Тие не се „тешки“ прашања, туку интимни, и нема зошто некој да ги поставува. Што јас сум правела во минатото не е ничија работа. Ти се свиѓам ваква каква што сум сега? Е па драги, тоа „искуство“ ме направи ваква, па така, наместо да се треска главата од љубомора, треба по една телеграма со благодарност да се испрати до секој бивши Добро, и не мора баш буквално да праќа, ама доволно е што оваа тема воопшто не е тема на муабет
Реално да збориме таквите прашања само ке ја загушат врската зашто потсвесно со тек на време би се споредувале со тие више поминати партнери на партнерот наш и ете ти љубомора. Искрено не ни сакам да знам дечко ми колку имал пред мене и што правел со нив, зашто познавајќи се знам дека у некои моменти ке ми излезе на површина и така после за глупости ке создавам нервоза у врска ради минатото.
Ајде мажулиња да ве ангажирам ! А и момички...секој совет добредојден Епа вака : Свиѓам еден момак веќе ај да не претерам ама 3-4 години...не го свиѓам константно ама а помине припаѓам ! До сега некако како идол го сметав и како некој сосема недостижен ама се испостави напротив дека не е така. Рокер е и таков целиот со чопери мопери и стил има многу забеган и стварно е баш скроз тој фазон како да не живее во 2012та Долга коса и ред др... како и да е...пофголем е од мене 5 години некаде ама еве се запишавме на фб. последниве може два месеца. мало ни е гратчево и тој мене ме примети што многу се радувам ухух Ама како викаат кога нешто многу ќе сакаш кога ќе имаш шанса да го имаш не е тоа тоа///е сега - не дека не е тоа тоа и не дека јас не сакам нешто да биде ама па застанувам само на мување и ништо повеќе а како што напоменав е 4-5 години постар и е мнооооогу искусен ! По муабетот и сите тие работи сфатив дека стварно ме почитува и дека не сум дел од толпата. не го бие добар глас низ градов заради неговата уникатна појава и такви некој ограничени причини и му се свиѓа тоа што јас го прифатив таков...е сега дојде време да излеземе и јас само го мафтам треба да му кажам кога а се двоумам..не дека не сакам-МНОГУ САКАМ ! ама па заради толкуте разубедувања од пријателите имам мал сомнеж дека би пробал да направи нешто повеќе... м ?
Mожеби другарките ти се во право, како што гледам имаш 17 год., тинејџерка си и си во фазон кога сакаш недостижни типови и оние што се различни од другите, ама овој ти што го опиша стварно е ептен различен од другите. Сигурна ли си дека го сакаш? Да не е само некоја си тинејџерска љубов према уникатност што досега не си ја видела, а не вистинска љубов кон него како личност? Ако викаш дека е 4-5 год. постар од тебе, значи има 21-22 год. што значи не е мало дете. Во ред е да си рокер, ама не сега до тој степен да го форсираш тој рокерски стил и да паѓаш во очи на другите, затоа што секој си има свој стил. Брада носи ли, кожњак јакна носи ли? Мора да е некој wannabe tough guy чим има чопер. Можеби на него целта му е да биде лесно приметлив и затоа има таков стил, ќе ти одговара ли ако шетате како пар сите да се вртат и да гледаат по вас? Можеби типот е сосема ок не го знам, па вака пишувам, те наведувам во кој правец да размислуваш. Според твоите описи, hipster on the horizon. Епа јас мислам дека времето на хипиците помина (или можеби воскреснуваат по вторпат хаха), сега сме време каде што ништо не е нормално, па сосека е ок што секој си негува свој стил. Ти си знаеш најарно што и како. Ако и ти си во тој фазон како него, тогаш биди со него, ама ако не си во тој филм, разликите кога тогаш ќе пресудат ќе видиш, па подобро не се мачи уште од старт. Ако ти е само за мување, терај, ама за сериозна врска не верувам дека ќе биде.
И те како е моја работа што си правела во минатото ако сакаш да бидеме заедно. Ова општо го зборам иако како на тебе да ти се обраќам. Сите имаме минато, ама не треба толку да го криеме ако сакаме со некого да имаме сериозна врска и убаво да ни биде. Што ако тоа минато не е баш најсјајно, па некои цури вешто го скријат тоа, си земат супер маж и после во текот на бракот се открива нејзиното минато и делчиња од сложувалката за да на крај се дознае дека таа некоја си рандом девојка дошла од друга средина каде што немало кој не ја поминал и еве сега дошла во нова средина/град/држава да гради “кариера“ на мирна и фина домаќинка. Има еден куп такви примери, еве сите знаеме по некој ваљда. Па мислам дека и повеќето женски се такви. Сакаат да лудуваат, да поминат се во животот и на крај да си се вдомат со супер маж кој како теле ќе ги прими недавајќи си доволно простор да ја запознае девојката и рипа во тавче и на крајот гори хаха. Поентата ми е дека не може и не треба да се гледа само моменталната ситуација, добро е да се каже и дел од минатото и да се игра со отворени карти, ама ретко кој го прави тоа од страв да не биде прифатен. Без разлика што некоја можеби е супер на карактер, не би се израдувал многу да ми каже дека пред мене имала 5+ партнери, а е рецимо релативно млада до 25 год. највеќе. Секој си сака нова кола или релативно малку користена, а не кршена кола на секакви патишта, па сега јас да ја регистрирам и возам во таква состојба. Не вреди да се поттикнуваат вакви муабети, ќе се јави машко-женскиот јаз и препукувања, па затоа не ми реплицирајте со контра постови, да не ве “растурам“ со километарски пост. Да се вратам на суштинскиот пост на tintiri , одлуката дали треба и дали ќе кажеме со колку партнери сме биле, колку траело тоа и како било во тој период, е на нас самите, ама и на нас се последиците од одлуката да кажеме/не кажеме околу тоа. Ете краток и универзален одговор. Нека има мир сега.
Спојлер И што оти ќе ме прашаш? Ќе ми веруваш ако ти кажам дека сум била со 3ца, а мене ме поминал пола град? Да не случајно очекуваш дека некоја жена (или маж, независно) ќе ти ја каже точната бројка? А ако се распрашуваш на страна која е и што правела пред тебе - тоа ќе го правиш и БЕЗ да ја прашаш за бившите, затоа - прескокни го тоа прашање, зошто е ИНТИМНО, од мојот живот, и нема зошто да го споделувам со тебе, или со било кој друг
Хехе така е, тоа и реков јас многу ретко некој/а отворено да си каже со колку партнери/ки бил па затоа тој дел најдобро да не се прашува, ама со тек на време како еволуира врската да се спомне и тоа зошто да не. Што повеќе знаат двајца еден за друг, ќе има поголема доверба и близина, љубов, секс итн. Деликатна е оваа тема пошто машките ќе ги бранат своите позиции, женските своите и така може до бескрај да се дискутира. Затоа и свесно решив да не тонам многу во филозофии да не се најдам на удар на феминките.
А зошто пријателите те разубедуваат? Јас разбирам дека тебе те привлекла надворешната појава, кул ти е, интересен и го гледаш како предизвик. Искрено, од субјективно набљудување, овие момци се многу пофини, поџентлемени и понежни со девојките. Значи ова од лично искуство Е сега, што ти се допаѓа баш тебе, тоа може секој различно да го протолкува, јас ти викам оди качи се, повози се на чоперот, оти е искуство што мора да се доживее
Му ја сфатив поентата на Пусихантер, барем делот за кој сакам да зборувам, па затоа и се согласувам со него. Ако постои вистинска љубов и планови за заедничка иднина, тогаш е сосема правилно да се открие минатото, барем во тој дел кој би го засегал партнерот. Не мора да биде точна бројка, може да биде тоа околу и дали биле кратки врски или подолги. Треба да се знаат тие работи, бидејќи постои опасност од постоење на сексуално преносливи болести. Секој би сакал да има сексуално здрав партнер, кој внимавал со кого и каде легнувал. Сигурно нема да ви биде сеедно ако партнерот не ви кажал дека имал секс со повеќе од 20 девојки, од кои може половината биле "женски за една вечер". Доколку двајцата или едниот партнер, имал богато сексуално минато со сомнителни партнер/ки (не зборам сега за курви, туку некои што не бројат), треба отворено да зборува со партнерот/ката и да си направат превентивни тестови пред да се впуштат во нешто посериозно.
Фала ви pussyhunter и kravce на издвоеното време...како што спомна пусихантер таа надворешна привлечност ДА па се е заради неа не стигнав убаво да го запознам како карактер ама со тоа што ми го покажа во овие два месеца пишување стварно никој Нормален( не дека овој не е нормален ама нема врска со другите со кои сум била во некаков контакт) не покажал такво внимание и гестови дури да се чудиш стварно изгледа грубо и знаете тој стил е ....ама карактеров внимателен ме зачуди. И еден и единствен е таков во градов ! Си има другари како него ама па тој е ептен излезен од 80те. и е како главен во правецов во кој тераат Јас не сум тој стил ама не сум многу поразлична...не сум упадлива како него но сум малку надвор од оној калап на девојки па затоа и ме приметил. Фала ви уште еднаш
Не барам совет туку имам прашање општо зошто баш ме интересира од машка преспектива значи вака за машките : имате убава , згодна и паметна девојка но еве ви се нуди понуда да ја изневерете девојка ви со некоја девојка која не е ни пола убава и згодна како вашата ? Што ќе сторите ?
Разговорот е следен: Тој: Има нешто кај тебе.. ми влијаеш на некој чуден начин. Јас: Што тоа? Toj: Не знам. Jас: Како ти влијае? Tој: Ме прави.. среќен. И се дур е така... Тука го прекинав а да ме прашате оти, не знам. Како и да е, кога го продолживме муабетот ми рече: ќе се потрудам и тебе да те направам среќна. Дали ова е само друг (нашминкан) начин да кажеш: Се додека ми е убаво ќе бидам со тебе, после клоца? И дали може некоја особа така да ти влијае т.е да те прави среќен а да не си заљубен во неа?
Јас многу лесно би постапил, не би ја изневерил мојата убава, згодна и паметна девојка за некоја како што викаш со помалку од пола убавина од мојата девојка и помалку згодна. Не гледам причина зошто би го направил тоа. Да не се сомневаш во дечко ти нешто кажи си отворено. Само лекомислено машко ќе се залета по било кое женско што ќе му се понуди. Како и да е, пак си зависи до машко како ќе реагира во дадената ситуација, јас не би се одлучил за превара со тие услови што ти ги даде.
А зошто да не уживате додека сте среќни. Ако си среќен значи си задоволен, ако си задоволен од некој значи те привлекува. Тоа што ти го правиш среќна е еднакво на љубов, можеби само нашол поинаков начин да ти ја искаже. Ако не си дознала, дознај што во тебе го прави него среќен и немој да го изгубиш. Тоа не е материјално па да го изгубиш, и да изгледа дека те искористил, како кога би мислел на пари, ако банкротираш ќе ти раскине. И не си претпоставувај што би рекол ако не си го прекинала, не си прави сценарија туку отвори им ја вратата на љубовта и среќата. (за кого мислеше дека не е заљубен во личност што го прави среќен, во случајов ТОЈ?, Не го знам човекот, но не ми се верува дека би мислел на "клоца", но ти најдобро можеш да го оцениш) Пред малку ти ги прочитав претходните мислења. Дали зборуваш за докторот со кој си се запознала во бар и ја прегледал другарка ти? Дали сега ти го памети името? Ми делува како некој што употребува излитени фрази за мување а тоа ме изненади за некој "доктор", за кој според пишувањето мислев дека уште студира а тој да ти бил веќе доктор со своја ординација.
ај јас да прашам нешто. можеби е малце глупаво ама ај што ви значат тие лајкчина на фејс на други девојки ако векје имате девојка долго време? во мојов случај сеуште можам да приметам по некој лајк кај други девојки? значи нешто ли или мојата фантазија оди предалеку? а другото прашање е од чиста радозналот. дали би оделе долго време со некоја девојка само ради редовен секс?
А зошто се замараш со фејсбук? Јас на дечко ми не му водам никаква контрола, си има другарки со кои комуницира долго време не се гледаат ама онака витртуелно си останале блиски. Или колешки, или не знам... Едноставно не гледам повод за љубомора во фејсбук, за мене тој лајк баш ништо не значи... Ниту ми ги гледам нити му ги контролирам лајковите, а ни тој на мене... Не си го преоптоварувај мозокот за џабе... Никој не може да знае што носи иднината... Уживај во моментот е си ставај такви мисли во глава...
Како иде тој момент биди и ти и ако го сакаш направи нешто немој да стоиш и не се оптоварувај многу со тоа ме сака или не?? Биди забавна ,направете нешто што ви одговара и на двајцата и уживајте
Јас лично на фејсбук се логирам еднаш на 3-4 дена и ставам лајкови на првите 10-20ина слики што ќе ми излезат во News Feed. Што значи никаков метод на елиминација, им ставам лајкови чисто да се радуваат на бројката луѓево. Така што, ако ме прашуваш мене, постои можност некој да им придава поинакво значење на лајковите кои ги дели наоколу, ама тоа не е апсолутно.