Последен тој ме исконтактира а отпосле јас иницирав кафе на кое кажа дека неможе да дојде од оправдани причини...потоа паф пуф го снема...и поминаа неколку седмици така...прашањето е зошто не мисе јавил да, меѓутоа не толку грубо поставено јас не сум мала за да не знам одговор на пример едноставно сака кога ќе му прдне да ме види ете така и сега може си има некоја работа не му е до мене...или едноставно таков тип е можеби же изконзумира некоја и толку е...но враќајќи филмови наназад никаде не погрешив..се трудев да сум му забавна и пријатна...едноставно го снема...збунета сум пошто го мислам често и се прашувам да не згрешив некаде...ама не...мислам дека не сум... па.....види сега...не верувам дека глобално на сите нас не ни чини нешто, да работам на себе? мислам дека во мојот случај се покажав сосема ок и нормално едноставно мислам дека ние девојките чувствата ги изразуваме или пак лесно ни се читаат ако постојат, не глумиме доволно недостапни тоа е можеби проблемот, пошто очигледно тоа пали...покажеш ли емоција или интерес не си интересна веќе што е тажно..мислам дека тоа е проблемот.тогаш обично се дистанцираат мажите а пошто сите се однесуваат како да живеат на ибица(искористување провод и забава за една вечер две или што знам) се е веќе испомешано...
Колку време трае ваквиот ваш однос?Велиш првиот пат две недели,па следниот месец.Колку години има типот?
И јас сум донекаде во слична ситуација со еден тип кој според постапките и начинот на однесување е доста сличен со твојов пример.Разликата е во тоа што ние никогаш се немаме сретнато во живо сеуште.Се имаме слушнато само телефонски,живее во странство а,кога си доаѓа овде живее во друг град,многу зезната ситуација.Незнам од каде и како ме имаше најдено на фб и јас го прифатив за пријател.Секогаш тој прв почнуваше да ми пишува,потоа едно време го снема,кога мислев дека ме заборавил по 2 месеца пак ми пиша,.Цело време потенцира дека сака да се сретнеме ,да пиеме едно кафе заедно и да се запознаеме но,се останува само на збор.Потоа пак замина во странство ,продолживме со комуникација,ни оди муабетот,постојано вели му годел разговорот со мене, се супер,дури ми рече ќе средел и за виза да сум му појдела на гости кај него таму.Нормално одбив и се договоривме прво да се најдеме овде кога ќе се врати и оттогаш го снема,ни абер ни глас,како во земја да пропадна.Тешко човек може да ги дефинира ваквите непредвидливи типови и незнам кој им е филмот,дали се работи за некоја друга(иако ми рече дека не е во врска)има премногу работа или едноставно такви се по природа живеат само за себеси,прават онака како што ним и одговара и не му ја мислат многу за другиот.Ова последново е најверојатната опција.Како и да е има еден огромен минус со ваквото негово однесување и не е човек за врска а,уште помалце за нешто посериозно па,не сум јас најдена на закачалка. Твое е да одлучиш дали ќе ја прифатиш неговата игра и нема да очекуваш ништо повеќе од она што ти го нуди или ќе се завртиш и заминеш во потрага по некој кој ќе те исполнува целосно и ќе ти посветува доволно внимание.Не го барај,остави го колку повеќе ќе трчаш по него тој толку повеќе ќе бега,колку си поладна и понедостапна ќе бидеш попосакувана..тоа е тоа ...
Ова од мој аспект, не е од машка страна. Мислам дека никој нема право да се меша во врска помеѓу 2ца! Колку и да ти е блиска личноста, ете ако си поблизок со сестрата можеш да и се довериш, таа да те посоветува и да ти каже свое мислење, но не смее ни едната ни другата страна(тие што се во врска) да дозволи некој трет(безразлика колку е близок) да им се меша во врската. Сите постапки и решенија(доколку е поврзано со нив двајца) треба да си ги донесуваат сами, без трети особи. Ако се меша веќе некој друг, не е тоа тоа.
Потполно се согласувам со тебе,дека сестрата може да посоветува и ислуша..но во мојот случај,тоа советување е во негативен контекст,како јас сум виновна..хмм што ли и имам згрешено
Чекај,чекај рече дека сте спиеле? Сте имале секс? Ако си му дала брзо хмм и си очекувала врска од него си го направила погрешен чекор. Машките не сакаат брзо да им се даде,зашто што е поубаво? Нешто што си се борел на долг период или нешто што си го добил веднаш
Со дотичниот останавме пријатели немаше потреба повеќе да се мачам...епа од петокот до сношти не ми рече да се видиме.....тоа некако не ми личи на некој заинтересиран, веќе е во зона на пријатели - евнук како сакате наречете го...безполово суштество, тоа е...па можеби имам шанси со друг, ќе видиме за со него тешко....којзнае дали тој ќе ме прифати каква што сум, имајќи во предвид дека е згоден и интересна личност и мн девојки се интересираат за него...сега засега сме само пријатели, па ќе видиме....само што ајде, кажи ми, дали ми е правилно мислењето мое дека тој е надвор од мојата лига? дека сеедно и да ме забележи и допаднам, не би сакал ни тој да ме држи за рака заради мојата тежина....знам дека сум искомплексирана за тежината ама што да правам дури и домашните ми велат си дебела и тоа е така...дури и денес толку мн скратив со јадењето и планирам тоа да го правам, само и само да бидам по мерка на некој па макар и кој и да бил тој
Е искрено се згазив од смеење. Ме потсети на еден стар виц: Трите најголеми студентски лаги: 1. Од утре почнувам да учам 2. Дај 100 денари утре ти ги враќам 3. И ова твоево: соблечи се ништо не ти правам Хахахахаххахаха.
vrlo prosto i jednostavno resenje,nije onaj pravi,ne postoji ljubav,ako je postojala ona se ugasila i vreme je prekinuti i nastaviti dalje.... Bolje je biti sam nego u losem drustvu
Момакот со кој досега двапати се имам видено вчера ми дојде дома да се запознае со моите, а мене не ми ни кажа. Како да му дадам до знаење дека премногу брза, дека мене ми е рано уште, а притоа да не го повредам? Мислам, го знам многу малку време, а и запознавање со родители мене ме асоцира на сериозна врска која трае веќе некој период. Среќа - само сестра ми беше дома. Спојлер Немој да ме сфатите погрешно, не ми е проблемот што ќе дојде дома и ќе испие едно кафе, само млада сум и не сакам ова да им го приуштам на моите кога нема потреба.
Кажи му отворено дека никој не се брза и дека работите како запознавање на моите е надвор од опсег во моментов. Искрено типот треба малку да олабави...
Што мислите вие машките за ова?!! Зошто женските се секогаш подолу од машките? Најпрво ние женските сме двоени од наставниците..... Денеска на часот по физичко наставникот требаше да не оценува за ракомет. И рече прво машките да ни покажеле на нас девојчињата. Ии.. ок ни покажаа,ставрно убаво играа а и далеку ја дофрлаа топката не викам НЕ!Потоа дојдовме ние на ред и наставникот ни даде друга топка(полесна) иако беше полесна ниедна од нас не изигра како што изиграа машките за жал! Не разбирам зошто не делат.Нели и они се деца на наша возраст,и ја имаат истата сила што и ние а и неправедно е тие да имаат потешка топка ние полесна.Нека ни ја дадат истата топка па што направиме направиме! Малку е глупаво прашањево ама незнам зошто го пишав нешто ме тераше,може и не припаѓа во темава.
Прашањето е повеќе спортско или социолошко и не е за оваа тема но е интересно па ме поттикна да ти одговорам. Добро си приметила дека во нашето општество постои непишана поделба на машки и женски активности но со тенденција женските да се третираат како послаби (факт е дека се физички послаби) но и помалку способни. Ако за првото можеме да речеме дека е точно за второто сум голем противник зашто девојчињата не се помалку способни од машките, баш напротив ако им се дадат еднакви услови за тренинг постигнуваат исто одлични резултати. Лично сум многу против на подвојување уште од деца на две посебни групи и посебно во одредени спортови баш е стимулирачки за девојчињата да можат да тренираат и со машки и ако е тренингот правилен ќе бидат додатно поттикнати да дадат максимум од себе. Сум присуствувал на игри со топка (5 то и 6 то одделение) каде беше битна брзината, силата на фрлањето и пред сѐ рефлексите и од неколку игри секогаш две девојчиња остануваа последни и ги истиснуваа сите машки и жално е што истите тие девојчиња после 10 години нема да знаат ни топка да фатат а камо ли да бидат со исти рефлекси. Колку се оди кон поголема возраст јазот меѓу машките и женските станува поголем што е штета зашто е евидентно дека кај малите деца нема толку голема разлика. Така да сосема се согласувам сосема со тебе и сметам дека треба да се вежба во слични услови секогаш кога е можно
Jaс барам муж за по лична порака да се разбериме. Имам неколку прашања,ама досега тие што ги добив незнам дали ми беа колку за утеха или навистина се така. Така да некој рандом типац да ми пиши, да го распрашам. Ќе бидам нежна,ветувам.
Дали доколку сте во врска би се мувале со друг/а девојка/дечко кој/а е убав/а, паметнен/а и отворено флертува со вас? Едноставно премногу ви се допаѓа?
Не би, дури ни по цена на стотте епитети кои стојат зад можниот лик, оти толку набројани епитети ми звучат ко однапред дадено оправдание за да се стори такво нешто. Не продавам морал, али на кантар не се ни трудам да ги ставам. Не поддржувам изневерување, а кејфовите, хемијата и страста се пролазни. Ако е досадна врската, постои опција - Збогум. Сатисфакција не гледам во овие работи.
Повеќе ме интересира обратната ситуација, кога се работи за дечко на кој му се пушта така девојка. Како би изреагирале во таков случај дечковци? Дали би фрлиле во вода цела врска? Првите ваши желби?
Што кога дечкото со кој си ти вика дека сака да е со тебе,па после ако повторно го прашаш вика не или не знам,со оправдување дека сум била досадна со истото прашање,па на крај пак ти вика дека сака да е со тебе,но од друга страна не ти посветува доволно внимание,не те бара како порано и по малку те игнорира? Ептен измешана ситуација.Не знамшто да мислам,не знам главата кај ми е...