Во живо не сте разговарале, а на фб романтики. Незнам за тебе ама јас ова не би го сватила за озбилно, дечкото ако навистина е заинтересиран за тебе ќе ти пријде прв или досега ќе те повикал да излезете што знам можеби е погрешно но ова е мое мислење.
имаме излезено и најнормално се однесува тогаш ама вака коа ке се сретнеме само се поздавуваме и толку.
Ја да прашам нешто:Типот те гледа цело време,ти се насмевнува,наоѓа изговори за да прозбори,во живот никогаш претходно не сте се сретнале,покрај илјадници те зјапа само тебе,те бара со поглед,но и покрај се тоа не ти спомнува ништо дека сака да има со тебе.Башка другарки ти кажуваат дека цело време погледот не го трга од тебе.После тие неколку дена наеднаш го снемува..и при разделба не те пушта од вид..Не разбирам!? Помош?
мојава состојба почна да ме загрижува,ги гледам сите околу мене заљубени,некои менуваат дечковци а јас си тупкам во место,за никој не сум заинтересирана веке подолго време,и откако пред неколку дена ја видов мојата голема љубов(ми раскина пред скоро година дена,имам пишувано за него) во врска ептен се разочарав и зедов го избришав од фб,а свесна сум дека уште го сакам и покрај тоа што љубовта ни е невозможна,инаку знам дека морам да го заборавам,никогаш не зборувам за него пред никој бидејки сите беа против нас ама во душата си знам колку боли,знам дека никогаш во животот нема да го видам,живее во друга земја,и нокогаш нема да сретнам толку прекрасна личност,многу ми недостига ,во последно време ми се имат случено неколку лоши работи и постојано кога сум сама плачам,сите околу мене ме повредија,само љубоморни околу мене,сите ме разочараа освен мајками,никому не верувам,имам додворувачи ама за никој не сум заинтерсирана,некако неможам,душата не ми дава,се нешто ме кочи,а момците се фини ама несакам повеке да се разочарувам ни себеси ни другите,на мои години се мажат,деца имаат,а јас неможам дечко да си фатам,секое утро се будам со солзи,ете и сега плачам,а несакам никому да давам лажна надеж,несакам никој да повредам,оти знам колку боли,едноставно несакам да бидам со никој а тоа ме загрижува
^ Кога ке ги оттргнеш зборовите како “Никогаш“ “Нема веќе“ “Неможам“ и сл. и кога ке престанеш да се замараш за тоа дека немаш дечко, дури тогаш ке се случи тоа што треба да ти се случи. Вака само си затворена у твој круг кој е полн со негативна енергија и се дур мислиш така и си со такви мисли нема да се извлечеш и нема да ти се случи ништо. Спојлер Од искуство ти го кажувам ова.
Дечки, ај вака.. Значи 7-8 месеци сум буквално затрескана во еден што оди со мене на курс. Тој најверојатно знае дека ми се свиѓа или нешто така. Кога сме на курс секогаш прави смешки, шеги и кога си одиме разговараме и на крајот, кога треба да се разделиме, секогаш ми вика да го бакнам во образ па да си оди, па се гушкаме и после јас летам до дома. Буквално, значи, летам од среќа. Проблемот е тоа што сите викаат дека тој е во врска со некоја друга, но мене не ми влегува во глава како може да биде во врска од една страна, а од друга да се гушка со мене? Има ли некои знаци по кои можам да забележам дека немам шанси и дека навистина е во врска? Знам дека прашањево ми е апсурдно, но сите сте биле тинејџери и затоа решете ми ги дилемите, ве моооооооооолам..
Се срами душичка, и незнае како да се однесува,кога си во негова близина пробај опушти. Пријди му со безврска рандом прашање. Не гледај на тоа како ти прва да пристапуваш. Бидејки се знаете од фб добро кој сте заш ако двајцата се срамите...далеку ке стигнете. Ке ви се појави некој/а 3та особа, што нема да се срами. И ке ви се заладат вас односите.
Епа ако немаш храброст да излезеш од удобноста на фотељата, нема ни да уживаш во благодетите на тоа да бидете заедно. Треба да се отвори тема и да се дебатира зошто девојките не сакаат први да пријдат, стварно не гледам што е лошо во тоа. Не губат ништо, можат само да добијат, или се плашат некој да не ги етикетира или можеби гордоста ќе ја изгубат? Чудни ми се таквите типки кои ќе трпат во себе, ќе умираат по некого и ќе се самоизмачуваат непризнавајќи ги чувствата и кога ќе се најдат во близина на типот ќе глумат тотално незаинтересирани.
Е ајде де оди па разбери не нас машките. Ние сме едноставни и лесни за читање како букварчиња. Веројатно чим толку зјапа во тебе типот сака да биде со тебе, сака да проба нешто со тебе, дали љубов или телесно задоволство, тоа е на тебе да откриеш. Или можеби си му само убава и не може да го тргне погледот од тебе.
Машки кажети ми што сакате да слушате од девојките , а што не ? Која тема не сакате ни да ја слушнате а која ја обожавате ?
Тоа е се инвидуално. Ако некоја збори со мене би ме интересирало на кој начин се одржува,дали знае да готви,нејзините амбиции,дали е искрена личност и ултиматимот е да знае да прави чучањ . Шала на страна збори за забавни работи,тропај глупости,битно е да бидеш уникатна на свој начин.
Koлку машките се искрени на фб ? Во денешно време сите се запознават преку фб, па секој втор може да ти каже срце те сакам. Колку треба да им се верува ? Како да знаеш дали има озбилни намери со тебе типот ?
1 .Машко на фб ти е исто како пратеник во собрание .... толку можеш да им веруваш 2,3. Зависи , ти треба да си ја поставиш оваа граница. Веројатно види колку е трпелив и ако се брза многу тогаш нешто не е во ред, сепак има некој што се мастерс (ко другар ми ) што и неможеш да одредиш дали е све вистина и дали има озбилни намери или не. Што не ; Темата Сексуални партнери кога ќе те праша колку сексуални партнери си имала пред него и ти всушност да ја кажеш реалната бројка "ти си ми втор" и толку нема што филозофии. теми која ја обожаваат : за секого посебно е но претежно , секс и фудбал.
1. Зависи од машко, јас сум на пр. релативно искрен, зависи и со кого зборам. 2. Така е. Ама не сечие “те сакам“ има иста тежина. 3. Можеш да веруваш, не се плаши, како и да е не верувај секому, некој може да има лоши намери. 4. Ќе знаеш, женско си, интуицијата ти е најјакото оружје. Што фино испрашување ми направи.
Интернет комуникација не е реална да одредиш каква е таа личност. Има бариера и не можеш да предвидиш одредени работи. Вие девојките добро знаете да читате говор на тело и тоа ви кажува многу за партнерот. ФБ кажува што го интересира,а не кажува каква вистинска личност е,затоа што преку ФБ сите сме силни а во реалност ние сме најнормални личности.
^ И те како можеш преку интернет да одредиш личност. Преку се може... Некој ако нема манири и на интернет ќе нема. Лесно е да го познаеш човек по разговорите што ги прави. Можеби на интернет е полесно да се лаже, ама кај и да е ќе се издаде, никој не е совршен лажго. Има знакчиња што го издаваат човекот кога лаже а не се поврзани со говорот на телото. Очите ширум отворени и лесно е да откриеш се.