верувај не си единствена на која и праќат покани за игри и немат никаква заемна точка то со свиѓање. а погледите можда и да се некој знак а можда и онака е некој тип што сите ги шмекат. не брзај многу и не се заљубувај пребрзо! a за кој попрво ке напрајт чекор ич не е битно
романтиката многу ме бие во последно време Спојлер но , како и да е од овој посилниот пол некако сите ме избегнуваат (а и бидејќи одлична ученичка сум постојано ме нарекуваат бубалица :geek: )
ич да не се замараш за то бубалица што те викаат еден ден ке си плачат што не си учеле и тие. Еве ија си уча одлична су па немат врска ич то во врските дечкоми уште поќе ме мотивират да уча, само немој многу многу да се занесиш само во учење одели време за зафркавање излегување и сл
што кога дечко ми не сака да имаме секс? т.е не е да не сака не ми кажал но, тој живее сам и порано секогаш ке си бевме излезеени и после ке си отидевме кај него итн. а сега како да избегнува да одиме кај него, си мислам да не има некој проблем ама не знам. Еве повеке од 2 недели ништо. не знам што да правам, како да реагирам? фала
Аууу како така две недели? Прашај го што е работата... Според мене или има проблеми или има друга со која ги задоволува тие потреби... Мислам дека трета опција нема...
ххахахах полека, полека.. толку имаш желба за секс па две недели се причина за сомнеж дека имат друга ?
Напрај муабет и види што е проблемот. Лесно е ние тука да кажеме има друга, бла бла...Но тоа можеш само ти да си го решиш.
Хаха, каква врска има желбата за секс тука??? А чекај малку, доколку некој пар има редовен секс и потоа одеднаш две недели ништо (не можеш а да не забележиш кога немаш секс две недели (не се два дена))- јас можам да замислам само две ситуации како што веќе претходно напишав: или има проблеми или има друга... Или???
Ne znam so da mislam, ama 99% sum sigurna deka nema drugs. A za da go prasam nekako si mislam nemoj pa da go povredam nekako ako my spomnam da ne ima nesto nekoj problem. Nz kako da reagiram. Aj neka pomine uste nekoj den ke vidam so ke se pravi po ova prasanje
Штом си толку сигурна дека нема друга- одлично. Мислам дека нема да го повредиш, незнам каков однос имате, ама најверојатно ќе го цени тоа што ќе го прашаш, често машките не сакаат да зборуваат отворено за проблемите и им треба поттик.
да почнам од крајот, веќе си реагирала со што си му пратила порака со познатата содржина. Ај да речеме дека пораката е во афект пишувана па и да не се важи тоа несакам да те видам повеќе. да си била помудра ќе му пишеше нешто што ти излага од душа, можеби ќе си го буцнела и ќе помислел малце. вака си изреагирала исто ко него нели..... друго година и пол не е мал период сигурно дека му е гајле! само му работи егото одн. станува еготрип. мене ми делуе као нешо друго да сакал ама ти не си се нашла у ситуацијата како он посакувал ...... ја сум се фатил у такви ситуации, сакам нешо а очекувам другиот да го направи без нели да му ставам до знаење, па сите ми се криви ..... значи он сакал dirty dance со тебе а ти си буљела наоколу..... само нафрлувам само он знае кој к.. му е. јбг има периоди у животот коа две недели нема да збориш со тој што живееш и го делиш креветот. млади сте ќе доживеете јас се залагам за тотална искреност и отвореност. можеби ќе упали. ти прати си го срцето за тоа што ќе направиш.
Вака ова година се преселив во друг град поради промена на спортскиот клуб. Во врска сум 2 години и се се плашам дека дечкото ме изневерува.. незнам, едноставно знам дека има многу обожавателки,но работи во ресторан, зафатен е и тоа малце ме предомислува. Си идам на секои 2 недели и само тогаш имаме однос...што ме заплашува да не го фајќа криза. Знам дека многу ме сака ама се си мислам дека ако има понуда од девојче дека нема да ја одбие,а додека живеев во мојот град имаше многу понуди, но ги одбивал. Сакам некако да се уверам, еве од машки аспект, ми треба ваш совет како да го направам тоа неосетно. Некоја "финта" каде што можам да дознаам нешто без тој да знае. Фала многу
Што те води кон тоа да мислиш дека те изневерува? Не постои начин да провериш,самата ќе почуствуваш кога тогаш. Ќе стане ладен,сексот нема да биде така добар,ќе те избегнува кога ти е нај потребно и такви мали детали што кажуваат дека има нешто. А далечината кога тогаш ќе си го направи своето,само времето ќе си каже кога.
Сакаш да знаеш дали те изневерува? Да не те јаде сомнеж и да си ја уништиш врската непотребно (да не те изневерува а ти поради сомнежи да правиш проблеми), можеш да ги оставиш работите да си течат нормално, без да прашаш и досаѓаш и сомневаш. Арно ама, ако имаш сомнеж, кој е основан, тогаш, ништо не те спречува да фатиш автобусот и ненајавена да му се појавиш и да провериш. Не додека е на работоа, туку додека е со другар му. Ако оди некаде на тренинг, после тренинг. Ако почне да оди по гости кај тетки вујни а не одел, таму. Навечер и кафич, но после 1 саат. Јас на твое место, не би прашувала и зборувала - нема да ти рече, да бе те изневеруам. Затоа, ако се сомневаш - види си со твои очи. Колку време ти е со автобус, 3 саати?
За жал не е тоа водомер па да прочиташ состојба на бројачот ( или среќа ) Едно е да има многу обожавателки па ти да си љубоморна, а друго е ако интуицијата нешто ти кажува. Обрни внимание на малите, ситните гестови и постапки. Времето ќе си каже. немој да избрзуваш, не го замарај ама држи си ги очињата отворени
Со дечкото бевме нешто во заладени односи, наљутени нешто и ми се јавува да ме слушни - но не ме прашува како сум, што правам, дали помина инфекцијата (која најверојатно ја закачив од него ) - а му кажав, не дека криев, му кажав - и првата реакција беше јас немам ништо, не е од мене И ништо не ме праша за инфекцијата, туку ми недостасуваш кога ќе се видиме.. Дали е нормална машка реакција тоа, дали заборавате такви важни работи или ви е важен само сексот. Дали да го сметам ова како потреба за секс и незаинтересираност за мене или незнам што да мислам.
Мислам дека нешто те лаже дечково. Чим почнал самиот да се брани, а и доколку ти не ни си го нападнала, тогаш може треба да си го прашаш колку ти е верен.
Чекајте малку, да видиме каква инфекција е. Дали е нешто преносливо, или е бактерија од неа. Дали можеби ја имала, па не се појавувала, па сега и паднал имунитетот па се појавила. Ај да размилиме дека има болести кои се манифестираат кај жените поинаку, кај мажите по инаку - можеби ич. Не сум гинеколог, ама од 4 реченици да и кажеме дека не и е верен...е малце претерано. Може не сака по телефон да те праша за инфекцијата - кажал ми фалиш, да се видиме. Може тоогаш ке праша. Може тогаш че рече и мене ми се појави. Ако тебе те чеша и нервира инфекцијата и ја мислиш 24/7, он може и ја заборавил. Дечко ми секои 15 мин заборава на мојата алергија, па јас не мислам дека е незаинтересиран. Едноставно, него не го чеша и гуши, туку мене. Излези и разговарај. Немајте секс. Ти се јви за да ти каже ај да се сексаме, или ми недостигаш да се видиме. Полека малку со обвинувањата
Мојот такозван проблем е тоа што од јули месец требаше да почнеме да живееме заедно, а не сме. Си се навикна типот на се и сега ништо не гледа што се некој за него прави. Искрено? Тој едвај со прст помрднува за мене. Јес да тоа доаѓа кога ќе се зближите но....ми фали. Ми фали да осетам внимание и да ме гушне без да заспие, туку онака, да посака да ме гушне. Но не го прави тоа. Го гледам до мене ама ко да не е до мене, ко друг човек да е. И му кажав...едно 100 пати до сега. И сто пати праша што да стори . И 100 пати му кажав што да стори..И пак по старо. И пак синојка истиот муабет и денес пак што да сторел. И ко расипана плоча го учам да ми пружи љубов како на почетокот. А не да се осеќам ко глупа навика која ќе помине. Кај жените е покомплицирано, повеќе бараат од мажите. Жена не бара оброк и секс. Жена бара внимание. Но и миљон пати да кажам-џаба. И? Сега што? Треба јас да се навикнам на тоа да не го добивам тоа што ме прави среќна???
Си имам и јас едно проблемче, читам паметни совети овде, па ако може и мене нешто да ми кажете. Со дечко ми сме точно 1 година. Возрасни сме и двајцата, се разбираме за многу работи, имаме прилично исти или приближни сфаќања за многу работи. Скоро да нема нешто а да имаме спротивставени сфаќање, да ви кажам право чудо! Како исти ум да имаме, не ми се верува колку добро зе разбираме. Сосема солидно функционираме и во друштво и сами. Но, секогаш има едно но... секогаш. Во последниве 3 месеци кај него откривам некои особини кои, незнам како да кажам, да ме нервираат не ме нервираат сеуште, ама не ми се допаѓаат еве така да се изразам. Збележувам повеќе пати, дека ако само споменам некое друго машко да кажам нешто позитивно, некоја пофалба за него,кој дури и не мора да го знам, може да е личност од ТВ, како веднаш да станува љубоморен и веднаш одговара со контра удар. Првиот пат така кога кажав нешто за еден човек, после 15-тина минути одеднаш ми ја спомена една негова бивша, тенеденциозно, за де ме “пецне“. Потоа еднаш зборував за една јавна позната личност со пиетет, тој почна да го напаѓа, да дава за него лоши приемри кои јас не сум ги знаела. За воља на вистината, мене пак многу ми гајле каков е тој човек но не ми се допаѓа што така збори. Незнам дали ќе ме разберете добро, но некако енергетски чувствувам дека намерно така збори. Еднаш си правев муабет со еден пријател, тој ми упадна одма. Си реков, ај може случајно да е. Потоа до вечерта пак уште еднаш си правам муабет со истиот човек, тој не само што застана до нас , туку и ме прекина и му го сврте вниманието, не можев да се докажам. Не станува збор за култура, културен е тој , само што на моменти глуми некултура. Нормално јас реагирам со некоја постапка за да му укажам, или пак не му одговарам позитивно ако сака да излеземе за да сфати, но со тоа не постигнав којзнае што. Фактички тој добро ме “чита“, знае дека сум љута, чека неколку дена да ми помине , потоа пак си се сакаме. Паметен е многу! Што ќе кажете?