Ми треба совет, од машко, женско, сеедно. Пошто навистина ми е тешко за ситуацијава. На кратко. Со дечково пред една година се запознавме, али имавме кратка средба, потоа продолживме по фб муабети..муабети и муабети..беше очигледно дека ме свиѓа..али тогаш мене ми беше паметот по други глупости..ма ни ја незнам каде ми беше паметот..едноставно не го рецкав многу..но сепак важно правевме муабет. Искочивме неколку пати, супер си поминавме, он беше на се спремен, али јас бев таа што незнаеше што сака. Значи детето не ме свиѓаше...затрескано беше во мене. После година дена (што е навистина многу, зачудувачки многу), си фати девојка, многу нормално, цела година трчаше по мене..дури и ми се отвори за многу работи, а јас ништо..ништо. Нормално, кога ќе изгубиш нешто сфаќаш колку ти значело...и кога си ја средив главава месециве, сфатив дека сакам да сум со него. Знам, касно ми е, си фати девојка детето пред месец дена, и ни на крај памет не ми е да рушам врски, не сум таква, но имам некоја потреба незнам зошто, да го видам, и да му се отворам за некои работи, едноставно да сум искрена, знам дека ќе ми биде тешко, али и него му беше тешко толку време, кога јас постојано бев како камен..најверојатно тоа ништо нема да смени..но ете, сакам да му ги кажам тие некои работи, мислам дека подобро ќе се чувствувам после тоа. Вака ко да имам некој немир во врска со него.. Мислите ли дека треба да го сторам тоа? И како воопшто да го видам? Од кога си фати девојка, нормално, прекинавме со муабети на фб, и сега ќе биде многу чудно и неубаво ако му пишам на фб, значи нејќам да му пишам, знам на кој факултет е, некогаш го среќавам таму...незнам...незнам како да направам да се сретнеме ве молам за совет
па отворено да му пишеш дека сакаш да разговарате можеби и тој сеуште чувствува нешто за тебе ете отвори му се за тоа што сакаш па после објасни му како стојат работите.
Имам еден школски и ќе ме викне така нежно на име и јас нормално "Moлам" го гледам во очи и тој трае некој период 5-6 секунди и ќе тресне некоја зелена како на пример "Oди шетај" И така неколку пати сум му го фатила погледот. И се се докажува пред мене, само на глупав начин. Да не е затрескано детето во мене!?
мора да почнеш да некаде. Пиши му на фејсбук прво онака како што правиш како си или долго се немаме видено. Види дали ќе врати и како па така постави се
Епа вака типкиве се како група другарки најдобри и сеа еднава го свига дечко ми и он знае и ми кажа најотворено за тоа. Е сеа една нејзина другарка денес ми пиша на фб како ти идеш со него, а он ме мува мене. И искрено незнам што да правам зошто и во последно време ми е многу чуден и му се јавив и му кажав се што како и ми кажа демек имала она дечко и не му текнувало името на дечко и, а колку што сватив тој му е другар. и ми спушти и после ми се јави демек несакајки било и пак се збуни и на крај успеа да ми каже како се вика за на крај да видам дека уствари и не постои такво дете. Искрено мислам дека ме вара. Машко мислење за ситуацијава? а и женско не е на одмет Спојлер инаку сум средношколка
кога веќе има некој кој нуди помош да побарам и јас.. ме интересира како да му се приближам на момче со кое не се познаваме, веќе го аднав на фб ама мислам дека не е тоа тоа. Помош?
дечково твој, сака да шара али нема м*да, истото се случуваше кај мене во претходната врска, му го отварам неговиот фб, ПРЕД него и така една убава караница тогаш, по неколку дена другарка ми кажува и велел дај мести ја оваа и сфатив дека јас не сум некоја идиотка он да прави будала од мене ... јес да плачеше на крајот ама ако му, сам си го бараше. прекинувај ја врската додека не е премногу доцна 3ипол години се МНОГУ. ете така едноставно пиши му, ќе се одврзат муабети, ќе дојде на ред кафе и прибилижана си толку бунење не е на арно, а и средно си не се замарај до толку, незнам колку време одите, ама мене ми изгледа на доволно. подобро сингл ама среќна одколку во врска несреќна
luge daj be kazete sovet kako da se spravam so maz vo znak skorpija...lele uzas e!!! a sakam da uspeeme ama nekako neznam nit kako nit sto da pravam da go imam do sebe fala vi odnapred
Мажите скорпија сакаат непредвидливи, несигурни работи. Мој совет ти е, прави што ќе правиш, само никако немој да се најдеш во ситуација со која би му докажала дека може да те има во секој момент, ако почувствува дека "те има во џеб" нема да му бидеш повеќе интересна, затоа што ќе бидеш освоена територија. Затоа, најважно е во таква врска да бидеш првенствено своја, паа да, малку и себична,следи ги прво своите желби па потоа неговите. Знам дека звучи малку шовинистички,ама реалноста е таква!
да да приметив кога нон стоп му вртев се презасити и го снема ...ми се прави важен почна све несто да му искаца све нешто работа има и некако престана да ме бара...а сега кога не му вртам си терам по своето еве по фб . ке напише нешто у стилот "ме заборави" , врти на телефон и така...(ама јас не сакам такви мажи што си играат топло ладно) така да незнам дали воопшто тоа ке успее со оглед на тоа што јас сум бик а тој скорпија...комбинација смрт !!! Мажите скорпија сакаат непредвидливи, несигурни работи. Мој совет ти е, прави што ќе правиш, само никако немој да се најдеш во ситуација со која би му докажала дека може да те има во секој момент, ако почувствува дека "те има во џеб" нема да му бидеш повеќе интересна, затоа што ќе бидеш освоена територија. Затоа, најважно е во таква врска да бидеш првенствено своја, паа да, малку и себична,следи ги прво своите желби па потоа неговите. Знам дека звучи малку шовинистички,ама реалноста е таква![/quote]
Никако. Исто е и за машки и за женски шкорпии. Многу се самодеструктивни. Вака гледај на работите. Никогаш нема да ти биде досадно па и да не го задржиш сигурно ќе го памтиш.
Да. Направи да неможе да те заборави. Биди чекор пред него. Биди своја и не дозволувај да те вовлече во неговиот самодеструктивен круг. Врска не е натпревар а многу шкорпии баш тоа го наметнуваат. Не се баш по компромис, знаеш? Ако знаеш ова да хендлаш, можда. Може па он ќе те памти цел живот
[/quote] Да, такви се шкорпиите, додека не му влезеш во срцето, играта топло-ладно ќе биде постојано меѓу вас. Ако навистина ти значи, не дозволувај да бидеш само уште еден трофеј што после извесно време ќе добие и бројче! Не, наместо тоа, добро кажа tinan, најважно е да бидеш своја, со свој живот, не го форсирај како да ти е најголема премија во животот,во кој за тој да добие свое место, треба малку да се потруди, искушувај го на моменти, нема да е лошо А после извесен период, откако ќе му влезеш во срце, поинакви се, иако некои стари навики ќе останат, сепак нема да можат притисокот на заљубено срце да го совладаат Среќно Не,не значи! Мажите во реалноста не се тоа што се во бајките, такви нема! Од мое лично искуство ќе ти кажам, неколкупати после прв состанок, со нетрпение чекам,ама не ми се јавува,си велам, сигурно е зафатен, којзнае што му се случило, јас ќе му се јавам, а тој одмарал по дома со некои трети планови во кој не сум јас, статистика правев на таквите случаи, на сите оние на кој сум му се јавила, никогаш повеќе не успеало! Поентата ми е, мажите по природа се "ловци", иницијативци, остави тој нека ти се јави, од искуство кажувам дека девојка што превзема прва иницијатива, дава слика на освоена територија и истата понатаму е неинтересна за мажите, таква е реалноста, што да се прави!
Ќе имаш мака многу додека да ја откриеш добитната комбинација али ако успееш е тогаш може да се пофалиш дека си имала среќа не го слушај што зборува со устата,пробај да го осетиш што навистина размислува,може да збори нешто лошо но нема да го мисли тоа,него само си прави анализи и додека не те анализира убаво ќе помине време додека да ти се предаде,само има трпение и ако толку много го сакаш пројди ги тие негови тестови нема да траат повише од месец дена биди до него и твој е ја сум инаку шкорпија да е лесно не е ниту нам ниту на другите