Ok,значи се е по таман будиш интерес кај мажите, излегуваш симнува звезди се гледаш на старт резервирана...стануваш интимна те спиеш со него и опаа интересот помал откако покажуваш дека си освоена односно дека не ти е сеедно...ват д фак проколната сум или вие мажите сте типични апла ловци се додека не го фатите пленот интересно ви е...низ цел „процес„ сум искрена отворена насмеана и со добра смисла за хумор, потенцирам на искреноста и неглумењето ан некоја што не сум, ми се случи ова два пати последниве 6 месеци...до мене е?
Искрено да до тебе е, и на небото пишува со ОГРОМНИ БУКВИ дека некои од наш машки род се најголеми кретени (во вистинска смисла на зборот ) дека ако им се предадеш така лесно ќе си помислат по дефолт девојка за една вечер, мала авантура никому нема да му наштети тоа, не иди така брзо во кревет со него зашто така веднаш интимност, не треба да ти симнува ѕвезди и што ти ја знам, искреност да знае да те почитува е тоа е вистинското по тоа ќе знаеш дали искрено ќе те сака и е со тебе или само поради СЕКС . И совет кое никое машко нема да ти го даде немој НИКОГАШ АМА НИКОГАШ ДА ИГРАШ СО ОТВОРЕНИ КАРТИ промени се промени го тоа. Искрено и мене ми се случува со девојка кога пишувам така да не враќа 10-15 па дури понекогаш цел ден и не се замарам многу со тоа, не враќа ОК ја пречкртуваме од список и идиме на друга во твој случај на друг. А пак додека ако ти пише образложение зашто не ти пишал наеднаш, не знам не бил во можност му изникнало од некаде работа, го викнале тоа е друго а пак ако не даде и само пише бегај и не го напнувај толку . За твојот проблем тоа твое "мажле" си игра топло-ладно со тебе те чува како замена како втора девојка ако не успее со она која што му била во прв план преминува со тебе, не за џабе се рекло будалиот тагува а паметниот има замена . Повторно тоа симнување на ѕвезди тоа е сето фарса, маска таа маска ќе падне повторно нареден пат кога ќе виде девојка која што ќе ја бендиса и погоди што ПОВТОРНО ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ОСТАВИ и ќе отиде по неа, ако не успее повторно ќе ти се врати и се така во круг се додека еден ден не ставиш ТОЧКА на сето тоа да речеш крај и да си најдеш некој кој искрено ќе те сака и почитува и нема да ги крое плановите уште како викаат на нероден петко капа му крои он од каде знае тој дека ти ќе прифатиш да бидеш негова девојка м :geek: ? Не знае само фолира се прави хард кор фаца затоа батали го .
Искрено да до тебе е, и на небото пишува со ОГРОМНИ БУКВИ дека некои од наш машки род се најголеми кретени (во вистинска смисла на зборот ) дека ако им се предадеш така лесно ќе си помислат по дефолт девојка за една вечер, мала авантура никому нема да му наштети тоа, не иди така брзо во кревет со него зашто така веднаш интимност, не треба да ти симнува ѕвезди и што ти ја знам, искреност да знае да те почитува е тоа е вистинското по тоа ќе знаеш дали искрено ќе те сака и е со тебе или само поради СЕКС . И совет кое никое машко нема да ти го даде немој НИКОГАШ АМА НИКОГАШ ДА ИГРАШ СО ОТВОРЕНИ КАРТИ промени се промени го тоа. AA па далеку од тоа дека јас веднаш рипам во кревет...него искрена сум зависи што подразбираш под отворени карти, ако некој ме интересира и сакам да сум со него го покажувам тоа..се најнормално се случува пијачка кафе излегување диско месец два и одеднаш кога рипам во тавче интересот помал нема јавување почнува топло ладно...погрешни типови се најверојатно.. [
Прашањето е дали да му верувам на другарките или него Се гледаме со типацот веќе 2 месеци а се на се во контакт сме веќе 4ри. Toj беше на одмор во Бугарија,јас Во Будва. Во Бугарија на истото место беа и дел од моите другарки. Кога се вратив дознав нешто што ме тресна од земја. И се пуштал на моја другарка,другаркава ми кажа сочни детали од разговорот. Го прашав...не признава,упорно тврди дека немало врска,дека тоа бил пријателски разговор. Не било ни блиску до пуштање. Спремен е и да се видиме 3цата,јас таа и тој,и да видиме кој лажи. Не прифатив,не сакам да ја правиме голема. Што после ова ? На кого да му верувам ?
Мислам дека сепак требало да прифатиш да се видите 3цата ако типацот ти значи и сакаш нешто озбилно со него. Инаку вака никогаш нема да знаеш на кој треба да веруваш
Ти во Будва, он во Бугарија..... а што мислеше дека ќе прави таму со другарите? Нешто он ти ветил пред да иде на одмор ? Да не налетал на твоја другарка не би имала „доказ“, мада и тоа треба да се провери. А ти у Будва што праеше. Со хортикултура се бавеше или шо?
Ако тоа била вистинска и сериозна врска ќе сте отишле заедно на одмор а не вака он на едно место ти на друго. А двајцата млади и незрели, што сакаш ти да седи со скрстени раце? А сигурно и ти мижеше и никаде не излегуваше.
Него му беше таму дозволено да прави што сака од страна на девојки. Прво не мие дечко. Ми беше дозволено и мене,секако дека и јас таму не плетев џемпери. Само што мајка барал да и се пушта на другарка моја ..
Ок, јас ти ја сфатив поентата. Вие си се гледате онака, народски кажано се мувате и нормално како двајца без обврски си отидовте на различни места на одмор со тоа што секој може да прави што сака. До тука е добро. Ама што мајка барал типот на другарка твоја да се пушта? Доколку навистина го направил тоа, не му требало. Јас би ти рекла да бидеш претпазлива. И со другарка ти и со него во наредниов период. Зошто? Затоа што колку што има шанси он да те лаже, да бидеме реални исто толку шанси има и другарка ти да те лаже. Од искуство ти кажувам. Истото и мене ми го правеа другарките на почетокот на врската со дечко ми. Не знаев на кого да верувам ама еден ден ми дојде преку глава и го средив тоа на мој начин. Па после излезе дека мојава мила и добра другарка цело време лажела и намерно правела сплетки од причини само за неа познати. Значи јас би те советувала да го расчистиш ова во најбрз можен рок и да прифатиш сите тројца да се видите. И да не сакаш да продолжиш со дечкото и да не ти значи нешто многу, расчисти. Да си знаеш ако ништо друго какви луѓе имаш до тебе. Зашто ако другарка ти лаже и ти не откриеш сега може утре и со друг дечко ова да ти го направи.
Претпазлива сум и неутрална. Со оглед на денешниве пријателства..не и верувам ни неа ни него. Се плашам на средбата меѓу нас 3ца,затоа што со еден ќе мора да се заврши нештото. Или ќе ја изгубам неа или него. А да речеме дека ми значи....добро се покажал засега
Подобро да живееш во реалност. Секако дека еден од нив лаже, не е битно кој е, битно е ти да откриеш и да се спасиш од понатамошни сплетки. Ти пишав и погоре дека ако другарка ти лаже и ти не откриеш денеска, биди 100% сигурна дека утре истото ќе ти го направи. А ако пак дечкото лаже исто така биди сигурна дека утре на друга другарка ќе се пушта. А тогаш ќе ти биде уште потешко. Така што јас лично одма ова би го расчистила. Сепак ова си е твој проблем и убаво размисли си.
што би помислиле за некоја што по само 3 дена од врската заминува со новиот дечко на повеке дневен одмор во странство и дали би ја сфатиле сериозноили само како девојка за забава,инаку за блиска особа е не сум јас таа ниту сакам да бидам
Зависи од тоа дали се отидени сами или со поголемо друштво, дали претходно се знаат подолго време. Инаку ако не се знаат доволно долго може одморот да им биде многу интересен, или пак како пекол. Како и да е јас не би одела на одмор по само 3 дена врска, тоа е претерано брзо.
znaci vaka pomognetemi ...si pisam so eden ii vekje dosega 2 pati me ima viknato da izlezime 2 pati go odbiv ..mi rece deka me sakal e sega sakam da se pomaci uste malce da vidam dali stvarno me saka ..mi rece deka sakal da me vidi utre a sega neznam so da mu pisam utre dali da se odnesvam ladno i kako da mu vratam ili da smenam tema ..znaci skam da mi dokazi deka stvarno mu se bendisvam i deka stvarno me saka za da ne istrcham jas odma da izlezam so nego ..pozdravv *
Девојко зар не ти се чини дека малце ја претеруваш? дечкото те кани на кафе а не во кревет и како очекуваш некој да те сака од само пишуванје преку нет а не те познава лично?