1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Muffin.Love

    Muffin.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Епа вакаа, пред една недела се запознав со еден дечко што оддамна го манијачев на фејс :lol: и беше изненадувачки фин и мил и со мене се однесуваче одлично значи се нај. Од друга страна се јавува дечкото кој го знам оддамна и зимата имаше нешто ама како ништо. Прашањето ми е дали овој што го запознав сега има нешто или џабе се надевам зошто многу се зезаме и се, или да одам на картата со овој вториот зошто и повеќе го знам, а и почесто се гледаме.
     
  2. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Се запознав со еден дечко, се гледавме често, муабетот одличен, 3-4 недели скоро секој ден се гледавме и се поинтересно ни беше. Работата е тоа што не дефиниравме дали сме у врска, не се слушавме како дечко и девојка, туку само пред да излеземе да се договориме што како.. и една вечер сакаше да имаме односи. Меѓутоа не можев, зашто не знаев на што сум со него, многу ми беше рано и едноставно не сакав да избрзувам. Го имавме целото време на светот, или барем така мислев. И он на тој мој муабет изреагира сосема ок, демек во право сум, рано е.. И наредните 2-3 дена ми изгледаше како ништо да не се сменило, ок беше со мене, расположен, забавен... И едноставно исчезна. Одма помислив дека сакал само да спие со мене и од како не успеал, веќе не го интересирам, ама од друга страна ми изгледа како да има нешто повеќе од тоа. Исто така другар ми, кој е другар и со него ми кажа дека пред мене имал некоја со која се глеале за секс, али ја баталил зашто сакал нешто посериозно со мене. И дека сум му одговарала у секој поглед и дека многу сум му се засвиѓала и физички и карактерно. Го прашал како ни оди, а овој му рекол само дека не сме се виделе 5-6 дена и ја сменил темата. Зашто не му се јавам јас? Зашто во петокот ми беше роденден и знаеше дека ми е, а не ми пиша ни една порака на фејсбук, а не па на мобилен, а пред тоа ми се јавуваше секој ден. Една недела помина без глас и трага. Ако некој што не го мрзеше да го чита ова има некакво мислење или претпоставка што к*р му е на типов, нека напише :?:
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Другарите на типот очекувај редовно да лажат за вакви работи. Макар биле истовремено и твои другари. Од искуство.

    А типов мене ми се гледа дека сакал само секс и добар провод (барем во тој период), а фактот што по 2-3 дена откако си го одбила за секс сменил плоча, ми говори многу (мене лично). А толку да си му се засвиѓала и да чувствувал дека си му одговарала во секој поглед и да сакал врска со тебе, ќе ти се јавел да ти честита роденден. Па на ФБ има и потсетници бре за такви работи. Мислам дека тоа му го рекол на другарот да ти го пренесе, за да те...имплицитно казни за тоа што не си му дала (што го прави тотално искомплексиран младич кој не ти е воопшто потребен).

    Очигледно ова е еден од оние „3-4 недели ја шетам, она не ми дава, не ми се исплати да трошам време со неа“ искомплексирани типови. Среќа твоја е што го снемало од твојот живот. Уште фалеше неговите комплекси да ги лечи на тебе. Ама ај разбирам да сака мување, повремено гледање, ама да биде доволно факман истото да ти го предочи. Да ти даде до знаење на што може да бидеш со него. Ама не, тој се надевал дека со “ќутенката“ полесно ќе добие пошто не си му дала впечаток на таква цура.
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Батали го.
    Кога следен пат ќе се појави/јави/ контактира на било кој начин, прашај го што точно сака од тебе.
    А ќе се јави, ќе видиш, кога нема да му биде слободна цурата за с**с. Сакаш да си втора резерва на фуцк френд?
    Е тогаш да му кажеш што очекуваш од него и каков би сакала да ви биде односот.
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mila34

    mila34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    82

    TiNan ti si CAR !!!
     
  6. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Луѓе фала многу на одвоеното време :$ Ми требаше вака искрено мислење, зашто моите другарки ќе смислат се, само да ме утешат :rofl:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Ајде малку помогнете и на мене ... јас сум заљубена во најдобриот другар.. разговаравме еден ден така општо цело друштво и се спомна за љубов и јас споменав дека неможам да му кажам на тој што го сакам бидејќи ке го изгубам а тој на тоа одговори дека подобро е да му кажам... што мислите би требало ли да му кажам?? Сепак мене сеуште ми е страв да не го изгубам.. :worried:
     
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Љубовта не се кажува,љувовта се изразува.
    Прво нешто е да му дадеш сигнали дека ти се свиѓа и бакни го.
    Нема тука те сакам и такви лигавења,не си во некој филм тоа е реалноста.
    Треба да има оган и тој треба да се запали.
    Бидејќи ми делуваш на повлечена девојка и срамежлива,почни малку да бидеш отворена да го привлекуваш,а со муабет големи се шансите да нема да направиш ништо околу тоа.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  9. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Епа ми беше партер на матурската .. се штипкаме, си намигнуваме .. школските ми велат дека сигурно му се допагам и мојата другарка мивели дека ме мерка цело време... но на моменти ладен кон мене ... одеднаш се менува .. незнам како да постапам .., какви уште сигнали треба да му дадам ... дали јас да нападнам прва ичи да чекам тој??
     
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Ако толку ти значи направи го првиот чекор и после како ништо да не било :)
     
  11. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    оо мислиам дека ќе пукнам :@ вака пред некое време се зближивме со едно дете, типов имаше женска но се скараја и по 2 месеци од ко стана сингле од нигде никаде демек ај да се видиме почна типацов да ми врти муабети, а пред тоа се онака си пишевме цело време другарски......и ај се согласив ама ништо не мислев јас онака мислев кафе нешо да пиеме...но битна се смувавме иако јас не бев сигурна баш..ама бидна...и потоа нон стоп пак пишевме ама јас онака ладна пак исто како да си продолужуваме другарски се муабети ми вртеше некои и бакнежи само ми прајќаше и по еден месец од ко се смувавме се беше океј мислам пишевме и требаше да се договориме пак да се видиме...........но пред некој ден нешо чудно ми се испонаша ко му пишав и си реков ок нешо не можи работи има и по 2 дена гледам во врска се ставил.......не ми се веруваше ејј Шок! не можев да се изначудам шо се деси...од нигде никаде.....толку се разочарав се почуствував понижена, искористена во животов вака не сум се чуствувала......не дека ми знаеше нешо, ама ова не го очекував како да ме искористи, се со мене пишеше се дружеше се замараше да речам и после од нигде никаге оп се смири... а пред тоа да речам ко бевме онака другари во вистинска смила викаше немало да се смира бла бла... оф мислам ќе полудам многу се чуствувам навредено, понижено и не знам сега како да постапам....
     
  12. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Што се случило се случило продолжи понатаму и не се замарај со тоа очигледна е ситуацијата. Немој повеќе да се понижуваш за вакви неизживеани створења не е ни прв ни последен навистина размисли со ладна глава дали вреди да се замараш.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Па ако сакаш да му бидеш резевен ас во неговиот ракав слободно продолжи да го гониш,но запомни дека самата веќе го знаеш одговорот и решението на тоа,само не ти се сака да го прифатиш :)
     
  14. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Ризикувај. Вреди.
    Си знае он. И он се плаши и тоа од две работи:
    - Исто као и ти, да не те изгуби,
    - И се плаши од таков тип на врска затоа што со најдобар другар одма рипаш на "второ ниво", односно од прв ден во сериозна врска.

    Редактирано*........

    Отпосле видов колку години имаш.
    На истите години, на истиот (наивен) начин како и ти и кажав на најдобрата другарка дека сакам некого но дека неможам да и кажам. И така и после 30 години усште ја сакам и цел живот ќе ја сакам. :inlove:
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Здраво момци :)
    Можеби е малку глупаво прашањето(детско) ама сакам да слушнам и ваше мислење.
    Значи за роденденот на дечко ми купив парфем antonio banderas,и некои дребулии..меѓу нив има и една кутија во која има 16 пораки,т.е причини зашо го сакам..он е онака романтичарски настроен :D
    Прашањето ми е дали би ви се допаднал таков подарок..кутијата :D
     
  16. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    НЕ, не, јас него не го гонев и не го гонам,туку обратно беше и не сум му ресервен ас како шо викаш ти. И не можам да прифатам зашо сум многу бесна, ми приреди многу гаден гром од ведро небо да речам, а решението многу добро го знам само да не ми се појави пред очи по можност никогаш или пак да не се осмели да ми пише оти не знам како ќе реагирам и сам не е свесен шо можи да го снајди оти јас не сум играчка некој идиот да си игра или да искористува. Како и да е сепак фала шо го пиша твоето мислење. :)
     
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека е прекрасно нешто :inlove:
    нема шанси да не му се допадне такво нешто,инаку многу убава идеа би можела можеби ако имам прилика да купувам поклон за дечко еден ден да ти ја украдам :inlove:
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    фала ви многу за советите.. :)
    да заврши училиштето па тогаш се фрлам во акција ;)
     
  19. Adi990312

    Adi990312 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    на фб сме најзаљубени а во живо ко да не се познаваме ...совет?? а прва нејкам секогаш да пристапувам
     
  20. Minareli

    Minareli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    19
    Епа штом на фб само зборите, следен пат спомни му како, како така на фб се е океј, во живо ни здраво незнаеш да кажеш...
    Бев во иста ситуација и така му зборев и следен пат кога се видовме одма сменет се. Малку глупо е такво менуваше на однос преку ноќ, ама тебе ќе ти годи :lol: