Тотално им е небитно! Битна им е девојката. Да им беше битна облеката, ќе искачаа со торба полна женска облека а не со девојка. Пред искачање седи во фриждер околу 20 минути... Шега на страна, зошто би била поладна кон него ако ви е убаво?
Па секогаш ќе има ups and downs во една врска и за да се запали оганот пак треба да се воведе нешто ново. Почнете некои работи заедно. Не знам што сакате но искрено ако некој ме праша за подобрување на една врска што би им препорачал тоа е танцување. Така ем ќе се забавувате ем ќе се запознаете подобро со вашите тела и страсти. Зашто танцот не е само играње тоа е искажување на душата на човекот,исто како артист што го бојадисува својот канвас. Не знам колку години сте но после 3 години фаќа монотонија и треба да се најде нешто што ќе го загрее таа страст пак. Има милион идеи еве ви една од нив. Може да џогирате,може да играте зумба и секакви други работи.
литл17 истото ми се случуваше долг период во последната врска цели време ми велеше демек еј не навлегувај еднаш мора да се скараме ... до негде мислам дека тоа му беше како од страв бидејќи тоа му беше прва долга врска и пробував да разговарам и му кажував дека ако му е убаво со мене нема потреба така да размислува и да ми го вели тоа туку да се опушти и да ужива во тоа што го имаме ... но како што кажува мојата прва реченица врската заврши и една од причините беше тоа што толку време го слушав тоа ’ еднаш мора да раскинеме нема да сме секогаш заедно’ што некако сфатив дека е вистина и кога при раскинувањето му реков дека не требаше да ми зборува така сфати и он али веќе доцна беше
Здраво дечки. Имам една недоумица. Еден тип ме додал на фб и константно ми става лајкови на песни и се исклучува на 20 секунди. Еднаш му пишав као "се знаеме од некаде" и он ми враќа нешо од типот " не е битно". Ок си викам, ама почнав скоро секој втор ден да го среќавам и онака очигледно зјапаме еден во друг. Сеа и јас му ставам лајкови, ама не ми е јасно зашо ме зјапа?
Топло ладно?не рецептата него дали потребно е да се примени тактиката кога гледаш дека има фидбек ама не е баш еднаков на залагањето од страна на девојката?? И уосталом доколку во претходна смс конверзација како последно пише една девојка смс на дечко и на шала му искажува некое чувство ама сепак сето тоа низ доза на шега као „добра сум ама ако те изгушкам ќе сум боље “а на таа смс дечково не возврати...дали има уопште тоа некакво значење?Значење во смисол ладен туш, незнаење што да пише....или едноставно е „бич јас се зезам не сум заинтересиран за смс закачкања нит за нешто посериозно... Сега може звучи будалесто прашањево...ама ете ме интересира од мушка перспектива...
Не сум машко ама морав да искоментирам. Ауу ептен дрско и уфилмано од негова страна. Ептен е самоуверен дечково. Сигурно некоја толку многу лошо го зезнала што сега се пази пред да се стави во игра со друга девојка. Или па можеби не го осеќа истото што и ти, па се дистанцира на време. Што донекаде е и фер, не ти дава лажна надеж.
Во иста ситуација сум Страв ми е дека ако сум толку опуштена ќе мисли дека ќе ме има. Затоа што според мене ако веќе добиеш некој незначи дека треба и да престанеш да се бориш за него. Само што овој пат се бориш да остане со тебе. И јас мислам дека не треба да се опуштам толку
Карактер , тешко се менува, ама не чини толку да си ги искажуваме чувствата . Егото никогаш не зема слободен ден.
Зависи каков ви е односот,за невозвратена смс може да има многу причини.А и многу ми е познато таквото однесување...може би е зафатен не со една туку со повеке..
Значи немам никаков проблем, само онака ми текна и чисто ме интересира. Дали би имале повеќе "почит" и повеќе би му завидувале вие момците на другарот ако легнал 20 нормално згодни девојки или ако легнал само 1, но таа е тотална секс-бомба, на пр. како Меган Фокс?
пффффф ама ти е прашањето,исто како сега јас тебе да те прашам дали на другаркати ке и завидиш ако легнала со 100машки.
Јас имам огромен проблем и ми треба совет од машка страна, чисто колку да имам отприлика претстава што му се врти во глава на од вчера бившиот дечко. Значи вака многу пати ме има излажано за глупави работи, дознав дека пред 2 години си пишувал со девојки од профилот на другар му со содржина во стилот имам девојка затоа од тука пишувам, чувај се за мене, да излеземе на кафе.. со друга девјка една што беше мнг добар другар му имаше пишано: со тебе супер ми беше и може уште ќе бевме заедно ама ти кажа крај прво ме избриша од фб, второ ме држи инат, трето имаш женска.. ОД муабетов заклучувам дека можеби ме варал, значи се колне се ака од земја дека не е вистина туку дека таа многу го сакала и затоа така пишала.. на бившата негова пред мене и има пишувано од кај другари и она му пиша еднаш порака да не ја замара.. на деталните сметки се јавувал цело време на девојки и сега како демек било тоа порано сега ме сака и сака иднина со мене.. е сега случајно вчера дур беше кај мене му се јавува некоја девојка и му вика леле брзо јави ми се ми требаш нешто важно.. и јас се изнервирав мнг ама не ја покажав нервозата и и се јавува и му викам стави го до мене телефонот и јас да слушам и она му прави муабет као секој ден да се гледаат како блиски да се а он цело време се оддалечуваше и и викаше како демек абе тие и тие те бараа вчера од кај мене.. го дознав нејзиниот број и му отворив акаунтот и ја гледам деталната последните месец дена често и се јавувал и во периодот дур е он на работа, а он наводно се вадеше демек другарите вртеле од кај него.. и му кажав готово крај дефинитивно не сакам ништо со тебе и после тоа ме бараше да се видиме ама јас не сакав, плачеше ме сакал не ме варал никогаш едно друго.. и нема врска некои други работи и ми вика ајс само тебе ќе те сакам ти биди среќна и со друг, за што и да ти затребам барај ме едно друго.. Тешко му е знам, и сега ми се јавува као демек татко му му се јавил му рекол дека скара ќе прави да сум дошла и јас.. муабетот ми е дека често ми се јавува и се однесува „другарски“ ама јас мислам дека тоа го прави со ц ел јас да попуштам и да се смириме.. а инаку нашите се блиски, да напоменам 3ипол години бевме заедно.. Јас сепак мислам дека јас сум во право дека е најдобро да прекинеме, вие машки што мислите правилно ли постапувам.. според вас од ова што го наведов што мислите?? Некој совет? А да напоменам дека се прави за мене стварно ме сака знам, ама каква му е таа љубов ако цело време ме лаже и крие од мене.. Нели?!
Zensko sum i izvinete sto se mesam vo ovaa tema ama morav da pisam.znaci devojce tvojot decko mislam deka voopsto ne te saka i pocituva spored ova sto go pisuvas,razmisli si dali e samo tn ljubov pricina sto toj e so tebe.nemoj da mu se smiris i prodolzi si so zivotot.i ne mi e jasno kako si trpela pred tebe da pisuva poraki i da zboruva so drugi?izgleda deckoto mn zamav si zemal.poz
нема пишувано пред мене, он си пишувал кај другар негов кога бил а јас се сама си дознав, и со другите се слушал кога е без мене а вчера само што случајно испадна таа да му се јави, па после јас го терав да и се јави назад за да видам зашто го бара.. абе и јас мислам така, ама цело време ми се јавува ми прави муабет и ме вика кај него дома, пошо татко му скара нешто правел и му рекол и јас да дојдам.. тешко ми е и нема да дозволам да се смирам, ама се обидувам да го сфатам зашто ми ги прави тие „другарски“ муабети ме вика на пример, а и он знае дека немам во план да продолжам со него.. дали можеби се надева? не знам, ништо не знам.. целата сум побркана, не знам како да се однесувам прв пат се наоѓам во ваква ситуација со дечко со кој сум во долга врска :/
Te razbiram duso i jas sum vo dolga vrska skoro 5 god i znam deka e tesko da se prekine ama edno ke ti kazam tesko zenkar da se promeni!samoto toa sto 1000pati si go fatila sto ti kazuva?ednas moze da pomini ama tolku pati...i nemoj da ti e nezgodno sto vasite roditeli se poznavaat.vazna e tvojata sreka
Pozdrav ti posakuvam se najdobro.i koga ke proba toj da razgovarate pokazi cvrst stav da ne vidi kolku ti e tesko.vremeto lekuva se,a toj nema da se promeni ne veruvam vo drasticna promena vo karakterot na lugeto.
После ќе се видиме за да разговараме, планирам да му дадам до знаење дека многу ме повредил, но нема да потклекнам и да дозволам да му простам, а ќе ме моли многуу знам. Ќе му покажам дека сум јака и дека можам да продолжам без него.. И баш би ми бил корисен совет од некое машко, да видам од нивна гледна точка како се изгледа и би изгледало и на некој начин да ми го објаснат тоа негово однесување кое го пишав погоре.. Поздрав.