Форумџика на годината

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    ona sto bili veke pominalo i nema potreba da se navrakas vo minatoto.... najdobro e da ne ni odis nitu spustas na negovo nivo... ignoriraj go kako da ne postoi ...
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    инаку раскинавме пред 2-3 години,пишував во друга тема за ова,а инаку многу пати сакаше да се сретне со мене и ми велеше да му пишам кога ке можам а јас никогаш не му пишав и он упорно се тоа па тоа и еден период си помислив се откажал и пред неколку дена се сретнавме во диско и па исто ама џабе му е му реков оти јас кога го сакав и кога одевме он со други се замараше ама веке немам никакви чувства за него и така
     
  3. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    само цврсто,мавни му рецка не му ни зборувај ќе видиш како ќе го заболи :D терај си напред таков не ти треба :)
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ooo комплекси неизлечиви ...
    Никој не ви е крив ако незнаете како да се псотавите спрема една девојка. Не е само да си фин и лош ... Најди бе баланс, видите што ја интересира типката заинтересирајте се и вие...
     
  5. Hummingbird

    Hummingbird Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Најпрво, добро ве најдов. Мислам дека форумов ви е чиста 5ка.
    Ве читам од поодамна ама ете, маката ме натера сега да се зачленам.

    Значи, ќе почнам од она што се случи пред три месеци.
    Бев излезена со другарка, сабота навечер, во бар. Ми пријде еден дечко со апсурдно прашање "каква слика ми се ствара во глава кога ќе помислам на пуканка". (другар му одпосле на другарката кажал дека го искористил муабетот намерно за да не гибне). Не ми се допадна на прв поглед и буквално сакав да ми се откачи. Пробав на некој начин да ја вмешам и другарката во муабетот ама типот не покажуваше никаков интерес спрема неа. И не знам во кој момент, се замуабетивме.
    Ми кажуваше за тоа како студирал во Скопје, и имал изгубено една година. Како желба од секогаш имал да си купи црвена кошула, па се зезавме за нијансата. Ми поставуваше прашања како "која ти е омилена боја, што музика слушаш". И буквално се смешкаше на се што ќе кажам.
    Ми даде неколку комплименти за насмевката, и дека ако ме имал видено претходно сигурно ќе ме памтел. По некое време излегов надвор и кога се вратив назад, не се залепив до него оти нејќев да бидам нападна. За целото тоа време тој гледаше во мене, и на крај пак дојде, прво демек ме допре до рамото да поминал оти ќе одел надвор да пуши ама продолживме да правиме муабет.
    Му реков дека ако сака да ја остави цигарата, треба да си најде женска што ќе и сметаат цигарите. (претходно му кажав дека не пушам) и тој на тоа рече демек: а што ќе биде ако ја фатам а не ги оставам цигарите? што повторно јас го сетив како флерт.
    Како и да е морав да си заминам, и си заминав без збогум.

    Е сега иде главниот дел. Не спомнав дека има специфична професија.
    Како и да е, другарка ми имаше некакви болки вчера и и требаше лекарска помош. Прво муабетот беше на мајтап, ај ќе одиме кај него. И од шала, вчера се најдов пред неговата ординација.
    Срцето ми лупаше стотка.
    Влеговме, тој не чекаше во ходникот ( претходно другарка ми се јави телефонски да закаже преглед) и кога ме здогледа се насмеа ама ништо не рече. Не реков ни јас.
    Влеговме во канцеларија, другарка ми седна да ја прегледа а јас си стоев на страна. Почна да ја прашува од кога се појавила болката, и такви работи па кога заврши со сето тоа јас искористив прилика и го гибнав обраќајќи и се на другарка ми: Од каде најдовме ваков лекар, мора некој да ти го има препорачано. И тој се врти накај мене и вели: ама знам јас дека ние се познаваме. И пак беше насмеан ама не знам како стигнавме до тоа да каже дека не ми го памтел името.
    Да, не ми го памтел името. Јас заќутев оти едноставно не осетив повеќе потреба да кажам нешто друго. Ваљда и него му падна незгодно па заќуте и тој. Никој не рече ни збор се додека прегледот не заврши.
    Ме погледна и како да сакаше да каже нешто ама јас ја завртев главата на другата страна.
    Другарка ми тргна да наплаќа а во исто време тој и закажува термин да дојде пак после еден месец и јас пак ја гибнав во стил ако не му текне на името мое, ќе одиме кај друг. :D Нормално шала. И тој се сврте и вели - ама јас ти реков дека не сум добар со имиња а и посекако ќе мора да дојдете пак за да ја прегледам уште еднаш. И пак се насмеа. Дообро му велам и тргнавме да си одиме. Чао-чао и таман тргнавме се враќа назад и ми вели - ама ти пак не ми го кажа името :D Му велам, не ти го кажувам, ти рече ќе ме памтиш. И тој вели - ама јас те памтам тебе, знам од кој град си. Знам и таа вечер каде се запознавме и дека праевме муабет цела вечер. Ти се извинив и ќе ти се извинам пак ама стварно не ми оди со имиња. Му велам добро, ако се видиме некогаш пак можеби и ќе го дознаеш. 8) :D И си заминавме.

    Јас сум сто посто сигурна дека овој викенд ќе го видам. Мислите дека ќе ми пријде?
    Дали му се допаѓам?
    Можеби не сакаше да испадне нападен, дека сепак се наоѓавме на негово работно место.
    Другарка ми вели дека дур ја прегледувал нон стоп рацете му се треселе :D и едно време му падна нешто на подот. :D
    Ама сепак мислам дека тоа на крајот што се врати да ме праша за името беше од чиста култура. Ми делува буквално незаинтересиран ама сепак јас сум доволно заинтересирана да барам второ мислење макар и на форум макар и што го пишувам ова 15 минути.

    Се извинувам што е толку долго. :$
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Како бе ти делува буквално незаинтересиран? :o :D
    Кога почнав да читам имав впечаток дека е некој женкар. Но, се премислив. Мислам дека дефинитивно те свиѓа! Штом не сакал да прави муабет со другарката, валјда го има нештото...
    Да се надеваме дека ќе дознаеш наредниот викенд. :wasntme:
     
    На Hummingbird му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maca1554

    maca1554 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пак јас со мојте љубовни проблеми :tmi:
    Во летото бев со едно дете,бевме во врска само 5 дена :!:
    После тоа пак се имавме смувано уште еднаш.Причина заради нашето раскинување беше тоа што тој не сакаше да знат сите,добро и јас не сакав да знат сите ама јас несакав да знат поради тоа што ќе ни се мешаа,а тој не сакаше да знат заради неговите другари.Да,заради неговите другари,затоа што тие на некој начин не ме сакаа баш и беа против мене.НЕго секако му зборуваа за мене а и знам дека уште му зборуваат.И после сето тоа се одалечивме скроз,а јас сеуште имав и имам чувства за него.После некое време јас му пишав порака него дека уште го сакам.Ама од ко му ја пишав пораката мис е расипа телефонот и неможев да видам што ми имаше вратено тој. :worried:
    Па затоа еден мој другар го праша и тој му рекол дека ми вратил само мрш и му рекол дали ------ (името на едно дете) ми го дал ливчето другар ми му рекол дека не.А да мене не ми дадојаа никакво ливче.Без разлика што и да ми имаше вратено на пораката знам дека на таа негоа одлука има придонес неговиот најдобар другар кои исто така ме мрази затоа што јас го имав сакано него но нема врска сега тоа.А сигурна сум дека има тој вмешано прсти затоа што бившиот мој секогаш пред да напрај нешто го пражва другар му.И пред да се фатиме тој го праша другар му кој нормално му рече не,но овај се фате со мене затоа што само тој од друштвото се немаше смувано.Сега проблемот е што јас уште го сакам а незнам што чивствува тој.Затоа што цело време ме погледнува,секогаш ни се среќаваат погледите,често пати сме во близина и слично..Некој совет како да го освојам пак?Само немојте да ми речите да одам и да зборувам со него. :wasntme:
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    |(
    Озбилно ти 27?
    Мацо, штом не смее да прдне без да ги праша другарите - не е вреден. Убаво ќе го тресне тоа што не се осмелува да размислува со своја глава.

    5 дена врска и го сакаш? :o Ќе ти помине. Те гледа - нека те гледа, продолжи си напред.
    Речи и ти мрш де. :wasntme:
     
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Нема што ти да расправаш комплекси/не комплекси кога вистината си е таа. Повеќето, грото од девојките се бајчиња и повеќе ги сакаат the bad guys, тие што повеќе галамат, се чаламат, се со цел да дојдат до израз. Не ми кажувај ти на мене приказни, долго сум јас во овој “бизнис“. :) Ако си стоиш на страна како пасивен воајер, нормално дека ништо не се случува, без разлика колку и да си перфектен. Цурите се такви ретко приоѓаат во наши краишта, чекаат некој да ги моли и да им симнува ѕвезди. :D По default, не значи дека тој што крева врева е bad boy, ама полесно паѓа во очите на девојката и и го “затреперува“ срцето. :D
    Баланс секако си е битен се согласувам околу тоа, јас ова што го кажав не го реков за сите машки и женски, направив малку поголема генерализација. ;) Затоа дојдов до констатација дека не се исплатува да бидеш добар дечко, да си седиш во место, да си бркаш своја работа, да изиграваш примерен и совесен граѓанин хаха затоа што тогаш никој не те ферма 2%. Биди малку бељаџија, кревај врева и прашина, секоја девојка ќе те знае и ќе копнее по тебе и ќе бидеш познат како “лошото“ момче. :lol: Демантирај ме ако имаш докази дека не е така. Можеби ова го зборев за тинејџери повеќе, за типови и типки како мене и тебе над 22-23 год.+ ваквите работи не играат многу улога, на повеќето девојки им доаѓа памет и си сакаат фини, добри и средени момци со јасна визија за животот, образовани, по можност со работа или веќе да се во фаза на вработување итн. да не забегувам премногу. :rofl:
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723

    Too long didn't read, just for the record. :D

    Немаш 27 години како што ти пишува на профилот, затоа што предетски ситуации се ова. ;) Ако на едно машко друштвото му забранува или се противи да се гледа со некоја цура, јас во таква ситуација сите би ги превоспитал со една заушка и бокс за крај на другарството. ;) Такви “другари“ no thanks. Има многу причини зошто така би постапувало едно машко друштво, а главна причина е љубомората и зошто тој да има девојка и да е*е, а ние да седиме со .!. во раце. :D Ако се сакате бидете заедно, зар ќе дозволите трети лица да ви ја растурат врската? Љубов меѓу двајца треба да е посилна од ова и заеднички да ги елиминира сите надворешни фактори кои сакаат да ја растурат врската.

    Што се однесува до болдот, подоцна го забележав и секако дека има врска. Тоа е можеби главниот фактор зашто тој другар ја наговорува твојата симпатија :D да не влезе во врска со тебе.

    Не знам што да ти кажам, прави што ќе правиш, ако се сакате и двајцата ризикувајте и бидете во врска. Впрочем за себе живееш или за другите? Истото прашање и за него. Ајде деца не се плашете. :)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hummingbird

    Hummingbird Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    ^ Не си фер. :!:
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Во ред ќе го разгледам и твојот случај и ќе дадам судска одлука. :D Само ќе ми треба малку повеќе време, секако добиваш одговор хехе. ;)
     
    На Hummingbird му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Јас го прочитав. Многу интересно. Само не го сфатив делот со другарот, пред да се запознаете не си знаела а сега знаеш дека било за зезанција... Незнам баш како беше поточно. Како и да е, ептен филмски ми е сево ова :D
    Ма ми мириса мене дури и преку екранот на нешто убаво. А рацете ако му се треселе, сигурно ми се свиѓаш. А мислам дека и тој тебе по малку. Има хемија, штом од прва цела вечер сте збореле. Ќе биде работата, само немој да бидеш ептен дигната и да се вртиш како што си направила во ординацијата. Може по малку,само да не биде претерано. Ма знам дека ќе биде нешто, нешто од внатре така ми вика. Барем според прочитаното, а убаво имаш објаснето. Со среќа срцка, гледам дека малку си му фрлила окце, а и тој тебе :D
     
    На Hummingbird му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Ајде еден совет од машка страна... на дечко ми му е роденден , сакам да му земам нешто колекција од нивеа нешто .. ваш предлог, инаку плус имам вечера е сега сакам уште нешто :)
     
  15. Hummingbird

    Hummingbird Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Херр, вечерта кога се запознав со него, се запознавме и со неговиот другар. Другарот и правеше друштво на мојата другарка надвор со цигарата дур јас вртев муабети со овој.

    Него, сакав да кажам.. не е воопшто спорно она што се случи во барот туку тоа што не ми го памтеше името.
    Имам мозок до толку да спојам 2 и 2. Ако му се допаѓаш на машко нема да ти го заборави името, ама (секогаш има ама) поминаа 3 месеци од тогаш.. + еве, ми вели дека ги памти сите други детали.
     
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    12masima направи му ориз со батачиња или купи му чоколада.

    Добро де, направи една ваша заедничка слика, стави ја во рамка и дај му ја. Мислам дека подобро ќе биде тоа отколку една колекција. :)
     
  17. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29

    даа направив и таква слика гравирана е , ама сакав уште нешто :)
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па со оглед дека си ми генерација , малку ми падна чудно ова што го пишуваш . Таквиот пристап во смисла кој момак е најгласен пали да ама кај девојчиња од средно , добро може такви и бркаш , тренд е сега :lol: Тоа bad boy ставот е интересно кога си тинејџер , кој дечко е најгласен и најнемирен на школо . А со таков пристап на возрасна девојка ќе и изгледаш во најмала рака несигурен .. А и никот многу зборува за тебе ;)
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Хммммммммммммммм, Јас и на мои години сум bad bad boy. Trust me, тоа нема врска со возраста.
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ајде дефинирајте ми го тоа bad boy , јас го сваќам како момци кои запаѓаат во невољи бунтовни се , галамт а всушност се несозреани . Не знам која возрасна личност се пали на ова . Јас пак мислам дека созреани девојки бараат возрасни мажи не лоши момчиња . ;)