Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Секогаш кога ќе му се приближам ме фаќа една општа паника на правење глупости. И нормално се избламирувам. :D
    Можам да давам знаци само на оние кои ми се симпатични а не ѓи сакам. Ама на него.. обавезно се бламирам. :!: И поради тоа сум приморана да му вртам грб и да го игнорирам и да вртам со очи :?:

    Требаше да се насмеам вака :) а испадна линеарно вака :|
    И овој реагираше вака :^)
    И ја незнам одма усвет фатив. :D

    И забораив да кажам. Едно дете погрешно свати. Се смеевме нешто со другарками и погледнав накај него и тој одма помисли дека го свиѓам. :x
    И одма сега срциња на ѕид ми пишувал и нон-стоп отпочнува разговор а мене добро ми се свиѓа ама сакаам друг..

    И баш имам проблем со самодовербата а тоа дете некако ме охрабрува. Ама не е во ред што јас не го сакам, а си правам муабет онака обично другарски, а тој друго мисли. :worried:

    Се осеќам крајно глупо :drunk:
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Пинк ...

    Сигурна сум дека не го сакаш и тој што мислиш дека го сакаш.
    За сакање треба многу. Треба и да го познаваш и се по ред. Можеби тој само повеќе го свиѓаш и психички затоа што така си мислиш во моментот те фаќа паника. едноставно пробај да се олабавиш да си бидеш повеќе ти и да не примети дека ептен се срамиш. Пиши му некогаш прва. И ако ти се свиѓа и тој што си пишувате па нема ништо страшно ... Само ако не сакаш ништо со него ке му ставиш до знаење како го гледаш и тоа е што е. Се ке се среди. Сега горе главата и утре во поход :D
     
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Доколку е некој „паметен“ и ги забележува тие реакции, може веќе и да знае дека нешто осеќаш за него. На многу машки и им ласкаат таквите реакции, па од кај знаеш, доколку и тој има некој интерес кон тебе, тоа може само да го охрабри уште повеќе. Се случуваат де, нема што да се лутиш на себеси. :)

    Твое е да му кажеш отворено дека погрешно те сфатил. И толку, тука завршува твојата улога, доколку не сакаш дополнително да се компликуваат проблемите. Знам дека ти годи тоа што ти влева самодоверба и те охрабрува, но тоа за тебе е само игра, а од друга страна не заборавај дека со тоа можеш само и него да го охрабруваш да продолжи со исто, па и поинтензивно темпо. Зборувајте, расчисти со него и сконцентрирај се на новото либе што ти е на повидок.
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Невозможно е на 14 години машкото да ги протолкува нејзините знаци :D Можно е само грешно да ја сфати :rofl: Имам толкаво магаренце дома понекогаш е цел во збунка заради жените :D
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Но од друга страна, преку моите братучед(к)и, можам да гарантирам дека младинава некогаш знае да е и многу понапредна отколку што мислиме...
    Сепак, не бев свесен за возраста, така што можам да кажам дека она што го пишав зависи стриктно од тоа за каков дечко се работи. :)
     
    На pink4ever и teddybear им се допаѓа ова.
  6. kate-simpati4na

    kate-simpati4na Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    мало прашање??
    дали машко може да се заљуби у девојка без претходно да се муваат или фатат ?
     
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Мал одговор, секако дека може. =)
     
  8. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    хмм еве едно прашање од мене кое е малку глупо и ако можете одговорете ми ако не не мора:)
    дали секое машко кога мора да бира помеѓу една нормална девојка која е паметна и убава , не се облекува толку разголено, не се глупира, не искача по кафичи на штикли и слично помеѓу девојка која носи тоншминка, оди на штикли, се занесува, секогаш ги покажува нејзините гради и ги трти нејзниот задник? и зошто е тоа така? :^)
    (зборувам исклучиво за машки од 14 до 17 години).
    фала однапред и извинете ако е глупо прашањево ама многу ме интересира:)
     
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    машки од 14-17 години 99% од времето ќе изберат девојка со шминка зашто толку и сече мозокот....Во тие години не размислуваат за компатибилен партнер итн итн итн....додека како што созреваат повеќе почнуваат да се владеат според интелектот ;)
     
    На IndieGirl и PortmaN им се допаѓа ова.
  10. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    pink:

    вака....јас мислам дека најдобро прво ќе е ти да процениш што сакаш......и со кој сакаш да си......штом го имаш тој дел решено, после мислам дека ќе ти е послесно зашто ќе знаеш што сакаш, ќе си ја знаеш целта.....а ти сега на еден начин седеш на две столчиња и незнаеш што да правиш....значи одлучи се за еден.....ако сакаш да си со тој што си нервозна пред него, пробај таму....ако сакаш да си со другиов, префрли се и насичи си ја енергијата таму и дај му шанса на дечкото....али најважно од се моментално е ти да се средиш да знаеш што сакаш и да се стабилизираш психички, во смисла малце посамоуверена ;)

    гуд лак
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sramezliv

    Sramezliv Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Претпоставувам си девојка која не е од тиа 2те што ги наброја.....
    Во прашање се вкусови не може конкретен одговор за ова а еве од мене како машко јас секогаш преферирам нормална девојка БЕЗ ШМИНКА сакам да е природна и пристојна да не се однесува како дроља.
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PIPI-83

    PIPI-83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Баш би ми значеле вашите мислења,но искрено не верувам дека има позитивно решение мојава ситуација! Епа вака:....заедно сме полни 9 години со постојани успони и падови...он има 32,а јас 27 год...(чудно али вистинито...)Цели 9 години се убедуваме кој кого сака повејке...,но закључивме дека сме се сакале во различно време.ТОЈ во мејѓу време имаше врски (во тој период јас му бев мувачица...која постојано излагаше со него,а женската ја чуваше дома...домајќинка)после секое раскинување јас му бев на лагер...а морам да кажам дека и јас имав некои романси,но со краток рок на траење затоа што неможев да се замислам со друг...но морав да експериментирам зашто тој ми викаше ’нема шанси јас да бидам со тебе’.Све знае ,ништо не сум скрила,но проблемот е што тој мисли дека јас сум била со некои машки,за кои ни на сон не сум помислила,но ете...така му пренеле на човекот и тој верува на сите,само во мене НЕ.После сите турбуленции решив да ставам крај и заминав на одмор надвор од државава..,но дојде и таму и ме зеде.Разговаравме како никогаш до тогаш и решивме да продолжиме,па дури и размислувавме за заеднички живот.Е кога дојде тоа на ред почна да се меша кој стаса..па муабети до неговите дома како јас не сум била за него (а тие никаков лош коментар за мене) тој требало да ме батали,па разни дупа*и ми етикетираа и што уште не...па ајде солзи,апчина за смирување и тој и јас,па болници-тахикардии...итн.....за на крај да ми рече неможам да поминам преку сето ова... ‘јас и ти не можеме да бидемо заедно НИКОГАШ..,но ти си единствената жена со која би ја изневерил мојата идна сопруга...тоа ке зависи само од твојата волја‘...Сеуште излегуваме..но сега постојано ми вика најдиси некој,а јас не излагам од дома ,а не ни сакам да запознаам некој друг....се ни е сведено само на с*кс ...и нормално не криеме ништо еден од друг...со мене споделува све и бара мислење за секој негов чекор...АЈ КАЖЕТЕ СТО ДА СЕ ПРАВИ....
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Аман бе Пипи, па нели те вреѓа тоа што ти рекол друга ќе жени, ама можеш да му бидеш љубовница.
    Сако си го трошиш времето со него, јасно ти кажал на кое место си ти во неговиот живот, не си мала, да имаше 18 ќе те сфатев, а вака сега можам да кажам дека само си игра со тебе. Пострашно е тоа што ти точно знаеш каква е ситуацијата меѓу вас и си ја прифатила играта.
    Секогаш кога ќе решиш да одиш понатаму, он ќе те врати на старата позиција за да те има како резерва.
    Ај таму собери сили и покажи му дека ти си таа што бира, и бираш друг.
    Зошто те ставил во позиција ти да не чиниш за него, кога уствари он не чини за тебе.
    Еве јас ќе кажам дека он спиел со мене , сега ти вади му го тоа низ нос.
    Те ставил во подредена ситуација. Ти не чиниш, ти се правдаш...па што е он, Бог ?
    Време ти е да мислиш посериозно, веројатно размислуваш и за семејство, најди некој друг и не ми вели дека само со него можеш да бидеш , кога он не може да биде само со тебе.
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    А да престанете да се однесувате како деца 18 годишни и да бидете малце зрели и возрасни како што ви доликува на годините? :^)

    Седнете разговарајте како што кажав како возрасни и решете го проблемот....Ако немаш приметено, со ова "ти си единствената со која што би ја изневерил жена ми", он те чува тебе на ЛАЃЕР!!!!!!!!! значи ТИ СИ МУ ЗЛАТНА РЕЗЕРВА!!!!!! на појасен начин тоа неможе да се објасни....зашто он е 32 години...Он ако сака да е со тебе, ОН ЌЕ Е СО ТЕБЕ!!!!! А не да ти вика дека ќе ја изневери жена му со тебе.....Дечково, во случајов МАЖОТ, те има така добро научено дека ти си слаба, дека ти си тука за него, дека кога сака може да те има, па зашто да не си биде со некоја што ќе му е предизвик и нема да му е златна резерва? тебе може да те има во секој момент така? сепак ти ќе бидеш таа со која што он изневерува, па кога ќе дојде, ако дојде до уништување на брак, ти ќе бидеш таа кривата зашто си се мешала во врска со женет човек......малце забегав од темата......Што да направиш.....Вака ќе направиш !!!! Ќе му кажеш веќе да не те контактира, дека веќе си уморна од целата ситуација, дека сакаш нормален и стабилен живот без ДРАМИ во него од видот што го опиша во постот, и дека би ценела ако не те веќе НИКОГАШ контактира и секој да си отиде во свој правец !!!! .... Биди таа што знае што сака, биди таа што е решителна, биди таа што е силна, што ќе каже ова е крај, не сум ти јас на тебе играчка за ти со мене да се заебаваш како што сакаш и да ме држиш како златна резева !!!! Биди таа што има Морал, биди таа што има етика !!!!!! Продолжи си со животот БЕЗ НЕГО, најди некој што ќе те цени и што ќе ти дава се што заслужуваш и за кој што ќе си на ПРВО МЕСТО!!!!

    Ете тоа треба да направиш......

    Good luck

    Mistery
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. PIPI-83

    PIPI-83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    IRENNA I MISTERY....ФАЛА ВИ за убавите совети и да ви кажам дека по кој знае кој пат разговаравме и му реков да не се слушаме и гледаме повејќе....но ќе видам до кога ке трае тоа.јас сум цврсто решена ова конечно да заврши и да почнам буквално нов живот....преку глава ми е од кавги и објаснувања за ситуации кои воопшто и не постоеле.ИСКРЕНО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОВОЈ ПАТ КОНЕЧНО КЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОВ...
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pecurce

    Pecurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Имам едно прашање. Како да натерам срамежливко да ми се пушти ПАК (зашто еднаш веќе се измувавме) ,а да не изгледам нападно? Само да додадам дека не сакам ништо сериозно, туку само малце одмор за главата после 3 годишна врска. Типчево едноставно не може да собере храброст...а јас иако не сум срамежлива по природа не знам како да го натерам (негативно се изненадувам од себеси :D).
     
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Епа почнете некој најобичен муабет и пробај одоколу да спомнеш варијанта за кафе или нешто слично, од типот „Ај, ќе зборуваме за тоа некогаш кога ќе ме поканиш на кафе.“ Некоја таква варијанта пробај, ниту делува нападно, а уште помалку сериозно или опасно. :)
     
  18. Pecurce

    Pecurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Епа тоа е проблемот, што ме вика и после кога ќе дојдам не знае што да прави, тргнува и не оди до крај. А немам време да го чекам 5 саати да собере храброст. Па барам совет како јас да го поттикнам побрзо хехе :)
     
  19. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Хехе, абе тој за потешкото собрал храброст, да те вика за излегување... А за останатото, и ти не треба да си вршиш притисок и да го форсираш тоа, можеби тој се’ уште има дилеми околу тоа што сака со тебе. Како што кажа и сама, потребна ти е мала забава после долга врска, но тоа не значи дека и тој размислува исто, нели?
    Едноставно, флертувај со него, надмудрувај се, делувај заинтересирано за него... А останатото препушти му го него, доколку тој е проблемот. =)
     
  20. Pecurce

    Pecurce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Nightwalker, фала ти за советот, ќе пробам што можам ама не сум семоќна хехе, па и не е крај на светот...на крај краева не сум ни заљубена во него, само ми е интересно. :))