Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Што кога некое машко, со кое многу често контактираш, ама не го знаеш лично, ти изјавува љубов, но не знаеш дали мисли озбилно или само се зафркава ?
    Како да дознаеш дали мисли озбилно, без да сфати дека чувствувам нешто кон него.
     
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Излези со него. Така ќе дознаеш. :)

    Ништо, во некој сериозен филм/заблуда е. :)
    Или да речеме дека сериозно си ја сфатило работата.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Епа вакаа.. сакам машко мислење за тоа каков парфем да му купам на дечко ми за св. Валентин. Се мислев помеѓу овој на Антонио или парфеmоt на Бенетон..
     

    Прикачени фајлови:

    • nd.8923.jpg
      nd.8923.jpg
      Големина на фајлот:
      26,8 KB
      Прегледи:
      411
    • COLB100TSM.jpg
      COLB100TSM.jpg
      Големина на фајлот:
      48 KB
      Прегледи:
      411
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481


    The Secret дефинитивнооо..преубав е :)
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    еве женско мислење:)
     
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Повели миличок, еве едни непознати типци од Фемина ти го одбраа.

    Сон на секое машко.

    Ау да бе, заборавив. Тој нема да дознае, а ти ќе си го извадиш редот...You clever, clever girl you...

    После машките немале самодоверба/иницијатива/одлучност...

    Јас за Валентајн имам снимено цд со нашите песни што беа тогаш и голема чоколада. Беше воодушевена.

    Ќе кажев биди оригинална и креативна, но знаеш кој ти е најдобриот совет?

    Покажи му го средниот прст на овој исфорсиран корпорациски празник, секој ден со дечко ти правете си го посебен и подари му парфем во Вторник, во обичен ден кога календарот не бележи ништо посебно.

    Изненади го. Буквално.
     
    На DAngel, Monique995, Hipica и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Setu

    Setu Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Денеска се видовме. Го прашав дали ќе продолжиме или не. Разговаравме, ми рече најдобро е некое време да не се гледаме. Се поздравивме, излегов од колата. Почна да иде по мене. Ми рече извини, ништо од ова не важи, сакам да останеме заедно. После некое време ми се јави. Ми рече имам многу измешани чувства, најдобро е период да не се гледаме, па ако видам дека ми фалиш да те барам.

    Како да го заборавам? Каде згрешив јас?
    Дали можеби што бев премногу добра и толерантна? ;( ;( ;( ;(


    И уште нешто ми кажа што многу ме замисли- „Со кое сакаш машко ќе правам муабет, и секое ќе рече дека ако му се понуди друга шанса во врска, ќе прифати. Па не живееме во времето на Ромео и Јулија‘‘.

    Кога е со мене, не сака да биде со мене, здосадена сум му, кога не е, кога ќе рече дека е крај после неколку часа ме бара назад. Јас кога ќе му се вратам, повторно не сака да е со мене.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Болдираново не ти дава одговор на прашањето со каков човек си се сплеткала? Уште што треба да ти каже човеков за да сфатиш што му е филмот? Сакаш во нечиј живот да имаш статус на предмет користен по потреба? Кога ќе си одговориш на овие прашања, тогаш ќе знаеш што највеќе ти одговара да правиш.
     
    На Setu му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Setu од авион се гледа дека дечково е ептен несигурен во себе. И не, не сите машки би прифатиле друга шанса во врската. Или сака со тебе да биде или не сака. Средина нема. И што, си прави заебанции со тебе, те сакам, па не те сакам?! :^)
    Ајде продолжи си го животот без него. Не знае што сака.
    Да сака ќе биде со тебе и толку. Не го барај проблемот во тебе. После некое време ќе се покае за се, биди сигурна. Ти ги исчитав и претходните постови и мислам дека овој човек нема ни малце почит. Кој дечко толку отворено и кажува на девојка му дека ако му се пружи друга шанса ќе ја прифати. Па што и другите машки да се такви? Ако те сака, ќе биде поразличен од нив. :!:
     
    На Setu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vice1

    vice1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Едноставно сака да ја продлабочи врската, односно не сака само да се гледате поради страсни привлекувања...јас искрено на бившата инсистирав да ги запознаам нејзините, реално ако родителите се ок односно фамилијата како основна единка на општеството, тогаш и девојката ке биде ок
     
  11. vice1

    vice1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Или користи за да допре внатрешно во твојата душа и да те натера да мислиш дека е навистина така(во случај многу да си му привлечна и да сака да има нешто повеќе), или сепак дечкото немал големо искуство со жени и сега чека првата да ја зграби.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sportistka1995

    sportistka1995 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    21
    Раскинав со дечкото на 03.01.2013, а сеуште сме во контакт. Значи чат пат се гледаме, и нон-стоп ме вика да одаме кај него дома иако јас заслужувам да ме убие (значи поради мене раскинавме). Е сега, ме интересире дали сега сака само да ме користи еден вид зошто се изјаснив дека не сакам да одам со него повеќе и као "сега веќе е крај дај да си играм додека можам". Значи секогаш го одбивам и упорно ме вика кај него а не например на кафе, на вечера бла бла.Инаку сеуште вели дека ме сака и кога и да сакам повторно да одаме, ќе прифатил.. Што ќе кажете момци?
     
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Можеме само да шпекулираме кои се неговите вистински намери со тебе, но за себе можам да кажам дека доколку би сакал да рестартирам врска, да ја "стоплам" типката, да соберам поенчиња кај неа, знам дека би пробал со нешто како прошетка во парк или кафе.

    Од тука првата мисла ми е дека тој сака нешто физичко :). Плус на негов терен ќе се чувствува по самоуверен.

    Во секој случај, да сум на твое место, кога веќе сум на чисто со чувствата воопшто нема ни да се замарам со домашни покани...
     
    На sportistka1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Што се спаѓа во зборовите ми значиш
    и што конкретно едно машко мисли кога го вели тоа ?
    :^)
     
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Аничка ДевеесЧетири

    Не се гњави со разглобување на вакви прашања. Ми значиш заедно со Те сакам се употребувани до степен на силување во модерниве времиња.

    Може да значи најмногу дека му се свиѓаш и дека му е така...пријатно времето поминато заедно. Нека е и некој почетен знак на приврзаност, ама ова преку сила.

    Само зборови, ништо друго.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. violinistgirl

    violinistgirl Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    јас пак со ист проблем
    одтогаш се променија работите па се до денес
    оваа недела цело време зборуваме како да ни се подобрат односите помеѓу себе. што му пречи на едниот партнер кај другиот партнер. имаше многу лутења од негова страна ама и решив да не попуштам зошто искрено се мие преку глава.
    денес, седам на фемина на неговиот лаптоп, а тој после 1 месец месец ми прави кафе. а пред тоа се скаравме зш не сакаше да си ги измија садовите што си ги направил (двајцата сме студенти) и фала богу нема да му бидам слугинка. од кога го направи кафето ме загледал и јас не сум обрнала внимание дека скоро (не седев целосно на нив) ги допирам неговите алишта што ги носи. ги тргна дивјачки и ми се развика внимавај каде седиш, јас овие ги носам! зошто секогаш вака правиш, никогаш не внимаваш. му се развикав и јас него ама готово мислам дека буквално ми пукна филмот. јас немам дечко едностано! јас имам машко со кое се карам кое ми се развикува кое се не му чини, кое ме понижува кое не ме чувствува за блиска, кое ме користи за секс и ништо фазла. планирам да појдам кај него во неговиот стан да си ги земам работите и да ме нема да ставам крај!!!
    барам нечие мислење да ми помогните да се одлучам да го направам тоа зошто иако го сакам се чувствувам понижено едноставно се чувствувам како негова секси-слугинка во многу грда слика
    ве молам за мислење.... премногу сум тажна и разгневена
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Па најдобро е да пресечеш веќе. Не штима веќе оваа врска очигледно, сте си ги потрошиле џокерите. Ваква нетрпеливост штом има кон тебе, не е баш на арно. Најдобро е да си ги собереш парталите од кај него и да си го фатиш патот под нозе по кој од тој момент без него ќе чекориш. Студирање е доста стресна фаза од животот на секој млад човек, врската треба да ни' е засолниште и опуштање од тие стресови. Нема никакво фајде ни исполнетост од истата доколку создава дополнителни секирации. Не си мажена со него, немате деца, не си престарена, а не е ни последниот човек на светот така што навистина не мора да ги трпиш овие тортури.
     
    На EleMental и violinistgirl им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    violinistgirl - не можеме да кажеме дали те сака или не ...

    Очигледно ви е грешка што сте се вселиле заедно и кога треба да учите вие си играте куќа .. За заеднички живот треба и двете страни да се зрели и одговорни... Чим излегуваат толкави кавги, од тоа кој измил садови или си му седнала на алиштата не е на арно .. Нормално е да има препирања ама вашето е претерано ..

    Мое мислење е дека сте избрзале со тоа што се почнале заедно да живеете ... Најдобро исели се , и не мора да биде во кавга .. Кажи му дека не иде вака , сигурно и тој го гледа тоа , па за натаму ќе видиш дали има можност да се смирите и да почекате да созреете за заеднички живот .. Знам дека е тешко ама стисни заби , си правиш услуга сама на себе .. ;)
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Се најдов во една многу зафркната ситуација и знам дека сум сама виновна што вака ми се направи ама морам да прашам како да постапувам во иднина. Накратко ќе ви раскажам за што станува збор. Детето со кое се гледам одамна сака да ми врати со иста мера како што јас сум го правела тоа кога прв пат сме излегле и од тогаш започнало нашето. Значи ми глуми некој и нешто ми враќа на пораки само кога сум во БТ демек немал време, и ми вика сега ти се враќа да видиш мене како ми беше( пред некоја година кога бевме подскарани јас му го хакнав фб( знам мн детски од моја страна) и секогаш кога ќе се подскаравме тој ме бараше и ми попушташе).Сега испаѓа дека јас правам така :tmi: Јас му се имав извинато, знам дека нема тоа да ги подобри работите ама стварно не знам што да правам сега. Се чувствувам збунето. До кога планира вака да се однесува? :?: :?: :?: :?: :?: :?: Не сакам да се скараме, а сношти кога разговаравме тој ми рече дека нема макар што цел разговор на тоа водеше
     
  20. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    колку што разбрав се гледате неколку години, треба да седнете и да разговарате или да се средат работите да не се правите бебиња или крај на врската.
     
    На Adina, SimonaTino и pupi.girl им се допаѓа ова.