Може, ама во пракса најчесто ваква е реалноста. Секако ако се дигне до максимум, нема бегање тука, гарант се приметува. Знам по мене.
Многу ме интересира машка перспектива за работава, но и одговор од женско не е на одмет Општо земено, кога ни се допаѓа некое машко, тој тоа треба да го знае, или да не го знае? Секако, тука спаѓа нели благ флерт, насмевка, хумор, погледи и сите тие работи, знам тоа... Меѓутоа од една страна, машкото ако знае дека ни се допаѓа (не да му каже некој буквално, туку нели, по однесувањето на женското, се гледа нели..), тоа му дава храброст уште повеќе да ни се доближи нели, знае дека има позитивен фидбек од другата страна, и така и самиот он е спремен за чекор плус и така малце по малце на крајот да бидне нешто... НО, од друга страна, ако знае, си мисли, ах оваа, ме свиѓа, не ми е предизвик, можам да ја имам и сл (сеа ова не буквално, трескам у моментов што ми падне, али во тој смисол), и почнува да ја одбегнува. Сум била и во двете ситуации, и навистина ме инетесира што стои зад ова, и што е подобро. Мислење?
си била можи во двете ситуации како шо сама кажа али можи тоа биле различни личности така да , најискрено кажиму дека тој ти се допаѓа па ако е пишано и ако има и тој вистинска намерак е бидите заедно а и да нее сепак ти барем отворено си му кажала и си направила тоа што можиш за да му кажис барем си се потрудила. ако е шовек тоа ке го цени.
Ајде да видам и од машка перспектива дали ќе ми разјасниш некои работи. Прво, морам да ти кажам дека сепак е смело од една машка особа најискрено и отворено да ги кажиш работите од машки агол. И второ, мојата проблематика: ме запознаа со еден, во ред, излеговме вториот пат и тој ме бакна и....некако почнавме врска...но проблемите настанаа кога почна да ми ги набројува мааните мои, буквално влице ми кажа некои работи кои не очекував дека ќе ги слушнам, а посебно не од мене....јас прекинав следниот ден, бидејќи не сакав да трпам да на секој мој потег ми наоѓа во главата маани. После тоа излеговме уште два пати и некако...што знам...на моменти ми изгледа заинтересиран и после тоа, се повлекува...што мислиш ти, и дали мислиш како мене: тука е јасна работата - се чувствувал таа вечер осамено и можеби помислил дека ќе добие нешто повеќе (ме сваќаш)....ама не му се допаѓам....ајде кажи ми што мислиш...ми треба мислење од машка страна...
Ме интересира како машките би постапиле.. Се запознавате со девојка, се заљубувате.. Имате убави моменти. (Не сте ни се смувале ни ништо) Ама сепак сте поминале убави денови заедно. И нејзиниот брат мисли дека се дрогирате и ви кажува вас да не се приближувате на сестра му инаку лошо ќе биде. Вие исчезнувате од тој ден.. Но ме интересира, дали би се потрудиле на тоа место некако да промените? Како би се однесувале со таа девојка ако повторно ја видите?
Вака момци слушајте внимателно : Излегувам со едно момче скоро еден месец. Е сеа во тој еден месец и сум била кај него дома и неколкупати сум излегла со друштвото негово и последниве две недели значи се гледаме секој ден и се е препронајпрекрасно ама има една пречка што мене ме мачи а него очигледно не. Не сме седнале да си направиме муабет што уствари правиме ние двајца.... ПРОБЛЕМОТ Е ШТО тој на фб е во врска со друга девојка која не е од градов и со неа се на се се има видено 3 пати ама се стаиле во врска и таа воопшто не е спомната во овој месец, ама јас збеснав пред два дена кога му имаше оставено срциња на зид ! Знам дека е приказна за мали деца ама збеснав ! Стварно сме во супер совршен однос и единствена пречка ми е таа врската на фб . Не дека јас барам да сум со него во врска таква официјална ама смета нели ?
Сака да ве има двете и несигурен е што понатака со тебе.Поздрав Не е на арно со укажување на маните,би требало да иде во обратен редослед маните да ги занемарува и да му стануваат доблести.Претпоставувам дека ако те повредува ќе најдеш некој што ќе те сака таква каква што си а се разбира и ако има потреба по нешто и ќе прифатиш како критика. Да треба да знае ама не да знае се.Не сме видовити и секогаш да знаеме што сакате.Нека биде суптилно ама нека биде прецизно макар и да е насмевка да има нешто што ќе говори дека ти се допаѓа.За муабетот што го напиша дека ако го свиѓаш ќе се откаже тоа може да го направи само машко што девојката не знаела да го задржи па успеала да му се разоткрие целосно и да не му оставила ништо да има за следната средба.И за крај ќе кажам дека имаме и ние чуства па сепак самодовербата колку и да ја имаме после две три корпи сме претпазливи со секоја девојка па затоа не чекајте дека секој има потполна самодоверба и без никакви знаци да се реши на чекор
дечки ми треба ваше гледиште на нештата доколку девојка ви,ви каже дека вашите другарки ја иритираат,и се сомнителни во однос на однесувањето кон вас,се сомнева дека на некоја од друштвото и се допаѓате,како би постапиле? и втората ситуација е што би направиле доколку ваша другарка константно прокоментирува во однос на вашата девојка,коментари од типот како не ве пушта со нив да излегувате итн.. ви благодарам однапред
Ми треба машко мислење, ама и на женска помош не викам не Сакам да му кажам дека го сакам иако незнам дали и он чувствува исто. Некое време се муваме, а незнам ни дали сме во врска. 1. Што ќе помислите ако женско ви каже прво дека ве сака (за машко) 2. Дали ќе изгледа глупо ако го прашам дали сме во врска или сме само муватори? Фала однапред И да знам дека ќе речете е де те сакам да му кажеш само, ама не ми е страв да му кажам, страв ми е од неговата реакција после!
Да бе. А кога ќе свртиш позади ќошот, ептен ќе те приметува Ај да не те реметам без потреба. Некои м имаат синдром на перцепција на девојката како нивна сопственост. Може и да не ја сака, но сака да ја поседува. Тешко е да се објасни во реченица, две но кај вакви тактиката пали. Обично тоа се типови од кои неможеш да се откачиш. Во некои случаи и не сме свесни дека нешо сакаме дур не го изгубиме. И тогаш пали, само приодот е погрешен па обично последицата е секој на своја страна. Е ова важи и за м и за ж
Сум се нашол во слична ситуација па ќе кажам за првиот дел од муабетот дека не си првата да го мисли тоа а и не се случува само кај девојките овој случај.Природно е кога двајца се заедно тие што се околу нив да се трудат да го освојат тој што е зафатен со тоа што си го билдаат егото и самодовербата.Мене искрено ми пречеше кога девојка ми за секоја девојка ме замараше дека и се допаѓам а што е најстрашно секогаш и беа погрешни претпоставките па дури на моменти ми беше смешна.Имаше девојки кои не ми значеа и можев да ја послушам ама имаше другарка што јако ми значеше а она не беше мирна додека не ја тргна од моја близина (и пречеше нејзиното внимание што ми го даваше).Внимателна биди понатака да не почне со иста мера да ти замерува за некои твои другари.Биди искрена,кажи му кои се твоите сомнежи,не го обвинувај само кажи му дека се плашиш да не ја загрози вашата врска.Се надевам не е од оние машки што може уште повеќе да се перчи пред тебе дека ете тој вреди и има многу кандидатки па пази чувај ме да не ме украдат. Не му кажувај дека го сакаш ама кажи му дека ти е убаво со него (тука наброј неколку особини што ти се допаѓаат ама не пренападно) и мое мислење е дека ако ти се смачило мувањето треба да го прашаш што понатака.Ова го велам зашто има големи шанси да си му само за тоа наменета и да се срами да те прикажува во јавност (ова го има во многу случаеви).Немој пренападно и да мора да одговори како да е на испит.Не му кажувај дека го сакаш со зборови,знам дека ќе е клише ама делата нека говорат. Да има донекаде вистина ама не во сите случаеви.Ако нема никакви чуства и воопшто не го интересираш можеш колку сакаш да се одалечиш и се ќе е џабе,ама ако нон стоп е навикнат да си за него тука а има заинтересираност за тебе може да се види со мало одбегнување како ќе реагира (зборам да не му пишуваш прва на чат,малце дистанцирање во друштво ама не претенциозно туку посуптилно итн)Не смееш да дозволи да примети дека го одбегнуваш целосно и намерно туку да се осети малце позапоставен па ќе се види дали му е важно твоето друштво и внимание
Јас мислам дека најубави и најпривлечни изгледаме кога сме свои, природни и смирени. Многу често се случува кога ја правиме тактиката со оддалечување да бидеме поприметни и понапорни од случаи во кои природно се однесуваме па дури и ако тоа значи суптилен прв чекор (мислам на запознавање а не одма рипање у скут пример). Јас мислам дека како ние, така и мажите може да почувствуваат кога молчешкум им се следи секој нивен потег, збор, допир и сл. Tрпеливоста не можеш да ја слушнеш, некогаш ниту да jа видиш, но можеш и те како да ја почувствуваш. Така што, биди си своја. Убаво рече тинан, такви стратегии палат кај посесивни мажи кои не мора ни да те сакаат за да “упали“ такво нешто кај нив. Какво е тоа сакање ако е поради нешто што не си, што не чувствуваш, што не мислиш...
Ми треба совет за нешто.. Јас и бившиот бевме заедно 2 години, раскинавме во Август, и од тогаш навака се смируваме, се скаруваме константно. Е сега, има нешто што сум заприметила. Пример вчера, седиме кај него и он да ми покаже порака од сестра му доека ги отвараше пораките, видов пораки од една за која викаше дека му е само познаничка, дека ни здраво нема со неа. Кога го прашав што е со пораките, дигна една галама, се возбуди. Почна да се дере, да вика дека јас не сум му верувала за ништо, и зема ги избриша пораките демек да видам дека не му значела. Мада мене ми отиде паметот дека ги избриша пораките само за да не му речам да ми ги прочита. И така за уште нешто... За една за која немав појма дека имаат контакт, со неа одамна било се завршено иако непреболена љубов му била. Видов нејзин број во именик кај него. Кога го прашав зашо го има бројот истото се деси. Почна да пачини, да вика, да се брани... И тогаш го избриша бројот. Ама после некое време пак го имаше бројот у именик. Пак си го запишал иако нели тврдеше дека не контактира со неа, онака му се нашол бројот у телефон.. Друго шо ме зачуди е кога една другарка го праша дали сме уште заедно, дали сме се смириле, овој изреагирал онака НЕЕЕ НЕМА ВИШЕ СМИРУВАЊЕ СО НЕА. А тој период бевме смирени значи... Да напоменам дека не се смируваме ко за врска, него се муваме... Ми нема спомнато он за врска ништо.. Има ли место за паника? Или јас сум премногу параноична па си правам филмчиња?
Значи врската ти се одликува со твојот лајабилен карактер и начин на размислување дека се ќе биде подобро во иднина. Добро бе девојче нели гледаш дека еднаш раскинато засекогаш раскинато. Ова е од мое искуство и дел од луѓето тука ќе се согласат со мене. Факт е дека ако те сака некој ќе ти биде јасно како бел ден,во твојата приказна дечкото те држи како златна резерва дур не си најде подобра прилика и ќе те откачи тебе. За да биде успешна една врска треба да има доверба а ти ја немаш во него и се двоумиш. Искрено најди некој што ќе ти даде стабилност,а не ќе паничи кога ќе му побараш одговор за некоја другарка. Запомни ти сега највеќе инвестираш да врската функционира. Тој што највеќе инвестира тој губи. Почни да се одалечуваш и види како ќе биде ако е толку заљубен ќе се фати за јадицата и кажи се што ти е на душа. Поздрав и успех. Зависи до колку време ќе се тргаш од него и ќе се правиш недостапна. Премногу и ќе стане не интересно,пре малку и ќе се засити пребрзо.
Јас не се согласувам со тоа еднаш раскинато засекогаш раскинато, затоа што секогаш кога сме се скарувале, тој бил првиот што се извинувал и што прв попуштал. Не сум јас таа што трчала по него за да се смириме, па сега да мислам дека сум му вожња доека да си најде друга.. Отсекогаш тој бил човекот што велел дека не може без мене, дека му фалам и ред други работи. Јас не велам дека сум ладна личност или слично ама не ни живеам со розови наочари па да мислам дека во иднина се ќе се подобри. Побарав совет и мислење, бидејќи во последно време тие се работите што сум ги приметила кај него, па ме интересираше дали таквото понашање е одраз на нешто друго. Дали би можело да значи дека сака да прикрие нешто и само параноја од моја страна Во секој случај, фала на мислењето.
Ти како го чувстуваш од твоја страна ? Ако некој е отворен кон тебе не би криел работи и не би викал дека не си во врска со него... Џабе си го трошиш времето и лошо ме интерпретираше.
Му го проверуваш телефонот. ФАКТ. Нема доверба. ФАКТ. Не сте во врска, односно и самата добро си кажа - Без врска сте и двајцата. Сеа тоа мување го викате а?
Не било од недоверба што сум му го чепнала телефонот, туку тој секогаш има бесплатно кон сите мрежи, и барав број зачуван за да се јавам. Во цели тие 2 години јас еднаш му го немав чепнато телефонот негов. И баш напротив, не е дека немам доверба во него. Прашав за мислење, дали би можело нешто да значи или само си направив филмови некои.