Помош итно мислење ми требе ... го налутив дечко ми и еве сме скарани 2 дена .Денес само еднаш ми се јави. Инаку да напоменам многу е осетлив и веднаш се лути и за мала ситница . Инаку неможам да поднесам да бидеме скарани . И на него му е тешко знам ама има голем инат . ? Чаре некое ? Што да направам за да го смирам ?
Изненади го со нешто интересно.Да сум на твое место,би му направила палачинки и утре би му се појавила на врата со нив и Нутела во рака.Никој не може да одолее на благо, колку и да е лут Ти треба нешто што ќе ти овозможи да разговарате.Направи го ова, седнете и направете муабет.Извини се убаво за тоа што си го направила и сигурна сум дека се ќе се среди
^ И јас планирав нешто вакво да му направам , да му купам нешто и да му одам дома . Нема да ми биде прв пат и др. пат така сум му одела . Ама малку и се плашам како ќе реагира , како што реков денес еднаш се слушанвме и од преги телефонот му е исклучен. А знае колко многу ме нервира исклучувањето на телефонот кога сме скарани.
Затоа и ти реков да му одиш дома, телефонот може да го исклучи, на фејсбук може да те игнорира, ама тешко дека ќе те избрка ако му дојдеш на врата.Најсигурна опција ти е тоа, освен ако одлучи да не ти отвори
Ма немора он да ми отвори , ќе отвори баба му или пак мајка му. И затоа малку и ми е страм . А и нз дали ќе биде дома пак во тоа време . Ахх се бељите по мене се . Нз стварно што да правам . инаку се налути за ептен мала ситница ама на него тоа го повреди и го сфати на друг начин , а не беше тоа точното значење што јас сакав да го кажам
Еве човек што Ме Разбра Што Сакам Да кажам. Не Е поентата Дека Заминал Возот И дека Тој Не Може Да се Заљуби Во Мене (искрено Ни Јас Не Сум Заљубена Во Него Бидејќи е многу Рано) него Мислам Како Што кажа аничка Дека.го Заебале Претходно Па Затоа Сега Му Е многу Тешко Да Се Заљуби. Уствари И он Тоа Ми го Призна. Не Е дека Треба Да Му Пуштам Џастин Па Ај Брат Заљуби Се во Мене ,тотално Детско размислување. А и до Кога.со Тоа добро Е што не Те Искористил?! како Да Ме Искористи? Немам 16 години И не сум безмозочна и да летам у облаци затоапа Пред Да Направам Нешто Размислувам Два Пати. И нема Да Кубам Коси Ако Не Бидне Ништо Или Ако Направам Нешто Тоа Ќе Биде Затоа Што Јас Така Сум Сакала А не Дека Тој ме Искористил. Него Да Се Вратам На Темава Баш Како Што Кажа Аничка Многу Рекле Не Се Заљубуваат Па Рипнале Во Тавче Па Мене ме интересираше Машко Мислење Како Можат Тие Таквите Да се Омекнат Малце. А и крај Краева Случајов Воопшто не Си Го Ставам На Срце Пошто Не Сум Ни Заљубена А ниту пак Планирам Да Го Напињам Да Му Звонам И да му Го Масирам Мозокот Пошто на Крајот Знам Дека Он Е тој Што Ми Звони. Сигурно Има Чувства Но Тука Постои Стравот Тие Да Излезат На Виделна И да Не Го Заебам На Крај. Тој Се Плаши од Тоа Затоа Не Покажува Ништо. Искрено За Врскава На Далечина И јас Воопшто не Сум За Пошто заебана Работа Е. been There Done That. Сум Имала Врска На Далечина И тоа Доста Време И се Издржува Доколку Има Љубов Али како И да гледаш Заебано е. Значи Пак Ќе Кажам Чисто Сакав Да Знам од Машкиве Како Да Се Извади Тој Страв од Кај Машко За покажување На чувствата. Искрено Се Разочарав од одговотот На Yipman. No.hard Feelings Не Реков Ништо Лошо За Тебе Али ова Што Го Кажа беше тотално Детски. Незнам Колку Години имаш Можеби Да Знам Ќе Ти Се Опрости. Гледајте Малце Пообјективно на Работите. А и за Крај нареден Пат Ќе киднапирам Некој И ќе Му Пуштам Џастин И онака Сите песни од Сестра Ми Ги Имам и ваљда Ќе Се Заљуби во мене. p.s Се извинувам на Овие Големи Мали Букви ме Зеза Мак Тастатура На тел.
Здраво Јас сум нова на фемина. Профилот го направив затоа што ми треба машка гледна точка, а гледам дека давате добри совети. Па се надевам дека ќе ми дадете мислење за ситуацијава која веќе подолго ме мачи. Во врска сум веќе 3 години, а мојот сегашен дечко на два пати ми се има скарано. Сега сме пак заедно. Врската не ни беше идеална, ама беше добра. Причините за скарувањата беа дека не може повеќе и дека не ме сака. И пред некое време од никаде пак почна да пишува. Нема да лажам дека на моето его му годеше тоа што он прв пристапи. Мислењето на околината беше дека немам цврст карактер, затоа што решив да поминам преку се што направи. И иако знам дека заслужувам подобро пак се вратив на старото. Во последно време имаме топли и ладни денови. Можеме да го поминеме цел ден заедно, да се јавува по 100 пати дневно, да ми кажува колку ме сака, а после тоа ќе го снема, ќе почне да ме игнорира, не сака да прави муабет по телефон.. Еве вие два дена е така. Ќе му се јавам, а он е “зафатен“, знае да го повиши тонот на гласот и да ми рече дека сум себична, дека сум лигава и ред други работи. Излегуваме по еден саат и тоа е се. Некако се е пред мене. Јас вложив многу во оваа врска и знам дека е клише фраза но навистина се откажав од многу работи. Не знам дали јас само си умислувам или он навистина почна пак да оладува !? Зошто би се смирил со мене, ако после некое време пак го направи истото?
Здраво Јас сум нова на фемина. Профилот го направив затоа што ми треба машка гледна точка, а гледам дека давате добри совети. Па се надевам дека ќе ми дадете мислење за ситуацијава која веќе подолго ме мачи. Во врска сум веќе 3 години, а мојот сегашен дечко на два пати ми се има скарано. Сега сме пак заедно. Врската не ни беше идеална, ама беше добра. Причините за скарувањата беа дека не може повеќе и дека не ме сака. И пред некое време од никаде пак почна да пишува. Нема да лажам дека на моето его му годеше тоа што он прв пристапи. Мислењето на околината беше дека немам цврст карактер, затоа што решив да поминам преку се што направи. И иако знам дека заслужувам подобро пак се вратив на старото. Во последно време имаме топли и ладни денови. Можеме да го поминеме цел ден заедно, да се јавува по 100 пати дневно, да ми кажува колку ме сака, а после тоа ќе го снема, ќе почне да ме игнорира, не сака да прави муабет по телефон.. Еве вие два дена е така. Ќе му се јавам, а он е “зафатен“, знае да го повиши тонот на гласот и да ми рече дека сум себична, дека сум лигава и ред други работи. Излегуваме по еден саат и тоа е се. Некако се е пред мене. Јас вложив многу во оваа врска и знам дека е клише фраза но навистина се откажав од многу работи. Не знам дали јас само си умислувам или он навистина почна пак да оладува !? Зошто би се смирил со мене, ако после некое време пак го направи истото?
Да му дадеш на некого втора шанса е исто како да му даваш уште еден куршум за пиштол бидејќи со првиот те промашил.Тоа ти си го направила си му дала втора шанса и ете повторно те повредува на истиот начин.Совет бегај што подалеку од тој сокубан дечко(без навреда) пробај да го заборавиш и најди си друг.
Пеперутке, без лажење ама типов ти нагласил дека не сака врска, и не дека не сака врска него несака да се врзува со тебе. Плус биди благодарна што ти го кажал тоа, више знаеш на што си, со ова ти дава на знаење дека со него нема д аимаш ништо стабилно од една отворена врска .. Мое мислење оддалечи си се пред време.
Здравоо Размислував мн околу оваа тема,се двоумев..ама еве решив да прашам Сака да ги прашам момците дали би биле во врска со девојка којашто има физички недостаток? Значи физички недостаток од типот да има лузна на лицето,да 'куца',да има говорна маана итн.. Значи сведоци сме на тоа дека динамичниот начин на живот придонесе вистинските вредности да се занемаруваат,а секој на секому му суди според изгледот.. И да,секоја чест на исклучоците Ви благодарам
здраво садгирл, јас мислам дека има кретени машки ама ако е некој добар нема да му пречи недостатокот и ке ја гледа твојата внатрешна убавина.
Здраво sadgirl21 за жал во денешно време се преферира само надворешен изглед, а потоа карактер и внатрешна убавина во такво време живееме каде сите се со некој поради корист, вистински некој да сака е реткост, да имаш вистински пријетел е уште поголема реткост, но не е се така црно има и некои исклучоци и секоја чест за нив каде што гледаме дека момче/девојка по извесна повреда ете си има белег било да е лузна или нешто слично, знаеме да речиме дека љубовта е слепа но лесно е да се каже а тешко да се направи секоја чест на таквите кои што покрај сите препреки,мани и недостатоци се до саканата личност и вистински се сакаат, и едно треба да запаметиме дека никој не е совршен.
Прашање: дали некогаш ви се случило да заминете со некоја женска а вашите другари да не дознаат за тоа, односно вие да не им кажете? Или нема нешто такво, другарите се свето нешто и тие мора се да знаат..? И ако не би им кажале, кои би биле причините позади тоа..? Фала.
Се случило да имам девојка и моите другари да незнаат за тоа определен период,едноставно им кажав кога паднавме во некој таков муабет.Не се сите фалбаџии И мислам дека женските иако меѓусебно повеќе си се доверуваат,сепак машките имаат поискрени и подобронамерни пријателства,зш пријателствата не се базираат само на доверување
Ми се има случено, знаам да исчезнам на едно 30-40 мин да не знаат каде сум и потоа повторно да се вратам, потоа сите да се прашуваат каде сум бил и што сум правел.Не практикувам многу да споделувам блискост со другари затоа што еден ден не знам можеби да се завртат против мене и да го искористат тоа, немам верба во денешниве другари пошто ме имаат многу пати изгорено, така да во љубовниот живот што си правам како си правам само јас си знам и никој друг и се обидувам така тоа да остане, а и не се лутат што сум таков што не споделувам информации, знаат шала да направат откако ќе се вратам по 30-40 мин бидејќи знаат за тоа време што сум правел .
Се согласувам потполно со тебе..и жалосно е тоа кога некој има предрасуди за друг зашо има пеги на лицето,разделени предни заби,лузна на лицето,говорна маана итд. Најиритантно е тоа што сите како 'демек' ја гледаат внатрешната убавина,карактерот,иако се знае дека потајно акцент сите ставаат на физички изглед(ќе се повторам,симнувам капа на исклучоците) Кога мечтаеме за некого со кого би биле среќни, секогаш мислиме на некого кој е совршен. Таа личност (во која сме заљубени) има и по некој недостаток,но тие недостатоци се небитни. Додека, кај други (во кои не сме заљубени) тоа се непремостливи недостатоци кои ни бодат очи.. Иако искрено,верувам дека и недостатоците и кај саканата личност..не дека не ни се приметни.. Никој не е совршен да,само во почетната заљубеност можеби тие недостатоци ќе ни бидат симпатични..но доколку врската потрае,мислам дека тие недостатоци на моменти ќе не нервираат. Ти благодарам за мислењето Како и да е..за жал..не постои веќе таа безусловна љубов..или пак е мн ретка..
Спојлер Сепак sadgirl21 јас велам дека сеуште можеби постои, никогаш не сум дигнал раце од љубовта само ме разочарале постапките од луѓето кои што размислуваат само за матријално, а не за она вистинското, но како и да е и тие еден ден ќе се опаметат и ќе сватат дека надворешниот изглед е променлив, она што вистински задржува сепак е љубовта, е сега додека да ги сретнеме тие вистинските вие девојките ќе се отепате од пречекување на коњи наместо принцови, а ние машките ќе се отепаме со тиквички чекајќи ја Пепелашка, тоа е живот шта чеш .
Се запознавме минатата недела со него а вчера ми призна дека полека се заљубувал во мене. Според мене јас мислам дека е прерано и дека се фолира иако се однесува прекрасно и те прави да се чувстуваш дека навистина е така понекогаш. Од друга страна на една девојка и направил изненадување за Valentine's а после 3 дена мене ми се пушташе.. Мислам дека се работи за женкар ама не сум сигурна..Help?