Го сфаќам. И јас сум истата. За глупава ич не сум, верувам и тој не е. Ама тешко ми иде со имињава. Ако се запознаам со човек мора едно добри 3-4 пати во текот на муабетот да ми повтори за да му го запаметам името. А убаво ти реков, дај му втора шанса, не ја прчи веднаш главата горе Само немој да го сфатиш ова како навреда, сакам да се зезам
Многу постови исто говорат за тебе ама немам намера да ги читам и да ти креирам профил, а ако ме натераш тоа ќе го направам и ќе те “докторирам“ со огромен пост, затоа седи си мирна. Исто така не ме читаш добро, јас убаво си пишав во постот дека тоа што го пишав за тоа кој е најгласен и сл. повеќе пали кај тинејџерските девојчиња, додека оние што се наша генерација и постари си сакаат дечко на место. Ти ги болдирав тие реченици во постот овојпат да не ти избегаат.
Ми се допаѓа колега од факултет..но баш од сите луѓе, со него имам најмалце муабет..некако ко да е повлечен и незаинтересиран. Еднаш го аднав на фб и не ме прифати, што многу ме зачуди, а си викаме здраво. Од тоа заклучив дека ваљда не ме поднесува баш Е сеа, прашањето е како да му се приближам, да го натерам да го промени мислењето за мене без да бидам пренападна или да оставам впечаток дека му се пуштам. Благодарам однапред !
Решив проблемот да си го напишам тука,бидејки забележувам дека сте поактивни и давате поубави совети Секоја чест! Епа вака...со него се допишуваме веќе подолго време,и со сигурност ќе кажам дека сум вљубена иако сеуште се немаме видено. Веќе не можам да си го замислам денот без неговите пораки,без да го слушнам неговиот глас...а кога сум со него,срцево ми е многу исполнето,а јас чувствувам и тој вели,дека е многу среќен кога е со мене. Повеќе од се би сакала да бидам со него во врска,прекрасен е и одлично се согласуваме. Проблемот е,тој имал некоја бивша исто преку интернет,со која се допишувал четири месеци но никогаш не ја видел,туку таа само му велела дека ќе дојде а не доаѓала,и постојано му беше страв да не се случи истото и со мене,но јас навистина не сум таква. Се би дала во моментов да е со мене. Меѓутоа,навистина и јас и тој сме големи баксузи во врските на далечина. Тој два пати дојде во мојот град,еднаш за изборите кога имаше бесплатни автобуси,а вториот пат вчера,заради екскурзија. Првиот пат не можев да одам бидејќи дедо ми почина,а вчера ми се слоши и на кратко изгубив свест,по што морав да се одмарам.. Разбирам сега да нема доверба во мене,но јас навистина не бев виновна за ништо...како можам повторно да го добијам неговото срце и како повторно да ми верува? Разбирам да ми биде лут,но кога не ја чувствувам неговата љубов,како да недостасува дел од мене... Ве молам за совет,фала однапред.
Гледам тука се разврзала дискусија за „добри“ и „лоши“ момци, досадни момци, забавни момци, бунтовници вакви такви. Имам да кажам една работа до девојкиве. Да останете со некој дечко и покрај тоа што нема веќе хемија помеѓу вас затоа што е многу добар и мислите дека никогаш нема да најдете некој така што ќе се однесува со вас е мнооогу погрешно размислување. Ме има порано однесено таквото размислување во врска која немало потреба да се продолжи и на крајот и двајцата излеговме емотивно и психички истоштени и повредени. Не треба да се осудувате и не треба да се потпирате на никој друг повеќе отколку на самите себеси. Што ако добрината и вниманието на кои сте се потпирале во врската во која не чувствувате љубов си заминат од икс причини? Затоа што, луѓето знаат и да се менуваат, а и нивните чувства. Ако некогаш многу не` сакале, не треба да сме сигурни дека цел живот ќе биде така. Не си ја правете самите врската затвор, притисок, кога всушност треба да е тоа што ќе не` ослободи од притисоците со кои се соочуваме секој ден. И добриот и лошиот може да престане да не` сака и да почне да биде исто толку добар и внимателен кон некој друг затоа што така се чувствува. Тоа не значи дека сакате лоши момци и сте за ќотек. Се`уште го барате вистинското, подоброто за вас. А тоа е човечки. Тој стремеж и не` издигнал на врвот од царството на живи суштества. Стремежот кон повеќе и потрагата кон подобро.
Ајде да го дадам долгоочекуваниот совет на постот на Hummingbird, сепак дадов ветување дека ќе пишам одговор и еве го правам тоа, се надевам се исплатеше чекањето. Другпат на оволку долги постови, а посебно заради тоа што не се вистински љубовен проблем, туку женска драматичност, не одговорам. Самиот факт дека не ти го запомнил името кажува за тоа колку е заинтересиран. Можеби и бил high или пијан, па затоа се однесувал како scumbag. Друго што приметив кај тебе е дека не ти се допаднал во почетокот, а после разговорот почнало да ти трепери срцето, видиш ли сега дека муабетот и комуникацијата се најбитни при запознавањето? Ова повеќе ми наликува на детално опишување на ситуацијата, ама верувај ми нема премногу корисни информации од кои јас би ти дал совет, затоа што уште не се случило ништо меѓу вас. Постов ме потсеќа на оној скеч од К-15 каде Тошо му објаснува на Миле од А до Ш како мисли дека женската го вара за да на крај кога се крие и наведнува позади колата забележува дека нешто е изгребано или сјебано и сега бара совет во врска со колата. Полека девојче, не се возбудувај толку само што го запозна типот. Ако ви оди дружбата и убаво се зезате и сметаш дека ја има таа хемија меѓу вас, остави работите спонтано да течат или ако сакаш да бидеш со типот наметнувај му се, биди во негова близина, “провоцирај“ го и он ќе си легне на брашно. Само спонтано... без нагли потези, притисоци, уцени, гушења и ќе биде како што треба или било судено. Значи, не можам да предвидам дали тој ќе ти пријде и дали му се допаѓаш, а имаш такво прашање во постот, само он знае тоа и затоа те “карам“ што си напишала толку долг пост, а не е некој суштински проблем, туку почетно запознавање. И секако стави му минус уште во старт за името, како смеел да ти го заборави... или којзнае на уште колку девојки се пуштал таа вечер, па кај упали упали.
Значи вака му се допагав на типот кога бев 16 год а и он мене ми се свигаше ама бев многу срамежлива и не ни имав разговарано со него,една другарка му се пикаше ама не и успеа дека свесен и паметен излезе и виде дека со мене ништо не бива и си фати женска(инаку околу 6-7 год е постар од мене и сме од исто место)и мене мака ми стана нон стоп беа заедно ама штачеш пусти страм шанса пропуштив,и одеа околу 3 години и типот сакаше да се ожени ама оваа му мавнала корпа и ништо типов замина за странство и беше околу 3-4 години а во мегувреме јас си теглев маки со идиоти.... СДК дека тогашната девојка на типов живееше во моето маало и една вечер додека се испракавме со другарка ми го видов како ја испрака а имам два пата и решив да одам одкај пострашниот се надевав дека ке го сретнам на вракање (абе детски мозок,ова кога бев 18 год)и одам јас арно ама едни комшии имаа многу лоши и големи кучиња ама претходно не ме залајуваа,и сега беше околу 23-24часот и сите светла беа изгасени и улични немаше во моето маало,значи мрак невиден,и го гледам најголемото куче на сред пат легнало и почна да лае накај мене и после дојдоа и другите 3 исто големи направија круг околу мене а зад мене имаше зид и немав кај да бегам почнаа да скокаат околу мене јас само викав мамо,мамо,помош ама никој немаше мислев дека ке биде крај со мене толку беше страшно,(пред неколку дена имаше девојче од америка што го искаапиле 4 кучиња јас ке бев исти случај оти немаше излез )и од кога веке мислев дека е готово со мене се појави ТОЈ ,како супермен ги избрка кучињата и ме праша дали сум добро дали треба да ме испрати јас цела збунета реков дека сум добра и почнав да трчам накај дома,цела недела имав кошмари,после тоа изгледа заминал,не го видов.... Е сега пред 1-2 недели го видов во дискотека изгледа се вратил и изгледа со сега друга моја другарка си пишеле на фејсбук и дојде се поздрави со неа а мене изгледа не ме позна и ја викна на неговата маса и и побарал број,а јас ја осетив како он да и се допага,и после недела време пак го сретнавме и прашал за мене и дојде се поздравивме само и другарка ми ми кажа дека го побарал мојот број и и кажав да му го даде,и ми се јави пред 2-3 дена и ме праша дали сум слободна да одиме на кафе а јас чекав гости и рековме за следниот ден арно ама гостите не дојдоа и следниот ден пак ми се јави а јас пак истите гости ги чекав бидејки неможеле претходниот ден и ништо а ми рече дека сакал на театар да одиме двајцата ама ништо му реков за другпат дека ке му пишам и сега планирам оваа вечер да го викнам да дојде на нашата маса во диско ама малце ми е страв другарка ми да не го свига па после со неа да се лутам,и главното прашање Како и што да му кажам за да му се заблагодарам оти ми го спаси животот?оти не сум го видела од тогаш и неблагодарно ке излезе ако не му се заблагодарам,а после толку години да не излезам смешна? а мислам дека и нема да е уште долго во мк ,едноставно несакам да изгубам контакт со него оти стварно вреди за мене,ептен сум несигурна со случајов,ај некој совет,молам
Херојска приказна... Онака ептен ко во филмовите...Инаку ние двете за кучињата под рака да си се фатиме,ке ги победиме заедно...А инаку немој да се мислиш дали да го викниш на маса или не...Ти го побарал бројот,те викнал на кафе незнам каков знак уште чекаш...Типот сака да биди со тебе...Убав помин и се надевам дека ке излези нешто од твојата ситуација
како да постапам за да го вратам???знам дека ме сака,не може без мене,но гордоста и инаетот си го прават своето.Да го барам?Да не го барам?Незнаааам ...... Дај те ми некоја идеја,совет нешто ... што да правам?...
Зај4е зај4е зај4е помагаш на сите се надевам дека ке ни помогнеш и на нас... Со дечко ми сум веќе 4 години ама последнава недела некако и4 не ми е достапен постојано збори нешто неповрзано што не можам ни ја да го сфатам и на крај кога ке ми каже нешто што не треба или пак нема да ми одговори на некое прашање ми пука филм и му викам немам што да ти кажам повеќе не ме барај. (а кога ќе го речам тоа душа ме боли)и тогаш ете ти го прави се за да не одам за да ме задржи. Стварно не сфакам ме сака или не???
ме насмеа со тоа за кучињата,а да ептен филмски беше,инаку вечер ке му пишам па ако сака ке дојде па ке си поразговараме малце
Штом сакаш да бидеш во контакт со него направи што можеш за да останеш. Ако ти е страв од другарката прашај ја најотворено.
Вака немој да си правиш ти самата проблеми како можи да не те сака а сепак е со тебе и + 4 години ејјјј тоа е период ако сум со некоја 4 години значи ја сакам не со срцето туку со целата душа ја обожавам, ќе се научиш да не го притискаш до толку сепак треба да си имате до некаде свои слободи ( е сега да не подразбира тоа да одите со други и да се изневерувате) туку да не го притискаш до толку кај беше, што правеше, со кого.....одлабави малку и уживај не си прави самата проблеми ОК ајде се надевам дека малку ти помогнав позз
Ви благодарам на сите за одговорите. Ме интересираше мислење, можеби ја утнав темата дека е наменета за совети. Инаку, баш како што си мислев, го видов неќни на излегување.. И да, праевме муабет. Пак се извинуваше (минус голем има за тоа ама мислам дека е време to let go), и на крај си разменивме броеви, сакал да ме носи на дејт. Два пати ми пушти порака за добра ноќ, вели дека имал искрени намери. Ќе видеме како ќе оди.. Уште еднаш да ви се заблагодарам.
Дефенитивно не треба до толку да го гушиш оти еден ден можи тоа да пукне, затоа одлабави тој те сака ти него го сакаш па уживајте не се замарајте со ситници .
Ми изгледа почеток на убава љубовна приказна Баш ми е мило за тебе Чим уште се извинува, и сте си размениле бројчиња..после дејтот ке биде оficial!
Ме интересираат вашите мислења за тоа дали искрено би и кажале на вашиот партнер со колку сте биле претходно и кои се тие, кога било тоа, и слични работи. Зошто не би кажале ? Колку сте искрени на оваа тема на разговор со вашите партнер.
Ако ме праша да искрено ќе и кажам, а зошто да прашувате за такви работи кога веќе тоа е минато зошто се враќате на минатото, а не ја живеете сегашноста? До сега која и да ме праша искрено и одговарам, никоја не сум ја излажал, ме лажеле на таа тема но никогаш не сум излажал, ретко е да се сретни личност која искрено ќе одговори на тие тешки прашања .