Ме интересира...пред некое време бившиот ме аддна на фб и го прифатив Не ми е јасно зошто ме адднува кога гледа дека имам дечко и последен пат кога праевме муабет преку фб се отеравме таму кај што не треба
Многу сум срамежлива и не правам муабет додека некој не го започне . Во случајов додека тој не започне . Имам многу другари со кои сум послободна , а со тој што го сакам сум повлечена ( тоа и он го има приметено и мислам му пречи ) . Незнам што да направам за тој да го свати тоа ..
Се поврзавме многу последниов месец и го чувствував за близок другар иако ми се пушташе ама сето тоа го сфаќавме несериозно. Одеднаш престана да ми пишува по една наша средба и кога јас по два дена му пишав беше ладен и воопшто не личеше на личноста на почетокот. Незнам што може да е причината а и дали да му пишам или едноставно да се откажам?
Ако се дозволи плукањето, тогаш да, би бил во право, ама има начини да биде санкционирано . Знаеш, машките потешко ја прифаќаат состојбата дека изгубиле сексуална партнерка, веројатно бидејќи во глобала девојките полесно би дошле до нов партнер. Затоа, повеќе има машки бивши на кои ,,не им е нешто јасно,, и кои всушност јасно создаваат прилика за да се доизебат или доискараат или што и да е, со бившата која има нов дечко. Е сега, не сите девојки се лоши проценувачи на оваа тактика, бидејќи јас имам подобра поговорка од онаа твојата за бунарот - Used to bees don't make honey .
Женче, мм и јас се земавме од вистинска љубов, со разбирање и планови за заедничка иднина, нормално Во основа, јас мм го знаев од претходно 3-4 години, се дружевме, знаев многу негови состојби, желби, проблеми, ама никогаш ништо поврзано со неговиот сексуален живот (ниту тој со мојот). Значи, знам која му беше девојка, тој знае кои ми беа дечковци. Тој беше со неа 10 години, ама јас искрено не верувам дека измеѓу не бил со друга/и, ако ништо друго - во периодите кога имаа раскинато. Не е моја работа, можел да прави што сака со неа и другите, тогаш не беше со мене. Јас го земав зошто е прекрасен со мене, зошто сме компатибилни во сексот и зошто сметам дека, и да одел со „незнајни“ пред мене, сепак бил одговорен и селективен. Со оглед на сето тоа, јас навистина немам потреба, ниту право, да го прашувам што правел и дали одговорно се однесувал со жените во неговиот живот. Го гледам како се однесува, го гледав и претходно, и сметам дека како таков карактер не би си дозволил глупости А тајни сите си имаме.....мојата „бројка“ е моја, неговата негова. Тоа биле избори во минатото, моментални ситуации, желби, проблеми, недостатоци, и немам што јас да ги знам и анализирам сега, после толку време. И искрено, без разлика колкава доверба и љубов имам кон него, јас не мислам дека тој било кога би ја кажал правата „бројка“. Не за друго, сигурно ќе помисли дека може да се налутам, или да ми се вртат глупости низ глава, или или.....вака, тоа што не го знам - не ме боли бе, неговото „броење“, кое е важно за мене, почна откако почнавме ние, и само тоа ми е битно.
Jednostavno mu moras reci,opustis se i kazes mu.... Jer moras se boriti za ono sto volis i zelis,ja sam imao vezu gde cura nije imala snage boriti se i na kraju i ja sam odustao jer moraju oboje boriti se za ono sto zele. A sto se tice prvog kontakta,zar je bitno ko ce prvi naciniti korak,slobodno se opusti,nemas sta izgubiti i samo napred.... nadam se da si me "razbrala"
@Theodora ...донт маке но хани... ...ок...некои ке споменат дека не се живее во минатото, или дека не треба... ...мислам дека ако си во медот и треба да пробаш затоа што медот е оригинален и има особена уникатна арома, башка некои викаат и дека има лековити состојки во него, затоа ... коа се работи за двајца што имале обичај да си кркнат од теглата заедно, неееееема да е лошо , јас мислам, како за промена малце да сменат ( пошо послем медот- коа ке заврши, обично на менито е пелинот)...онака другарски без посебни обврски од типот, ала љубавни трокут... ...па да маке лове нот шит... ( затоа и дечкото ја дружи на фб), најверојатно...
Може и затоа ме адднал незнам ама јас колку што знам он е горд и као демек два пати на ист камен не се сопнува,ма да се е можно во ова време....
...абе гарант е за тоа мацулке, ...вии сеа...на светов има многу врсти на слатки задоволства во форма на фемининки ... но, ти мора да си позитивна и да си на мислење дека ти за твојот екс фраер си токму... Original Honey...
убаво ме насмеа сега и се потсетив на нашата последна средба кога мислеше дечкото нешто ќе добие мед ама не доби ништо...ако мисли и понатаму дека ќе добие малку од медот се лаже,не за џабе си имам дечко
...мацулке, знаес сто...ја и ти да прекинеме да се дописуваме тука на темава оти ке не скинат кај и да е... ...ти вазно чувај тоа огнот да тлее, стознаес мозе некад ке залади... ...тоа е мојот краен совет... ...посо мастерот ве љуби многу, сите вас...фемининки...
Незнаев каде да го сместам прашањево, се надевам дека ја погодив темава... Значи вака... Прво, да не сфатите погрешно, не сум била во врска. Имам само 14 години. Има едно момче што учи со мене од прво одделение. Никогаш не сме биле многу блиски, но минатата година почнавме да се дружиме. Поминувавме многу време заедно, секогаш ме засмејуваше, ме бранеше од сите, бевме најдобри другари. Со тек на време го засакав (секако, ако можам воопшто некого да сакам со моите 14 години). Станувавме се поблиски, секако, само како другари. Незнам што се случи, ама после некое време тој почна да „лета многу високо“. Никогаш не беше сериозен со мене. Ми покажуваше слики од некоја си таму девојка, за која ми велеше дека му била девојка. Намерата изгледа му беше да ме направи љубоморна. И успеваше. Очигледна ми беше љубомората, а нему тоа му годеше, само се смешкаше. Секој ден по малку се каравме. Го прашував што му значам, тој ми велеше дека сум му другарка и дека ме сака како другарка, а го докажуваше спротивното. Поради неговото однесување спрема мене мислев дека не му значам ништо, дека му служам само од корист. Но решив да верувам во неговите зборови. Пред нецели 2 недели се случи нешто. Ми рече дека никогаш не сум му била најдобра другарка, и дека никогаш ништо не сум му значела. Бев повредена. Цела недела не му зборував. Во понеделникот се правеше како да не било ништо. Ми зборуваше, повторно со насмевка на лицето. Ама јас не попуштав. Му реков дека сум му лута за тоа што ми го кажа и дека ми е криво за времето поминато со него, со еден таков идиот како него. Го навредив малку, ама не се каам за тоа. Тој само ми рече, најди си друг, јас не ти забранувам. И ми рече дека ќе ме избрише од неговиот живот. На тоа му одговорив дека јас него го избришав уште од тогаш кога ми кажа дека не му значам ништо. Ама излажав. Вчера и денес не бевме толку лути, си разменавме по некоја насмевка и по некој збор. Мислев дека има шанси да се смириме. Кога се вратив од школо, отидов на неговиот профил за да му пишам порака, да го заборавиме ова што се случи и да се смириме. Но, видов дека ме има избришано од пријатели на фејсбук. Многу сум лута и нанервирана! Неможам да го препознаам. Не е веќе оној стариот. Од една страна сакам да разговарам со него и да му кажам да не се однесува така со мене и дека се ќе биде во ред ако се извини. Но од друга страна гордоста не ми го дозволува тоа, доволно ме газеше и ме понижуваше, неможам туку така да му простам. Многу сум збунета. Што да правам? Се извинувам за долгово мислење, ама ве молам одвојте неколку минути за да прочитате и да ми помогнете..
Другарчето да не има dissociative identity disorder? Мајтапот на страна, вели дека те сака како другарка а го докажува спротивното. Како? Можеби ти не гледаш објективно на работите па мислиш дека секој негов потег е на некој начин поврзан со тебе? Никогаш не беше сериозен со мене. Зошто се замараш со некој што нит бил нит има намера да биде, некогаш? Пушти го нека лета во облаците, мислам дека од твоја страна доволно си направила.
А баш ме интересира, онака информативно, доколку имаш девојка, дали ќе си толку либерален, ако дознаеш дека ете така ,,наивно,, таа контактира уште со некој бивши ? Јас преферирам чисти сметки, во нова врска влегувам без багажи од минатото и никако поинаку. Мацулке, ако ти е важен дечкото кој го имаш, батали контакти со бившиов, бидејќи голема е веројатноста да го загубиш. И не, нема толку ,,пријателски расположени,, дечковци за контактирање, макар и пријателско со бивши, да бидеме реални, новиот ќе си ја чува својата територија, а стариот секогаш ќе смета дека има уште некои права тука, бидејќи некогаш владеел со територијата , па има конфликт на интереси од старт и ти можеш да останеш на крај - сама... И уште нешто ми текна, дури и да ти ветува стариот сега чуда и да ти се колне во вечна љубов, голема е шансата ако му се вратиш, не низ нос, низ сите отвори да ти го извади тоа што си имала друг во меѓувреме .
Потполно си во право. Еве и сега се обидувам да го правам она што го велиш ти. Ама сепак тешко е, неможам да се навикнам. Сеуште неможам да си поверувам што ни се случи, сепак порано бевме најдобри другари, блиски бевме..