Бидејќи немам разговарано на оваа тема со машко кој е слободен да му пишам и да го прашам нешто во врска со однесувањето на еден типац, со кој се влечиме веќе седум месеци, а сеуште ништо не било. Малце подолго е затоа не го пишувам овде
Кога се скара со мене другарми пред некој ден ми кажа дека пред некој месец седел со еден со кој бев во врска кратко и му расправал некои лоши работи за мене ,и вели и други прашав,ми потврдија дека е точно,и неколку дена се мислам што толку лошо сум направила,а можно е тој со кој бев во врска да има трескано глупости оти ептен лигав и безобразен и глупав беше,само се фалеше безврска,и пред помалку од година ми има понудувано пријателство на фб и само го одбивав и криво му станало па ај да измислам нешто а можно е и другарми да измислил во нервозата бидејќи несакам да сум му девојка,незнам,ама ме загрижува да не се шират лаги наоколу за мене а никој не ми кажува а другарми и несакаше да ми каже а и несакам да знам бидејќи оној е способен да измисли одвратни работи,болен ум,во глава ми се врти да му пишам една фб порака на гомнојадачот ама си викам ај уште толку ќе почне и ќе се фали дека сакам да сум пак со него ама он несака ,и што ако почнат да ме избегнуват другите сега заради глупости
esperansa777 вистинските другари, другарки се познаваат кога ти е најтешко тие се покрај тебе и ти даваат совети, те тешат за полесно да го поминеш тој период.....кај тебе не го гледам тоа со твојот така наречен "другар", тој не ти е другар тој бил со тебе само да те искористи, да ти се приближи со цел да ти стане дечко да те искористи и на крајот да те остави да страдаш и затоа и се дружел со твојот бивши со надеж дека ќе дозае некоја тајна и подоцна ќе те уценува со тоа, но работава е што тие сакаат и двајцата да те имаат и затоа шират невистини за тебе, тоа е очајнички крик бидеќи не можат да те имаат..... Совет биди си тоа што си немој да се променуваш и немој да се расправаш со нив и да се спушташ на нивно ниво, бидеќи верувај ако се спуштиш на нивно ниво ќе те победат со искуство, такви се тие едноставно дволични, себични копилина.......и да тој што те познава доволно добро, тој што те цени ќе знае дека тоа тие што го кажуваат е невистина и нема да поверува во тоа затоа совет колку што можеш избегнувај ги и кога гледаш дека зборуваат така за тебе не возвраќај ништо, затоа што ако возвратиш другите ќе помислат дека тоа што го кажуваат е вистина..... Се надевам дека до некаде ти помогнав се најдобро .
Момци, Ве молам за совет како интелигентно без да го навредам и повредам се откачам од тип кој е лудо заљубен во мене, со очигледна психичка нестабилност?!
Пробај едноставно со отворен разговор на фин начин да му кажеш дека моментално не си заинтересирана за врска со никого, отворениот разговор скоро секогаш функционира, и во никој случај не нуди пријателство затоа што ќе го искористи за пак да се доближи до тебе и повторно истиот проблем, друг по интелегентен начин за сам да свати не гледам затоа што ќе го игнорира, тоа е моето мислење поздрав
Наједноставно би било да му кажеш дека е он супер дечко, дека ти е мил, фин итн. (не сум баш најсигурен дали ќе го откачиш вака хаха), ама кажи му дека друг дечко ти се свиѓа и би сакала да останете пријатели. Или сакаш целосно да го откачиш? Избегнувај го, не се движи кај што он се движи итн. Подобро разочарај го, “повреди“ го со тоа што ќе му кажеш дека сакаш друг, ама барем нема да го навредиш дека е психички лабилен.
Ај малце хелп и за мене, ако може На кој начин да прекинам со постар дечко, кој што го сакам а со кој не смеам да бидам? Што да му кажам? Благодарам
Уште се немаме видено, а тој ми збори за секс . Како да му кажам дека не сум спремна уште, мислам дека тоа е важно за него многу, а јас сум уште невина. Го излажав дека не сум невина, се плашам дека ако му ја кажам вистината, ќе ме откачи. Многу ми значи, не сакам да го изгубам само заради ова.
Ако тој не знае да го цени тоа што си невина, ако не може да сфати колку е прекрасно и значајно тоа, тогаш, драга девојко, НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ЈА ЗАГУБИШ НЕВИНОТА СО НЕГО!!! Ти откачи го него не он тебе!!! Размисли убаво, тоа е свет чин кој се случува само еднаш и никогаш повеќе... сигурна си дека сакаш на овој начин да се случи тоа?
Ако за него сексот е важен, за тебе треба невиноста да е важна. Како тоа уште не сте се виделе, а дечкото ти збори за секс? Штом уште сега така прави да знаеш дека само тоа му е битно. Јас бев во слична ситуација во средно. Момакот беше постар 3 години од мене па мислеше дека сум помала па ќе добие нешто повеќе од мене па дури јасно си се изјасни дека несакал врска, а што сакал? Јасно беше, само ја згреши девојката. Плус ме молеше една година да се видиме и сега откако се мувавме сакаше нешто мене да ми се прави највечи фраер у маало. Кога сум го подбрала, незнаеше кај да се заврти. Што е најинтересно отпосле уште толку трчаше по мене ама јас веќе тотално оладив и му кажав јасно да се откаже. Така што сакам да ти кажам дека на ваквите ако им одиш многу по нивниот кеив ќе си играат играчки, а ако му го покажеш местото уште толку ќе се загрее по тебе. И уште нешто, не требало да му кажеш дека не си невина. Зошто? Треба да ти биде гордост тоа, а не да се срамиш или да криеш заради што ќе те откачел некој мочко. Ти него ќе го откачиш, а не тој тебе. Му било битно, па што ти е гајле. Почитувај си се себе, имај свое Јас. Па и да те откачи, ќе знаеш дека му бил важен само сексот, а таков верувај не ти ни треба.
интересантно е како размишљаат помладиве, затоа и искоментирав.... приметив дека 90% се, затоа ние постарите, помудрите и поискусните ќе ги подучиме ..... сексот е врвот помеѓу двајца кои имаат чуства еден за друг.... ако ви е убаво со партнерот зачинете го со секс..... нема возраст и граници има само имагинација, чуства, отвореност, задоволство.... значи барем мене, не е се до сексот до чуствата е .....
Најголема грешка ќе ти е ако не му ја кажеш вистината. На секое женско невиноста би требало да и значи, и со тоа да си ја крениш цената, а секое машко, ако е стварно вистинско машко и тоа како ќе те цени, почитува многу повеќе поради тоа ! Многу ми е жал кога женските си мислат со колку повеќе биле, тоа се посекси, покул, поатрактивни. И кај нас сеуште машките се со тоа мислење дека поголема предност имаат невините. Колку и да се прават модерни, напредни, верувај дека невиноста и тоа како им значи. А, дечково многу брзо се затерал со такви муабети, кажи му ја вистината, и ако е човек ќе те разбери зошто си го излажала, и ќе биде малку потрпелив и повнимателен со муабетите.
Девојче, извини што ќе бидам директна ама моето мислење е дека тој сака САМО секс. Немој да си фантазираш дека нешто е затрескан во тебе и дека ако му ја дадеш твојата невиност, ќе биде совршено и ќе ви цветаат рози. Јас лично сметам дека тоа би требало да ти биде важно и да најдеш некој што ќе го почитува и цени (а сметам дека и на машкото му е важно). Ам, и едно прашање, зошто си излажала дека Не си невина? Не ја сваќам поентата (напротив треба да ти биде гордост)
Очекувам одговор од поискусните момци. Вака, ме интересира зошто момчињата ги страв/срам да им се приближат на девојките кои им се привлечни/допаѓаат ? Се мисли на возраст на околу 16/17 години.
:up: Дефинитивно типот сака само да те сексне. Стави го на тест. Биди со него, ама не му давај веднаш и ќе дознаеш дали те сака со или со некој друг дел од телото. И добро што си го излажала дека не си невина, затоа што уште повеќе ќе се попалел типот и секојдневно ќе те притискал да се видите и да има нешто. Не дај се тако лако мала. Премногу очекуваш за таа возраст, биди реална. Или нестрплива си? Некои од машките тек тогаш влегуваат во пубертет, така што им треба време да узреат, да добијат на машкост и храброст да пријдат на девојка. Не се сите такви, зависи кој како, ама реално повеќето машки се тутулебалиња на таа возраст.