Здраво момци имам претходно пишувано на оваа тема,ама сеа работите се сменија па ќе ми треба ваше видување на нештата Значи,нели излегував со едно момче 7год постаро,сеа е пак со претходната девојка и нели аналогно на се иако ми се допаѓаше,јас се тргнав на страна.И сеа и јас сум во врска,со момче со кое бевме заедно пред скоро 3год,ама еве повторно патиштата ни се вкрстија. Сегашниот ми е мн драг,добар,се однесува прекрасно.премногу внимателен итн итн..не е споменато нели сакањето Првонаведениот нон стоп ми пишува на фб..како уште му е тешко,кога се ставив на фб у врска одма пишува колку му е мило за мене,се надевал дечко ми ќе цене колкаво богатство сум била и бла бла..ред други филозофии од тој тип.. Сеа прашањето е дали во ситуацијава јас сум лицемерна спрема сегашниот.. зашо на првиот му вратив на фб..неколку пати..и се фатив неколку пати во ситуација да размислувам уште за него.. дали има шанси да го заборавам..или само овоа е заблуда.. Ви благодарам однапред
Фала ти Теодора..искрено со тек на време се повеќе и повеќе ми станува одбивен а тоа е добро..и што е најважно тоа денес го дознав,тој е така наречен машка ку*ва бидејќи сакал сите што се околу негова близина да ги смота и си викам којзнае што тој правел додека излегувал без мене не ми е гајле си продолжувам понатаму,со сегашниов ми е супер и тоа што е минато останува таму
Здраво, нова сум тука денеска се регистрирав иначе имам еден проблем значи никогаш сум немала проблем со машко во поглед на љубовта, врските но има еден тип што не го познавам лично буквално го неам видено си праевме муабет на фб околу се и сешто и баш онака ми се допадна.. и поради некоја рандом причина помислив дека истото го чуствува тој за мене и му го кажав тоа ( ни самата незнам зашо ) типот се одалечи од мене мислам се одалечи го нема веќе тој муабет како што го имавме ми фали искрено знам дека е малце чудно ( океј малце повеќе ) али стварно незнам што да праам некој совет ако може?
добредојде на форумот .па поразговарај со него и прашај го што се сменило?а тоа што си го рекла можеби тој буквално го помислил,а ти си мислела на вашето пишување.можеби се исплашил,речи му дека не си имала лоша намера.
Па му го кажав тоа дека се е напишано под афект на емоции, значи не го сваќам типот воопшто чудно суштество на многу нивоа. Иначе фала добровенајдов
sadgirl21 сепак си била блискасо тој човек и според мене едно пишување не е воопшо лицемерно, неможеш да се понашаш како да не си го познавала ако секако, нема соодветна причина за тоа. Но, не му дозволувај на бившиот да допре до тебе со тие филозофии. Мое мислење е дека сега само се обидува да те придобие, да се вратиш кај него, поточно да ти ја расипе врската, да те поколеба. Мој совет ти е да не му веруваш многу, да си го гледаш сегашниот.
Ти благодарам Moonchild1 имаш право,некои луѓе и некои спомени треба да се остават во минатото..да се закопаат длабоко во душата,и за нив никогаш не треба да се говори
на херојов му пишав минатата сабота,дојде малце на нашата маса и се договоривме за на кафе другиот ден и отидовме јас и другарка ми а он сам,баш беше убаво,опуштено,се смеевме,баш ми се допадна така по муабетот,не спомна ништо за врска ниту ми се додворуваше нешто,онака другарски,мислам дека не сака да брза или пак сака да си бидеме само другари,инаку уште 1 месец е тука после заминува,ке одиме уште еднаш на кафе деновиве добра беше дружбата
Повторно јас...пак имам проблеми..овој пат не со бившиот туку со мојот така наречен најдобар другар кој го сметав за најдобар до пред некој саат со типов се знаеме уште одамна и со тек на време се зближивме,но само како другари и вечерва ми даде една понуда која што ме извади од такт Сакал да пробаме во случај јас ако сум немала дечко,да станеме friends with benefits мислам алоооооооо до пред некое време ми викаше дека ме сака како сестра а сега бре ???? Јас на него му кажав дека тоа нема да се случи,зошто навистина го гледам како брат и неможам тоа да го направам со него,но тој не сфаќа и сега незнам веќе што да мислам/правам со него се знам самата себе ќе се повлечам но несакам да го изгубам како другар што е уште почудно,неколку пати до сега сум приметила дека е љубоморен(еднаш кај него на слава се случи да се опијаниме со неговиот најдобар другар и само онака се бакнавме во уста,он после тоа полуде ко демек како сум можела со него бла бла),зар он има емоции за мене и незнае на кој начин да ги покаже или што му е ???
...е тоа ти е мацулке...знаеш како е поговорката... ...ако сакаш да изгубиш другар, побарај му секс или пари... ...решение на проблемот, намести му другарка на другар ти...
imam 18 godini i pred nekoe vremme za prv pat imav odnosi so dechko mi,seksualno sum aktivna samo eden mesec megjutoa me machi edna rabota so dechko mi koga i da imame odnosi seksualniot chin bez da se zeme predigrata vo predvid trae 1chas shto e navistina chudno bidejki sum chitala deka seksot trae do polovina chas dali jas ne go vozbuduvam dovolno ili...drugar mi mi veli deka e do mene deka ne go vozbuduvam dovolno ama sakam sovet od povekje MAZI
Не значи секогаш дека ако сексот трае подолго дека ти не го возбудуваш. Тоа значи дека твојот партнер е доста издржлив и според мене тоа е позитивно. Така и ти ќе си се изнауживаш во сексот, а и ќе имаш шанса и ти да доживееш оргазам. Јас лично го гледам како бенефит тоа. А замисли па да трае само пет минути?!
Ја читав темата и си направив ретроспектива на мојот љубовен живот и за тоа што се испоставило како правилно, а што како неправилно. За да ти биде успешна потрагата по љубов, мора да пристапиш кон неа со љубов, а не со омраза и огорченост (сите мажи се лажговци и вараат/сите жени се к**ви и се палат на многу пари). Доколку барате љубов додека од самите вас зрачи омраза и огорченост, немојте да се чудите зошто истата ви се враќа назад. Луѓето многу добро ја чувствуваат таа енергија и бегаат од истата, а не од вас како појава/ вашата скромна сметка во банка. Сум имала огорчени додворувачи и знам...и во 100% од случаите останале на додворувачи. Сум била и самата огорчена и сум гледала како сум ги одбивала луѓето од себе, па прво сум поработувала малку на себе и сопствената (само)доверба, па потоа сум продолжувала понатаму.
здраво ќе ве замолам за мислење..на денешно дато со дечко ми сме заедно ни помалку ни повеќе туку 1 месец и овој..заборавил за преувеличување е работата или?
Не е за преувеличување ,ама ете се случува, може таков си е едноставно.Мојот има заборавано важни датуми, на пример не знаеше на кога сме венчани оти првин правевме свадба а после се венчавме , ај и да ви кажам оти матичарот го собраа вежба озбилно .После да изваде венчаница мене ми вика абе на кое дата се регистриравме
Сакав едно момче долго време и тој го знаеше тоа... пред месец дена тој го смени статусот ин релатионшип и јас го избришав од ФБ и после 3 недели тој ми пишува порака зш сум го избришала... ми треба мислење зошто би ми пишал тој мене ако веќе си има девојка?
а момчето ти е пријател така општо или само на фејсбук се знаете ?што има врска оти си фатил девојка,не требало да го избришеш.можеби тој не го чувствува итото што и ти,тоа е се.
Како да го откачам? Значи се запознавме онака како за другари, прво на фб и после и во живо. И сеа ме напна насамо да се гледаме. неколку пати му кажав дека несакам и он упорен е. Проблемот е што мене ми се свига друг (иако знам дека не ме свига он ) а овој па ми нема ништо конкретно кажано за мување, свигање, ама очигледно е помош? И да заборавив, мн лесно се лути ама добро и не ми е толку битно, битно ми е да му кажам отворено дека не ми се свига а да не испаднам „кучка„ со оглед на тоа што имам 14 години и дојде време што ако му дадеш корпа на некој одма цел град како к***а те збори -.-
Здраво, сакам да ве прашам само нешто кратко. (добро може нема да испадне толку кратко, ама се надевам барем на искрен одговор) Дечко ми, со кого идеме повеќе од година ипол, вчера беше на роденден. Јас не очекувам од него да се јавува на секоја минутка, и да ми кажува сега сум во вц, сега сум тука сега ова праам.. НЕ. Него јас само од него очекувам(што и тој тоа го знае) да ми се јави еднаш-два пати додека е искочен со негово друштво, да ми каже еј вака е,супер е и да ме праша што правиш како си.. Океј вчера беше излезен од кај 9 до кај 2, со ниту еден повик од него. Јас се уплашив, и го барав кај 1, и ми се јавува се смее на телефон и уште ми прави муабет.. што јас брзо го откачив и таака.. Како почудно.. Денес.. кога зборевме за тоа тој кажа нема да те молам за да не си ми љута, ама така “без гајле“ го кажа тоа, и цел ден се однесува дека тој не е крив.. Океј, не сакам да ми се правда зашто не ми се јави, ама барем извини да кажеше... А јас еднаш кога бев искочена без него од 8-12, и тој се караше вечерта зошто не сум му ѕвонела.. И јас се правдав А исто сега се случи и тој кажа, ај нема да те молам за да не си ми лута... Што му е??? Ако сака да се “откачи“ од мене, кажете искрено, да не се нервирам вака....