Здраво,сакам мислење од машко за мојот проблем. Имам (или имаВ) дечко и во врска сме 3 ипол години. Јас имам скоро 22 год а тој 32. Синоќа бев на работа и дечко ми ми се јави околу 8 дека ке дремне малку. По пола саат ми затреба нешто и му звонев не се јави ( а обично кога спие го намалува гласот на телефонот)Звонев околу пола саат и го немаше и и се јавив на мајка му да го разбуди и таа ми рече дека тој не е дома пред малку излегол. Звонев милион пати, и зедов такси и кај него дома. По пат кога бев ми се јави и ми вика дека е дома и дека спиел. Пак и се јавив на мајка му и ми вика уште не е вратен дома. По 2 мин кога стигнав кај него тој беше дома и оправдувањето беше дека отишол да си купи цигари и веднаш се вратил а телефонот не го ни видел дека сум звонела. Кога му го побарав телефонот да видам со кој има зборено се изнервира и го тресна од ѕид и го искрши на парчиња. И затоа оправувањето беше дека штом не му верувам на неговиот збор дека нема потреба да го проверувам телефонот и дека не му треба веке телефон. Ова се случува првпат да ме излаже за нешто и незнам на кој да верувам дали на нему , на мајка му и што навистина се случило. А инаку последните месеци ја спрема новата кука, за секоја залепена плочка и секое парче мебел ме прашуваше мене, збореше како ке живееме заедно таму, сакаше да се вериме кога ке се среди куката и тн.
Бидеќи како што си пишала имате супер однос во врската можиш да седниш со него и да поразговараш малку, да му кажеш што и како се случило, ако те сака искрено ќе ти кажи што се случило ако не можеби и да те излажи, се можи да се реши со тивок разговор.Совет седни и разговарај сериозно со него.
@ Иванче Ти да не си се испонашала бетер од Гестапо можеби тој немаше да збесне. Знаеш дека спие но мора да го будиш, па не крева, се обидуваш да го лоцираш преку мајка му и директ дома му се црташ со испрашувања. Сега ќе кажеш и дека не си љубоморна/посесивна/напорна и захтевна, така? Можеби бил со другар, играле игрици па не сака осудување дека не го личи на тие години, можеби пишувал спортска, можеби стварно кажал дека спие за да не го замараш. Знаеш можеш да сакаш некого но и да ти треба мир од таа личност од време на време. Го знаеш ова така? Или можеби тркнал на брза средба и муабетче со друга девојка? Просветли не што било, да видам дали ми држат вода сценаријава. Во секој случај, имаш работи за корекција и кај тебе.
Вака,не игра игри, ниту спортска, заедно сме доволно време за да му ги знам навиките. Никогаш не би се обратила кај мајка му да не ми беше итно и никогаш не сум му забранила да излегува со другарите. Се изнервирав бидејќи никогаш не ме излажал за излегување и секогаш е бил искрен бидејќи знае колку ја ценам вистината дури и кога не ми одговара. И тоа дека мајка му рече дека не е дома, а кога стигнав јас таму по 2 мин тој веке беше дома по пижами а не ни знаеше дека може да дојдам. И, најбитно, никогаш не сум направила таков испад до сега, да трчам и да го проверувам со оглед дека има 30и кусур и го сметам за озбилна личност која сакаше озбилна врска
Можни се многу сценарија, ама твојава реакција нема кое машко не би извадила од памет. Стварно. Ни сериозна врска, ни бутур не може да го оправда ова, извини. На еден дечко за тоа и му раскинав. Me барал молим те, му реков на брат ми да излаже дека сум болна (нешто се испокаравме и не сакав да го слушам), после тој вечерта ме видел со другарки низ продавници и утредента ме дочека дома после школо. Тој самиот избега од часови за да ми “одржи лекција пошо сум го лажела“. Кој lunatic, ко да не ми беа доста 7 часа лекции . Му раскинав одма, во тој момент, природно. Е сега, ни моево не беше за фалење, ама не сакав заради една караница да го повредувам со зборови од типот на „нејќам да те слушам ќе кажам работи шо не треба“ пошо коа ќе ме повреди некој сум поприлично незгодна. Имавме 16 години, тоа ни' беа најголемите проблеми у “врската“ шта чеш. Он стварно е постар од 16 години и требало (ако не со зборови), некако со постапки да си создаде ѕид меѓу тебе и него ако не сака премногу интензивна комуникација, а не да ти праи бајки за куќи, свадби деца...тоа е неговата грешка, а тебе те советувам веќе вакви работи да не правиш затоа што навистина знаат да извадат од контакт.
морав уште еднаш да прашам Ашто кога ова трае со години? Само се врти во круг и ниш др. Колку време најмн би останале во ваква врска? И зошто тој останува во ваква врска?! прашав и директно и пак нема промена почнувам да се заморувааам .... се изморив веке ....
Се согласувам со другите коментари дека си претерала,ни тебе сигурно не сакаш некој вака да ти направи,ама и ти си во право од друга страна,да,ок,сакал да одмори,да сипја,да излезе со другари,ама од која причина пак да те излаже?Она што најмногу го мразиме,некој да не лаже,тука баш тоа се случува. Ама можеш да го средиш со мирен разговор,ќе го прашаш ќе разговараш,ако почне да џвака лаже значи,а врска без доверба не може,не ти викам раскини му,напротив долго време сте заедно,за една кавга,и малку однесувањето негово не е за никаде,малку нелудничаво,штом го фрлил телефонот.
И све е кажано. Те сака пошто си мала и можеби он ти е прв, ама сака да ренда и на страна. Ако живее со мајка му, онда или мајка му не те сака у нејзина фамилија или дечкото бил некаде. Плус, кој дремнува у осум навечер бе? И не можам да сфатам како луѓево те обвинија дека си посесивна или не знам каква. Имаш секаква причина да се сомневаш и да си ја испиташ убаво работата. И сосема коректно си постапила. Твој живот е, треба да знаеш со кого ќе го поминеш животот.
како би го преведиле ова едно машко шо го свиѓам рецка не ми мава,а другар му ме труе постојано на фб со се и сешто.
За случајов на Иванче : Дечки зашто не го гледате моментот дека он ја излажал ? Не мислам да и дава извештаи ама не го чини ништо ако он искрено каже ова илио она ке правам. Едино ако типкава не епремногу напорна кон него, па поради притисок да излаже. Сепак не кажување на вистина е само еден од чекорите кон пропаст, укажува на некој неквалитет у врска.
^ Јас како што разбрав , мајка му рекла дека не е дома а по 2 мин кога дошла таа , тој си бил дома и во пижами . Или мајка му не видела кога се вратил или намерно им прави рчки А реакцијата негова посебно ако не е виновен и јас би ја направила . Не сум достапна во секоја минутка од денот ,тргнувам од мене не значи дека правам нешто лошо ако веднаш не дигнам на телефон , туку си се релаксирам а телефонот којзнае во која соба сум го оставила и ако дечко ми изигрува детектив и дојде пред куќа да ме провери јас би пукнала може нема да го фрлам телефонот ама и не би ни разговарала со него .. Како што разбрав имаат убава долга врска и човекот е сериозен со неа ... Може јас сум наивна , ама ако дечко ми не ми се јави веднаш не ѕвонам по 100 пати и не фаќам такси да одам кај него , кога ќе види пропуштен повик ќе се јави.. Ако треба некој да го проверувам секогаш кога не може да ми се јави и да одам кај него дома тоа е за мене измачување и константно живеење под стрес и не би сакала таква врска .. Иванче ти си знаеш каков човек е, не одите од вчера , ако врската ви е супер и неговиот однос , малку доверба не е на одмет .. Тој сака ли да се видите да разговарате ? Јас прво би се извинила за реакцијата а после разговарајте убаво и расчистете со сомнежите ...
Со другар ми бевме излезени во чаршија и отидовме кај другар му што работи пред фризерско студио стоевме и тој излезе онака правевме муабет. Ама тој другар му го викна тој колега да му донесе цигара и овој кога излезее, по убаво момче немам видено. Само не стоеше со нас после веднаш влезе а разменивме јас и он неколку збора. Го најдов и на фб ама не се вклучува. Му кажав на другар ми да не запознае он ок нема проблем ке одиме таму и ке се запознаеш. Ама он свати што е работата и вика ќе те оставиме сами со другар ми ќе излеземе вие самите да си правите муабет . Ќе го убијам ако го направи тоа. Па проблемот е во тоа што незнам како да се понашам кога ќе зе запознаеме имаме кажано само 2-3 збора ама сега онака подобро да се запознаеме незнам како да се понашам да му привлечам внимание сепак нели првиот впечаток е најважен...
веќе сте прозбореле,можеби сега ти е потешко да врзеш муабет,но изведи го тоа како случајно другар ти и другар му те оставаат сама,па тој да ти прави друштво .само спонтано,без планирани прашања и одговори,биди опуштена и прашувај општи теми. ајде со среќа
Значи во премногу слична ситуација сум само што незнам дали се мува со некоја ама сигурно нема некоја од др град ... Исто прашање поставувам .. па помош ??? Мислам дека нешто ме влече кон него, никогаш не престанав да го сакам ... сеуште чувствувам нешто кон него и ми фали
Хелоу дечки машки,женски Незнам од кај да почнам да ви ја доловам боље ситуацијата. Долго време немам дечко т.е една година од тогаш се нешто сум лајт. Последните неколку месеци почнав да се слушам со едно машко. Јас не.живеам во мк а ни тој исто. Во иста држава сме но различни градови оддалечени 700КМ. Се немавме видено а се слушавме мн често. Последниот месец повиците.се зголемија. Решив за распуст да одам во неговиот град пошто имам другарка таму. И дојдов. Се договоривме и да спијам кај него пошто кај другарка ми е мал станот и плус дечко и и дојде на гости. Супер беше се И уште е но ... Не знам т.е не можам Да го разберам него. Значи со извинување али к** не го боли за ништо,не се замара воопшто. Супер си е кон мене али самиот ми кажува дека не може да се заљуби. Навикнат е да живее сам и му сметаат други луѓе едноставно сакал да фура и да не се замара. Баш и спомнавме во врска со нас ми рече дека го привлекувам физички и карактерно ама дека не би можеле јас и тој да бидеме во врска Прво ради тоа што не сме во истиот град друго ради тоа што ој не е спремен за врска и не чувствувал ништо т.е дека не можел да се заљуби дури и понекогаш се мислел на таа тема дали ке биде тоа некогаш. Од друга Страна ми рече дека почнал да се навикнува на мене од повиците и дека 3недели бил мн возбуден штоќ ќе дојдам и дека не бил со ниедно женско месец дена или два пошто ме чекал мене. доста директен е и ваљда искрен па го прашав дали е разочаран откоа дојдов. Ми рече не воопшто. Синоќа разговаравме на таа тема и гледам он Не се замара за ништо и дека САКАЛ да се заљуби ама не.можел. јас знам дека му се сфиѓам ама незз дали е точно дека ептен ништо не чувствува за мене. Затоа машки ај да слушнам што мислите вие за ова и да ми дадете некој совет.шо да правам. Ако треба некоја Плус информација за ова слободно прашајте искрено сакам да знам шо да правам и како да го омекнам малце.
70% мислат дека е секси 20% мислат дека е лошо 10% не ни знаат што е тоа или пак не ни приметуваат Значи ги покажал сите знаци дека освен другарство( и тоа дали) неќе ништо повеќе , значи ти потенцирал дека сакал ама неможе да се заљуби во тебе... освен да го киднапираш и заврзеш за столица и да му пуштиш Јастин Бибер да слуша додека не се предомисли или слично јас не гледам како можеш да го натераш да се заљуби во тебе .... готово помина возот тука идеш понатаму .... Али браво за дечкото , имал шанса ама не те искористил како повеќето што би направиле туку уште од старт ти кажал дека тука љубов нема и толку .... Уствари ми текна , можеш да се дружиш со него цело време , да се зближите повеќе и некако да се надеваш тука дека ќе се пукне некоја искра , али минимални се шансите за тоа , бидејќи сте одалечени и не се гледате секој ден , стварно има минимални шанси , али ете преку фацебук и мобилни и скајп јавувај се и прави муабет али не очекувај позитивни резултати И браво за директноста , освен ако не е и тоа некој master trick
peperutka20-Ех колку до сега рекле така нема шанси да се заљубам па пак паднале в"тавче Ако ептен го бендисуваш типот,пробај некако да му се пикнеш под кожа,искористи некоја тактика,биди упорна ама не и напорна Правиму почести посети во градот,ако мислиш дека имаш услови се разбира. Инаку рака на срце има такви ладни типови,ги има се повеќе и повеќе. Или некоја претходно многу ги изгорела па се такви стереотипи,или едноставно не веруваат во процесот заљубување и точка. Освен па ако тебе не ти смета да си го поминуваш времето со таков,продолжи Пробај промениго,ако со тек на време не дава знаци,баталиго Проџе један доџу пет
ovie maskive kolku se cudni nikako nemozam da gi sfatam.... se zapoznav so eden decko so go merkav od pooddamna na eden rodenden na moja drugarka(od dr grad), pocna da mi pravi muabet zborevme neznam se pocuvstvuvav kako da imame mn zaednicki raboti, cela vecer ja pominavme zaedno odma mi pobara broj pocnavme da si pisuvame poraki no imase eden problem,ne samo sto ne ziveevme vo ist grad tuku ne i vo ista drzava.... ne bev sigurna dali sakam da se privrzam za nekoj sto ke bide tolku daleku od mene... toj si odese za eden mesec a i onaka mozevme da se gledame samo za vikendi.... koga bev vo gradot kade sto on prestojuvase sekogas mi pisuvase zborevme se dogovaravme da izlezeme no nekako sekogas ne ispagjase rabotata a koga ke se vratev doma nikakov go nemase da pise.. se bese mn cudno nemozev da go sfatam, jas pa sramezliva vo zivo mi simnuvase zvezdi ama sepak nisto ne napraviv mislam deka od strav da ne se zaljubam, neznam mozebi sepak pravilno postapiv no sega posle 3,4 meseci nemam nikakvi kontakti so nego posleden pat zborevme koga mu bese rodenden , a toj mojot sosema go zaboravi, ne se stava na fb no jasno e deka gi zaboravame rabotite koj ne ni se vazni... za zal izgleda jas nemu ne sum mu vazna, no kako i da e sepak me fakja nekoja nostalgija sakam da vidam sto pravi koga ke dojde navaka da doznaam nekoja iformacija kako e ... neznam dali treba da mu pisam i da si ja pogazam prokletata gordost ili i ponatamu da glumam ludilo.... zarem e mozno da zaboravis na nekoj taka preku nokj, zarem e mozno taka da me zaboravi, da ne mu tekne edno sto pravis da pise ? kakvi lugje ste vie mazite, imate li cuvstva voopsto?!!
^ Бегај од врски на далечина, ај друг град, па уште и од друга држава, сепак немој само ќе се повредиш. Сум пробала 2 пати и не! На 17 години памет лета. Сфаќај ги работите поише на зазање.