Дечки да ве прашам за мислење Можеби е детско прашањето,или банално,ама.. Значи пред 1 год и повеќе,излезев со еден дечко.Значи само еден пат се видевме,т.е смуваме и толку.Тој претходно имаше 3-год. врска,и иако беше со неа тој нон стоп ми пишуваше на фб,ми ѕвонеше..Инаку ние кога излезевме ,тие беа раскинати. После тоа јас сингле,и тој исто така,продолживме со слушање на тел,пишување на фб.Пред скоро 6месеци си фатив дечко,и нели не е колегијално да комуницирам со него. А тој продолжуваше упорно да пишува,да ми ѕвоне(и баш погоде го моментот кога сум со дечкото). И овој се налути,и го избриша од фб.И сега дотичниот пак ме додадел,ми ѕвонеее.. Прашањето ми е дали овај има некои симпатии кон мене,или сака само да ми ја расипе врската(инаку баш пред некој ден ми пиша дека му се свиѓам,да раскинам со дечкото и сл).Ама искрено не верувам дека е тоа,туку 2то.Што мислите вие?
Прво, он да сакал да биде навистина со тебе и да сакал да биде во нормална сериозна врска немало да чека ти да фатиш дечко. Така? Поминало повеќе од една година и на дотичниот баш сега кога ти си фатила дечко му текнало на тебе. Абе ајдее.. Сака само да си го билда егото и ништо повеќе. Демек работава е "и да има она дечко знам дека ако посакам за мене може да го откачи". А и да раскинеш со дечко ти за него, верувај дека нема да биде со тебе. Ќе се видите еднаш, два пати и толку, нема да му бидеш интересна. Он е од тие што сакаат само да се покажат пред други, јас која сакам и кога сакам ќе ја имам. Ме сфаќаш. Мој совет, покажи му го местото каде треба да му биде. Не дозволувај дечко ти да го прави мајмун. Зашто ваквите како него одвај чекаат малце слабост кај некоја девојка. Сега се чувствува супериорно и мисли дека он ги држи конците. А дечко ти има право што се налутил, секој би се налутил, никој не сака конкуренција. Кажи му, "извини ама сега имам дечко, убаво ми е со него и ти воопшто не ме интересираш, така што те молам не ми ѕвони повеќе." Ако можеш и пред дечко ти ова кажи му го. Биди директна, јасна и конкретна. Само така ќе се откачи. Не си уништувај нешто што може да биде како што треба. Немој уште на почеток на врскава да создаваш непотребни сомнежи. Ако ти е убаво со дечкото дај и' вистинска шанса на вашата врска без непотребни трети лица.
Имаш право Дејдрим,точно му ја процени психологијата. Инаку и претходно кога имав друг дечко,истото го правеше.Тие се симптомите,интересна сум кога сум зафатена.Но лошо ме процени тој,јас никогаш не би изневерила.Тај луксуз за него не. Вака е отприлика цели 2,а мош и 3 години.Не ме сака знам,само не знам зашо се замара на тој начин со мене. Благодарам за советот,секако дека ние двајцата сме си доволни Поздрав и ти посакувам се најдобро!
Ако може совет во лп од некој/а поискусен/на во принцип знам што да правам али ми треба мислење да не случајно избрзам, а очигледно уште се замарам...
Сакаш ли да му зимаш поклон патика, чевла нешто, па сакаш да прашаш која бројка носат тие момци хмммм 43 да да 43 дефенитивно зимај му таа бројка сигурен сум дека ќе му пасува ...
Ај ако може еден совет и за мене...епа вакаа:со еден дечко се знаеме поише од 2 месеци значи онака он се приклучи во нашето друштво..потоа од ден на ден со нашето секојдневно подобро запознавање се менуваа и односите од обични другари што имавме само здраво он почна да ме гушка од време да време,да ми пишува на фб,да ме штипка за нога,рака,ме гали по коса,се галеше со мојата рака на неговото лице хаха,ме нарекуваше со мили имиња и така се однесуваше само кон мене и се тоа во ред..но моето прашање е што кога седниме еден до друг он на мојата другарка и вика дојди тука од неговата друга страна и и неа ја гали по коса,но не и пишува не ја гушка не ја нарекува со мили имиња,мене ме дума тоа, што тој навистина сака? дали можеби нешто со мене или па можеби тука е и другарка ми незнам стварно..дали некој од машки аспект би можел да ми ја објасни оваа машка состојба или па од лично искуство ве молам затоа што незнам како да се однесувам кон него дали да бидам ладна или незнам.....вее молам совееет што да правам
Де бре, не мора одма со цинизам ако не си толку висок. Немој да напише некој нешто на форум, ваков коментар ако не излезе И не прашувам ништо вулгарно ако некому таму му отиде паметот, без секирации. Ме интересира колку ви е проблем висината на девојките. Пример со 190 цм, девојки од која висина паѓаат во очи? Дали имаш зацртано некоја идеална висина - со оваа може, со оваа не. Зашто според мене и не е многу згодно при бакнување и други интимни моменти А од друга страна и 175 да е, за некој толку висок, пак е ниска, а да не зборуваме за 165 цм или подолу . Штикли има да, ама не се носат секаде и не се од помош секаде . Ви е некој проблем, некаква поголема препрека?
top-of-the-world ете така девојко изјаснисе што поконкретно, од каде знаеме што мислеш со тоа, мене не ми отиде паметот на вулгарно, но ми отиде накај поклончинава и патем да спаѓам во таа категорија на машки... Викаат љубовта е слепа па не знаеш во кого ќе се затрескаш, не категоризирам, не тргам една строга линија на тоа колку да биде висока девојката...мислам би било навистина глупаво и приоѓаш на девојка и наместо да кажеш нешто што ќе ја насмее, ти го вадеш метренцето (она шивачко од баба) од џепче и ја меркаш од глава до пети (во буквална смисла) ако одговара на пропишаните критериуми за височина тогаш ејјј девојко многу си ми позната...од да навистина од каде, па многу ми наликуваш на мојата наредна девојка ... Не се замарам барем јас со тие срања, колку да е висока, колку да е тешка, па ц*цкотреските колкави, г'з колкав итн...понекогаш да претставува проблем кога сакам да ја бакнам, но кога љубовта е голема тоа е небитна работа, би ја поткачил некаде на клупичка или би ја дигнал во раце ...А и да најбитното за тоа што луѓето си прават трачеви еј види ги колкав со колкава мравка и такви слични срања ама ич не ми е гаље, луѓе се нивна работа е да озборуваат, моја е да си ја сакам .
едно прашање. Зашто вие машките мислите дека се е во сексот ? Што,тоа ќе ви ја зацврсти врската или навистина мислите дека тоа е доказ дека девојката навистина ве сака ?
Никој не мисли дека се е во сексот ако сака врска. Така може да мисли некој кој само сака да спие со тебе и после да не ти се јави. Ама ако сака некој врска, не очекувај дека нема да има секс (освен ако не си дете од 15 години или 16) Така што ако решите да имате врска со дечко, не се напнуј дека ќе ти побара - секако ке ти побара. АКо си дете уште - а некој сака секс со тебе- бегај! Машките, па не знам што искрено би кажале.
Сечие мислење е добредојдено: Се гледам скоро месец со едно типче (читај: под гледам не подразбирам мување него кафе, излегување, шетња). Кога сме заедно буквално ми го ветува светот, се понаша многу фино, со почит, све културно, притоа нон стоп ми кажува колку сака да ме бакне бла бла. Проблемот е кога не сме заедно... Се случува да не се јави по 2-3 дена ако имам пример за учење и неможеме да излеземе или едноставно одмараме еден од друг и акумулирираме енергија со другари/другарки, ама пишуваме на фб дневно секако али тоа не го сметам у некоја си комуникација пошто одвај се прашуваме шо си правел денес, се се сведува на 2 реченици. Низ толку теми шо имаме лутано, ептен ни оди муабетот, не разбирам како виртуелно е толку тапа дечкото... Онака дури да се прашаш дали некој трет му дреме на профил Ја знам дека ние жените по дифолт сме комплицираните нели, ама ја ова неможам да го декодирам.Заинтересиран па губи интерес, или не се замара, или едноставно не му оди од рака да комуницира на фб па срам му е и да се јави? Тоталка не го сфаќам И вие ќе кажете....?
^ Епа, ако си излегла некад со некој интересен од форум, од Фејсбук, од било каде, кој бил многу забавен он лајн, и наеднаш во живо се покажал како стап шо не знае да врзе два збора, ќе ти биде јасна приказната. Вообичаено луѓето он-лајн и во живо не се исти, така и ова момче, едноставно не ужива во комуникацијата преку тастатура. Може не ни знае да пишува на тастатура, така што.... А и шо ќе ти е да знае да пишува на Фејсбук? Ако го фатиш, боље да не знае, нема да може да флерта со други.
^ Meh, не е баш да не знае пошто уствари преку фб почна нашава комуникација и не ми е јасно каде му појде снагата шо ја имаше онлајн Да беше толку тапа првиот пат кога ми пиша како сега, верувај никаков контакт немаше да одржуваме Затоа спомнав дека кога е со мене е многу позитивна, весела и интересна особа... А кога го нема го снемува скрос... како да се изладил
Нема добар секс нема добра врска. Ако дечкото не знае како алатот да го користи,таа ќе си бара друг,ама нека е и најбогатиот човек на светот и нека има се и сешто,ако не знае некој да е добар љубовник џабе ти е и поклоните и се. А што треба да очекуваме искрено не знам,сексот е добри 60-70 % од врската другото се е екстра