1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    У право е типот.
    Негово право е да биде шу*ак ;) Тоа е личен избор.
     
    На sofijanoka и Speechless им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А каде го пишува тоа правило дека машкото мора да плаќа? Или дека мора да ја понуди девојката за пијачка? Зошто за промена не го понуди таа со пијачка? Ова го мислам општо.

    А за конкретнава ситуација јас апсолутно целосно се согласувам со Captain-Omni. Е сега и Speechless убаво не ни објаснила. Дали се другари со дечкото, дали се во врска или се во врска без обврски?...
    И најбитно, дали претходно се договориле да излезат со тоа што он ќе ги покрие трошоците од вечерта, знаејќи дека она не е при пари... Доколку сте се договориле од претходно тогаш ептен лошо од негова страна доколку не те понудил со пијачка, ама доколку не сте се договориле, тогаш нема зошто да се лутиш... небитно дали сте другари или во врска.

    И уште нешто... Зошто ти рекол: “Tи секое искачање сакаш да те частам?“ ? :?: Доколку се случило повеќе пати да он те части, а ти него не, тогаш според мене дечкото има право да се налути. Ама доколку се случило еднаш, два пати он да плати со тоа што и ти некогаш на него му имаш платено, а он ова ти го збори тогаш јас да сум на твое место убаво би размислила каква личност имам до мене, небитно дали ми е другар или дечко.

    Edit: Сега видов дека имаш врска од повеќе од две години. Според неговото однесување јас добив впечаток дека сте или другари или само се мувате народски кажано или сте во врска најмногу 2, 3 месеца. Меѓутоа сериозна врска од две години и вакви и муабети... :o Тогаш како и да е работата, од негова страна не е ок. Не заради тоа што он мора да плати само зашто е машко, туку затоа што вие двајца сте две години во врска и би требало до сега да имате изграден однос во врска со оваа работа. За мене ваквото негово однесување и ваквите коментари во најмала рака се крајно некултурни. Во сериозните врски сметам дека не треба да има "мое, твое", се треба да биде "наше". Според мене, иако сите врски си се различни. Во сериозната врска треба да се има чувство на заштита и потпора. Да знаеш дека за било што можеш да се потпреш на партнерот, па макар тоа било и финансиски проблем. Е сега се си има граница, едно е дечкото да ти плати пијачка или кафе еднаш, два пати, а друго е да му бараш одмор да ти плати или факултетот да ти го плаќа, тоа не е ок. Со усул нормално, се разбираме. Јас лично да сум на твое место не би се налутила за тоа што не ме понудил, ете може заборавил или не знам, се е можно. Би се налутила само за непотребниот коментар, значи тоа јас лично не би го простила и не би преминала преку тоа. Во две години сигурно само он не плаќал кога ќе сте излегле или сигурно во две години се случило да и ти платиш, да нема он пари во него итн. Така што, не знам зошто воопшто му требало ова... :?:
     
    На sofijanoka, Elence93 и Speechless им се допаѓа ова.
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.944
    Пол:
    Женски
    :D
    2 год. сме во врска, затоа и кажав во мојот пост дека мн добро се знаеме.
     
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Прво во тие две години вие сте требале да го продискутирате тоа прашање- финансиите, дали секој ќе си го плаќа својот дел, или пак еднаш тој ќе плати- наредниот пат ти...
    Второ велиш дека знае дека си била шворц- еве ќе ти кажам јас како би постапила: кога сум шворц не би излегла, ќе му кажам дека не сум при пари и дека нема да излегувам, е сега ако тој ме викне и ми рече- еве јас ќе честам, тогаш добро, ама кога ќе имам пари (кога моите ќе земат плата, или јас ако работам) ќе честам вечера...
    Не можам веднаш да го кажам мислењето и да го нападнам дека не е во право...
     
    На Speechless му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mb34

    Mb34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    3
    Те мооолам одговори ми..
    ме интересира колку машките обрнуваат внимание на носот кај девојките?
    пример ако има девојчете убај црти на лицето,заби ова она ама ете носот и е крив или голем, дали тоа е голем минус за машкото да не го бендиса девојчето?
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Како бе во две годишна врска вакви коментари.
    Се согласувам со јовановска 94.Ако си шворц,подобро не излегувај,отколку да трпиш вакво однесување.
    Непишано правило е дека момците плаќаат,но во долга врска така да се однесува..
    А ако при секое излегување тој ја плаќа сметката,тогаш би се согласила со дечкото.
     
  7. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    Па и да ја плајќе при секое излегување, за 60 денари еден сок ли се прави скаперник, кој лузер би рекол на женската е секојпат јас те частам, што будала е тоа не ми е јасно. А он со тоа частење може да ќари нешто после излегување :P
     
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.944
    Пол:
    Женски
    Значи фала на одговорите,
    Вака, може не ги изнакажав сите работи во врска финансии од сите страни, нешто накратко е вака,
    Тој беше студент, не е од Скопје, и јасно ми беше дека немаше пари претходната година. Кога тој да има пари јас да немам, тој ми давал. Секогаш кога тој немал а јас сум била при пари, секогаш до 0 сум ги давала, и секогаш сум спремна на тоа, нели доколку имам.
    Последнава година, тој работи, и нормално финансиите му се кренати на ниво, дупло ниво повеќе од мене, не кажувам дека и јас никогаш не идам без пари(и скоро секогаш-да нагласам-не барам, тој дава плус пари за нешто), но тој некако дали се смени ради тоа, и сега има умислено во главата дека јас мислам ако тој работи, дека јас би требало него да го трошам... :?:
    Гледано од моја страна, јас сум таков човек, кога имам трошам до нула и затоа никогаш не успевам да заштедам.И секогаш кога искачам со него, џепарлакот ми е до 0. (трошам се што имам-не викам дека е многу ама... )
    Затоа и прашав дали би го оправдале неговото однесување, но одсега ќе играм на играта-
    Чиста сметка, чиста љубов.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maria0808

    maria0808 Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    момци ми треба совет ве молам итно мие!!!
    Седам во студентски дом и се здружив премногу со цимерките. Преку нив запознав еден нивни другар кој и го местат на нивна другарка, а и тој сака. Прифаќа зафрканции со неа, цело време се на телефон срце сонце се е ок!
    јас имам долга врска од година и 5 месеци, и го сакам дечко ми.
    Проблемов е:
    Јас си заживејав со тој другарот и тој нонстоп ми се пушта, но никој не знае. Цимеркиве ќе свртат грб, тој почнува кон мене со бакнежи, намигнувања, да ме задева и слично. Дечко ми моментално си е дома и незнае ништо за ова. Се беше во ред, се додека моите цимерки не ме остаеја 2 сати на само со него во собата, значи не намерно. Заминаја да плаќаат нешто и имало гужва во банката и се задржаја.
    Почна да ми кажува дека многу ме засакал, дека сум му била премногу убава, како сум можела да го немам изневерено дечко ми и некои слични работи. Извадов жива глава го одбегнав некако и ако почна да ми се нафрла за да ме бакне. Си дојдоја цимеркиве и како ништо да не се случило се беше во ред.
    Пред 2-3 дена се заседнавме друштво кај нас во собата и пијавме. Типов се направи дрво. Кај 3 часот вечерта јас заминав во wc и тој ме начека на враќање и во ходникот ме залепи за ѕид почна да ме гушка да ме лигуши. Го туркав од мене, тој настојуваше. По две секунди излезе мојата цимерка и тој отсечно се отргна од мене и замина на кај wc, а таа гледаше во мене и ми се насмеја. Јас незнаев шо да направам и и реков неможе да оди пијан е. Таа ми се насмеја и тргна по него. Кога се вратија тие двајца во собата сватив дека таа ништо не видела. После тоа, падна разговор за типкава што моите цимерки му ја местат, и тој и се јави и повторно срце душо ко ништо и да не се случило.
    Се чуствувам премногу грдо, почнав тој кога ќе е тука јас да бидам во други соби кај некои другарки. Го одбегнувам, ама неможам премногу заради тоа што моите цимерки го сметаат него како брат и ако јас спомнам нешто лошо за него ќе се одделам од нив а премногу почнавме да се почитуваме со нив, Не сакам да ги изгубам. Другиот ден ми се јавува типов и ми вика ај да зборуваме за тоа шо се случи и јас прифаќам. Одиме во парк и му кажувам дека имам сериозна врска која за година дена ќе се мажам и дека сериозно го сакам дечко ми и не сакам да го изневерам и дека ако малку барем ме почитува ќе заборави се ова шо се случи и ќе се однесува со мене како другарка. Типов ми врти муабети дека не требало никој да знае, дека требало јас да си гледам како ми убаво и дека треба да продолжиме да се гледаме кришум. Муабетот заврши така што тој си ја прифати мојата корпа, ама се тогаш за тогаш. Повторно продолжува со се. Како никогаш и да не сум го одбила.
    Се чуствувам како да го изневерувам дечко ми, а не сакам да го правам тоа. Ваму неможам да му кажам јасно и гласно затоа што ќе разберат моите цимерки и ќе биди мојот збор против неговиот, а секако неговиот ќе победи кога тој е поблизок со нив. А јас ќе останам сама против сите. Кажувајте шо да правам стварно сум во тесно :(
     
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Не разбирам зошто не им кажеш дека ти се пушта. Очигледно типот, големиот мачо мен бара само забава, и сега ти ке дозволиш поради тоа да си ја упропастиш врската. А и од кај си сигурна дека цимерките намерно не исчезнувааат од собата кога е тој тука и да знаат за неговиот план. Мој совет НИКОГАШ И ВО НИКОГО НЕМАЈ 100% ДОВЕРБА. Не барај од нив да не доаѓа или да ја прекинат тие дружбата со него, туку им кажи дека тој ти се пушта ти несакаш и дека ти е непријатно кога остануваш сама со него, па и ако и тие тебе ти се добри другарки ке те подржат, наместо да те осудуваат и ке му кажат дасе дистанцира од тебе. А и на него не му вели дека имаш врска и дека несакаш да го изневериш дечкоти, туку му кажи дека воопшто не ти се допаѓа и да бара други жртви. Стави му до знаење дека не си лесна девојка и дека не прифакаш да ја играш неговата игра.
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Па и да ја плајќе при секое излегување, за 60 денари еден сок ли се прави скаперник, кој лузер би рекол на женската е секојпат јас те частам, што будала е тоа не ми е јасно. А он со тоа частење може да ќари нешто после излегување :P[/quote]

    Епа на секое излегување по 60ден,и не се малку пари.
    И не е се во парите,има нешто и во осетот :)
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. iveflower

    iveflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    12
    Дали Зајко, а воопшто и сите овде мажки на форумов оправдувате физичка сила за решавање на каков и да е проблем? Јас мислам дека подобро замини и остави ме отколку со шамар да сакаш да ми решаваш проблеми, дајте да чуеме и од ваша страна во глобала :)
     
  13. Mb34

    Mb34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    3
    Те мооолам одговори ми..
    ме интересира колку машките обрнуваат внимание на носот кај девојките?
    пример ако има девојчете убај црти на лицето,заби ова она ама ете носот и е крив или голем, дали тоа е голем минус за машкото да не го бендиса девојчето?
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Девојче ти ако немаш самодоверба и не се сакаш себе си таква каква си, не очекувај друг да те сака.
     
  15. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Не си ти за ништо виновна, тој сака да седи на два стола. Најдобро е да го избегнуваш и да не му обрнуваш внимание, тој сака нешто брзо да легне, кога ќе види дека не проаѓа кај тебе ќе се откаже. Не му кажувај на дечко ти да не се нервира ама ако овој и покрај сето игнорирање продолжи да ти се пушта и напаѓа кажи му него но и на цимерките. Нема што да секираш да не ги изгубиш, сигурно нема да трпиш некој лигуш по секоја цена.
    Сега за сега избегнувај го и види како ќе се одвиваат работите. :)
     
  16. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    има еден дечко што сака да оди со мене,се слушаме на телефон понекогаш,има доаѓано да ме види кога сум на работа ,фин дечко е,ме моли да правиме муабет на само подолго време ама јас од што сум немала дечко многу време некако чудно и страм ми е да одам со него да се видам,па и висината ми е проблем малце е понизок од мене а јас сакам високи момци,инаку е од ретките што немаат фејсбук,и си велам ако ја испуштам и оваа шанса ќе немам друга
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ни прв ни последен ако толку не ти се допаѓа и му наоѓаш мани останете си пријатели. Разговарај со него отворено тоа го ценат машките, а што се однесува до шансите ќе имаш многу што се вика трпение-спасение.
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сигурно дека ќе имаш друга шанса (освен ако немаш 74 години), ама исто така и немаш што да загубиш. Стреотипите како „понизок од мене е“ по неколку гледања апсолутно ништо нема да ти значат. Нормално, ако се покаже како добар дечко. :!:
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    Може ли да ми наброите 5-10 финти кои ги палат машките. У врска со облека, фризура, шминка, однесување, став, муабетење, секс пози итн итн :D
     
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^ Ија... Фризура, шминка... баааам, секс пози. :o :lol:

    Генерализацијата вели:

    Фризура - Долга рамна коса
    Шминка - ненападна
    Облека - Кратка ако си згодна, било каква ако си незгодна. :)
    Однесување - умерено, без нагли движења, малку се смешкаш, малку се правиш недостапна, малку флертуваш.
    Став - самоуверен.
    Муабетење - небитно, колку што се битни насмевки.
    Секс пози - пушти го да мисли дека е најбољи од сите на светот. И најголем му е увек. И слични лаги.
    Бонус - цицки. Имај цицки. :hai:
     
    На Snowbell, buba4e89 и Audrey16 им се допаѓа ова.