девојка и сметам дека е невнимателно од негова страна ...
Во молам за мислење за ситуацијава.. Инаку сега инсистира и да разговараме за..нас..каква иронија Би благодарам однапред
Си се заљубила да, ама во неговите зборови, неговото тогашно внимание и тн и тн. Очигледно очекувал дечково да добие нешто од тебе што откако не го добил и' се вратил на бившата. Обично (за мене зборам) кога машко за толку кратко време почнува такви исфилувани работи да кажува, почнувам да се сомневам искрено што е тука проблемот. Помири се и заборави го. На почеток тешко е знам, но тој ти рекол да го заборавиш, а и со однесувањето покажува дека го мисли тоа. Не вреди, ќе почувствуваш и посилна љубов, ќе видиш.
Ти благодарам за твоето мислење Не знам..некако воопшто не е јасен и конкретен шо сака..цела вечер пишувавме на фб..ме сакал уште демек,а е со неа..сака да се смиреме,дали имам друг,премногу сум била среќна така приметил..ама не простувам..гордоста ми е погазена..така да..колку и да боли,ќе продолжам без него Можеби само се залажувам..дека сум неш посебно заљубена,можеби тешко ми е заради повредената гордост Како и да е,научив дека машките дефинитивно паѓаат на насмевки
Така треба. Не паѓај повторно во неговата стапица. Еее, филозофите шо многу им е тешко во животов а те сакаат, т.е. сакаат да се осигураат дали те имаат за резерва. Ги прележав и тие сипаници и мене успеале да ме излажат, така се расте, нели... Инаку за последново во право си, насмевката, но и самодовербата на една жена иако сепак мислам дека повеќе е индивидуално, но искрено не ги разбирам мажите кои паѓаат на немтурки кои се плашат да се насмевнат и само кукаат и се жалат и се пекмезат...а познавам и такви
Ме насмеа ..инаку со пронајдов во последново..ах колку бев намуртена и сега на драгиот ми му е криво шо сум среќна..а шо треба да правам да плачам,коси да корнам,вени да сечам или? Како и да е,по твоето искуство..сепак да не ги прележувам и јас сипаниците .. Ти благодарам уште еднаш на помошта
Пред некој ден раскинавме. Вечерта ми се јави и ме праша дали одлуката ми е конечна. Му реков-да. Ми рече ајде вечерва да разговараме. Бевме во ист кафич, но на различни маси. После некое време јас си заминав. Одејќи поминав покрај него, но не го ни погледав. Тој ме тргна за рака и ми рече- зарем нема ни да се поздравиш. Само му реков чао и си заминав. После некое време ми рече како не ти беше срам онака да ме избрукаш, ние не сме се тепале за така да се испонашаш. Јас само сакав да те задржам и потоа да си заминеме заедно дома. Немате претстава колку ми падна криво. Му се извинував цело време што толку селјачки се испонашав. Утредента ми рече ок, заедно сме уште, но некое време неможам да се појавувам со тебе во јавност, после оној срам. Така и се договоривме. Денеска му пишав порака во која му кажувам колку ми е криво за се, колку го сакам. Ми се јавува сосема ладен. Го прашувам зошто е таков. Ми вика дека е оддалечен од мене, дека е сингл. Му реков ако си сингл, тогаш остани, неможам да трчам кога не ме рецкаш ни 2%. Ми рече ок, се најдобро. Погрешив ли
Ах Setu твоја грешка е што го сакаш. Убаво направи што му раскина,но зошто повторно сама на себе си даваш лажна надеж? Извини вака,ама тој е таков и нема да се смени.Време е да продолжиш со твојот живот.Па не е само тој во светов. Момчето што го сакам,не ме ни гледа.И сега што да правам јас ? Ништо.Ако би пишано,ке биде..ако не,тоа е. Позз
Значи во кратки црти -Гороста не ми дозволи да му се приближам , ми кажаа дека кога сум во негова близина се однесува поинаку , пак сакав да направам нешто ама пак ПРОКЛЕТАТА ГОРДОСТ не ми дозволи . Ме свиѓаше јас никако не изреагирав , па полека се повлече Едноставно прашање -Како да го вратам ??? И уште ова Ми рекоаа се мувал со некоја , ама многу ладнокрвно се однесувал (што значи ова) + тоа девојката не е од ист град и дали имам уште шанси кај него