Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Епа јас би ти кажал каде би можел да биде проблемот од моја машка перспектива. Прво дечко ти очигледно потешко ги прифаќа таквите зезанции, па искрено и јас можеби би изигравал љутко во наредните 24 часа да слушам како некој друг се прави мангуп и се курчи дека ќе ја враќал девојка ми дома, има главата да му ја скршам на таквиот мочко. :D Но во ред е те разбирам сепак 17 години имаш и ок е да се шалите со такви работи, ама ако му сметаат на дечко ти немој повеќе. Веројатно е повредено егото на дечко ти, тоа е целата поента. Тој што рекол дека ќе те врати до дома пошто му е по пат, ваљда има кола, а дечко ти нема и се осетил инфериорно и разочарано. Не ги знам сите детали, па затоа претпоставувам. Мислам дека не е ништо страшно, типично тинејџерски работи се ова. :D Разговарај со дечко ти, убеди го дека тоа било само шега и труди се да бидеш помирна наредниот период додека да му помине лутината и горчината. Можеш да го компензираш со тоа што ќе се зближите повеќе и ќе имате секс. :D
     
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Хехе веројатно сака на дискретен начин да ти каже и ти да симнеш 4-5 килца и да бидете на исто рамниште. :) Тоа не би требало да те навредува, ама сепак... така ја сфаќам неговата иницијатива. Или можеби он е опседнат со симнување килажа и затоа ти го збори тоа. Најдобро ќе биде ти да процениш сама. Мислам дека твојот мувач (читај: иден дечко :D), ти мисли најдобро и затоа ти ги кажува тие совети, не дека сака на сила да те натера да ослабнеш. Здрава исхрана = подолг живот. Ајде пооптимистички малку, не верувам дека сака да ги испрати лоша порака.

    Мислам дека престрог совет даваш, затоа што има голема веројатност ништо од тоа да не е точно. Зашто да и се подбива тоа што ослабел? Секој сака неговиот партнер да изгледа што е можно поубаво фала богу. :) Точно дека ние самите сме си најважни на себе и треба да сме среќни, ама тоа не значи дека треба да јадеме и да се направиме 200кг. :rofl: Туку нема врска сево ова, безвезе “љубовен“ проблем. :P Си има “инструменти“ за кажување ако некој не ни се допаѓа, а тоа е: одалечување, одбегнување, правење на 3 ипол итн. :D Штом мувачот уште е со неа, значи нема лошо мислење во однос на нејзината тежина. Случајот е затворен, идеме со следен љубовен случај. :D
     
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Спремен е да лаже додека не ја легне, така што внимателно играј ако си во таква ситуација. :D Ние машките сме ептен “лоши“ :P, иако се си зависи од индивидуата. Повеќе да го цениш дечкото ако ти каже отворено дека сака да те легне отколку да ти прави филмови и да ти симнува ѕвезди, а во позадина да ја има истата цел, ете така да си знаеш. :!: :)

    Потврдено и заверено кај нотар со печат дека е така. :rofl:
     
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Yeaah, I'm on fire baby, редам постови на оваа тема како луд. :D Порака до модераторите/администраторите да не ми ги спојуваат постовите, пошто секој пост е индивидуална реплика.

    Ајде Пеликуна да го разгледаме твојот случај. :D Мислам дека отсекогаш било и ќе биде така, некое непишано правило е, страната што безрезервно нуди љубов и се нуди да биде љубена да страда од другата страна која се однесува ладно и незаинтересирано. Нема глобално решение за овој “проблем“ освен можеби поголема резервираност. Имам впечаток дека иако глумиме лудило дека сакаме лесна љубов, повеќето од нас сакаат да има поголем предизвик и потешкотија при освојување на другата страна. Некако не е интересно ако се е на тацна и само да го земеш, ми ја сфаќаш поентата нели? Кога имаме нешто не го цениме додека не го изгубиме, и ова може да биде случајот. Биди малку помистична, порезервирана, без разлика колку и да гориш и да сакаш да љубиш :), би можело да ти донесе поповолна позиција. Во краен случај, ако другата страна е тотално незаинтересирана и не покажува знаци на подобрување, можеби е најдобро да продолжиш понатаму или да примениш и ти политика на игнорирање затоа што во повеќето случаи пали. :) На сите ни годи кога некој/а трча по нас, а ние изиграваме богови, јбг такви животинчиња сме. :D
     
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    :D
    Одговорот е многу едноставен. Ниедно машко нејќе да покаже дека има мека страна пред друго машко, а и гејски звучи хаха. :D
     
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Еве Doctor LoveHouse (мислам дека ова би требало да ми биде вистинскиот ник :rofl:) ќе ти даде објаснување. Одговорот е во твојот пост. Со самото тоа што тие девојчиња се послободни во комуникацијата, машките ги перцепираат како посекси и повеќе им го креваат... адреналинот. :D Џабе ако некоја е лепотица од врвен ранг, ама е ептен резервирана, намуртена, се држи настрана и сл. Во таквите случаи обично машките се исплашени. :D Си викаат мора нешто да и фали на оваа чим е таква или гарант си има дечко, затоа што нема шанси ваква убавица да е сама. Значи, девојки ако сакате машкото повеќе да се заинтересира за вас и да му разбудите интерес во ноќните часови :rofl:, бидете подостапни во комуникацијата. Знам дека има такви кретени кои тоа ќе го злоупотребат, но со селективна игра ќе знаете пред кои машки да бидете опуштени.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Овие три поста можеше да ги напишеш во еден пост, со тоа што ќе го цитираш едниот па одговор, па цитираш втор, па одговор, па цитираш трет, па одговор, нема потреба од три поста во рок од половина час. Ти го знаеш ова, ама така ти одговара.
    Не знам што сакаш да постигнеш, повеќе постови ? Бидејќи прегледност може да се направи и со цитирање во едно мислење, а ако не знаеш како, прашај.

    p.s. аууу па ти дури шест последователни поста си имал :x , а да не беше мојот пост, ќе беа седум
     
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Коментар: глупоќа на квадрат и кукавичлкук комбинирано со неузреаност помножено со емоционална нестабилност и на сето тоа додади детски памет и размислување. :rofl: :rofl:

    Ако некој има совршена девојка и ја откачува само затоа што се плаши дека ќе се заљуби во неа е кретен од светска класа. :D
     
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    :wasntme:

    Се знам како што треба, ама лимитиран сум на 10 смајлиња во еден пост, проблем што уште не е решен на фемина од памтивек, а да имаше неограничен број на смајлиња, ќе направев најдолг пост во историјата на форумот. :) Вака е така како што е.
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Во недостиг на смајли што се крсти, ќе се изразам вака [​IMG]
    и ќе ги замолам одговорните, да го средат ова а потоа нека ме бришат овде.
     
  11. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    :rofl:
    Нека средат све како што треба, може да ги избришат овие постови меѓу мене и тебе, ама нека ми ги остават одговорите кои што сум ги постирал, затоа што можеби ќе помогнам на одредени цури да си го решат проблемот. :D Твојата сугестија е ок и немам забелешка, ама ти реков зашто се одлучив 1 љубовен проблем = 1 пост. :* :D
     
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Ајде уште овој случај ќе го дискутирам и одам на пауза доволно е, и јас сум човек. :) Пазете што ќе зборам, затоа што ова е генерален случај и се случува доста често. Лажење меѓу партнерите е нешто секојдневно, а треба да биде спротивно. Во ред е ако станува за ситни лаги кои немаат никакво влијание врз животот, ама во случајов забележувам лага од покрупен размер, ама нема ништо да шпекулирам, немам доказ ниту сигурност. Дефинитивно нешто имало во тоа отсуство, дали стварно отишол да купи цигари, дали да се види со друга или сл. имало некоја баналност и сакал да ја скрие. Битниот момент е реагирањето како налудничав и кршењето на мобилниот телефон. Од каде таква агресивност? Од чувството на вина, многу јасно. :) Кога сме соочени со вистината која не ни се допаѓа, често знаеме да бидеме бесни и агресивни, што мислам дека е случај тука. Цурата не ја излажале инстинктите и тргнала во потрага по вистината, додека дечкото којзнае каде бил, само за негова среќа се вратил на време дома и не можел да биде директно соочен дека лаже за тоа каде е. Каква кретенчина, скршил телефон... па на тој начин ли ќе докажува дека го “боли“ (а нема врска) тоа што девојката не му верува. Јас во таа ситуација ако знам дека сум во право би изреагирал најсмирено и со насмевка на лицето би го дал мобилниот на девојка ми за проверка и ќе уживам додека таа ја стекнува мојата доверба, а и јас нејзината исто така. Бесот, нервозата, агресивноста, нападот, ако регистрирате такви елементи кога вашиот партнер треба да се соочи со некое незгодно прашање или е дојден тест за (не)верноста :D, знајте дека нешто не е 100% во ред. Не мора одма да мислите на најлошото и дека ве изневерил, ама такви реакции за мене не се како што треба. Во таков случај најдобро е внимателно да се следи потегот на момакот/цурата и да се донесува разумна одлука, а не базирана на моментално чувство или да дозволите бесот да се пренесе врз вас. This is life, shit happens. :) Како и да е, секогаш донесувајте одлуки со ладна глава, откако ќе помине жестоката караница и ќе има кршење на мобилни, огледала, чинии, чаши и др. предмети што ќе ви се најдат при рака. :D
     
  13. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    За тоа што имав пишено дека школски многу добар другар ми призна дека ме сакал зборував со него и изгледаше повреден се договроивне се да остане меѓу нас и да не се смени односот него да биде како секогаш, ама ме игнорира сега тој и мене малце тешко ми е од една страна и го разбирам ама јас само сакав да си останеме пријатели...
    И сега како да се понашам исто или и јас да си се тргнам на страна? :)
     
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Тогаш направете молчењето да вреди. Make love, не ви требаат зборови за тоа. :D Абе дечкото или ти да не си одржувате часови по молчење? :D Се надевам типот не е некое муле да не знае да сврзе 2-3 муабета. :lol: Инаку не гледам зашто би имало молк меѓу дечко и девојка, без разлика дали се другари или пар. Мислам дека женските не сакаат многу ќутливи типови затоа што мутаво делуваат со молкот. Action is required, а после ќе уследи и соодветна реакција. :lol:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    374
    Од кај да почнам :( Идам со дечко ми околу 8 месеци али врскава ну оди како да се знаеме со години...Опуштени до даска, многу емоции, совршен секс, разбирање... Е сеа дечко ми е комплициран тип, мислам, не е како другите. Нејке вообичаени работи, нејке да излегува за да биде виден, не слуша комерцијална музика што не зближува уште повеќе за среќа :) Зборувавме пред некое време за нашите бивши и ми откри дека никогаш немал самодоверба за девојки за разлика од други работи за кои што самодовербата не му е проблем. И јас, жена како жена морав да испитам уше нешо. Ми кажа дека имал една сериозна и една врска шо не се знае дали може да се нарече врска, ми рече дека легнал со околу 7 девојки пред мене и дека мн ретко пристапувал кон девојки дека се има горено, не ни очекувал дека ќе заврши со мене ради тој проблем со самодовербата. Е сеа пред неколку дена фб-то му беше оставено и јас бидејќи сум јас отворив чатот со нејзе (НЕГОВА БИВША). Значи имаше конверзации кратки од по неколку збора во рок на 2 години као еј шо праиш шо има (ваљда тогаш не се глеале), и наеднаш пред помалку од една година сите тројца бевме во еден кафич и бам! Дечко ми и пишал да идат на дејт као, еј, има шанси да идеме на дејт? Ова ептен вака гром од ведро небо али ај.. и на крај ТЕ САКАМ, а она го одбила со тоа шо му пишала ако сакаш да се дружиме океј, ти реков дека не сум за дејтови последниве 2 3 години.........умрев...............тука завршува нивната комуникација. после 2 месеца биле заедно во една вила (имаат заеднички френдови) и бам, дечко ми пак и пишал, као еј шо праиш, шо активности имаш, бла бла. (значи по моја претпоставка тој и пишал затоа што ја видел претходниот ден..) и наредните 10 тина дена пишува со нејзе ама познавајќи го него приметував дека сакал пак да се пушти. Е СЕА ОНА ШО МЕНЕ МЕ МАЧИ Е ДОДЕКА ТОЈ ПИШУВАЛ ОВА СО НЕЈЗЕ ПИШУВАШЕ И СО МЕНЕ И ЈАС ДО ОВОЈ МОМЕНТ БЕВ 100% СИГУРНА ДЕКА ТОЈ БИЛ ЦЕЛО ВРЕМЕ ЗАИНТЕРЕСИРАН САМО ЗА МЕНЕ И ДЕКА ЗА МЕНЕ СЕ УКЛУЧУВА НА ФБ (затоа шо мн малце седи) И ПОСЛЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ОД НИВНАТА ПОСЛЕДНА КОНВЕРЗАЦИЈА НИЕ ПОЧНАВМЕ ДА СЕ ГЛЕДАМЕ. Ама ме мачи шо он флертувал со неа пред да биде со мене и и се избацил после 2 години со као ај да идеме на дејт те сакам., Таа е постара од мене, немав појма дека му е бивша, девојката е преубава, плус сите другари негови ја знаат и дружат со неа, забавна, интелегентна, прошетана, ептен е топ. И цел викенд се тресев ред него неможев да му кажам ти го отворив чатот и знам дека веќе не комуницирате АМА таа девојка дали си ја преболел и дали се сечеш секогаш кога ќе ја видиш не знам... (плус таа има слики 2 со него од 2010 не тргнати) :(
    ми треба совет, дали да му признаам шо ме мачи ама па неможам никако да му признаам дека го отворив неговиот чат, ама па таа ме опседнува не сум јас бидејќи мн го сакам и мн ми е тешко не знам дали е во ред да се лутам, дечки ај кажете како да изреагирам, и дали машко стварно може да се ОДЗАЉУБИ од девојка за 3 месеци....??????????????? ХЕЛЛЛЛПППППППППП :( :( :( :(
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    мислам дека немаш право да се лутиш,тогаш кога сте се допишувале требало тој да ти каже дека се двоуми,сега е доцна за тој муабет,подобро не му спомнувај ништо.ако не ја преболел сеуште ќе и пишува ,но како и да е,таа го одбила и неверувам дека пак може да се случи нешто помеѓу нив.проблемот е што неговото друштво ја дружи,па можеби затоа тој не сака да ве видат заедно во јавност,таа да не дознае.
    најдобро е да ја испиташ цела ситуација следи го што пишува на чат и ако откриеш нешто сомнително убаво прашај го што чувствува кон неа.
    за жал испаѓа дека ти си му била втора опција утешна премија после неа :!:
     
  17. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    374

    таа знае дека одиме, мислам, имаме статус на фб и видов дека него не му е скриен него му е паблик, сите можат да го видат тоа. Е сеа тој не се двоумел али ме кочи шо ми велеше дека немал ништо со никоја и не планриал ни да има пред мене, затоа шо по муабетот не излегува така...на фб знам дека не пишуваат , али ме мачи помислата шо ако еден ден свати дека на пример, ете е заљубен во неа??? Таа не има видено заедно и се, само шо јас сега дознав дека му е бивша и оти он пробал пак со неа, а јас за ништо ова не знаев, и си помислив дека има причина шо го скрил ова...момци ?? :(

    п.с дали ќе биде лошо ако по неколку дена му кажам дека сум го видела чатот или да си премолчам воопшто за ова..ми треба мислење на 5 памеета сум :(((((((((((((
     
  18. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241

    Шаја, сум била донекаде во иста ситуација, дури и полоша, ти не си сигурна, а јас знаев дека тој се` уште ја нема преболено бившата...кога сфатив на почетокот многу се разочарав...ама пред него се правев као немам појма, се е нормално...после недела-две и дооолги внатрешни дилеми си се убадив самата себеси дека јас сум си најбитна и дека ако ја сака, нека ја сака, јас ќе си терам со него до почеток на летото (беше март месец коа почнавме ама дека и двајцата студенти од страна во скопје, летото, крај на јуни си идеме по дома), нема да го сфаќам здраво за готово, ќе го гледам повеќе како мување (иако го сакав и тоа многу) и летото коа ќе се разделиме толку ќе биде...само еден спомен. И така бидна, си терав така, нему не му кажав ништо, си се однесував природно со него, си бев вистинската јас...дојде летото, се разделивме, секој по дома...се` уште беше очигледно дека ја сака нејзе, си отидов и си реков епа иам 3 месеци, ќе помине....не го барав, не му пишував. ништо...и оп, после месец дена малиот почна да ми врти, да ме нарекува девојка (а претходно ја избегаваше таа тема на муабет), па ако одам охрид да му кажам кога и тој ќе дојде да ме види, па едно друго...и во септември кога се вративме продолживме како вистински заљубен пар :D Го знаев значи, го знам се` уште, веднаш се примеќаше разликата, сега мене ме гледаше со тој поглед што беше наменет за неа, истата приказна имаа заедничко друштво, типката беше преубава, паметна и се по ред...и течеше времето, кога веќе се беше стабилно (после неколку години) ја отворив таа тема, си призна и тој, го прашав како уствари се се случило..ми кажа дека стварно ја сакал бившата, мене ме гледал како занимација (нели бевме договорени се муваме)..ама дома некако сфатил дека му фалам, му фали мојата поддршка, муабетите, разбирањето, смеата...имал прилика тоа лето 2-3 пати да с енајде во друштво со фамозната бивша и вели ништо не потскокна во мене, сфатив дека веќе си го зазела нејзиното место и тоа неосетно...

    Знам дека вие сте во врска веќе 8 месеци, велиш дека ви е супер, не разбрав баш дали тој се` уште комуницира со неа (т.е. и` се пушта) за време на овие 8 месеци...ако одговорот е не, би те советувала да не му кажеш и да си тераш штом ти е убаво, постепено со тек на време работите ќе си дојдат на место..САМО, имај доза на резерва, биди си подготвена на некој начин, стави си некоја граница, не се приврзувај толку....расчисти си дека си со него дур те третира добро (кој мутав збор ова третира) и дур ти е убаво и забавно...ако дојде крај јбг, животот продолжува, не е ни прв ни последен, ти било убаво и крај. Кога и ако се осигураш дека бившата е минато (а верувај тоа одма ќе го осетиш), тогаш опушти се. Дотогаш отвори очи и уживај, побогу млада си, времето е пред тебе, сфати ја врскава као некој вид убава забава, добар спомен....

    Јас барем така направив, се` се сврте во моја полза..тоа се случуваше летото 2007...еве ден денешен се` уште неможам да се откачам од типот :D

    :*
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    !Кандидат/и од машки пол да ми пишат ЛП да прашам за совет нешто?
    Не сакам да го пишувам во јавност прашањето, па ако има некој кој ќе сака да оддели време за да ми помогне(да го позамарам малку) слободно нека ми пише ЛП.
    Чекам :call:
     
  20. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    Да ја цитирам Лукс, не сум креативна вечерва во барање на услуга, ако има некој од фазла време од вас мажите, нека ми пиши порака, однапред многу благодарна Мистериознава.