Комплетно те разбирам, се наоѓам во истата ситуација. Мораш да си посветиш внимание на себе пред се, после тоа да размислуваш за дечко и врска, зашто најважната врска во животот е онаа што ја имаме со себе. Почни да се разубавуваш, како физички, така и психички, прави ги работите што те интересираат, најди си занимација ( јас на пример, започнав да правам накит ), забавувај се и крени си ја самодовербата на највисоко ниво. Од како ќе станеш среќна и задоволна сама со себе, лесно е после да влезеш во врска, зашто ќе знаеш што точно сакаш и ќе си веруваш сама на себе дека секој обид всушност не е губење време како што сега ти изгледа, туку шанса за нешто ново и возбудливо Животот е краток за да плачеме во минатото и да се плашиме од иднината, верувај ми те чекаат подобри денови. Моите сеуште не дојдоа, ама знам дека се тука некаде. Ти посакувам се најубаво!
Aх девојки пишете уште една плус во клубот .и јас така не сакам никого да залажувам,имам удварачи а несакам никој да повредам ниту пак мене некој да ме повреди.умот ми лета по првата љубов,он живее во друга земја ,и е многу далеку но секогаш патиштата ни се вкрстуваат.незнам дали он ми е пишан,баш денес со мој пријател разговарав што го знае и него,и баш ми помогна тој разговор.и многу ми значи,и денес се чувствувам многу подобро.но има денови кога само плачам и се будам со силно биење на срцето и често сонувам кошмари. но верувам дека ќе биде подобро еден ден,ако е створен некој за нас ќе се појави .некогаш среќата доаѓа кога најмалку очекуваме.тоа е и до среќата некои лесно наоѓаат сродна душа,некои тешко,а некои и никогаш не ја наоѓаат
Што се случи со состанувањето? Со шетањето по улици, со седење на клупи до касно навечер, со долги разговори во кои се запознавате себеси? Што се случи со пиењето по кафани само вие двајца, со испраќање до дома, а тоа да не заврши во кревет? Зошто денешниве мажи се такви, мислат дека два пати ако биле со некоја девојка и тука мора да се случи сексот? Оти нели, два пати се многу. Многумина уште на првата вечер погодуваат утакмица. Не сум од оние што сакаат љубов од бајките, фала богу, и јас си имам потреби, ниту сум невина, но ако се случи сексот мнгу набрзина во врската, нели му доаѓа тоа како после некое време само на тоа да е базирана врската? Што се случува со разговорите..? Забораваат луѓето да разговараат, се е само каде ќе се потиме.
Многу пати сме разговарале со другарките на оваа тема. Мое мислење е дека за се сме криви ние девојките. Затоа што се во денешницава се' испреврте, не е како порано, девојките сега со една пијачка во дискотека одма легнуваат со дечкото. И затоа после истиот тој со сите девојки се однесува така (дури и со некоја која не се полетува така лесно) затоа што таа финта му успеала преку 50 пати. Ама не се криви момците криви сме си ние девојките. Спојлер Јас лично сум била сведок на мои познанички како дечково ја части пијачка, не поминаа ни 15 минути си оди со него. Е ај сега кој е крив. Значи да не ме сфати некој погрешно, не дека е лошо да некој ете те почасти пијачка. Ама во денешно време ако некој ти понуди да те почасти мисли дека во раце те држи и мисли дека си му резервирана за цела вечер. Ама пак ќе кажам ние сме си криви.
^^ Јас не верувам во овоа. Ако сака не 50, 500 пред мене нека ги смотал на таа финта, на пијачка или кола или клучево од 13 и пол станови, и златни ланци и ручеци и вечери не ти знам каде, јас знам како да се поставам малку да си го стави тој прстот на главата и да каже а може оваа не се мота со една пијачка. Не е таков тип на девојка. Но моментот е и кога тоа ќе го свате тој некој, не знае што да прави, оти нели, претходно немало муабет, се е само техника. Како дојдовме на ова дереџе ...
imam 15 godini sakam mislenje od maska strana za toa sto da napravam da steknam poveke maski prijateli. Seuste ne sum imala decko, a bi sakala da imam. Sakam da prasam sto da napravam za da me primetat maskite, zatoa sto sum sramezliva (malce) i site drugi normalno komunicitaat so maskite, a jas nemozam taka Dajte odgovor..
Зошто машките гледаат само по оние ,,прекрасните,, со коси пеглани,виткани,нашминкани,дотерани,со модерни фустани,ланчиња?Зошто не гледаат и добрина во девојчињата и нивната вредност? Преку глава ми е ! Едит-одамна не сум имала покана за пријател на фб од некое машко.Само оние што се прават п***и имаат такво -.-'
Не викам дека ако некоја пред мене така постапила и одма се полетала дека и јас или ти ќе го направиме истото. Сакам да кажам дека начинот на пристапување кај нас на истиот тој дечко ќе му биде како на таа пред нас. Значи нема да знае да дојде да направи културен муабет, да ми покаже малце интелегенција па мајко му стара, а не се научиле: - Што ќе пиеш..? И после нормално се случува ова болдираново. Спојлер Уствари истото го кажуваме само на различен начин.
Јас и ти мачко се разбираме, оти сме жени. Јас чекам некој господин да дојде и да ми го објасни ова..
Браво за реалноста и самокритичноста. Не е како порано, mysterious копнее за едно поинакво време, кога се беше побавно, се се движеше без многу брзање и напнување, ама тоа беше и заради технологијата тогаш. Сега е се пребрзо, со неколку клика на фб дознаваш се што ти треба за некого и се губи онаа спонтаност во запознавањето, долгите прошетки, седењето на клупа, одење во кафана дечко и девојка на запознавање итн. сето тоа е прескокнато во денешно време и се одвива преку интернет, додека во живо видување само за секс. Мислам дека и до динамиката на животот е, реално никој нема време во денешно време да се лигави и со месеци да запознава некоја типка. Еве тргнувам од мене. Не сум џаболебар и денгубитник, па да го имам сето време на светот за запознавање и докажување, if you like me come on let's play it fast, зашто влечење и лигавење, тоа е моја филозофија. Да се вратам на постот на Dаydream, така е вие девојките сте криви за многу работи како се однесуваат машките спрема вас, не се бунете после. Ако некое машко е научено да добие лесно некоја девојка со тоа што ќе ја части пијачка, ќе смета дека тоа така оди со секоја девојка и нема да има трпение. Од друга страна ако типот е многу трпелив, вие како женски со месеци ќе го влечете за нос, ќе му глумите лудило, нема да му давате, стално ќе ја барате таа сигурност дека тој е вистинскиот на кој можете да му се препуштите (типично женски ) и евентуално и тој тип ќе го изгуби трпението и ќе ве отера во пм. Динамично време е, живееме во експоненцијално време, никој нема време за многу чекање, а и само еднаш живееме крај краева, па и тој живот што го имаме не е многу долг. Нема универзално време колку треба да помине за да дојде до тој физички спој, треба и двете страни да го почувствуваат тоа, ама да не биду ниту пребрзо ниту предолго (на времето мислам, не на чинот ). Не мора да значи, ако двајца си се сакаат, си се привлечни еден на друг, зошто што порано да не го направат тоа и после да легаат, да се гушкаат и да се запознаваат откако првично се ослободиле од стресот и негативната енергија. Се е полесно после.
Па штом разговарате кога си одите прашај го дали има девојка, или кога следниот пат ќе ти рече да го бакнеш во образ кажи му тоа веќе никако слушам си имал девојка па таа нека те бакнува.
ili pak mozebi izgledas premnogu dobro ,graciozno i mojkno pa ja gubi samodoverbata koga ke te vidi, pa probaj ti prava malce da vidi deka i ti imas karakter so koj moze da se razgovara a ne samo zgodno telo i da se gleda, za pocetok ponudi mu prijatelstvo na fb.
момци ми треба мислење значи имам врска од 3 месеци,и денеска дотичниот ми кажува..дека до сега требало да имаме секс(инаку имал 2 мн кратки врски,онака ништо сериозно..и е невин,како и јас),, каде е тука логиката..нели е рано..затечена сум од неговите зборови..
Како да не 3 месеци и оп секс кое е тоа правило што јас како машко не го знам ако те сака искрено ќе чека до моментот кога и двајцата ќе се чуствувате подготвени за тоа, разговарај со него и објасни му дека не се чуствуваш спремна за тој чекор и дека сеуште е рано.
му го објаснив тоа на фин и културен начин,само..сепак тоа било негово мислење.. и јас не можам да разберам..ај да бил интимен претходно,или секој ден да имал секс да разберам имал потреба..ама вака.. инаку ти благодарам на одвоеното време за совет
devojko pred se sekoja cest kako si izdrzala do sega retkise takvite drugo kazimu na deckoti otvoreno deka nema da imas sex so nego se dodeka ne si ti spremna za toa, dokolku te saka ke ostani so tebe i ke ceka dokolku izbega i onaka bil so tebe samo za sex ne go dobil pa prodolzil da bara na dr mesto, pozz
Да не чекаш прстен на рака и да дојде првата брачна ноќ? Искрено иако сте неискусни не треба да чекате време за секс. Особено ако машкото не е иницијатор на жената тешко дека ќе и текне да рече е ај да се ебкаме. Нормално е да бара,па дај му и уживајте двајцата.
Како да направам разлика помеѓу некој што е само од корист со мене и од оној кој навистина ме сака? Мислам дали вие машките би оделе (on again off again relationship) од корист со некоја женска 3-4 години само заради корист? Дали е можно тука да постои некаква љубов или сепак е само корист?