И да знаеш дека е фин дечко,затоа и пати,мада и јас не сум нешто поарен од него,но пред малку разговарав со него,и верувај ми многу му е криво,јас го тешам ајде има и други,но тој таа па таа,не ми е јасно зашто фините дечки ги откачуваат девојкиве? Во секој случај го ценам твоето мислење,поздрав и до тебе мила
незнам дали девојката едноставно не се интересира или оладила,но ако и покажува дека е загреан таа ќе се оттргне,како некое непишано правило е добрите дечки да бидат повредувани,а зошто...хм...којзнае! штом не сака да се откаже,пушти го ќе пати малку ќе страда но на крај ќе се помири иако тоа потешко оди кај фините дечки. или ќе види тој со свои очи дека таа и понатаму го отфрла и ќе се помири ,или ќе има ефект кај неа ако ја прави љубоморна,трето нема . сепак ти си му вистински другар,убаво од тебе што толку се грижиш за него,но не се соживувај со него,коментирај му други девојки белким некоја друга ќе успее да му го одвлече вниманието.уште еднаш поздрав Vитомир
Витомир, другарчето нека престане да биде добар дечко тогаш! Или барем да не биде тооолку добар. Нека најде поинтересни теми. Еве на пример, еден другар, кога оди на прв дејт чита секакви работи-од гледање на раце, до магии, до хороскопи, такви интересни нешта што може да ја заинтересираат девојката. Инаку во право е кравче дека е можно да била само фина. Јас сум за да другарчето проба уште еднаш, ама преку друг пристап, но сепак да не навалува ако уште еднаш го одбие бидејќи е многу веројатно дека ќе и стане досаден или одбивен. Нека се прошета со некоја друга де, да го види. Минарели истражи нешто за него, каква музика слуша, зборувајте за филмови што се актуелни, за спомени од детсвото, така најдобро се запознава личност, мислам.
Добро зашто упорно се дрецкате од земја со тој став дека ако некој тип е фино момче буквално иде на игнор ? Зашто не можете да го прифатите и тоа дека Ете едностгавно НЕМАЛО хемија. Тоа е тоа.
Ај дефинирајте ми: -Нонстоп машкото му намигнува на женското. -Ја мери одгоре до долу. -Ја вика пеперутка. -На другарките нејзини дека таја е најзабавната личност, фина, насмеана секогаш. -Секогаш ко ќе се поздравува, ја гушка ептен. Фала
Брат ми така еднаш праеше со една шо му се свиѓаше а се срамеше да и` пријде...абе не поминуваше ден без да ја чепне, да и рече нешто, да ја гушне/баци...
Не би се согласил дека е така, не се исплати да се биде фин дечко. Нешто е моја лична констатација, а нешто онака одам на хипотеза. Фин момак у принцип = досаден, лесен за дознавање било каква информација, иритира со неговата префинетост и желба да и удоволи на девојката, нема предизвик, монотон е итн. слични работи. Подобро е да биде bad guy (во одредена мера и во зависност од девојката), можеби ќе има поладен однос и ќе ја нема таа близина во почеток, ама девојката повеќе ќе копнее да го запознае и да дознае повеќе, едноставно да дознае зошто е “лошо“ момче. Иако женските навидум сакаат добри и фини момци, мислам дека реалноста покажува дека таквите се здодевни, а поголем предизвик им се лошите и нескротливи момци. Епа сега одлучете се што сакате.
Знам дека не сум машко, не сепак ќе напишам еден пример од моето училиште. Со мене учи едно девојче кое што има ете да речам еден вид на "маана". Девојчето има лузна на лицето и има говорна маана, многу добро девојче е, сите ја сакаме, сите се дружиме со неа. Баш е привлечна физички, што дека има лузна. Има и дечко, еве веќе одат 1 година и нешто. Значи тоа нема врска. Внатрешните особини се многу важни, а не лузната на лицето или таквите работи.
Здраво..едно прашање до машките на форумов : Зошто кога сте со другари или со братучеди не се однесувате толку љубезно со нас како кога сме сами?
Стварно и мене ме интересира мислење од друго машко зошто јас го прашав мојон и ми вика не е убаво пред друштво да изгледаш пи*колижач демек че се зафркавале со него и че го исмејувале ако изгледал заљубено пред нив! (машки ум- no comment) Друго мислење?
Така машките се однесуваат обично во тинејџерските години. Најчесто таквото однесување се должи на докажувањето пред другите кој е главен во врската. Машкото едноставно не сака да се доведе во ситуација поради присуството на женската, за него да се изгуби сликата која пред тоа си ја има создадено пред роднините, пријателите...
Во мојот случај не се работит за тинејџер хахах. ама и ак му се јавам ко ке е во друштво ми викат само ,,Еј,, а кога е сам стално ми кажвит убај зборчиња ,,срцуш,злато итн,,! ак ме сакат немат да се срамит то да го кажит пред сите или грешам?
Ах што ме терате вака во весела состојба да објаснувам... Прво да ви честитам 8ми Март , да не речите овој некултурниот ништо не му текнува... А во врска со прашањето ... Вистина е дека некогаш се занесуваме не можам да речам не ... но се зависи од човек до човек... Има различни типови на машки , и тоа занесувањето пред останатите не е секогаш исто ... Има типови што стварно сакаат да се докажат пред другите па тоа занесувањето на крај испаѓа омаловажување дури и повредување на девојката...Сега ке се занесува а дома кога ке сте заедно ке ќути како п*че .... Тоа е еден вид на машко што својата машкост знае да ја покажи само на таков начин ... што другарите сака да го замислуваат дека ТОЈ Е ГЛАВНИОТ ВО ВРСКАТА! Што ке каже тој така е , нема преправање.... Мислам дека ви е јасно дека некогаш како машки сакаме да го извадиме она она МАШКОТО од нас, демек чекај малку да се покажам пред друштвото... НО! , сето тоа зависи најмногу од тој што е со вас. Е пример да речиме ...еден опуштен дечко , секогаш насмеан ,знае да насмее девојка , да се чувствува пријатно со него , да ја покаже пред пријателите, да ја направи пред истите таа да се чувствува како да е единствена за него... се она што девојка посакува кога е со едно машко. Е ТАКОВ ДЕЧКО може да направи ЕМ девојката да не го добие тој впечаток "ОВОЈ МОЈОТ СЕ ЗАНЕСУВА ПРЕД ДРУГИ" , ем да остави впечаток дека е заљубен пред сите , но да не остави простор да го заебаваат како тој пред девојката се однесува фино , како тој е папучар , како девојката е главна .... Значи не знам колку можам да ви ја доловам сутуацијата , зашто тоа е нешто што можеш да го осетиш доколку имаш некој таков покрај тебе ... едноставно тоа е способност.... способност на дечкото да ја сврти ситуацијата во негова корист и нормално девојката да ја стави на исто рамниште со него , а останатите да не добијат впечаток дека тој е маченце пред незе .... Не знам како ке ме сфатите и дали ке ме разберете но ... секој различно успева да се покажи пред другите ... некој повешто а некој не .... Баш ме интересира дали некој нешто разбра хахахах ))))))
Ај и јас нешто да прашам Ме интересира, кога машките ќе запознаат девојка.. И ќе и мсе засвиѓа, и даваат секакви знаци, љубоморен е малце, сака да е со вас.. И туку од еден ден наеднаш исчезнува. Не се јавува и сл.. (немало ништо меѓу вас) .. Добро зошто цело време знаци, знаци.. а на крај.. се завршува.. Наеднаш? Малце е глупаво прашањево ама ми се случи тоа
Епа ти да трчаш по мене , а јас да се правам на будала будала будала ... мислам дека и ти ке си заминеш
Или со други зборови нашол друга жртва. Машкото како и женските се додворуваат на повекемина истовремено. Кога првиот ке прифати, за останатите извесен период се губи интерес, додека тоа трае. Значи ти самата не обвинувај се за ништо.
Здравоо Ми треба мислење од вас момците Бевме заедно неколку месеци,знаете матурски партнери ..после тоа,немавме мн комуникација,не се сеќавам ни од која причина престанавме да се гледаме..а демек бевме заљубени.. И сега,после скоро 3год патиштат повторно ни се вкрстуваат..почна интензивно пишување на фб,телефонски разговори..бевме на кафе,ии се смувавме И ми кажа дека сеуште му се свиѓам итн..јас немам некои особени чувства..инаку беше првото машко шо стварно ми се има допаднато..и сеуште ми е драг,мил(во фаза сум на забравање на некоја личност).. Прашањето ми е дали по толку поминато време,во случајов 3год може сеуште да постојат некои чувства?