ПИПИ 83 - кога сето ова ќе заврши,а јас се надевам дека ќе заврши (за твое добро), и кога ќе запознаеш човек кој ВРЕДИ, кога ќе ти падне тој превезот од очи кој моментално го имаш, ќе се чуствуваш како преродена и нема да ти се верува како си можела да трпиш и да минуваш низ сето ова што сега го минуваш. Тоа што постојано се навраќа на тебе и што не те пушта од неговиот живот, а нема никакви озбилни намери-колку и да ти личи на љубов-не е. Барем не е онаква каква што секоја жена треба да почуствува-искрена, топла, љубов во која ќе се чуствуваш сигурно. А овие игри на топло-ладно се играат во тинејгерските години не сега. Поздрав
Епа вака сакам момците да ми одговорат колку машкото може да истрпи и да преќути доколку ја сака девојката? Поконкретно, мене кој и да ме изнервира идам и нервозата му ја исфрлам на дечко ми, затоа што знам дека он ми ќути, за ситници ама баш за ситници кога ќе се срчкаме јас избувнувам одма почнувам да викам, да го удирам, одма раскинувам, тргнувам да си идам, а он секогаш гледа да смири ситуација, кога го удирам ми стои за да ми помине нервозата, кога ќе тргнам да си одам никогаш не ме пушта додека не се смириме. Пред него за мајка му што не зборам и исто така и тоа ми го преќутува, само ќе ми рече каква таква мајка ми е. Не ми е јасно како човек може толку да трпи, а сум му кажала дека сум таква и дека нема да се сменам.. Сакам ваше мислење дали само заради љубовта толку преќутува?
ќе ти ќути се додека не те земе за жена потоа ќе видиш кај се раѓа лебот,ова ти го кажувам од лично искуство.и јас на мојот тогашен дечко а сегашен сопруг што се не му правев и му се лутев,не му правев муабет,му викав го вреѓав а он си ќутеше и беше ко бајче,ама од кога се земавме не е повеќе така сега и ми противречи,не дозволува да му се дерам,да му кажувам лошо за мајка му,со еден збор сега прави се што пред тоа не ми правеше.заклучок?тогаш знаеше на колку тежок начин ме освои,и во секој миг можеше да ме загуби,а сега сум му дома сигурна мажена и знае дека нема бегање па затоа си ги отвори чуствавта и слиободата си ја зеде во раце.се надевам дека ова нема да биде случај и кај тебе.
Јас не сум машко ама би сакала да ти дадам совет Зашто секогаш му се истураш на дечко ти? Во ред е некогаш да му се пожалиш или испукаш заради некој и нешто, ама немој секогаш, сепак не е убаво. Како би ти било тебе ако он го прави истото што и ти? Стави се малку во негова кожа. А тоа што ќути можеби е таков тип, мирен, премногу те сака и несака да те нервира кога ќе види дека си лута веќе заради нешто
Nrdzma зошто мораш да му го правиш на твоето момче? и искрено кажано не ми е јасно тој молчи? или пак си нашла овчичка за стрижење, и мислиш дека вечно ке можеш да го стрижиш? СЕКОЈ СИ ИМА СВОИ ГРАНИЦИ И СВОЈА ЦРВЕНА ЛИНИЈА денес ти него, утре тој тебе ке ти прави исто како што ти му правиш ама после немој да се жалиш ваков е таков е , оти верувај машкото трпение кога ке заврши е лошо размисли малку што правиш, оти такво типче во денешницава е тешко да се најде, а ти го имаш и незнаеш да го чуваш, ама кога на него му се смачи да те трпи и си побара утреха во прегратките на друга, ке се прашуваш зошто ли го правеше тоа, но ке биде предоцна.
Кратко и јасно, без должење на одговоров - Ќе те трпи се додека не му скиснеш...А верувај колку и да те сака, не е венчан за тебе да те трпи максимално и без граници....Очигледно дечко ти има многу големи живци и огромен степен на толеранција....Но кога и да е и кај него ќе прелие лончето....А после тоа кога ќе ти каже дека не сака да те види веќе, ти ќе бидеш таа што ќе плаче по цел ден дома !!!!! ПРОМЕНИ СИ ГО ОДНЕСУВАЊЕТО КОН ДЕЧКО ТИ, ПОЧИТУВАЈ ГО ЗА ДА БИДЕШ ПОЧИТУВАНА !
Со него се знам одамна. Повеќе од половина година сигурно има. На почетокот ми даде до знаење дека е заинтересиран за мене и дека сака да се запознаеме, но јас не сакав ништо со него поради х причини. А подоцна сфатив дека Таа не го сака како што го сакав јас. И траев и траев, се до крајот на летото. Не знам како му успеа, ама ме освои со поглед. А тврдев дека не го сакам. Се лажев. Потоа тој почна пак да разговара со мене, ме гледаше под око на родендени и слично. Ми рече дека ме сака, а јас (сега мислам дека постапив глупаво) .. па и јас му кажав. Кога беше вистина и кога не знам да лажам, тоа е. И продолживме така да си контактираме, плус преку мобилен. Така гледано - јас немам проблем и не ми треба совет. Ама вака гледано: СЕ се случуваше на глупавиот ФЕЈСБУК!!!!!!!!! Колку што го сакам, толку и го мразам! ЗОШТО тој нема храброст, ако навистина му значам, да се појави пред мене???????? Да ми го каже тоа в лице? Не јадам луѓе, бе човек... Само нека дојде, нека ми каже се како е. Нека ми признае се, па и дека ме лажел - барем ќе знам на што сме... Секој ден ми пишува прв... Тоа е проблем бидејќи само тоа и го прави. А јас не сакам да ми пишува, сакам да ми каже. Според вас, драги машки, како јас треба да постапам? Да прекинам ли контакт со него или да продолжам со оваа виртуелна фејсбуковска љубов? Однапред благодарам
хехе според мене љубов преку фб НЕ ПОСТОИ! од тоа можиш да заклучиш дека ни тој тебе те сака,ниту пак ти него...всушност сето тоа е само опседнатост...за љубов треба многу повеке...едноставно кажано,јас предлагам да си пронајдиш нова сродна душа срекно
Пробај ти да ја отвориш темата за тоа да се видите и да разговарате, не е ништо страшно девојката да е поконкретна во вакви ситуации, а и очигледно тебе повеќе те „измачува“ моменталната состојба со него. Затоа, пробај да дојдеш до средбата што ја сакаш, зборувајте и расчистете, за побегу да одлучиш дали треба да продолжиш со романсата што ја имаш со него, или да се свртиш кон нови „видици“. =) Среќно!
Размислувам да те послушам, nightwalker И се согласувам со изи дека љубов на фб не постои. Тоа е само виртуелна реалност. Ви благодарам на двајцата
Па нели гледаш дека тој сака нешто со тебе ама неможе од : 1 СРАМ 2 СРАМ Да не испадне сељак па да го откачиш 3 СРАМ да не испадне манијак па да го откачиш 4 СРАМ да не испадне било какво друго одвратно суштество па да го откачиш 5 СРАМ дека нема да може да ги одбере правилните зборови 6 СРАМ дека ке го зае*е првиот состанок 7 СРАМ дека кога ке го прашаш некое прашање нема да може да одговори бидејки не ја знаее таа категорија 8 СРАМ дека нема да може да се издигне на твоите замислувања за перфектен дечко 9 СРАМ дека другарите ке го исмејуваат за папучар 10 СРАМ !!!!!!!!!!!
Се сложувам со yipman. Значи одма ќе ти кажам. САКА ДА БИДЕ СО ТЕБЕ. Точка! Ама проблемот ти го кажа yipman. Значи дечкото е срамежлив. Сега барем е лесно кога веќе постои chat. Сега луѓето полесно ги изразуваат своите чувства преку интернет со оглед на тоа дека пред нив нема никој да разговараат во 4 очи а сепак нема да се избрука од неговиот настап. Биди ТИ таа што ќе му пише уз муабет. Прашај го отворено дали има некакви чувства према тебе што ти посветува толку многу внимание... Нема што тука повеќе муабети
Не очекувам да е перфектен. Знам дека има маани, прилично исто како и секој друг човек. Срамежлив е, ама не е само тој...Си тера по своето, само ми пишува. Патем - мислам дека ќе имам едно „видување“ со него наскоро Ви благодарам и на двајцата
Сакам и јас да прашам чисто онака...зошто ми прекурчи и мене веке. Се знаевме најпрвин преку интернет(ох да,интернет)но после некое време се запознавме,и тоа на НГ и се смувавме.Ок,јас го одвив за врска ради некои мои причини(моето минато зошто имам страдано ради машки) а тој беше упорен,сепак не попуштив,ама тој тоа не знам како го сфати(не немам самодоверба,никако не можам да ја вратам)Тој беше многу внимателен кон мене и сакаше да му се искажам за да ми биде полесно,ок веке ја знае приказната. После средбата јас мислев дека нема да продолжиме со контактот но грешев,тој продиолжи да ми пишува а мене ме радуваше тоа.Си мсилев конечно ке ми тргне во љубовта...На два трипати разговаравме за средбата и за тоа што се случи...една нок сакав да му кажам нешто,и преку неговото однесување се скарав со него и ми спомна имавме мала авантура ништо повеке. Јас се налутив нормално и почнав да го врегам.А тој на тоа почна да ми вели дека нема да ме пушти толку лесно и дека му значам...секаде ме бараше на мобилен на фејсбук,на мсн...но јас се налутив премногу,другиот ден ми помина лутината и разговарав со него.Средивме работата и останавме другарчиња,сега има нешто што ме буни:Ми вели знам дека ме сакаш,ама јас не сум за тебе доволно добар(нормално изговор е тоа)јас не знам дали тој има чуства за мене?секогаш кога не се појавам во текот на денот или на мсн или на фб тој ми пишува пораки или ме бара,кога некој ме замара тој се обидува да го тргне,кога се лутам тој се прави за да се смириме,и плус ми ги кажува работите што ги правел во текот на денот.Ме повикува да се сретнеме за кафе,секогаш кога сум тажна тој сака да ми помогне. А ако му спомнам за некое момче тој ја менува темата или ми вели во стил остави го... Порано кога се допишуваше со неколку девојки мене ме нервираше тоа,тој го забележа тоа и прекина... Има моменти кога тој е нервозен и не му се збори со никому,јас го оставам а кога јас сум лута и не му зборувам исто и тој ми се лути мене.... Како да се однесувам со него?кога навистина не знам дали има чуства за мене,и со тоа негово однесување? Вчера ептен му бев лута,го примети тоа и ми пиша убава порака...WTF?
Според тоа што го напиша - гледам дека е навистина заинтересиран за тебе - инаку нема да те бара после секоја караница и недоразбирање. А можеби и таквите негови моменти се резултат на нешто од минатото или некој едноставно го изнервирал, па тој те нервира тебе и ајде - сите сме изнервирани. Јас не сум машка страна, но ќе ти кажам што имам. Мислам дека и на двајцата ви треба еден добар разговор СО отворени карти. Не може така топло, ладно - ме сака, не ме сака. Ако навистина го сакаш И те сака, сигурно ќе најдете заеднички јазик.. Прашај го што чувствува за тебе. Што и да ти е намера да да направиш следно - од мене среќно
Благодарам Е сега јас се плашам да му кажам дека ми пречи тоа негово однесување бидејки не знам како ке го погодам моментот.Секогаш кога го прашам што му е ми кажува...Така го изгубив бившиот не сакам и овој ама некогаш ако му се налутам стварно е мил и нежен кон меен а веке следниоп момент не му се збори ко да ме одбегнува. Ке видам што можам
Но во тоа е и поентата и убавината во тоа да го „истражуваш“ партнерот... Не можеш ти да влезеш во каков било однос или врска со некого, очекувајќи да знаеш се’ за него, или за неговите реакции, мисли, ставови, планови... Едноставно, препушти се на она што го носат моментите, откривај го, ризикувај, биди спремна на се’, освен на едно готово сценарио по кое би се одвивала твојата евентуална иднина со него.
Точно дека не можам затоа и се обидувам да му помогнам во некои работи,еве во моментов зборувам со него.Се бунам дали има чуства за мене или не.Постојано се менува
Ајде момци советувајте!Што ви е најважно кај една девојка,ама искрено и кои девојки се повеќе посакувани црни/плави,слаби/дебели хаха
Неможеш да карактеризираш и да генерализираш така...Кои девојки се повеќе посакувани...Се зависи од дечкото...Кај секој е различно...Ова што го наброја се е базирано на физички изглед...Ако веќе се генерализира, кои особини би биле по првлечни, не би генерализирал според физички изглед, туку според карактерни особини... Интелигенција - (еден предуслов ќе го ставам еве да оди на факултет, иако нема никаква врска со интелигенцијата, сепак еве нека е предуслов), да знае да ти сврзи 2 реда муабет- (зборувам за сериозен муабет, на тема од областа на уметност, музика, психологија, архитектура, без разлика што и да е), да има некое хоби - (не да дреме по цел ден дома на нет и да не праи ништо....девојки што имаат хоби се многу поинтересни зашто покажуваат степен на самостојност), да има добра смисла за хумор (ова е секогаш добитна комбинација, без исклучоци), да има свое јас - (да не се согласува со се што ќе каже дечкото...зашто многу брзо ќе стане досадна)..... Има уште милијарда работи, ама еве ова се некои од главните, што кога би генерализирале, овие особини би се истакнале најмногу, односно би биле критични за каков тип на девојки им се привлечни на машките