Дали е точно дека ако некое момче е молчаливо и не ги зборува своите чувства пак е заљубено? И кажува само неколку реченици,но навистина јаки,например во срце си ми, само тебе те сакам, за тебе се би сторил... ?Дали лаже или ја зборува вистината?
Зошто да не ја зборува вистината? Секој на различен начин си ги искажува чувствата. Кога се работи за чувства јас лично повеќе им верувам на оние кои се помолчаливи и чувствата или ги кажуваат поретко или повеќе ги докажуваат со дела отколку на оние личности што се само дрн, дрн, дрн и на сите те сакам, срце, злато итн. Всушност за да дознаеш некој што чувствува треба да му ги гледаш делата кои ги прави за тебе, затоа фокусирај се повеќе на тоа и ќе знаеш дали лаже или ја кажува вистината. Секој може да каже се, ама малку можат да го докажат истото.
Здраво деЧки ајд едно ептен тинејџерско прасање од мене Додусе барам мислење ете. Не мозам да разберам, никако не ми влегува во глава како е мозно да сум толку затепана на љубовна страна.. Имам 22 год(за помалку од еден месец) одам на факултет, имам многу пријатели, комуникативна сум.. и сепак сама. Убава девојка сум.. Се мислам, многу дуси(99%) ми имаат казано дека пред да ме запознаат сум им изгледала како некоја сто се занесува, некои дури ми имаат казано дека имам многу пенетрираЧки поглед и дека се осекале голи пред мене и затоа им било страв да дојдат до мене. Ама како сто казав, не сум некоја смрстена, некомуникативна, напротив нон-стоп сум во друство, насмеена, сирам и познанства само сто не знам како се се сведува на едно пријателство. Имам писано одамна на форумов дека бев многу заљубена во Човек со кој сто никогас не сум била во врска иако со години буквално умирав по него и во сите тие години останавме многу блиски и многу страдав. Се преселив во друга дрзава и после година дена запознав еден тип сто никако не ми се допагасе физиЧки ама ми изгледасе многу постабилен од првиов и најмногу затоа се фатив со него, добро се однесувасе со мене и сакав да го заборавам оној стариот. Ех таму усте повеке ја загазив.. ми набија рогови тој и мојата тогасна најдобра другарка. Од тогас сум сама, многу народ запознав ама усте никој не ми писал, да ме покани некаде на пијаЧка, да показе интерес.. Заборавив и како изгледа сето тоа. Не сум депресивна или пак оЧајна посто покрај факсот фала му на Бога, многу обврски имам, ама некогас (како сега) си велам, како е мозно? Не знам дали да сменам несто кај мене, уствари не знам ни сто би мозела да сменам.. не знам сто би мозел да биде проблемот.. Некогас помислувам дека сум проколната. Има еден хрват на факс, мастер прави и многу ми е симпатиЧен. Би сакала да го запознаам и затоа сто сме си наси, ако не друго ке си имам пријателЧе, ама не знам како. Немам јајца на нас Човек да му прозборам, сто мозеби би било и интересно за него , да запознае усте една јгословенка во факсот, а камоли друго. Факт е дека после тоа сто ми го приредија бивсиот и бивсата другарка изгубив многу на самодоверба.. се осекам како последното гомно на свет. Сите оние сто ми се допагаат ги гледам како недостизни, Богови на земјата. Сто би мозела да направам? Не сакам да се Чувствувам повеке вака.
Мислам дека не постои девојка која не била повредена на некој начин... Гледај на тоа како на искуство, било поминало нормално дека боли дека ти паднала самодовербата... Но главата горе најчесто убавите девојки повеќето машки да речам им се плашат xD Не знам зашто но е така ... Велиш дека со комуникативна тогаш види со кого се движи со кого се дружи потоа полека вклопи се во тоа друштво така и неприметно ке дојдеш до него
Фала ти многу за советите.. Знам дека е така ама треба време за се. Иако помина една година одкако се случи тоа, сеуште ги чувствувам последиците. Инаку, нема како да му се приближам пошто тој прави мастер а ние си немаме никаква врска со оние ид мастер. Единствениот начин според мене би бил да му одговорам директно, ама кој си нема јајца ќе си чемрее на страна. А плус се осеќам малку како балавка да му одам таму и да му се претставам.
Па тогаш можеш да смислиш некој изговор... За нешто во врска со факултетот да го прашаш као причина да му придеш Со среќа !
Не сум машко, ама јас би се замислила дали треба да продолжам да бидам со тој човек. Има некои типични каректеристики, на маж кој е љубоморен до таа мера што во иднина би бил дури и насилен. Насилните мажи се најчесто паметни и интелигентни луѓе. Таа љубомора за кога зборуваш за познати јавни фаци, случката со пријателот кажуваат многу. Не знам дали си вработена, ама еден ден ако си, сакала неќела ќе си во контакт со секакви луѓе, не може тој да е љубоморен на секој човек од машки пол. Што планира тој да прави, да те држи дома и да не те пушта да излегуваш сама од дома од страв да не му кажеш едно „Добар ден!“ на некој сосед. Можеби мислиш дека претерувам ама се започнува со прикриена љубомора, па постапки како тие на дечко ти, па пцуење, па изолирање од другарки и роднини или инсистирање на брак, и после следуваат физички напади и тортура. Која и да е девојка што малку повнимателно слушала кога го опишувале профилот на насилникот би го препознала твојот дечко. Насилниците најпрво ќе направат се за да помислиш дека е вистинскиот и да ја добие твојата доверба, а потоа ко покажува вистинското лице, како што кажав тие се многу интелигентни личности.
Спојлер Мислам дека нема девојка што некогаш не си го поставила ова прашање . Мое мислење е дека понекогаш постојат периоди во животот кога едноставно оди на љубовен план и кога не оди , мислам највеке е битно и како се чувствуваш одвнатре , на пример сега доколку се чувствуваш несигурна и со намалена самодоверба и со доза на резервираност бидејки некој во минатото те повредил едноставно и таква енергија шириш и луѓето го забележуваат тоа во воздухот околу тебе , еве ке ти дадам пример од мое лично искуство , еднинствениот период кога на некој начин бев подолго сама ( не беше тоа некој период дали беа 2-3 месеци) било кога сум била максимално негативна и разочарана и колку и да сум мислела дека можам тоа да го прикријам едноставно не можеш секого да залажеш , значи кога почнав да се опуштам и да не мислам на некој работи почнаа да се случуваат спонтано некои други Друго што сакам да кажам е дека не може секогаш да ти бидат склопени сите коцки , еве велиш на факс ти иде супер си имала прилика да се преселиш во друга држава , нешто мора секогаш да не штима Околу бившиот и најдобрата другарка , јас цврсто верувам дека се се враќа и се се плаќа , на шега првин почнав да си земам примери на луѓето околу мене , значи кој што направил ,што му се случува и почнав да си ги поврзувам работите , значи знам дека звучи чудно ама кога пронајдов некоја врска помеѓу лошите работи што ги правеле и лошите што им се случуваат почнав да се стремам да се воздржувам од правење НАМЕРНО слични работи , а и ми помогна полесно да ги прифакам лошите работи што ми се случуваат со верување дека едноставно после заради ова мора да ме чека нешто добро , така и ти мислам дека треба да направиш, да веруваш дека едноставно поради овој период што си сама сигурно ти следува некој убав исполнет период , но се во свое време нели , до тогаш опушти се и дружи се а твојот пенетрирачки поглед сигурно некој ке го сфати како позитивна пенетрација а не арогантност
За поканите дневно не знам по колку ми стигнуваат така да тоа автоматски се прака , не е до него , за погледите не знам можеш со некоја другарка кога тој е во близина да и кажеш да набљудува да видиш што ке ти каже , дали делите исто мислење . Е сега ова околу бубалица , нема врска тоа дека си одлична ученичка , можеби навистина треба да се запрашаш да не изгледаш како таква и поради таквиот впечаток да те избегнуваат а не поради тоа што учиш и си одлична , јас на пример од секогаш бев одлична ученичка , сум добивала и награди од некои конкурси , значи и надвор од школските активности бев активна , во гимназија бев претседател на класот и сите 4 генерации , па никој никогаш не ме нарекол бубалица . Мој совет ти е да го смениш малку ставот околу учењето , нека ти остане битно и се тоа , ама немој да заборавиш лудо да се забавуваш во најубавите години
Фала ти многу за преубавите зборови!!! се надевам цврсто дека навистина ќе биде така, и стално си велам дека има Господ тој се гледа и нека враќа на кој што треба. И точно е дека имав среќа да се преселам овде и со факсот ама сепак човек кога нема љубов се осеќа празно а тоа е најгрозното чувство. Сепак се надевам на добро!
Епа вака после долго време т.е. 2 години за некого конечно сум заинтересирана ... Но што е смешно јас никогаш го немам видено во живо не дека нешто далеку живееме туку поради тоа што он има некоја не е врска ни сама не знам што е тоа во почетокот мислев дека ме лаже но навистина овие месец дена што се допишуваме секоја вечер е дома а доколку не е ми кажува каде бил... Ама не можам туку така да прифатам да се видиме као кога ке се видиме ке ми ја објаснел целата ситуација... Смешно е што се повеќе се приврзувам за него , не сакам да испаднам глупача тие што го познаваат велат дека е нестабилен дека нема никакакво понашање со женски и дека лесно му здосадуваат што ако сето ова му е тактика? За бидам уште една на листата... Живеам во околина каде секој знае се за секого и не сакам на некој начин да се оцрнам а од друга страна не можам да издржам сакам да ги видам ! Што да правам ?
Anjas,батали ги другите,кој може да те оцрни што се интересираш за едно момче,побогу?Aко живееш за другите,тогаш оправдано ти е.Cтварно нема смисла да го осудиш момчето пред убаво да го запознаеш и да ,смешно е да се приврзуваш штом во живо не си го ни видела.Tуѓите мислења земи ги во предвид,но само ти можеш да процениш дали дечкото ти одговара.Aјде со среќа,па пиши ни што ќе биде понатаму
Сакав само да ве прашам дали вие го одобрувате следново однесување? Дали јас сум во право да се лутам или тој. Искочивме навечер, и типот знаеше дека јас сум шворц,дека чував за такси само. Во дискотеката влагаме, и тој си нарачува таму што си нарачува и гајле му е за мене. Тука јас се налутив, дека немаше ни гест, абе сакаш нешто да се напиеш? Знам дека си шворц, ова она. Како божем многу ќе го истрошев јас.. Не викам дека ќе нарачав одма, него мене ми беше дека го немаше гестот. Е сега тој се налути(извини молимте) зошто јас сум му кажала така, зошто сама да не му кажам дека сакам нешто, и нешто што највеќе ме погоди; “Tи секое искачање сакаш да те частам?“ И самиот знае дека не сум јас некоја од оние девојки што кога немаат пари-не бараат, ама ме изнервира тоа што се знаеме доооолго време, и незнае да каже абе сакаш пијачка?
Спојлер Ама чекај, вие сте другари значи, не сте дечко и девојка? Ако сте другари, апсолутно е он во право, ако сте пар, онда двајцата сте по малку во право. Ако сакате рамноправност, онда рамноправно и ќе си ги плаќате сметките.
Типичен машки одговор,капетане не се сите машки како тебе, ако беа немаше више да постој човечкиот род