Шо тип на машко е тоа, да плаче пред тебе, да ти кажува дека ти си му се, дека само тебе те сака, дека само тебе те смета за подршка, дека другари не му требат и ред други работи и тоа се плачејќи, а после пола недела да моле друга женска да идат на кафе, пошто страшно му се свиѓа?
17 години сеуште не сум се смувала со никого.. дали тоа значи дека во иднина тешко ќе си фатам дечко и дали овој факт влијае на машките.. што мислат тие на таа тема?
Нит е машко , нит е “тип“. Ај после една недела и црно и бело, а шо прајме после 2 саата така да изреагира ??? хахаха абеее пиши пропало и терај си со животот има други риби
Веке неколку месеци сум во комуникација со еден тип кој што има се што барам кај едно машко но... типов оцигледно сака само мување иако директно не ми го кажал тоа туку се изјасни само дека не е спремен за врска. И покрај тоа што јас му дадов до знаење дека не сакам само мување тој не се откажува од мене, ме бара да се гледаме , сака да се слушаме почесто и сл. И јас секако не го одбивам да се слушаме но ладна сум спрема него често, го одбегнувам понекогаш. Но кога тој знае веке дека несакам јас да се мувам со него тогаш што уште сака од мене ?? Вреди ли да чекам да помине време и можда тој да се премисли за да бидеме во врска, но сепак се плашам да не ме користи како резерва цело време па на крај да ме зафркне... инаку како што кажав совршен е тој за мене во се друго. Ваш совет?
Прво, кочи малку со зборот совршен. Ти го мати умот и преувеличува. Да кажеме дека типот те привлекува. По скромно е. Тој продолжува со упорноста и покрај твоите настојување дека не си само за мување е бидејќи тој сепак сака да биде со тебе, да те има. Ако му се допаѓаш тогаш нема да му биде гајле дали си ти цура за една-две вечери или за сериозна врска, тој ќе сака да ги оствари своите цели. Чекањето не е некоја стратегија, а стравот отстрани си го уште сега бидејќи тоа само ќе те парализира во смисла на дејствување. Ако толку се плашиш и коваш планови како да спречиш искористување, подобро седи дома и гледај турски серии, таму никој нема да те искористи . Во реалноста, тешко се предвидува нечие однесување. Може да те откачи после првиот бакнеж, чувствувајќи дека веќе те добил, а може и со тек на време да се заљуби па да сака да те задржи. Ако ти си типка за врска, а тој не е тип за врска, мислам дека не е потребно понатамошно мозгање.
Не ми се верува дека дојдов во оваа ситуација....Значи со бившиот мој (прва љубов) одевме неколку месеци или една година ,не ми текнува пошто беше пред точно 6-7 години ( јас имав 14 тој 1...сега по толку години ми пишува порака на фб да се видиме...јас сум ни угоре ни удолу бидејќи ми се случија мн работи...машко немам допрено одамна...Инаку тој има женска и одат скоро 5 години ( откако се скара со мене,се фати со неа).Мислам дека имам сеупте чувства за него..осеќам..никогаш не ни исчезнале...за жал...рече да се видиме и бевме в кола заедно....онака исто како пред 6 години,ми недостигаше,нависитна.Немавме секс,но му дозволив да ме гали и да ме допира...Ми вели:Опушти се и не се стегај,осеќам дека сакаш..а јас нз навистина....си поправивме муабет.што било-како било,што е сега...како сме....Му кажав дека не сакам да се мешам таму во врската и не сакам да бидам искористена како изневерување...како и е на девојчето сега?Навистина имам чувства за него...само морам јас напред,вака ќе ми дојди како утеха тој,......а ме познава најдобро од кој и да било...Му кажав дека претходно имаш лош секс со бившиот по него и дека баш не се осеќам најдобро во врска со тоа...ТОЈ:Ајде дојди овде,треба да се случи еднаш..дојди кај мене...ќе се осеќаш подобро...ако саакаш во ред,ако не ОК..само сакам ти да се осеќаш убаво и да бидеш добра... Знае тој јас како дишам,ме сеќава.... ДАЛИ ЗГРЕШИВ ШТО СЕ ВИДОВ СО НЕГО? И ако побара пак а се видиме дали да појдам?
Колку само ти годи тоа што тој ти ги знае слабостите, а како изговор си го користиш и се убедуваш. Да бидеме искрени, требаше да мислиш како и на девојчето сега пред да се качиш во кола со него и да дозволиш да му шетаат канџите. Забележа дека тој не раскинал со моменталната, не се ни понудил да раскине? Тој се ја ризикува врската само за да те утеши тебе, само тебе да ти биде убаво, не разбираш очигледно, не ти текиЊа. GirlLove, оди таму, тоа треба да се случи, ќе се осеќаш подобро, цени ја неговата пожртвуваност...не може секој да биде ваков кењатор. Научи да цениш!
Ах Елементал,секоја чест ако ги применуваш и ти истите работи. Ама се си иди на глава... девојчето можеби си мисли дека никогаш нејзе нема да и се случи истото.ахаа...ку*ва кога ке ти влези дома...
Срцка си , жими свашта. Колку си само наивна и добра што мислиш на девојка му додека си у кола со дечко и . Не секоја би помислила ко ти ... Живееш у бајка на некоја романтична љубов , а уствари се заглави у пајажина каде што ке бидеш само издувен вентил ништо посебно. Ама да , за тебе у твој розев свет тоа е љубов, што он ја покажува и сака да ја покаже кон тебе... И мој совет, слободно замини кај него. Заслужуваш да бидеш искористена и да бидеш втора виолина...
Многу ме интересира едно нешто ( сега за сега ). Многу пати имам слушнато муабети од машки во смисол " Еднаш една ме повреди и веќе немам љубов за ниедна, се ми е зезанција ". Зошто се откажувате од љубовта ради некоја личност што ве повредила? Одкажете се од самата личност, пружете и шанса на љубовта кад тад ќе ти се посреќи да му се сневиди!
Со бившиот одев 3 години и имав убава врска. Откога се пресели во Скопје, се скаравме. Веќе 5 месеци сме скарани. Кога се скаравме се понашаше како да не му е гајле за ништо, а и ќе му преречев некогаш за тоа бидејќи комуницираме и ми викаше јас си знам како ми е. Ај нема врска тоа. Туку во последно време ми пишува на фб, на твитер цело време ко демек твита за романтика а не верувал во љубов и не бил вљубен. И ми дојде преку глава му реков не сакам да комуницирам со него, зошто така само ме повредува. И се договоривме нема веќе муабети. Се ќе заборавиме. Немаше една недела пак ми пишува. Што сака од мене? Тој сакаше да раскинеме.
Ова ти е еден од оние неразбрани мажиња, преполни со горчина и самосожалување пред се, кои истовремено сакаат да глумат силни и кул, демек до нив ништо не допира и тие се во контрола, а од друга страна горат од желба за внимание и сакаат луѓето постојано да ги прашуваат како се чувствуваат, добри ли се, дали им се лутат нешто.Токму поради тоа и постојано прават збрки, за да можат постојано да бидат скиснати. Крајно незрели, сакаат да им се оди по ќејф, сакаат нештата да се дешаваат точно тогаш кога ним им одговара, на начинот на кој им одговара. Очекуваат и нивните партнерки да им пружаат ист третман на разгалено педерче каков што добивале од родителите, или можеби пред се од мајката. SnowWhite8, не ме разбра.
Сакам да прашам, дали кога некоја девојка која ви се допаѓа но често е во друштво со друго машко(нејзин близок другар) би ви било потешко да и пријдете?...Или не? Имам забележано во икс ситуации дека повекето се држат на дистанца кога има друго машко со тебе.
Дистанцата зависи од повеќе причини, една од поважните е како девојката се однесува со тоа машко што е до неа. Напомена нејзин близок другар, но во повеќето случаеви и не е така не се однесува како да и е добар другар, туку едноставно "провоцира" за да го направи машкото кое што ја допаѓа љубоморен (колку и да негирате го правите тоа, а и ние машките го правиме ), затоа по дефолт се обидуваме да се држиме на дистанца... Полесно е да се приоѓа кога е опкружена во женско друштво, сепак нели хуморот отвара златни врати но кога е со момче до неа, од каде знаеме дали и е само другар или повеќе од тоа ? Можеби тој и е дечко и потоа цела вечер ќе следува мерчење и кружење околу тебе од страна на неговите другари како лешинари...