нема причина да нема чувства ... тоа не значи дека не некоја љубов спрема тебе , но сепак онаа привлечност кон тебе му останала на дечкото ... ништо страшно ништо чудно
Ти благодарам за мислењето Инаку да прашам,дали би вредело нешто да се проба..сепак тогаш ги имавме и двајцата симптомите на заљубеност..или е тоа прочитана книга веќе,книга на која се знае крајот
ти уште не почната работава на пропаст ја осуди ... не мора да значи дека е прочитана книга ... хари потер знаеш колку делови има ?? ... Плус сега сте повозрасни ...
Имаш право,само песимистички сум настроена Практикувам давање на една шанса,ако од прва не биде..не гледам причина зашо од втора би успеало Иии уште едно прашање,колку вие момците ја поддржувате теоријата 'клин со клин се ваде',само во обратна улога,значи гледано од ваша страна за некоја девојка која..ја негува таа теорија
Што мислите вие машките за тепачка меѓу девојче и момче? Вчера едно девојче се тепаше со едно момче од нашиот клас и за среќа другите машки ја спречија тепачката при крај(касно беше веќе).Што мислите кој победи?Тоа е очигледно МАШКОТО!Јас а и сите други му рекоа дека машкото не треба да покажува сила на женското бидејќи се знае кој е посилен пол! Што мислите вие за ова,сте или не сте за тепачка со понежниот пол?
Те гледам 100 и кусур постови па не ми се верува дека измислуваш. Ако е вистина подобро да не ти кажам што навистина мислам за физичка сила со женско, мизерија и сељачење на послаб (ова дипломатски, недипломатски би рекол и полошо).
Zajkooo Sakam da te prasam vo vrska so edno mnogu ubvo masko koe mi se dopaga. Znaci toj e otiden vo italija se znaeme uste od prvo. 4 godini kako e otiden a nie nikakov kontakt - nezainteresiranost. I sega ovaa godina dojde za n.g i taka u zivo 2 pati se imavme videno, ama mojot najdobar drugar ( i negov isto) se bese javuval od mojot tel na nego i ovoj mi go zacival brojot i si pisuvavme poraki i razgovaravme po tel no ne kaza koga si odi. Pred da si odi 2 dena mi nemase pisano. I od togas si nemame kontakt. Drugr mi vika deka toj me saka i zatoa go snema ama jas ne znam sto e vistina. (inaku drugarmi cesto znae da pravi nekoj zaebancii na tugi smetki pa...) Zajko baram sovet od tebe
Не не лажам вистина беше!Иначе од аск дознав дека утре дента ќе се тепаат,нешто во врска со братучедка му (на машкото) сеа дане образложувам! Иначе после таа случка ми текна да прашам што вие машките мислите за тоа(тепање со женско) сепак фала на загубеното време со моето прашање!
Seriosly? Што има тука да се доведува до прашање дали машко треба да тепа женско? Никакво тепање не треба да има, ни меѓу машки. Крајно сељачко понашање. Се правел некој јак тип. А и девојката, штом преку аск се договарала да се тепа-арна е.
Добро,не ми се јасни машките... Му нудиш љубов,кога вели дека никоја не го сака а потоа кога ја има љубовта на рака ја отфрла... те занемарува...те игнорира? Во мене ли е грешката или во него? Што да се превзеде во тој случај... Знам дека му значев а што го натерало на ова однесување не знам... Го прашувам...зошто ме игнорираш... се прави луд и ми вели дека сум во грешка... Освен едно девојче и игри ништо друго не знае. Ме иритира.
После кога веќе еднаш ќе го добие тоа што го сака егото му е полно и нештото веќе не му е интересно. А може и да сака да врати, женското да трчи по него. Може си мисли е сега нема да ми бега.
Ке се обидам што појасно да го опишам мојот проблем . Има едно дете кое ми са свига но тој некако дали не приметува така ми се чини .И целта ми е некако да се запознајам со него. Тој се дружи со мојот школски а со тој сум во добри односи онака.на овојм мојтот школски братуцетка му (која исто ми е школска) сме онака пријателки и испагаме многупати заедно. Но проблемот е ако споманм на нив може дела општина да дознае дека го свигам ако испаднат работите лошо .. и поектата е како да направам да са збилжам со детето .Тој е 4-та а јас 3-та година гимназија.Велам дали да и споманам дека ми е испатичен само така одоколу ,, што велите .Бидејки таа знае да биде многу добра но понекогаш и многу лоша ( инаку да напоменам и дека таа така малку е познава со детето ,се имат на бош муабет ) ?
Сингл сум некое време веќе па сретнувам секакви будали да не речам читај различен профил на мажи. Забележав кај себеси во моето однесување со дечки дека сум отворена многу комуникативна и така искрена..не се правам кучка или п....како што скопскиот жаргон нели знае да каже. Нападна сум се запрашала дали некогаш сум, а ако за нападна се смета тоа што ако пикирам некој слободно можам да покажам дека ме интересира сметам дека не е нападно , па потоа да започнеш муабет размениш бројче и тн. Сеуште верувам во љубов и наивно се излажав неколку пати(сретнав зафатен кој плачеше врската дека не му одела па вложив надеж овде за моја среќа но потоа видов колку е саат и ајт штиклите палење и да ме нема), гледам сите функционираат на мување или на ван најт стенд или бар пробуваат без влакно на јазик ќе те запознае и поканува кај него дома и штознам.. Сакам да кажам состојбава не е црно бела во градов тешко е да сретнеш нормален профил на човек кој ќе ти земе број ќе покани на кафе ќе излезете еднаш двапати па боже мој ако не си одговарате тоа е...ова мој коментар или увертира... Ајде сега сакам да прашам за машко мислење видов некој кој ме интересираше се потрудив да го пронајдам кој е што е па се запознавме ми пријде и се почна да се одвива така по некој нормален ток.Неколку пати се видовме потоа почнавме и почесто да с еслушаме а јас бев тотално несериозна сосема коректна но несакав да започнувам ништо сериозно едноставно се зезав од икс причини. Немав намера да развијам чувства сакам да кажам така некако со таа умисла влегов. Почнавме почесто да контактираме и кога бељата настана, почнав да го мислам почесто и да ми с ејавуваат оние симптоми на заљубеност некоја. Можеби и се изменив пред него, сега незнам колку но откако го сретнав случајно со една девојка кога тој резервиран беше стонасто дадов на знаење дека сум љубоморна,(сето тоа време статус немаме регулуран) Почна топло ладно, сеуште ќе се јави ама поретко, ќе си пишеме...јас сум во незавидна ситуација се фатив на јадицата и сега се осеќам како потполно во негови раце да е топката...бедно..нема победно од недефиниран однос и од затресканост некоја, исчекување на повик или прашување што како...кога нема шанси да е толку кмомплицирано..Сега го нема неколку дена откако се видовме..значи мислам дека ги имам одговорите но сакам машко мислење да чујам, и дали можам да ја свртам работава во мој прилог..или толку е...мачката глушецот треба да се игра?или ме издегустирал и тоа е тоа да заборавам ,,,проклето едноставно е ама нервира ...поздрав
Спојлер lylaby вие веќе подолго време сте играле топло-ладно тој се разбира какви намери имал му се имаш допаѓано но поради тие игри на топло-ладно што си ги играла веќе му се здосадило и си рекол lylaby веројатно не е заинтересирана на начин како што сум јас заинтересиран за неа, затоа започнал да ги лади односите со тебе и да бара други девојки и да разговара со нив.Совет да можеш повторно да си ги обновите односите со тоа што ти ќе разговараш сериозно со него и ќе му кажеш што чуствуваш за него, седнете некаде на кафе повикај го и разговарајте.Откако ќе го слушне сето тоа има шанси да ти се врати повторно и да си имате среќна врска.Али затоа сега ти треба да стегнеш заби, да ја погазиш гордоста и да разговараш искрено со него.Види пробај на таков начин се надевам дека ти помогнав до некаде се најубаво .
Фала за советот и за мислењето ама искрено не би можела да направам таков муабет некако не чувствувам доволно простор а и круната од глава да си ја симнам неможам пошто како да се плашам од фидбекот, знам дека е незрело но последниот пат кога излеговме начнав некој тајков муабет кој го изнесов многу општо и многу индиректно но се си мислам како да ме сфати мислам тешко да не ме сфатил сепак три збора се но секој би сфатил мислам барем...му реков дека јас неможам да функционирам на гледање одвреме навреме дека многу околу него сакам да знам а не осеќам простор за да го прашам дека некогаш осеќам дека има ама..и потоа одлепив со едно прашање дали има девојка тој нешто се насмевна нешто промрља демек сега седел со девојка ете а инаку на темата бил малку несериозен....јас му реков да заборави на муабетот, значи само го начнав не бев нешто опширна и јасна морам да признаам и некако се осетив непријатно...можеби мојот настап на стартот беше погрешен но сосема природен се случува милион пати нели од почеток да не си со сериозни намери па потоа да прерасне во нешто по....овде каша попара с енаправи...го барав пред некој ден не го добив не се јави...сега едвај чекам некој да ми одговори девојко што не ти е јасно овде видете, го мислам често и егото малку ме боли ќе признаам,но се прашувам дали можам некако да ја преокренам работава...
Мислам дека си возрасна цура и дека овој пост повеќе ти беше онака да си се искажеш и да си олесниш на душата, но како и да е добро e што го сподели ова со нас. Јас како дечко на залез на адолесценцијата ќе ти кажам дека на твоја возраст и не треба да се игра многу топло-ладно. Мислам дека на таа возраст луѓето веќе знаат што сакаат во животот, животниот часовник си чука и ако некој некому се допаѓа треба да си го каже тоа. Не живееме вечно, зошто да комплицираме, let's keep love simple. Ако ти се свиѓа момакот за кој збориш, биди иницијатор, дружи се со него и види што ќе биде. Ако не покажува интерес, ќе мора да се помириш дека тоа е тоа и идеш даље. Јас не би играл така на негово место, јас сум отворен момак, или џа или бу кај мене нема лабаво. Сакаш - сакаш, нејќеш - нејќеш, на тој принцип одам, не молам никоја, ниту изигравам лудило да бидам молен од некоја пи... пардон девојка. Што да кажам, не се сите како мене, ниту можат да бидат.
И баш не оди сето така како што напишале во советите иако сум ни млад ни стар, има многу работи кои треба да се случат за некој да ти се допадне и плус денес се такви времиња мислам дека нема топло-ладно, или е веднаш едното или другото можеби некој се прави наивен дека нишо не знае ова она а ствари чека да виде низ муабет дали му одговара личноста од спротивната страна итн.
Do koga eden maz e spremen da laze za da legne nekoja, ima li toa lazenje granici ili se se kazuva, bez oset kako bi se pochuvstvuva drugata lichnost.. ? Izvinite za latinicava, nema na lap topov makedonska podrshka. Fala vi.
Јас ќе ти одговорам ... Баш деновиве се правеа машко - женски муабети. Се додека не го добие она што го бара. Мажите ова ќе ти кажат.