Да ама не е така колку шо можам да приметам..пак си тераат по горе наведеното, зашто се толкави инати? -.-
Најпрвин здраво на сите!! долго ве следам , па решив да се регистрирам и да прашам за мојот мал проблемчич( искрено мене не ми е мал) . Ги разгледав вашите мислења горе доле и супер сте морам да ве пофалам , пред се машките што се толку искрени и одвоиле време да ги сослушаат нашите проблеми. а и полесно да ја разбереме машката психологија Ајде сега и за мене едно искрено мислење се надевам како што сте искрени досега. Имам речиси 2 годишна врска и за неколку дена планираме со дечкото да заминеме на одмор.Иначе имам 19 години и досега сум немала односи,порано не се чувствував спремна и ме разбра, доби само оралка од моја страна и беше премногу задоволен како за почеток а јас неискусна Но сега се чувствувам некако подготвена , а самодовербата некако ме кочи..никој не е совршен јбг да не должам да си го поставам прашањето значи имам поголеми мали усни на вагината(дури мислам и повеќе од што треба ) имам читано дека сето е нормално и на некои дури и им се допаѓа тоа, но мене не воопшто барем не засега..што мислите вие дали има причина поради тоа да изгуби од убавина оваа наша врска во која има љубов, почит и разбирање.. Машкииии!! па и секое друго мислење е добредојдено!! Можеби е малце грдо прашањево за некој но мене ми значи да чујам барем некое мислење . Фала однапред
А дали има врска ако тој на пенисот има повеќе кожичка или му е мал? дали ти би го оставила дечкото поради овие причини. Тоа се работи кои не ги бираме, дали ќе имаме совршена вагина, или совршен/голем пенис. Тоа е нешто на кое не влијаеме, и зотоа нема ама никаква причина да се плашиш од физичкиот изглед на твојата вагина.
YourNameIsLove да ти се заблагодарам во име на се што е машко и што има пулс на форумов, за комплиментите. Иако за жал се почести се страниците на Чернобил синдром (демек, хаос), како што го нарекувам јас, каде што жени прашуваат, жени си одговараат, мажи нема за лек. Нема воопшто што да се грижиш за тоа како ќе се покажеш, ти веќе си поминала поголема пречка, си положила многу потежок испит во смисла на перформанс, а можеби и на интимен план со оралката. Ако имаш слабости во играта, барем јас како машко сметам дека прво таму ќе паднеш на лице, брутално! Ти со толку мало искуство, почетник, а тој е веќе задоволен, тогаш реална претпоставка, барем од машки агол е дека уште многу се крие во тебе. А тоа ќе излезе на површина и ќе биде најубаво изразено откако ќе си ги тргнеш тие психолошки бариери и ќе уживаш и ќе му правиш се што сакаш на страдалникот, па тој нека држи чекор со тебе. Во врска со твојата ситуација со усничките...не знаеме сеа дали доле си ко Анѓелина Ѓоли истакната, но тоа не смее да биде причина неговите чувства кон тебе да се променат. Што знаеш, може дури и да му се допадне тоа. Повеќе материјал за...oh well... Во секој случај не знам да постои машки став против ваков дизајн. Ти и твојот дечко, сами на одмор. Ќе дозволиш нешто, било што да ти го расипе тоа? Релакс и уживај.
EleMental и Makarov благодарна сум ви што прокоментиравте во врска со тоа. Многу ми значи и ќе ве послушам да не се грижам.
Фала,Елементал на советот,но не можам јас со него,...не сум таков чоек...после ќе биде лошо ко ќе ја видам неа заедно со него,а таа не знае ако се случеше нешто меѓу нас,со кое лице ке и се испулам...не..Рече дека заедно со неа е на одмор и дека ќе ми се јави да ме види...не знам,не верувам дека ќе појдам...нека ми биде лошо,морам да се снајдам,друг да најдам....тоа е...одам напред не се враќам назад..МОРА...
Имам друго прашање,машкото со кое излегов многу одамнаа на кафе,сега сме пријатели..по некое време ги аддна сите мои 4 другарки..а не се знае со нив,онака само што ги има видено...која логика? ( не ми смета што ги адд-нал) ама што е поентава?
Поентата е најверојатно сака со секоја од нив да створи контакт барем за “здраво“ и врз база на тоа да набилда солидно пријателство кое после ќе го “злоупотребува“ за свои цели. Типично машки... can't blame him. Што поголем кругот на женски, поголеми шанси... за одредени работи...
Kога те толку интересира еве и од мене ќе добиеш одговор, како емоционално стабилен и здраворазумен момак. Само некој што нема расчистено со минатото и нема доволно сигурност и стабилност во себе може да каже дека “една ме повреди и веќе немам љубов за ниедна.“ Зар ќе дозволиме 1 риба во морето од безброј риби да ни ја помати водата за да не можеме да ги видиме другите риби и перфектната за нас? Никогаш не сум ја губел вербата во љубовта ниту ќе ја изгубам без разлика на било што затоа што љубовта е таа што го движи светот, ако ги оставиме парите на страна за момент. Како и да е, по одредено љубовно фијаско, препорачливо е да се стави срцето во челичен кафез, да му се даде простор да закрепне и после пак да се отвори со љубовен клуч кој го има само другата страна и да му се дозволи на срцето повторно да испумпува огромни количини љубовни честички кон девојката која го има клучот. Екстра кажано by le poet PussyHunter.
Здраво здраво Ми дојде и мене редот да побарам совет од машките на форумов.Би ми значело многу доколку ми помогнете Има еден дечко во градов што ми се допаѓа...И се допаѓаше и на една другарка но таа сега има друг. Викендот застанав до него, и му фрлив окце.Го забележав дека и тој почна мене да ме гледа.. Не дека се правам набудала демек ме видел,туку навистина многупати ни се сретнаа погледите повеке пати..Си бев смирена,стабилна,онака си играв... Незнам што да правам.Го имам на фб.срам ми е да му пишам незнам што!!!! Ве замолувам помогнете ми.А и не сум мала море 19 ке наполнам а незнам да се справам со ситуацијава.. Мислење момци? Имајте убав ден.
Не сум машко ама мислам дека би требало он првиот чекор да го напраи и да ти пише на фб ако веќе се интересира
Момци, не ми треба совет, само имам едно прашање шо онака ме заинтересира во последно време. Што би сакале повеќе, да имате секс со една секс-бомба или пак да имате тројка со две просечни девојки? Ме интересира само дали ви е поважен квантитетот или квалитетот.
@ Westlife Не фрлајте многу очи, по две ги имате. А ти како си замислуваш дека ќе изгледа тоа ваше зближување или гледање/врска ако ти не знаеш ни што да зборуваш со него? Мислиш ли дека тој има некакви очекувања или конкретни планови што да зборува со тебе? Секако дека не. Во тоа е убавината. Може да се зборува скоро за било што, а безбедни теми се друштво, излегување, ноќен живот, школо, (планови за факултет, кога веќе си скоро 19),животни амбиции, каде би сакале да живеете, амбиции, машко-женска проблематика, животинки, дали ги сакате или не, смешни случки... Велам безбедни теми бидејќи ко за почеток не е баш препорачливо да му зборуваш за тампони, депилација и бивши. Искрено, шо им е на жените и опсесијата со секој нов тип во детал да ги зборуваат бившите? И така.... @ Charlotte123 Или по траекторијата на таа логика, можеби некој сака да има секс со 5 девојки без заби Види да ти кажам нешто за машките, барем за тие кругови во кои сум се движел. Нема многу слава во тоа да имаш секс со промискуитетна девојка. А за две девојки да се согласат на тројка, треба да бидат со слободни сваќања кои најверојатно ќе бидат обележани како промискуитетни (или курвички) од средината. За жал, така е. Затоа мене лично никогаш не ми било цел да имам тројка, иако сум се прашувал како би изгледало тоа. Нели впрочем како и сите други грешници. Една ама вредна.
Скоро 3 месеци се гледам со еден дечко за кој немам замерка сега за сега и како што поминува времето се побитен ми станува Но тоа што ме интересира од машка гледа точка е како да бидам му добра пордшка. Да ја објаснам ситуацијата, значи типот е амбициозен, си ја сака работата, почнал од нула и има замисла да стане навистина успешен во тоа поле. Мене лично многу ми се допаѓа оваа особина, и дури ме инспирира да бидам и јас успешна во мојот живот. Е сега проблемот е јас не знам како да се поставам кога ми раскажува за работата. Се разбира сакам да му бидам најголема подршка и личноста на која секогаш може да се довери но не знам баш како. Дали треба да го оставам да ми раскажува и јас да ја превземам улогата на добар слушател или дали треба да бидам проактивна во смисла на да пратам што работи и да му давам конкретни решенија ( активно да му се мешам хах ). Значи прашањето е какви постапки и поддршка очекувате од девојката кога станува збор за вашата работа? Дали треба да го пофлалам и кој начин со кои зборови? Колку ви е битно тоа во врската? Како да направам да бидам личноста која ќе го расположи и која ќе го мотивира ако има лош ден (а ги има многу бидејки неговата работа е доста стресна )? Помала сум од него .... и овие работи не ми се најјасни како функционираат па затоа морам да прашам за нареден пат коа ќе почне да ми зборува на оваа тема да знам како да се поставам и се разбира голем поздрав до сите машки на форумот одлични сте!
Не го анализирај многу, не му се мешај, не му барај решенија. Тоа го прават мајки со нивните синчиња. Ти не си му мајка. Најбезбедно ти е да го прашуваш како е, и да му дадеш на знаење со едноставни зборови дека ако му треба помош за нешто, ако мисли дека ти можеш да му помогнеш, дека му стоиш на располагање. Ако сака да го споделува неговиот професионален живот по интензивно, тоа и ќе го направи. Ако не, тогаш знаеш каде е ставена линијата. Од друга страна пак и ти прво одговори си на прашањето до кој степен си спремна да му навлезеш во неговиот професионален живот. Мислам барем тука со зборови искажуваш подготвеност на еден степен опсесија. Да му бараш решенија? Дали добро ја познаваш неговата работа, дали си спремна да ја учиш, да го слушаш секој ден како му поминал на работа, па што следи после, да земеш да читаш книги од таа област perhaps? Јас можам еве од себе да дадам пример, не сум бил во ваква ситуација, но ако моја девојка е фан на латино танцови и оди на часови, редовно оди на такви забави, јас навистина не би можел да соберам желба да ја следам, или да сум заинтересиран за тоа. Во таа област би бил како маче во вода, пред се бидејќи воопшто не се пронаоѓам. Затоа најпрво види дека таа твоја посветеност да бидеш идеалната девојка нема да те однесе во нешто во кое не уживаш да го правиш, или нешто за кое не ти е пријатно да размислуваш секојдневно. Многу е поважно да покажеш дека имаш живот и надвор од таа врска, отколку да се напнуваш секоја клетка од вашите тела да функционираат во формација. Посебно во млада врска како вашата. Опушти се.
епа си го гледала ти него и тој тоа го приметил затоа и те гледал, ако му се допаѓаш он ке го преземе првиот чекор.
Добредојден ќе биде совет и за мене Хммм епа вака излегував со еден тип пред неколку месеци и да речеме се поврзавме некако,имаме сличен карактер,интереси, но веројатно јас станав премногу достапна,па не бев толку интересна повеќе хаха. Не ми се допаѓаше тој негов однос,почна да ме третира како да сум му само за провод па решив да ставам крај.Тој не направи некој поголем обид да ме задржи, па работата пропадна. Е сега по толку време,повторно стапивме во контакт,инициран од негова страна. Муабетот не оди толку лесно како порано,што е разбирливо нормално,а пред се поради тоа што на секој негов збор јас се сомневам во намерите што ги има. Интересно е што дечково продолжува да ми крои планови за иднина,да ми продава исти приказни како и пред тоа,како да немало воопшто time gap во нашава so called relationship. Најискрено јас изгубив голем дел од чуствата што ги имав,но сепак сакам да откријам кои му се намерите-дали сфатил дека јас навистина му недостигам или само се надева дека ќе може да продолжи со исто темпо какво што имавме предходно,што е за мене неприфатливо.Е сега прашањето е,до која мера да бидам скептик и да чекам он да ги прави повеќето чекори(а да остане заинтересиран),а до која мера јас да се вклучам(а сепак да не стекне впечаток дека повторно ме има). Се надевам некој ќе сподели мислење
Машки што значи кога тој прв ми пишува на фб но враќа после 10-15 мин -.- дали јас да враќам после толку време?